Мишколц
Мишколц (унгарски: Miskolc; словачки: Miškovec; полски: Miszkolc) — град во североисточна Унгарија, во главно во кој е сместена тешката индустрија на унгарската држава. Со населени од околу 180,000 (2001) Мишколц е третиот најголем град во Унгарија, веднаш после Будимпешта и Дебрецен. Исто така тој е и главен град на округот Боршод-Абауј-Земплен како и регионален центар на Северна Унгарија.
Miskolc Мишколц | |||
---|---|---|---|
Плоштадот на хероите во Мишколц. Плоштадот на хероите во Мишколц. | |||
Прекар(и): Градот на отворените порти | |||
Координати: 48°06′15″N 20°47′30″E / 48.10417° СГШ; 20.79167° ИГД | |||
Држава | Унгарија | ||
Регион | Северна Унгарија | ||
Округ | Боршод-Абауј-Земплен | ||
Town since | 1365 | ||
City since | 1909 | ||
Urban county since | 1970 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Сандор Кали | ||
Површина | |||
• Вкупна | 236,68 км2 (9,138 ми2) | ||
Население (2004) | |||
• Вкупно | 178.950 | ||
• Густина | 756/км2 (1,960/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 3500–3549 | ||
Мреж. место | www.miskolc.hu |
Име
уредиГрадот неговото име го добил по унгарското племе Мишкоц.
Географија
уредиГрадот се наоѓа во северниот дел на Унгарија, сè на сè оддалечен е 35 км од словачката граница. Од главниот град на државата градот е оддалечен 180 километри североисточно. Со Будимпешта е поврзан со добри сообраќајни врски (современиот автопат М3).
Мишколц се наоѓа на северниот крад од Панонската низина, на надморска височина од 110-120 м. Северозападно од градот се наоѓа планината Аваш. Источно од градот тече реката Шајо. Климата во градот е умерен континентална.
Население
уредиМишколц денеска има околу 170,000 луѓе и е трет град по големина во државата (Дебрецин го стигнал ред 10-тина година). Градот во последните неколку години се опоравува благодарение на економијата и транспортот.
Најголем број од станарите на градот се Унгарци.
Образование
уредиНајважна градска образовна установа во градот е Мишколачкиот универзитет, основан во 1949 година.
Галерија
уреди-
Главниот градски плоштад - Плоштад на хероите.
-
Плоштад Ержебетин.
-
Една од пешачките улици.
-
Градската куќа на градот.
-
Главната римокатоличка црква.
-
Градскиот театар.
-
Трамваји на улицата Сечени.
-
Градската синагога.
Надворешни врски
уреди„Мишколц“ на Ризницата ? |