Региони во Мали
(Пренасочено од Административна поделба на Мали)
Мали се дели на 8 региони и еден престолнински округ. Секој од нив го носи името на неговиот административен центар. Регионите се поделени на вкупно 49 окрузи (cercles). Окрузите и престолнинскиот округ потоа се делат на 703 општини.[1]
Податоците за населението се водат според пописите од 1998 и 2009 г.[2]
Регион | Површина (км2) |
Население (1998) |
Население (2009) |
---|---|---|---|
Бамако[3] | 252 | 1.016.296 | 1.809.106 |
Гао | 170.572 | 341.542 | 544.120 |
Кајес | 119.743 | 1.374.316 | 1.996.812 |
Кидал | 151.430 | 38.774 | 67.638 |
Куликоро | 95.848 | 1.570.507 | 2.418.305 |
Мопти | 79.017 | 1.484.601 | 2.037.330 |
Сегу | 64.821 | 1.675.357 | 2.336.255 |
Сикасо | 70.280 | 1.782.157 | 2.625.919 |
Томбукту | 496.611 | 442.619 | 681.691 |
Наводи
уреди- ↑ Закон Бр. 99-035/ од 10 август 1999 г. за создавањето на територијални заедници на окрузите и регионите (PDF), Министерство за територијална управа и локални заедници на Република Мали, 1999, Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-09, Посетено на 2013-02-24 (француски)
- ↑ Провизорни резултати на пописот од 2009 г. (PDF), Национален институт за статистика на Република Мали, Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-22, Посетено на 2013-02-24 (француски)
- ↑ престолнински округ
- Делумно од статијата „Територијални заедници на Мали“ на Википедија на француски јазик