Фулански јазик

Ова е објавената верзија, проверена на 5 септември 2021. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Фуланскиот (Fulfulde, Pulaar, Pular) е нигер-конгоански јазик кој се зборува во Западна Африка. Јазикот е дел од подгрупата на сенегамбиски јазици, во која група се наоѓаат и серерскиот и волофскиот јазик. Јазикот е мајчин јазик на Фуланите, кои ја населуваат територијата од Сенегамбија до Судан. Јазикот е еден од најзборуваните јазици во Западна Африка, каде има голем број на луѓе кои го зборуваат како втор јазик.

Фулански јазик
Фуланиски јазик
Fulfulde, Pulaar, Pular'Fulaare
Застапен воМавританија, Сенегал, Мали, Гвинеја, Буркина Фасо, Нигер, Нигерија, Камерун, Гамбија, Чад, Сиера Леоне, Бенин, Гвинеја-Бисао, Судан, ЦАР, Брег на Слоновата Коска, Гана, Того, Либерија, Габон
НародФулани
Говорници24 милиони  (2007)[1]
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-1ff
ISO 639-2ful
ISO 639-3ful — опсежен код
Поединечни кодови:
fuc — пулаарски (Сенегамбија, Мавританија)
fuf — пуларски (Гвинеја, Сиера Леоне)
ffm — Масина Фулфулде (Мали)
fue — Боргу Фулфулде (Бенин, Того)
fuh — Западнонигерски (Буркина, Нигер)
fuq — Централноисточен нигерски (Нигер)
fuv — Нигерски фулфулде (Нигерија)
fub — Адамава Фулфулде (Камерун, Чад, Судан)
fui — Багирми Фулфулде (ЦАР)

Терминологија

уреди

Најчесто користено име за јазикот е „фулански“ („фула“). Фуланите го именуваат јазикот како Pulaar или Pular (во западните дијалекти) или Fulfulde (во централните и источните дијалекти). Името „фулани“ (кај нас навлезено најверојатно преку англискиот јазик) потекнува од мандинчкиот (мандинка). Во францускиот јазик овој јазик е познат како Peul и ова име потекнува од волофскиот јазик.

Писмо

уреди

Латиница

уреди
Фулански (пуларски) јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Innama aadeeji fof poti, ndimɗidi e jibinannde to bannge hakkeeji. Eɓe ngoodi miijo e hakkilantaagal ete eɓe poti huufo ndirde e nder ɓ iynguyummaagu.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Најчесто фуланскиот јазик се запишува со латиница. Латиничната азбука за фуланскиот јазик има специјални букви со мали куки, и тие се:Ɓ/ɓ, Ɗ/ɗ, Ŋ/ŋ, Ñ/ñ, Ƴ/ƴ (односно имплозивна ’б’, имплозивна ’д’, веларна ’н’ (звучи како ’нг’), њ, ејективна ’y’). Апострофот се користи за грлениот глас. Во Нигерија ʼy ја заменува ƴ, а во Сенегал ñ се користи за ɲ. Азбуката е:

a, aa, b, mb, ɓ, c, d, nd, ɗ, e, ee, f, g, ng, h, i, ii, j, nj, k, l, m, n, ŋ, ny (или ñ или ɲ), o, oo, p, r, s, t, u, uu, w, y, ƴ

Арабица

уреди

Понекогаш фуланскиот користи и арапско писмо. Писмото се користело пред колонизацијата на Африка, кога била воведена латиницата.

Наводи

уреди
  1. Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2007" The World's 100 Largest Languages in 2007

Литература

уреди
  • Arnott, David W. (1970). The nominal and verbal systems of Fula. Oxford: Clarendon Press.
  • Wilson, W. A. A. (1989). Atlantic. In John Bendor-Samuel (Ed.), The Niger–Congo Languages, pp. 81–104.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди