Вестфол
Вестфол (норвешки: Vestfold) — поранешен округ во јужниот дел на Норвешка. Административен центар бил Тенсберг, најстариот град во Норвешка. Бројот на жителите во Вестфол според пописот од 2013 година изнесувал 239.907 а површината 2.224 км2. Вестфол е најмалиот округ во Норвешка.
Вестфол се наоѓал на источната страна на Осло-фјордот и од таму му потекнува името. Округот вклучувал бројни мали, но познати градови во Норвешка, како Ларвик, Сандефјорд, Тенсберг и Хортен.
Подарачјето е традиционално познато по морепловство и едрење.
Ова бил единствениот округ каде што букмол (книжевниот норвешки) се користи во сите општини како единствениот службен облик на пишаниот норвешки јазик.
Грбот потекнува од 1970 година и има златна средновековна круна од династијата Инглинг.
„Вестфол“ на Ризницата ? |