Средоземни игри 1955

II Средоземни игри
Барселона 1955
Град домаќин Барселона, Шпанија
Број на држави 10
Број на спортисти 900
Број на спортови 20
Број на натпревари 102
Отворање {{{Отворање}}}
Затворање 25 јули 1955
Стадион Олимписки стадион

II Средоземни игри се одржале во Барселона, Шпанија. На игрите учествувале 900 спортисти (сите мажи) од 10 земји-учеснички. Настанот се одржал од 16 до 25 јули 1955.

Свечените церемонии на игрите се одржале на Олимпискиот стадион, кој бил изграден за одржување на светската изложба во 1927, а градот со овој стадион бил кандидат за домаќин на Олимписките игри во 1936. На овој стадион, биле одржани свечените церемонии на Летните олимписки игри - 1992.

На овие Средоземни игри, за првпат бил употребен симболот, амфора исполнета со вода од Средоземното Море.

Италијанскиот стрелаќки тим на Средоземните игри во 1955 година.

Освојувачи на медали уреди

Табелата е составена според бројот на освоени златни медали. При ист број на златни медали, се зема предвид вкупниот број на сребрени, а потоа и вкупниот број на бронзени медали. При еднаков број на освоени златни, сребрени и бронзени медали, местото е исто за сите земји со ваков резултат, при што во табелата се подредени по азбучен редослед. Овој систем го користи и МОК.

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Франција 39 29 31 99
2   Италија 32 27 22 81
3   Шпанија (домаќин) 12 15 18 45
4   Египет 9 20 17 46
5   Турција 8 3 3 14
6   Грција 1 7 8 16
7   Либан 1 1 4 6
8   Сирија 0 0 1 1
Вкупно 102 102 104 308

Надворешни врски уреди