Мали се дели на 8 региони и еден престолнински округ. Секој од нив го носи името на неговиот административен центар. Регионите се поделени на вкупно 49 окрузи (cercles). Окрузите и престолнинскиот округ потоа се делат на 703 општини.[1]

Карта на регионите во Мали

Податоците за населението се водат според пописите од 1998 и 2009 г.[2]

Регион Површина
(км2)
Население
(1998)
Население
(2009)
Бамако[3] 252 1.016.296 1.809.106
Гао 170.572 341.542 544.120
Кајес 119.743 1.374.316 1.996.812
Кидал 151.430 38.774 67.638
Куликоро 95.848 1.570.507 2.418.305
Мопти 79.017 1.484.601 2.037.330
Сегу 64.821 1.675.357 2.336.255
Сикасо 70.280 1.782.157 2.625.919
Томбукту 496.611 442.619 681.691

Наводи

уреди
  1. Закон Бр. 99-035/ од 10 август 1999 г. за создавањето на територијални заедници на окрузите и регионите (PDF), Министерство за територијална управа и локални заедници на Република Мали, 1999, Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-09, Посетено на 2013-02-24 (француски)
  2. Провизорни резултати на пописот од 2009 г. (PDF), Национален институт за статистика на Република Мали, Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-22, Посетено на 2013-02-24 (француски)
  3. престолнински округ

Поврзано

уреди