Обединета Арапска Република
Обединета Арапска Република (OАР; арап. الجمهورية العربية المتحدة), или само Арапска Република или Арабија ― суверена држава на Блискиот Исток која постоела од 1958 до 1971 година. Прво, од 1958 до 1961 г. била политичка унија меѓу Египет (сосе окупираниот Појас Газа) и Сирија, а по сирискиот државен удар од 1961 година само државата Египет продолжила официјално да биде позната како Обединета Арапска Република до 1971 година.
Обединета Арапска Републик الجمهورية العربية المتحدة (арапски) al-Jumhūriyyah al-'Arabīyah al-Muttaḥidah |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: "Walla Zaman Ya Selahy" (македонски: "Одамна беше, о мое оружје!") |
||||||
[[File: |300px |center |alt=Обединетата Арапска Република од 1958 до 1961|Обединетата Арапска Република од 1958 до 1961 ]] Обединетата Арапска Република од 1958 до 1961
|
||||||
Главен град (и најголем) | Каиро | |||||
Службен јазик | Арапски | |||||
Демоним | Арапи | |||||
Уредување | Унитарна еднопартиска социјалистичка држава
|
|||||
Законодавство | Државно собрание | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1,195,000 км2 | ||||
Валута | Египетска фунта | |||||
Часовен појас | EET (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||
Повик. бр. | +20 |
На чело на републиката бил египетскиот претседател Гамал Абдел Насер. ОАР била член на Соединетите Арапски Држави, лабава конфедерација со Кралството Јемен, која била распуштена во 1961 година.
Историја
уредиОсновање
уредиОбединетата Арапска Република е основана на 1 февруари 1958 година [1] како прв чекор кон поголема панарапска држава.
Панарапското расположение традиционално било многу силно во Сирија, а Насер беше популарна личност низ арапскиот свет по Суецката криза од 1956 година. Така, во Сирија имало голема народна поддршка за обединување со Египет. Арапската социјалистичка партија Баас била главен застапник за таков сојуз.[2]
Кон средината на 1957 година, западните сили почнале да се грижат дека Сирија може да биде преземена од комунистите; таму имало добро организирана Комунистичка партија, а новоименуваниот началник на Генералштабот на армијата, Афиф ал-Бизри, бил комунистички симпатизер. По сириската криза од 1957 година, Сиријците ги интензивирале напорите да се обединат со Египет.[3] Насер прво се спротивставил на целосна унија со Сирија, и претпочитал федерална унија. Но, Насер на крајот се согласил за целосно спојување.[3]
На 11 јануари 1958 година Насер и сириската делегација се договориле за брзо спојување. Само сириските поборници за единство знаеле дека делегација преговара со Египет за спојување; Куватли и Азем биле известени еден ден подоцна и сметале дека тоа е еднакво на „воен удар“.[4][5]
На 21 февруари 1958 година имало референдум на кој Еѓипјаните и Сиријците гласале за спојување.[6] Резултатот бил објавен на 22 февруари [7] и Насер беше прогласен за нов претседател на Обединетата Арапска Република.[8]
Египетските и сириските лидери ги потпишале протоколите, иако Азем тоа го направил неволно.[5] Насер за многу брзо спровел акција против сириските комунисти и противниците на унијата, што значело и разрешување на Бизри и Азем од нивните функции.[4][5]
Застапниците на унијата мислеле дека Насер ќе ја искористи партијата Баас за да владее со Сирија. Но Насер немал намера да ја дели власта со нив. Насер донел нов привремен устав со кој било основано Национално собрание од 600 члена со 400 члена од Египет и 200 од Сирија и биле распуштени сите политички партии, меѓу кои и Баас. Насер во двете покраини поставил по двајца потпретседатели, назначувајќи ги Богдади и Абдел Хаким Амер во Египет и Сабри ал-Асали и Акрам ел-Хурани – водач на Баас – за Сирија. Бил усвоен новиот привремен устав од 1958 година.[4]
Во Сирија се зголемило противењето на унијата со Египет. Офицерите од сириската армија негодувале што се подредени на египетските офицери, а сириските бедуински племиња добивале пари од Саудиска Арабија за му откажат послушност на Насер. Исто така, земјишните реформи на египетски начин биле презирани поради уништувањето на сириското земјоделство, комунистите почнале да стануваат влијателни, а интелектуалците од партијата Баас кои ја поддржувале унијата го отфрлиле еднопартискиот систем. Насер можел целосно да се справи со проблемите во Сирија, и наместо да назначи Сиријци да раководат со Сирија, тој тоа му го доверил на Амер и Абдел Хамид Сарај (официјален претставник на сириската армија и симпатизер на Насер).[4]
Во Египет ситуацијата била поповолна. Бил забележан раст на БНП од 4,5 посто и брз раст на индустријата. Во 1960 година, Насер го национализирал египетскиот печат, и го свел на негов личен гласноговорник.[4]
Меѓународни односи
уредиУнијата од другите држави во светот била протолкувана како голема закана за Јордан. Сирија ги подбуцнувала и ги криела јорданските заговорници против кралот Хусеин. Хусеин одговорил со тоа што му предложи на Фајсал II од Ирак јорданско-ирачка унија за да се спротивстави на ОАР; таквата унија била формирана на 14 февруари 1958 година како Арапска федерација. Јордан и Ирак се согласиле да имаат заедничка воена команда и воен буџет, во кој Ирак требало да придонесе со 80%, а Јордан преостанатите 20%.
Во Либан, претседателот Камил Шамун, противник на Насер, со загриженост гледал на создавањето на ОАР. Пронасерските фракции во земјата, претежно составени од муслимани и Друзи, почнале да се судираат со маронитското население кое го поддржувало Шамун, по што во мај 1958 избувнала граѓанска војна. Едната страна сакала спојување со ОАР, а другата се плашела дека таквата држава ќе биде сателит на комунизмот . Иако Насер немал намери да го окупира Либан,[4] чувствувал обврска кон своите поддржувачи и на Абдел Хамид Сарај му дал задача да им испраќа пари, лесно оружје и да обучува офицери.[4]
На 14 јули 1958 година, офицерите од ирачката армија извршиле воен удар и го собориле Кралството Ирак – кое штотуку се обединило со Јордан. Насер изјавил дека ја признава новата влада и изјавил дека „секој напад врз Ирак е еднаков на напад врз ОАР“. Следниот ден американски маринци и британски специјални единици влегле во Либан и во Јордан, соодветно, за да ги заштитат двете држави да не потпаднат под пронасерсистите. На Насер, револуцијата во Ирак му го отворила пат за арапски национализам.[4] Иако мноштвото членови од Револуционерниот команден совет на Ирак се залагале за приклучување на Ирак кон ОАР, новиот премиер Абдел Карим Касим не се согласил.[4]
Подоцна во јули, американската влада го убедила Шамун да не бара втор мандат. За нов претседател на Либан бил избран Фуад Чехаб. Насер и Чехаб се сретнале на либанско-сириската граница и Насер му рекол на Чехаб дека не сакал заедница со Либан, туку само сакал земјата да не се користи како база против ОАР. По овој состанок завршила кризата во Либан, Насер престанал да ги снабдува своите партизани, а САД поставиле краен рок за повлекување од областа.[4]
По соборувањето на Хашемитска монархија во 1958 година, Ирак станал арапска држава која најмногу ја поддржувала ОАР. Ирак се обидел да се приклучи на унијата; но Касим ги откажал преговорите за заедница во 1959 година. По соборувањето на Касим во 1963 година, идејата за повторно била поставена идејата за обединување. Било предложено ново знаме, со три ѕвезди кои ги симболизираат трите држави кои ќе ја сочинуваат предложената заедница. Сепак, планот за трочлена заедница не се остварил. Ирак продолжил да го користи знамето со три ѕвезди и подоцна го усвоил како државно знаме. Ова знаме со три ѕвезди (со одредени модификации) било државно знаме на Ирак до 2007 година.
Распаѓање
уредиНаместо федерација на два арапски народи, како што замислувале многу Сиријци, ОАР се претворила во држава во која целосно доминираат Египќаните. Сирискиот политички живот бил речиси уништен бидејќи Насер побарал уништување на сите политички партии во Сирија. Во тој процес, силно централизираната египетска држава го наметнала Насеровиот социјалистичко-политички и економски систем врз послабата Сирија. Ова создало реакција од сириските деловни и армиски кругови, што резултирало со сирискиот преврат од 28 септември 1961 година и крај на ОАР.
По повлекувањето на Сирија
уредиПо повлекувањето на Сирија од заедницата во 1961 година, Египет го задржал името „Обединета Арапска Република“ до 1971 година.
Од 5 до 10 јуни 1967 година, за време на Шестдневната војна Израел ја презел контролата врз Појасот Газа, Западниот Брег, Голанската висорамнина и Синајскиот Полуостров. Во 1978 година Синајскиот Полуостров му бил вратен на Египет. Повлекувањето на Израел од Појасот Газа во 2005 година не било проследено со обновување на контролата од страна на Египет. Од 2007 година, Појасот Газа е под контрола на исламистичката милитантна група Хамас.
Поврзано
уреди- Панарабизам
- Арапска федерација (1958) - Кралство Ирак и Кралство Јордан
- Соединети Арапски Држави (1958-1961) - Египет, Кралството Северен Јемен и Сирија
- Федерација на Арапски републики (1972-1977) - Египет, Либија и Сирија
- Арапска Исламска Република (1974) – Либија и Тунис
- Инвазија на Кувајт (1990–1991) - Ирак и Кувајт
- Обединети Арапски Емирати
Наводи
уреди- ↑ „Egypt, Syria Union Aim at Arab Unity“. The San Francisco Examiner. Associated Press. February 2, 1958. Архивирано од изворникот на January 4, 2023. Посетено на February 24, 2022.
- ↑ James P. Jankowski (2002). Nasser's Egypt, Arab Nationalism, and the United Arab Republic. Lynne Rienner Publishers. ISBN 9781588260345. Архивирано од изворникот на 2017-10-10. Посетено на 2016-08-19.
- ↑ 3,0 3,1 Празен навод (help)
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 Aburish 2004
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Podeh 1999
- ↑ „Nasser to Head Egypt-Syria Union“. The Nottingham Evening Post. February 22, 1958. Архивирано од изворникот на January 4, 2023. Посетено на February 24, 2022.
- ↑ „Nearly All Voters in Egypt Approve Arab Republic“. The Pantagraph. Bloomington, Illinois. February 22, 1958. Архивирано од изворникот на January 4, 2023. Посетено на February 24, 2022.
- ↑ „Cairo Wild as Nasser Takes Post“. Fort Lauderdale News. February 23, 1958. Архивирано од изворникот на January 4, 2023. Посетено на February 24, 2022.