Грејси Абрамс
Грејси Медиган Абрамс (англ. Gracie Madigan Abrams; родена на 7 септември 1999 година) ― американска пејачка. Во 2019 година потпишала договор со Interscope Records и со таа издавачка куќа ги издала албумите Good Riddance (2023) и The Secret of Us (2024). Во 2024 година била номинирана за Греми за најдобар нов изведувач.
Грејси Абрамс | |
---|---|
Грејси Абрамс во 2022 | |
Роден(а) | Грејси Медиган Абрамс[1] 7 септември 1999 Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Занимање |
|
Активен период | 2018–денес |
Родители |
Музичка кариера |
Жанрови | Инди-поп[2] |
Инструменти |
|
Издавачи | Interscope |
Мреж. место | gracieabrams.com |
Детство и образование
уредиГрејси Абрамс е родена на 7 септември 1999 година во округот Лос Анџелес во Калифорнија. Таа е ќерка на режисерот Џеј Џеј Абрамс и филмската продуцентка Кејти Мекграт.[3][4] Нејзиниот татко е Евреин, а мајка ѝ потекнувала од ирско католичко семејство.[5]
По матурирањето во 2018 година, Абрамс студирала меѓународни односи на колеџот Барнард во Њујорк, но по првата година на студии направила пауза за да се насочи на музичката кариера. [6]
Кариера
уредиВо октомври 2019 година, под Interscope Records, Абрамс го издала нејзиниот прв сингл „Mean It“.[7] На 14 јули 2020 година, го објавила првиот миниалбум, Minor.[8][9] На 12 ноември 2021 година, Абрамс го објавила нејзиниот втор мини-албум, This Is What It Feels Like.[10] За поддршка на мини-албумот, започнала турнејата под наслов This Is What It Feels Like,[11] а покрај на својата турнеја, Абрамс била воведен изведувач на турнејата „Sour“ од Оливија Родриго.[12]
На 24 февруари 2023 година, Абрамс го издала нејзиниот прв албум Good Riddance.[13][14] Во јуни истата година било објавено луксузно издание.[15] Во текот на 2023 година, Абрамс настапувала како воведен изведувач на избрани концерти од американскиот дел од турнејата The Eras од Тејлор Свифт.[16] Таа, исто така, ја започнала турнејата Good Riddance.[17] Кон крајот на истата година, Абрамс се нашла на листата од Форбс „30 под 30“.[18] Во 2024 година била номинирана за Греми за најдобар нов изведувач.[19]
На 29 април 2024 година, Абрамс го најавила нејзиниот втор албум, The Secret of Us, кој бил објавен на 21 јуни 2024 година. На албумот му претходеле два сингла: „Risk“ (1 мај 2024 година)[20] и „Close to You“ (7 јуни). За поддршка на албумот, Абрамс ја започнала турнејата Secret of Us во САД.[21]
Влијание и прием
уредиАбрамс како нејзини музички влијанија ги навела: Џони Мичел, Сајмон и Гарфанкел, Елвис Костело, Бон Ајвер, Елиот Смит, Кејт Буш, The 1975, Џејмс Блејк, Тејлор Свифт, Лорд, Metric, The Killers и Фиби Бриџерс.[22][23][24][6]
Свифт, Бриџерс, Лорд, Пост Мелоун, Били Ајлиш и Оливија Родриго изразиле восхитување за Абрамс. Таа им се придружила на Свифт и на Родриго на нивните турнеи.[25][26][27][28]
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- Good Riddance (2023)
- The Secret Of Us (2024)
Наводи
уреди- ↑ Abrams, Gracie. „ASCAP Ace Search“. American Society of Composers, Authors and Publishers (ASCAP). Архивирано од изворникот June 3, 2019. Посетено на March 31, 2021.
- ↑ Cardenas, Cat; Marius, Marley (March 7, 2024). „New Voices: Tyla, Omar Apollo, Gracie Abrams, and Katseye Are the Acts to Watch This Year“. Vogue. Посетено на March 25, 2024.
- ↑ Sundberg, Emily (April 6, 2018). „Lorde-Approved Gracie Abrams Is Instagram's Favorite Songwriter“. The Cut. Архивирано од изворникот на May 17, 2021. Посетено на March 31, 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Greenberg, Brad (May 7, 2009). „J.J. Abrams talks about 'Star Trek,' being Jewish and interfaith marriage“. Jewish Journal. Архивирано од изворникот на November 20, 2022. Посетено на June 11, 2021.
- ↑ 6,0 6,1 Wood, Mikael (July 29, 2020). „Her famous dad's a fan. So is Phoebe Bridgers. But Gracie Abrams has a voice all her own“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на December 31, 2021. Посетено на March 31, 2021.
- ↑ Kato, Precious (October 24, 2019). „Gracie Abrams' "Mean It" Is a Heartbreaking Debut“. Ones to Watch. Архивирано од изворникот на May 17, 2021. Посетено на March 31, 2021.
- ↑ Cantor, Brian (February 20, 2020). „Gracie Abrams Releases Utterly Engaging, Undeniably Excellent New Song "21"“. Headline Planet (англиски). Архивирано од изворникот на March 17, 2023. Посетено на November 12, 2022.
- ↑ Graves, Shahlin (July 1, 2020). „Gracie Abrams to release 'Minor' on July 14“. Coup de Main Magazine. Архивирано од изворникот на May 17, 2021. Посетено на March 31, 2021.
- ↑ Graves, Shahlin (November 2, 2021). „Gracie Abrams announces new project 'This Is What It Feels Like'“. Coup de Main Magazine. Архивирано од изворникот на April 17, 2022. Посетено на January 21, 2022.
- ↑ Paul, Larisha (September 29, 2021). „Rising Pop Singer Gracie Abrams Announces 2022 'This Is What It Feels Like' Tour“. uDiscover Music. Архивирано од изворникот на September 30, 2021. Посетено на January 12, 2023.
- ↑ Caramanica, Jon (April 6, 2022). „Olivia Rodrigo's Punky Heartbreak Revue“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на April 20, 2022. Посетено на April 21, 2022.
- ↑ „ProMediaBank Album Review Gracie Abrams score Iconic 5star rating for 'Good Riddance' Album“. promediabank. Архивирано од изворникот на July 30, 2023. Посетено на 30 July 2023.
- ↑ Ingle, Alex (January 9, 2023). „Gracie Abrams has announced her debut album, 'Good Riddance' | Dork“. readdork.com (англиски). Архивирано од изворникот на May 27, 2023. Посетено на January 9, 2023.
- ↑ Schube, Will (April 24, 2023). „Gracie Abrams Announces Deluxe Edition Of 'Good Riddance'“. uDiscover Music (англиски). Архивирано од изворникот на April 24, 2023. Посетено на April 24, 2023.
- ↑ Willman, Chris (November 1, 2022). „Taylor Swift Announces 2023 'Eras Tour' of U.S. Stadiums“. Variety. Архивирано од изворникот на December 4, 2022. Посетено на November 1, 2022.
- ↑ Iahn, Buddy (January 17, 2023). „Gracie Abrams sells out headlining tour in under an hour“. The Music Universe (англиски). Архивирано од изворникот на January 23, 2023. Посетено на March 4, 2023.
- ↑ „Forbes 30 Under 30 2024: Music“. Forbes (англиски). Архивирано од изворникот на November 28, 2023. Посетено на 2023-11-28.
- ↑ „Grammy Nominations 2024: See the Full List Here“. Pitchfork (англиски). 2023-11-10. Архивирано од изворникот на November 10, 2023. Посетено на 2023-11-10.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Willman, Chris (June 3, 2024). „Gracie Abrams Sets Fall Headlining Tour, Ahead of Opening Final Eras Tour Dates“. Variety. Посетено на June 3, 2024.
- ↑ Williams, Jenessa (July 8, 2020). „Gracie Abrams: LA singer-songwriter baring her soul to the internet“. NME (англиски). Архивирано од изворникот на March 1, 2023. Посетено на November 12, 2022.
- ↑ „Gracie Abrams“. Interscope. Архивирано од изворникот на November 1, 2021. Посетено на August 16, 2022.
- ↑ „Gracie Abrams on Being Inspired by Lorde's Pure Heroine“. Consequence of Sound. February 4, 2021. Архивирано од изворникот на April 30, 2021. Посетено на March 31, 2021.
- ↑ Nugent, Annabel (June 26, 2022). „Meet Gracie Abrams, the bedroom pop singer catching the attention of Billie Eilish and Taylor Swift“. The Independent. Архивирано од изворникот на November 20, 2022. Посетено на August 16, 2022.
- ↑ Bennett, Willa (October 13, 2020). „Live From Gracie Abrams's Bedroom“. GQ. Архивирано од изворникот на November 15, 2021. Посетено на March 31, 2021.
- ↑ Lecoq, Noémie (September 12, 2020). „Musician Gracie Abrams on Why Music Should be Opinionated“. L'Officiel. Архивирано од изворникот на June 23, 2021. Посетено на March 31, 2021.
- ↑ Darmon, Aynslee (January 14, 2021). „Olivia Rodrigo On The Massive Success Of 'Drivers License': 'I Can't Believe Any Of It'“. ET Canada. Архивирано од изворникот на January 20, 2021. Посетено на January 29, 2021.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Грејси Абрамс на Семрежната филмска база на податоци (англиски)