Fun (група)
Fun (стилизирани како fun.) ― американска инди-поп група од Њујорк. Групата е составена од: Џек Антоноф (од Steel Train), Ендрју Дост (од Anathallo) и Нејт Рус (од the Format).[5]
Fun (група) | |
---|---|
Fun performing in 2012 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Њујорк, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 2008–2015 |
Издавачи | |
Мреж. место | ournameisfun.com |
Членови | |
Fun била основана во 2008 година, а нивниот прв студиски албум, Aim and Ignite од 2009 година имал умерен успех во продажбата. Групата стекнала популарност во 2012 година по објавувањето на нивниот втор албум, Some Nights. Албумот се искачил на трето место на американската Билборд 200 топ-листа. Од него произлеле нивните најголеми хитови до сега: „We Are Young“ со Џенел Мона, „Some Nights“ и „Carry On“. На 55-тото доделување на Греми наградите, за песната „We Are Young“ ја добиле наградата Песна на годината, а исто така ја добиле и наградата за најдобар нов изведувач.[6]
Историја
уредиВо февруари 2008 година, по распадот на неговата претходна група (The Format), Нејт Рус започнал нов музички проект и ги повикал Ентони Робинсон и Ендрју Дост за да основаат нова група. И двајцата музичари веќе биле активни во други групи. Робинсон свирел во Steel Train, а Дост бил член на Anathallo. Првата песна што ја напишале заедно била „Benson Hedges“, која подоцна се нашла на нивниот прв албум.
Првиот албумот на Fun, Aim and Ignite, бил објавен во август 2009 година. Албумот се карактеризираше со уникатна комбинација на поп, рок и театрална музика, инспирирана од уметници како Queen и The Beatles. Критичарите го пофалија албумот за неговата иновативност и креативност, но комерцијалниот успех беше умерен.
На 17 мај 2011 година, групата го издала „C'mon“ како заеднички сингл со Panic! at the Disco. Fun на светската музичка сцена се пробиле во 2012 година со вториот студиски албум, Some Nights. Водечкиот сингл, под наслов „We Are Young“ со Жанел Монае, бил користен во неколку други медиуми, вклучувајќи ги и телевизиските серии Озборувачка,[7] 90210, [8] Glee и Chuck;[9] во реклами за Шевролет[10] и Apple;[11] и во трејлерот за филмот од Така е на 40.[12] Песната „We Are Young“ станала светски хит и се искачила на врвот на топ-листите во преку 10 земји, вклучувајќи ја и САД. Успехот на песната придонел групата Fun да стане една од најпопуларните на групи светската музичка сцена во тој период.
Албумот Some Nights бил објавен во февруари 2012 година. Покрај „We Are Young“, други хитови од овој албум биле: „Some Nights“ и „Carry On“. На 55-тото доделување на Греми наградите во 2013 година, Fun добиле две награди: Песна на годината за „We Are Young“ и Најдобар нов изведувач.[13] Групата била номинирана за уште четири други награди, вклучувајќи ја и за Албум на годината за Some Nights.
По големиот успех со Some Nights, членовите на групата одлучиле да се насочат на соло-кариери и други проекти. Џек Антоноф станал пејач на инди-поп групата Bleachers и станал еден од најбараните продуценти, работејќи со музичари како Тејлор Свифт, Лорди и Лана Дел Реј. Нејт Рус издал соло албум во 2015 година, под наслов Grand Romantic, кој исто така добил позитивни критики. Ендрју Дост се посветил на компонирање музика за филмови и телевизиски серии и е фронтмен на групата Metal Bubble Trio.[14]
Иако групата официјално не била распуштена, Fun не издале нови песни по 2014 година и не е активна како група.
Дискографија
уреди- Aim and Ignite (2009)
- Some Nights (2012)
Награди и номинации
уредиFun добиле две Греми награди, две Награди по избор на тинејџерите и една Билборд-награда.
Во 2010 година, ја освоиле наградата за најдобра поп/рок песна на Независните музички награди за песната „All the Pretty Girls“. [15]
Наводи
уреди- ↑ Hung, Estella (November 18, 2009). „Fun.: Aim and Ignite < Reviews“. PopMatters. Архивирано од изворникот на November 20, 2009. Посетено на November 23, 2009.
- ↑ Leahey, Andrew. „Fun. Biography“. AllMusic. Посетено на April 22, 2024.
- ↑ „How A Band Called 'fun.' Found Its Way To No. 1“. NPR. March 16, 2012. Посетено на September 18, 2021.
- ↑ „2012's Most Anticipated Debut Albums“. Billboard. January 19, 2012. Посетено на May 7, 2016.
- ↑ Martin, Hannah (September 15, 2009).
- ↑ „55th Annual GRAMMY Awards Nominees: General“. Grammy.com. Архивирано од изворникот на December 7, 2014. Посетено на February 10, 2013.
- ↑ „Gossip Girl Music - Season 5, Episode 24“. The CW. Посетено на May 16, 2012.
- ↑ „90210 Music - Season 4, Episode 24“. The CW. Посетено на May 18, 2012.
- ↑ Sepinwall, Alan (December 30, 2011). „Review: 'Chuck' - 'Chuck vs. the Baby': The mother and child reunion“. HitFix. Архивирано од изворникот на 2013-01-23. Посетено на 2024-09-14.
- ↑ „Chevy Sonic "Stunt Anthem"“. YouTube. January 27, 2012. Архивирано од изворникот на February 1, 2012. Посетено на February 2, 2012.
- ↑ „Apple - Apple Events - Apple Special Event March 2012“. Events.apple.com.edgesuite.net. March 7, 2012. Архивирано од изворникот на March 6, 2013. Посетено на July 11, 2012.
- ↑ O'Connell, Sean (April 27, 2012). „This Is 40 Trailer Tackles Aging, Apatow Style“. CinemaBlend.com. Посетено на September 25, 2012.
- ↑ [[Grammy Award|„EWПредлошка:'s Grammy Picks“]]. Entertainment Weekly. New York. February 8, 2013. стр. 26. Проверете ја вредноста
|title=
(help) - ↑ Trio, Metal Bubble. „Metal Bubble Trio“. Metal Bubble Trio (англиски). Посетено на 2024-03-21.
- ↑ „This Year's Independent Music Award Winners Revealed“. American Songwriter. January 27, 2010. Посетено на April 21, 2015.