Средоземни игри

меѓународно повеќеспортско натпреварување
(Пренасочено од Медитерански игри)

Средоземни игри (или Медитерански игри) — меѓународно спортско натпреварување, кое се одржува на секои четири години. Земјите-учеснички мора да бидат дел од средоземната цивилизација. Овој настан го предложил Мохамед Тахер-паша, кој бил претседател на Олимпискиот комитет на Египет за време на Летните олимписки игри 1948. Првите Средоземни игри се одржале во 1951 г. во Александрија, еден од најголемите градови на Египет. Првите 10 игри се одржувале една година пред Олимписките игри, но во 1991 било одлучено игрите да се одржуваат една година по Олимписките игри.

Средоземни игри
Знаме на игрите
Плакат за I Средоземни игри во Александрија, 1951 г.
Први1951 (Александрија, Египет)
Честотана 4 години
Последни2018, Тарагона, Шпанија
Целспортови во Средоземјето
ПретседателАмар Адади (Алжир)
Мреж. местоМКСИ

Македонија за првпат почнала да учествува на XVII Средоземни игри во Мерсин, 2013 г.

Историја на Средоземните игри

уреди

Првите Средоземни игри

уреди

Првите Средоземни игри се одржале во месец октомври во 1951 г. во Александрија, во чест на Мохамед Тахер-паша, кој ја изнел идејата за овој настан. На настанот учествувале 734 спортисти од 10 земји, кои настапиле во 13 спортови. Веќе на вторите игри, кои се одржале во 1955 г. Во Барселона е основано контролно тело, кое ги надгледува натпреварувачите во сите натпревари и врши анти-допинг контрола. На 16 јуни 1961 г., ова тело го добило своето официјално име: Службен одбор на Средоземните игри (француски: Comité International des Jeux Méditerranéens).

Врховно тело

уреди

Средоземните игри, како спортски настан кој се одржува секои четири години има углед на најголем спортски настан околу Средоземното Море. Настанот предизвикува голем интерес кај земји од три континенти: Европа, Африка и Азија. Специфичноста на овие игри е способноста на малите земји да освојат медал. Нема ниту една држава, чиј претставник не освоил барем еден медал, па дури и држави како Либан и Сан Марино освоиле медал. Покрај спортот, идеологијата на овој настан се заснова и на создавање на можност за мирна и праведна соработка на спортистите од трите континенти.

Игрите се одржуваат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, но за нивното одржување е одговорен Грчкиот олимписки комитет. Седиштето на Одборот на Средоземните игри се наоѓа во Атина, а секретарот мора да биде Грк. Обврските, кои Грција ги има како еден од главните организатори на Средоземните игри се исполнува и со напорите на Владата на Грција, која инвестира во развојот на игрите.

Одлики на Средоземните игри

уреди

Лого

уреди

Официјалното лого на Средоземните игри, кои се нарекуваат Средоземни олимписки игри се состои од три круга, кои ги симболизираат трите континенти, чии земји се натпреваруваат. Круговите се одржуваат во сината позадина, која го симболизира морето површина сино. За време на церемонијата на затворање на игрите, знамето се предава на претставник од земјата-домаќин на следните Средоземни игри.

Земји-учеснички

уреди
 
Земји-учеснички на Средоземните игри

На игрите тековно учествуваат вкупно 26 земји:[1]

Единствена земја, чие уество ѝ е дозволено, а не учествува е Израел. Иако географски не припаѓаат на Средоземјето, некои земји како на пример Македонија, Португалија, Србија, Андора и Сан Марино, кои веќе учествуваат може да влијае на игрите да учествуваат и некои арапски земји.

Градови-домаќини

уреди
Назив Година Место Земја
I Средоземни игри 1951 Александрија   Египет
II Средоземни игри 1955 Барселона   Шпанија
III Средоземни игри 1959 Бејрут   Либан
IV Средоземни игри 1963 Неапол   Италија
V Средоземни игри 1967 Тунис   Тунис
VI Средоземни игри 1971 Измир   Турција
VII Средоземни игри 1975 Алжир   Алжир
VIII Средоземни игри 1979 Сплит   СФР Југославија
IX Средоземни игри 1983 Казабланка   Мароко
X Средоземни игри 1987 Латакија   Сирија
XI Средоземни игри 1991 Атина   Грција
XII Средоземни игри 1993 Лангдок-Русијон   Франција
XIII Средоземни игри 1997 Бари   Италија
XIV Средоземни игри 2001 Тунис   Тунис
XV Средоземни игри 2005 Алмерија   Шпанија
XVI Средоземни игри 2009 Пескара   Италија
XVII Средоземни игри 2013 Мерсин   Турција
XVIII Средоземни игри 2018 Тарагона   Шпанија
XIX Средоземни игри 2022 Оран   Алжир
XX Средоземни игри 2026 Таранто   Италија
XXI Средоземни игри 2030 Приштина   Косово

Застапени на спортови

уреди

На игрите затапени се вкупно 33 спортови.

Спорт Воведен
  Стреличарство 1971
  Атлетика 1951
  Бадминтон 2013
  Кошарка 1951
  Одбојка на плажа 2005
  Боќање 1997
  Бокс 1951
  Кајакарство 1979
  Велосипедизам 1955
  Скокови во вода 1951
  Коњички спортови 1955
Спорт Воведен
  Мечување 1951
  Хокеј на трева 1955
  Фудбал 1951
  Голф 1983
  Гимнастика 1951
  Ракомет 1967
  Џудо 1971
  Карате 1993
 Хокеј на ролшуи 1955
  Веслање 1951
  Рагби 1955
Спорт Воведен
  Едрење 1955
  Стрелаштво 1951
  Пливање 1951
  Пинг-понг 1971
  Теквондо 2013
  Тенис 1963
  Одбојка 1959
  Ватерполо 1951
  Скијање на вода 2009
  Кревање тегови 1951
  Борење 1951

За учество на жени било одлучено уште во 1959, но за првпат учествувале во 1967 г.

Освоени медали по земји

уреди
Ранг Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Италија 876 740 687 2303[3]
2   Франција 631 576 533 1740[3]
3   Турција 341 243 278 862[3]
4   Шпанија 329 449 544 1322[3]
5   Југославија* 199 177 182 558[3]
6   Грција 192 247 339 778[3]
7   Египет 142 194 231 567[3]
8   Тунис 83 93 146 322[3]
9   Мароко 69 77 99 245[3]
10   Алжир 66 59 115 240[3]
11   Хрватска 51 62 69 182[3]
12   Словенија 49 56 90 195[3]
13   Србија* 49 53 75 177[3]
14   Сирија 28 39 76 143[3]
15   ОАР 23 21 30 74[3]
16   Кипар 14 19 18 51[3]
17   Либан 10 23 42 75[3]
18   Албанија 9 18 17 44[3]
19   Босна и Херцеговина 4 8 19 31[3]
20   Сан Марино 3 9 5 17[3]
21   Португалија 3 8 13 24[3]
22   Црна Гора 3 5 8 16[3]
23   Косово 3 1 0 4[3]
24   Македонија 2 2 7 11[3]
25   Либија 2 1 13 16[3]
26   Малта 1 3 4 8[3]
27   Монако 0 3 1 4[3]
Вкупно 2686 2686 3023 8395

Наводи

уреди
  1. „Земји-учеснички“. Пескара 2009. Архивирано од изворникот на 2008-01-21. Посетено на 15 март 2018. (англиски)
  2. Признаена на Средоземните игри, иако не во ООН. Почнала да учествува во 2018 г.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 3,20 3,21 3,22 3,23 3,24 3,25 3,26 „Табела на медали по земји и по игри“. (англиски)
  4. „International Committee of the Mediterranean Games“.

Надворешни врски

уреди