Организација за безбедност и соработка на Европа
ОБСЕ - Организација за безбедност и соработка на Европа (англиски: Organization for Security and Co-operation in Europe) е меѓународна институција кој е некој вид на форум за политички дијалог која има за цел безбедносна стабилизација на регионот, со помош на демократски средства и демократско владеење. Повеќето од 3.500-те вработени се ангажирани во операции на теренот, со само десетина проценти администрација.
Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Organization for Security and Co-operation in Europe (OSCE) |
||||
---|---|---|---|---|
|
||||
![]() |
||||
Секретаријат | Виена, Австрија | |||
Членство | 56 земји членки 11 земји партнери |
|||
Лидери | ||||
• | Генерален секретар | ![]() |
||
• | Претседавач на Постојаниот совет | ![]() |
||
• | Претставник за слободата на медиумите | ![]() |
||
Основана | ||||
• | како КЕБС (CSCE)1 | Јули 1973 | ||
• | Хелсиншки договори | јули – август, 1975 | ||
• | Париска повелба | 21 ноември 1990 | ||
• | преименувана како ОБСЕ (OSCE) | 1 јануари 1995 | ||
Страница http://www.osce.org/ |
||||
1. | Конференција за Европска Безбедност и Соработка (Conference on Security and Cooperation in Europe). |
Организацијата е дефинирана како регионална организација под закрилата на Обединетите нации (Глава VIII), која служи за рано предупредување, превенција на конфликти, управување на кризи и пост-конфликтна рехабилитација. Нејзините 56 земји членки се од Европа, Регионот на Кавказ, Средна Азија и Северна Америка што во суштина го опфаќа поголемиот дел од северната полутопка. Организацијата била создадена во време на таканаречената Студена војна како форум Запад-Исток.
Пред да прерасне во постојана организација, делувала како Конгрес за европска безбедност и соработка (КЕБС) помеѓу 1973 и 1995.
Институции Уреди
Највисоките тела се Самитот и Министерскиот совет. совет, кој се состанува секоја недела во Виена, служи како редовно преговарачко и одлучувачко тело. Постојаниот совет е предводен од претседавач, кој се именува на една година.
Покрај Министерскиот и Постојаниот совет, постојат и Форум за безбедносна соработка и Економски форум, кои се дел од одлучувачките тела. Седиштето на Секретаријатот на ОБСЕ е во Виена, Австрија. Покрај тоа, организацијата има канцеларии и во Копенхаген, Женева, Хаг, Прага и Варшава.