Греми-награда за најдобар нов изведувач

музичка награда

Наградата Греми за најдобар нов изведувач се доделува од 1960 година.[1] Годината ја претставува годината во која биле доделени Греми-наградите за дела објавени во претходната година. Многумина освојувањето на наградата за најдобар нов изведувач ја сметаат за проклетство, бидејќи многу музичари кои ја освоиле оваа награда не успеале да го повторат успехот што го постигнале во годината на нивното деби,[2][3] како: Меган Трејнор, Меган Ти Сталион и Bon Iver, чија кариера се соочила со застој по добивањето на наградата во оваа категорија; сепак многу музичари го скршиле проклетството, на пример: The Beatles, Мараја Кери, Алиша Кис, Кристина Агилера, Evanescence, Трејси Чепмен, Адел, Maroon 5, Сем Смит, Џон Леџенд, Дуа Липа и Тејлор Свифт.

Греми-награда за најдобар нов изведувач
ДржаваСоединети Американски Држави Уреди на Википодатоците
ДоделуваNational Academy of Recording Arts and Sciences Уреди на Википодатоците
Мрежно местоhttp://www.grammy.com/ Уреди на Википодатоците
Викторија Моне добитник на наградата во 2024 година.
Првиот добитник на наградата, Боби Дарин.

Од 62 изведувачи кои ја добиле наградата од нејзиното основање, 31 биле соло-пејачки, 19 биле групи и 12 биле соло-пејачи. Половина од соло-пејачите ја добиле наградата во првата деценија; од 1970 година само шест соло-пејачи ја освоиле наградата, а последен бил Chance the Rapper во 2017 година. Од 1997 до 2003 година и повторно од 2018 до 2024 година, победувале само соло-пејачки. Само два изведувачи не ја добиле добиле награта за Најдобар нов изведувач, но истата година ја добиле награда за албум на годината: Вон Мидер во 1963 година и Аланис Морисет во 1996 година.

Оваа категорија се истакнува и по тоа што била единствена категорија во која била одземена наградата Греми. Ова се случило во 1990 година, откако било откриено дека победниците Milli Vanilli всушност не пееле на нивниот деби-албум.[4] Наградата подоцна им била одземена, но не била доделена на друг музичар.[5] Од друга страна, Леан Рајмс бил прв кантри-музичар (и најмлад во историјата) кој ја добил оваа награда.[6][7][8] Во 2018 година, Алесија Кара била прв канадски музичар во историјата кој ја освоил оваа награда. Во 2020 година, Росалија станала прв шпански музичар во историјата номиниран за оваа награда, со деби-албум на шпански јазик.

Осум музичари кои биле номинирани за најдобар нов изведувач подоцна освоиле Греми-награда за животно дело: Битлси (1965, 2014), Чикаго (1970, 2020), Cream (1969, 2006), Jefferson Airplane (1968, 2016), Антонио Карлос Жобим (1965, 2012), Led Zeppelin (1970, 2005), Леонтина Прајс (1961, 1989) и Џон Прајн (1972, 2020).

Добитници

уреди

2020-ти

уреди

2010-ти

уреди

2000-ти

уреди

1990-ти

уреди
  • Греми-награди во 1991 година
    • Мараја Кери
      • The Black Crowes
      • The Kentucky Headhunters
      • Лиза Стенсфилд
      • Вилсон Филипс

1980-ти

уреди
  • 1988 Греми-награди
  • 1987 Греми-награди
    • Bruce Hornsby & the Range

1970-ти

уреди
  • 1973 Греми-награди
    • America
      • Eagles
      • Џон Прајјн
      • Loggins and Messina
      • Хари Чапин

1960-тите

уреди
  • Греми-награди во 1964 година
    • Вард Свингл (The Swingle Singers)
      • Вики Кар
      • Џон Гери
      • J's With Jamie
      • Трини Лопез
  • Греми-награди во 1962 година
    • Питар Неро
      • Ен-Маргарет
      • Дик Грегори
      • The Lettermen
      • Тими Јуро
  • Греми-награди во 1961 година
    • Боб Њухарт
      • Brothers Four
      • Миријам Макеба
      • Леонтин Прајс
      • Џоани Самерс
  • Греми-награди во 1960 година
    • Боби Дарин
      • Ед Бирнс
      • Марк Марфи
      • Џони Рестиво
      • Мејвис Риверс

Наводи

уреди
  1. „Just what is 'alternative'? - today > entertainment - Music - TODAY.com“. TODAY.com. Архивирано од изворникот на February 10, 2017. Посетено на February 23, 2016.
  2. „The Grammys: The curse of the Best New Artist award?“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на January 25, 2014.
  3. „And the winner is ... what's your name again?“. TODAY.com. January 14, 2005. Архивирано од изворникот September 26, 2012. Посетено на February 23, 2016.
  4. „Milli Vanilli's Grammy Rescinded by Academy : Music: Organization revokes an award for the first time after the revelation that the duo never sang on the album“. Los Angeles Times (англиски). 1990-11-20. Посетено на 2019-12-09.
  5. Holden, Stephen (5 December 1990). „Winner of Grammy Lost By Milli Vanilli: No One“. The New York Times. Посетено на 25 July 2008.
  6. Grein, Paul (January 22, 2020). „Grammy Best New Artist Winners: 26 Record-Holders, From Youngest to Oldest to First Award Taken Back“. Billboard. Посетено на March 25, 2020.
  7. Billboard Magazine. March 8, 1997“. Billboard. March 8, 1997.
  8. Christina Vinson (March 9, 2021). „Top 10 Country Grammy Awards Moments“. The Boot.

Надворешни врски

уреди