Отвори го главното мени

Иктин (грчки: Ικτίνος) бил старогрчки архитект во 5 век п.н.е., кој, заедно со Каликрат бил конструкторот на Партенонот[1] (447–432 п.н.е.) во Атина.

За неговиот живот знаеме малку, најмногу од текстовите на Плутарх.

Најцелосниот пример за неговите дела зачуван денес е Хефестовиот храм во Атина, кој е релиси сосема зачуван заради тоа што подоцна бил црква. Ова е Дорски храм.

Се верува дека Иктин го конструирал и Аполоновиот храм во Васаи, каде за прв пат (колку што знаеме) бил употребен Коринтскиот столб, како и Телестерионот, гигантска хала во Елевзин за употреба на Елевзинските мистерии.

Францускиот уметник Жан Огист Доминик Енгр има насликано слика со сцена со архитектот и лирскиот поет Пиндар под наслов Пиндар и Иктин изложена во Националната галерија, Лондон.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Roth, Leland M. (1993). Understanding Architecture: Its Elements, History and Meaning (First издание). Boulder, CO: Westview Press. стр. 203. ISBN 0-06-430158-3. 

Користена литератураУреди

  • Winter, F. E.. Tradition and innovation in Doric design: the work of Iktinos. „American Journal of Archaeology“ (4): 399 - 416.