ChessGames.com — голема шаховска заедница на интернет, со повеќе од 197.000 члена.[1] Местото содржи голема на основа на податоци на шаховски партии, при што секоја партија има различна страница за коментари и анализи. Основното членство е бесплатно и местото е отворено за шахисти со различни степени на познавање на шаховската игра. ChessGames.com е место на коешто не може да се игра шах, туку место на коешто членовите може да коментираат и вршат анализа на партии и позиции без вистински да играат шах, освен во случаи на тимски натпревари и консултациски предизвикувања. Членството на мрежното место, многу успшешно го претставува „светот“ во партиите против велемајстори.[2] Мрежното место, исто така нуди и можност за изучување на отворањата, завршниците и жртвите, вклучувајќи и бази на податоци со репертоарите на отворања на познатите велемајстори.

Слика на главната страница на ChessGames.com

Историја уреди

ChessGames.com беше основано во 2001 година од страна на Дабиел Фримен и Алберто Артидиељо, во соработка со 20/20 Technologies.[3] Тие развиле софтвер, со цел да создадат шаховска база на податоци со можност да се додаваат коментари за секоја партија одделно. Овој концепт станал аз кратко многу популарен, бидејќи корисниците можат да оставаат коментари за повеќе партии на различни страници на мрежното место. Класичното светско првенство во 2004 во Бриасго, со мечот меѓу светскиот првак Владимир Крамник и предизвикувачот Петар Леко, беше директно емитувано на мрежното место.[4] Ова доведе до значителен порасст на членството и интересот за местото, што значење и зголемување на популарноста во однос на другите мрежни места на кои се нудат директни емитувања на настани.[3]

База на податоци уреди

Базата на податоци со шаховски партии на мрежното место била создадена со спојување на шест големи бази на податоци, со отстранување на оние партии кои се јавуваат повеќепати.[5] Основен фактор за вклучување во базата на податоци на ChessGames.com е еден од шахистите да има рејтинг на ниво на мајстор, односно 2200 бода или повеќе, со цел да се избегне слабиот квалитет на партиите и погрешните претставки. Главната цел на одржувачите на мрежното место е 750.000 партии, што би го претставувало вкупниот број на сериозни шаховски партии.[3] Моментно, базата на податоци содржи повеќе од 569.000 шаховски партии.[1] Секоја страница со партија го запишува корисникот кој ја посетил, со цел да се елиминираат лошите партии, да се поправат грешките и да се отстранат дупликатите на партиите.

Секоја партија на ChessGames.com е претставена на посебна мрежна страница, со што се овозможува пристап до истата преку употреба на внатрешни и надворешни врски. Иако, некои други бази на податоци на Интернет содржат повеќе партии, тие не ја нудат можноста за пристап до одделни партии преку надворешни врски или не нудат можност за додавање на коментари за одделна партија.

Членство уреди

На мрежното место има повеќе од 108.000 регистрирани членови 108,000 (околу 13% од нив го имаат посетено мрежното место во последните три месеци), со околу 1.400 нови членови месечно.[1] Во секое време, неколку стотина активни корисници го користат местото.[3] Според демографски податоци од 2005, 98% од членовите се од машкиот пол, 50% се од Северна Америка, просечниот рејтинг е од 1600 до 1800, а една третина немаат рејтинг.[6] Членовите може да додаваат коментари, потпишани со корисничкото име, но може тоа да го прават и како анонимни корисници.

Членови на ChessGames.com се и некои познати шаховски имиња, како поранешната светска првенка Жужа Полгар[7], поранешниот кандидат за светски првак Најџел Шорт[8], познатите шаховски автори Рејмонд Кин[9] и Ериик Шилер[10], порнешниот претседател на Американската шаховска федерација Максим Длуги[11], меѓународниот мајстор Лоренс Деј[12], женскиот велемајстор Наталија Погонина[13] и женскиот велемајстор Елена Дембо[14].

„Светот“ уреди

Со развојот на ерата на Интернетот се појави и можноста голема група на луѓе („Светот“) да игра партија во дописен шах против велемајстор. Во 1996, Анатолиј Карпов во првата ваква партија го победи „Светот“, а во 1999 и Гари Каспаров го победи „Светот“. Оттогаш, група од аматери го претставуваат „Светот“ и во партиите против велемајсторите остваруваат различни резултати.[15] Во 2006, тимот на „Светот“ на ChessGames.com го победи познатиот информатичар и шаховски велемајстор Арно Никел.[16] Позитивниот резултат на групата се зголеми во 2007, со победата со црни фугури против велемајсторот Јури Шулман.[17] Последната победа на тимот на „Светот“ на ChessGames.com беше против поранешниот светски првак во дописен шах Герт Јан Тимерман.[18] Во 2008 беше одиграна уште една партија против велемајсторот Никел, којашто заврши реми.[19] Тимот одигра и партија против поранешниот светски првак во дописен шах Михаил Умански, којашто заврши реми.[20]

Инструкции уреди

Целта на мрежното место ChessGames.com за неговите членови е:

„да се учествува и да се научи од посилни шахисти, истовремено подучувајќи ги послабите.“[21]

Местото е создадено за да биде

„светски раширена пшаховска заедница, каде што секој може да дојде од секаде и да дискутира за сè околу шахот“.[3]

Многу образовни алатки се обновуваат секојдневно, вклучувајќи ја и дневната загатка, партија на денот, шахист на денот, отвопрање на денот и цитат на денот. Како место на коешто не може да се игра шах, ChessGames.com содржи надворешни врски до некои мрежни места на кои може да се игра шах. Во 2005, подобрениот софтвер им овозможи на членовите во своите коментари да може да додаваат и шаховски дијаграми, што значително ги олесна дискусиите за одделни позиции или шаховски варијанти.

Базата на податоци на ChessGames.com може да биде прелистувана по шахист, година, отворање, ЕШО код и резултат. Членовите може да создаваат збирки од партии, кои може да содржат стотици партии од било која од овие категории: отворање, звршница, тактика, шахист или турнир. Коментарите на местото може да се прелистуваат според клучен збор за сите пораки, со цел да се лоцираат минатите коментари и да се дојде до специфична информација. Моментно на мрежното место се додадени повеќе од 1.4 милиони коментари.[1]

Содржина уреди

Мрежното место ChessGames.com содржи неколку образовни алатки, корисни за неговите членови:

  • Прелистувачот на отворања (The Opening Explorer) помага во проучувањето на отворањата потег по потег, во избирањето и прегледувањето на партии, како и набљудување на степенот на успешност при одигрувањето на секое отворање (процентуални шанси за победа на белиот, реми или победа на црниот).
  • Прелистувачот на завршници (The Endgame Explorer) овозможува прелистување на партии, кои содржат специфичен сооднос на силите (крал и пешак, топ и пешак, дама против топ и сл.), како и преглед на историски партии во кои ваквите завршници се појавиле.
  • Прелистувачот на жртви (The Sacrifice Explorer) го олеснува наоѓањето на партии кои се засновани на жртва на материјал (според жртва на фигура, жртва при размена, напади на одредено поле, според отворање, според шахист и сл.), инструктивни партии и партии со загатки, кои овозможуваат да се подобри тактичката вештина.
  • Прелистувачот на репертоарите на отворања (The Repertoire Explorer) овозможува пристап до отворањата кои шахистите најчесто ги применуваат, играјќи со бели и и црни фигури. Репертоарите на отворања се групирани според шахист, а во базата на податоци која ги содржи е дадена епроцентуална успешност на шахистот при примената на соодветно отворање.
  • Предвиди го потегот (Guess-the-Move) е алатка, којашто е создадена со цел да им помогне на членовите преку проучување на партија од базата на податоци да може да го предвидат следниот потег, при што добиваат бодови доколку го погодат точниот потег кој се одиграл во партијата.

Содржините во прелистувачот се ограничени со основното членство, а целосно се достапни само со подмирена годишна членарина.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „ChessGames.com Statistics“. Chessgames.com.
  2. „The chess games of The World“. Chessgames.com. Посетено на 8 декември 2007.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Golubev, Mikhail (2006-11-01). „Interview with Daniel Freeman of Chessgames.com“ (PDF). Chess Today (2185): 2–4. Посетено на 8 декември 2007.
  4. Keene, Raymond. World Chess Championship: Kramnik Vs Leko 2004. Hardinge Simpole Limited. ISBN 1843821605.
  5. „ChessGames.com F.A.Q. - Where do you get your games?“. Chessgames.com. Посетено на 19 декември 2007.
  6. „ChessGames.com Questionnaire“. Chessgames.com. 12 септември 2005. Посетено на 8 декември 2007.
  7. ChessGames.com: User Profile: Susan Polgar
  8. ChessGames.com: User Profile: Nigel Short
  9. ChessGames.com: User Profile: Ray Keene
  10. ChessGames.com: User Profile: Eric Schiller
  11. ChessGames.com: User Profile: Maxim Dlugy
  12. ChessGames.com: User Profile: IMlday
  13. ChessGames.com: User Profile: Natalia Pogonina
  14. ChessGames.com: User Profile: Yelena Dembo
  15. „Play the expert - GM James Plaskett (The 2003 rematch!)“. Chessworld.net. Посетено на 8 декември 2007.
  16. „The Chessgames Challenge - The World vs Arno Nickel“. Chessgames.com. Посетено на 8 декември 2007.
  17. „The Chessgames Challenge - Yury Shulman vs The World“. Chessgames.com. Посетено на 8 декември 2007.
  18. „The Chessgames Challenge - The World vs Gert Jan Timmerman“. Chessgames.com. Посетено на 13 август 2008.
  19. „The Chessgames Challenge Rematch - The World vs Arno Nickel“. Chessgames.com. Посетено на 27 мај 2009.
  20. „The Chessgames Challenge - The World vs Mikhail Markovich Umansky“. Chessgames.com. Посетено на 27 мај 2009.
  21. „ChessGames.com“. Посетено на 8 декември 2007.

Надворешни врски уреди