Јацек Бак (полски: Jacek Bąk; роден на 24 март 1973 во Лублин) — поранешен полски фудбалер, играч од одбраната.

Полска Јацек Бак
Лични податоци
Роден на 24 март 1973(1973-03-24)(51 г.)
Роден во Лублин, Полска
Висина &100000000000001870000001,87 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 2010
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989–1992 Мотор Лублин Мотор Лублин 46 (2)
1992-1995 Лех Познањ Лех Познањ 84 (2)
1995–2001 Олимпик Лион Олимпик Лион 114 (4)
2002-2005 Ланс Ланс 85 (2)
2005-2007 Ал Рајан Ал Рајан 26 (0)
2007-2010 Австрија Виена Австрија Виена 80 (7)
Репрезентација
1993-2008 Полска Полска 96 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 јануари 2012

Тој има 96 настапи за полската репрезентација.

Клупска кариера уреди

Тој го направи своето фудбалско деби во екипата на Мотор Лублин на возраст од само 16 години, пред да се пресели во Лех Познањ две години подоцна.

Во првата сезона на Бак со Лех Познањ, тој го освоил полското првенство и го заработил својот прв повик во полската репрезентација, играјќи во ремито без голови (0-0) против Кипар на 1 февруари 1993, со само 19 години. По три години во Лех, во 1995 година Бак направил трансфер во Лион. Во шесте години со Лион го освоил француското првенство и Лига купот на Франција.

Тој, исто така играл во Франција и за Ланс (јануари 2002-2005), пред да се пресели на Катар во Ал-Рајан. Во 2007 година, тој се вратил во Европа и играл три сезони за Австрија Виена, каде ја завршил својата кариера во 2010 година.

Репрезентативна кариера уреди

Бак ја претставувал полската репрезентација на Светското првенство 2002 кое се одржало во Јужна Кореја и Јапонија и Светското првенство 2006 во Германија.

Кон крајот на 2006 година, Бак изјавил дека му биле понудени пари за да влијае врз исходот на натпреварот од квалификациите за Евро 2008 меѓу Полска и Белгија, во корист на Белгија. На 14 јули 2008 година, по завршувањето на Евро 2008, тој најавил дека се повлекува од репрезентативниот фудбал.

Титули уреди

  Лех Познањ уреди

  Лион уреди

  Ал Рајан уреди

  Австрија Виена уреди

Надворешни врски уреди