Портал:Географија/Одбрана статија/2007/септември
Атина (грчки: Αθήνα, Ати́на МФА: /a'θina/) е главниот и најголемиот град на Грција, како и родното место на демократијата. Именуван по божицата Атена, Атина е растечка, космополитанска метропола со население од 3,7 милиони жители. Метрополитанската област на Атина моментално расти северно и источно преку полуостровот Атика и го претставува доминантниот центар на економскиот, финансискиот, индустрискиот, културиниот и политичкиот живот во Грција. Градот исто така станува водечки бизнис центар во Европската Унија.
Античка Атина била моќна град-држава и реномиран центар на учењето, дом на Платоновата Академија и Аристотеловиот Ликеј. Се смета дека е лулката на западната цивилизација, воглавно поради големиот удар на нејзините културни и политички достигнувања за време на V и IV век пред нашата ера врз остатакот од тогаш познатиот европски континент. Наследството на атињанското просветление е сѐ уште воочливо во градот, портретирано низ број на спектакуларни антички споменици и слики, најпознатите од кои се Партенон на Акропол („висок град“), израснат од Иктин, Каликрат и Фидиј. Последниот е општоприфатен како еден од најдобрите примери за класичната архитектура на Стара Грција и сѐ уште претставува епско наследство за западот, впрочем и за остатокот од светот. Многу од овие културни знаменитости биле реновирани пред Олимписките Игри 2004.
На старогрчки, името Атина било Ἀθῆναι-Атенаи, множина од Ἀθηνά-Атене, атичко име на божицата Атена. Името на градот може да било во множина, како оние на Θῆβαι-Тебаи (Теба) и Μυκῆναι-Микенаи (Микена), поради тоа што се состоело од повеќе делови. Во XIX век ова име било формално прифатено како име на градот. Од официјалното напуштање на грчкиот Катаревуса во 1970-тите, популарната форма Ати́на станала официјалното име на градот.