Меган Трејнор
Меган Елизабет Трејнор (англ. Meghan Elizabeth Trainor; родена на 22 декември 1993) ― американска пејачка и ТВ-лице. Во 2014 година потпишала договор со Епик Рекордс (ЕПic Records) и го објавила нејзиниот прв сингл Ол абаут дет бејс (All About That Bass), кој стигнал до прво место на американската топ-листа Billboard Hot 100. Трејнор, објавила пет студиски албуми и добила многу награди и признанија, меѓу кои и Греми-награда за најдобар нов изведувач за 2016 година. Нејзината музика е под влијание на популарната музика од 1950-тите и е мешавина на: поп, Р&Б, ду-воп и соул.
Меган Трејнор | |
---|---|
Меган Трејнор во 2020 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Меган Елизабет Трејнор |
Роден(а) | 22 декември 1993 Нантакет, Масачусетс, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 2009–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | meghan-trainor.com |
Покрај музичката кариера, Трејнор го позајмила гласот во анимираните филмови Штрумфови: Скриеното село (2017) и Плејмобил (2019). Таа била судија во телевизиските талент-шоуа Четворицата: Битка за Ѕвезден статус (2018), Гласот ОК (2020) и Австралиски идол (2023). Трејнор добила: Греми-награда, четири Американско друштво на композитори, автори и издавачи-награди за поп-музика и две награди „Билборд“.
Живот и кариера
уредиДетство
уредиМеган Елизабет Трејнор е родена на 22 декември 1993 година, во Нантакет, Масачусетс.[1] На шестгодишна возраст почнала да пее во методистичка црква каде што нејзиниот татко бил учител по музика и оргулист.[2][3][4] На 12-годишна возраст, Трејнор почнала да настапува како дел од групата Ајланд Фјужн (Island Fusion), во која членувале нејзината тетка, помалиот брат и татко ѝ. Во групата останала четири години, а притоа пеела и свирела на: пијано, гитара и бонго-тапани.[5] Групата по барови свирела преработки од Боб Марли, а била и предгрупа за јамајканската пејачка, Бини Мен.[6] На 13-годишна возраст, Трејнор ја напишала нејзината прва оригинална песна, Дај ми шанса (Give Me a Chancе).[7] Во 2009 и 2010 година следела летни програми за музичко образование во музичкиот колеџ Беркли во Бостон за понатамошно развивање на нејзините музички вештини.[4][8]
2009–2013: Почетоци на кариерата
уредиВо 2009 и 2010 година, Трејнор самостојно издала три албуми со песни кои самата ги напишала, снимила, изведувала и продуцирала.[3] Нејзиниот прв албум Меган Трејнор бил објавен на 25 декември 2009 година.[4][9] Следната година Трејнор ги издала акустичните албуми Ќе пејам со тебе (I'll Sing with You) и Само 17 (Only 17).[4]
На музичка конференција во Нешвил, Трејнор се запознала со поранешниот член од NRBQ, Ал Андерсон.[2] Тој бил импресиониран од песните кои ги напишала Трејнор и ја препорачал кај музичката издавачка куќа „Биг Јелоу Дог Мјузик“ со седиште во Нешвил.[2][4] Иако на Трејнор ѝ била понудена целосна стипендија на Беркли, таа одлучила да ја продолжи кариерата како текстописец и во 2012 година потпишала договор со издавашката куќа.[3][8][10] Ја започнала кариерата како хонорарен текстописец поради нејзината способност да компонира музика во различни жанрови, но не била сигурна дали некогаш и самата ќе стане пејачка. Нејзиниот татко рекол: „Таа мислеше дека е една од буцкастите девојки кои никогаш нема да станат пејачки“.[2] На 24 април 2012 година ја издала песната Која сакам да бидам (Who I Wanna Be).[11]
Во текот на 2013 година, Трејнор често патувала на релација Нешвил, Њујорк и Лос Анџелес, каде пишувала и помагала во продуцирањето на кантри и поп-песни. Таа пеела водечки и пратечки вокали на демо-снимки за други музичари.[3] Трејнор подоцна станала фрустрирана од честите патувања од Нантакет во Лос Анџелес и во ноември 2013 година одлучила да се пресели во Нешвил.[2][4] Таму напишала песни за многу изведувачи, како: Хантер Хејс,[12] Rascal Flatts,[4] R5,[13] и Сабрина Карпентер.[14]
2014–2017: Пробив на музичката сцена и први албуми
уредиВо ноември 2013 година, Трејнор и продуцентот Кевин Кадиш ја напишале песната Ол абаут дет бејс.[4] Тие ја понудиле песната на неколку издавачки куќи, но сите тие ја отфрлиле зашто била ду-воп и не содржела доволно „синт и поп“ елементи.[15] Трејнор подоцна се запознала со Пол Понтиус, агент на A&R за ЕПic Records и му ја извела Ол абаут дет бејс. Понтиус ѝ договорил состанок со претседателот на издавачката куќа, а откако Трејнор ја извела песната пред него, тој 20 минути подоцна ѝ понудил договор.[7] Трејнор го ангажирала Трој Картер за нејзин менаџер[10] и на 30 јуни 2014 година го издала синглот Ол абаут дет бејс.[16] Песната се искачила на прво место на топ-листите во 58 земји,[17] музичкото видео станало вирално, а синглот се продал во 11 милиони примероци.[18][19][20] Осум последователни недели бил на врвот на Billboard Hot 100 и од Здружението на музички издавачи на Америка (RIAA) добил дијамантски сертификат.[21]
Првото ЕП на Трејнор, Титула (Title), било објавено на 9 септември 2014 година.[22] Трејнор и Кадиш ги компонирале песните.[23] На 21 октомври истата година таа го издала нејзиниот втор сингл Усните се мрдаат (Lips Are Movin),[24] која се искачила на четврто место на Billboard Hot 100,[25] а исто така се пласирала во топ-10 во Австралија,[26] Канада[27] и Нов Зеланд.[28] Списанието Билборд ја ставило на четврто место на списокот „Најдобри нови изведувачи“ за таа година[29] и на 12 место на нивната годишна листа на „Најмоќни луѓе во музиката помлади од 21 година“[15]
Трите самообјавени албуми на Трејнор биле повлечени од продажба пред објавувањето на нејзиниот прв студиски албум со поголема издавачка куќа, Титула.[4][30] Албумот го заменил нејзиното истоимено ЕП на iTunes Store,[31][32] и бил објавен на 9 јануари 2015 година.[33] На Metacritic добил просечна оценка од 59 врз основа на 13 критики, што укажува на „мешани или просечни критики“.[34] Албумот дебитирал на прво место на американскиот Билборд 200.[35][36] Ова бил деветти најпродаван албум во светот во 2015 година, со 1,8 милиони продадени примероци според IFPI.[37] Подоцна од албумот биле објавени сингловите: Драг иден сопругу (Dear Future Husband) и Како да ќе те загубам (Like I'm Gonna Lose You). Музичкото видео за Драг иден сопругу, кое ја прикажува Трејнор како чисти под во кујна, наишол на критики, а онлајн критичарите поради прикажувањето на традиционалните родови стереотипи го означиле како „сексистички“ и „антифеминистички“.[38] Трејнор пеела во дует со Чарли Пут на неговиот деби-сингл Марвин Геј (Marvin Gaye), објавен во февруари 2015 година.[39][40]
На 11 февруари 2015 година, Трејнор ја започнала нејзината прва концертна турнеја, Дет Бејс Турнеја (That Bass Tour).[32] На 11 август 2015 година, Трејнор најавила откажување на остатокот од нејзината северноамериканска турнеја поради тоа што планирала да оди на операција на гласните жици „за конечно да се поправи ова еднаш засекогаш“.[41] На 1 септември 2015 година, таа потврдила дека успешно ја поминала операцијата и дека ќе ѝ требаат шест недели за опоравување пред повторно да може да настапи.[42][43] Кон крајот на 2015 година, американската пејачка Фенси Хагуд го објавила синглот Момчиња како тебе (Boys Like You), во кој настапуваат Трејнор и Аријана Гранде.[44] На 58-мото доделување на Греми наградите Трејнор ја освоила наградата за најдобар нов изведувач.[45]
Нејзиниот втор судиски албум Благодарам (Thank You) го издала на 13 мај 2016 година.[46][47][48] Албумот бил поп, денс-поп и Р&Б албум кој истражува теми како што се самоприфаќање, борба против дискриминирањето и нејзините лични искуства со славата. Трејнор албумот го промовирала преку јавни и телевизиски настапи. По објавувањето, таа тргнала на турнеја под име Недопирлива (Untouchable Tour) (2016), со Хајли Стајнфелд и Комон Кингс како воведни изведувачи.[49] Од Благодарам албумот биле објавени синглoвите: Не, И јас, Подобра (No, Me Too, и Better). Истата година таа била котекстописец на повеќе песни, како: Не сум ти мајка (Ain't Your Mama) од Џенифер Лопес и Ју гата нат (You Gotta Not) од Литл Микс.[50][51] На 24 февруари 2017 година, Трејнор го издала синглот Јас сум дама (I'm a Lady), кој го снимила за филмот Штрумфови: Изгубеното село, во кој таа исто така го позајмила гласот на ликот Штрумфмелоди.[52]
2018–2021:
уредиВо декември 2017 година, Фокс објавил дека Трејнор ќе биде еден од судиите на шоуто Четворицата: Битка за Ѕвезден статус, заедно со Шон Комбс, Диџеј Калид и Чарли Вок.[53] Првите две сезони од емисијата биле емитувани во 2018 година.[54] Трејнор се натпреварувала против пејачката Шанаја Твен во една епизода од шоуто Дроп д мајк (Drop the Mic), кое се емитувало во јануари 2018 година; и двете биле прогласени за победнички.[55] Третиот студиски албум на Трејнор, Почести се себеси (Treat Myself), требало да биде објавен на 31 август 2018 година, но бил одложен бидејќи Трејнор сакала да напише и да сними повеќе песни за него.[56] Водечкиот сингл Без изговори (No Excuses) бил објавен во март 2018 година.[25] Песните Биди во право (Let You Be Right) и Не можам да танцувам (Can't Dance) биле објавени како синглови два месеци подоцна.[57] До крај (All the Ways) бил издаден на 20 јуни 2018 година,[58] а насловната песна била достапна на 20 јули 2018 година.[59] Истата година, Трејнор се појавила во песната од Џејсон Мраз Повеќе од пријатели (More than Friends).[60]
Во соработка со Сигала и Ела Ер, Трејнор го објавила синглот Само што ме платија (Just Got Paid) во кој настапува американскиот рапер Френч Монтана. Подоцна истата година, Трејнор и Шон Пол се појавиле на ремикс на песната од CNCO Еј ДиЏеј.[61] TПочести се себеси бил објавен на 31 јануари 2020 година.[62] Во февруари 2019 година, Трејнор објавила ЕП под наслов Љубовниот воз (The Love Train), кое било промовирано преку музички спотови и ја содржело песната До крај (All the Ways).[62][63]
Трејнор ги снимила песните Опасна жена (Badass Woman) и Тече како река (Run Like the River) за филмовите од 2019 година Измамници и Плејмобил: Филмот, соодветно.[64][65] Таа, исто така, била гласовна глумица во Плејмобил: Филмот.[66] Во септември 2019 година, било објавено дека Трејнор ќе им се придружи на will.i.am, Том Џонс и Оли Мурс како тренер за деветтата сезона на Гласот ОК, чија премиера била во 2020 година.[67] Таа на 27 септември 2019 година го издала „Wave“ како втор сингл од Почести се себеси,[68] кој бил објавен на 31 јануари 2020 година, заедно со третиот сингл од него Драго ми е што те запознав (Nice to Meet Ya) во кој се појавува Ники Минаж. Албумот добил мешани критики.[69] Трејнор објавила луксузна верзија на албумот во јули 2020 година, на која ѝ претходел синглот Те тера да танцуваш (Make You Dance) (2020).[70] Таа издала празничен албум, Многу Трејнор Божиќ, на 30 октомври 2020 година.[71] Во март 2021 година, Трејнор потпиша целосен договор со NBCUniversal, кој вклучувал нејзино глумење во хумористична серија.[72]
2022 – денес:
уредиНа 21 јуни 2022 година, Трејнор го објавила Лошо за мене (Bad for Me), водечки сингл од нејзиниот петти студиски албум.[73] Албумот Се враќам назад (Takin' It Back) бил објавен на 21 октомври 2022 година.[73] Во 2023 година Трејнор била судија во Австралиски Идол.[74][75] Те натерав да погледнеш (Made You Look) бил издаден како втор сингл од албумот и по „Марвин Геј“ станал нејзин прв сингл во топ-10 на Британската топ-листа за синглови.[76] Песната се пласирала во топ-5 во: Ирска,[77] Австралија,[26] и Нов Зеланд;[28] а на Billboard Hot 100 стигнал до 11 место.[25]
На 25 април 2023 година, Трејнор ја објавила нејзината прва книга, Драга идна мајко.[78][79] Крис Џенер се појавила во спотот за нејзиниот сингл „Мајка“ (2023).[80][80] Трејнор, истата година објавила соработки со неколку други музичари: Во ред (Alright) со австралискиот пејач Сем Фишер во јуни,[81] Пиле Мало (Chicken Little) со американскиот пејач Спенсер Сатерленд во јули,[82] и Господин Вистински (Mr Right) со англиската пејачка Меј Стивенс во август.[83]
На 14 март 2024 година, Трејнор и Т-Пејн ја објавиле песната Сум била ваква (Been Like This) како водечки сингл од нејзиниот претстоен шести студиски албум, Безвремен (Timeless) (2024).
Во мај 2024 година, Трејнор објавила меѓугалактичко видео за синглот „To the Moon“ од нејзиниот албум „Timeless “.[84]
Дискографија
уреди- Титула (2015)
- Благодарам (2016)
- Почести се себеси (2020)
- Многу Трејнор Божиќ (2020)
- Се враќам назад (2022)
- Безвремен (2024)
Наводи
уреди- ↑ Robehmed, Natalie (January 5, 2015). „30 Under 30: Eight Questions With Meghan Trainor“. Forbes. Архивирано од изворникот на October 31, 2018. Посетено на October 31, 2018.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Sullivan, James (September 16, 2014). „All about Nantucket's Meghan Trainor“. The Boston Globe. Архивирано од изворникот на May 22, 2015. Посетено на June 2, 2015.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Cocuzzo, Robert (June 27, 2013). „The Voice“. N Magazine. Архивирано од изворникот на June 10, 2015. Посетено на June 2, 2015.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Sullivan, Jim (August 30, 2014). „Meghan Trainor hits big time with 'All About That Bass'“. Cape Cod Times. Архивирано од изворникот на May 29, 2015. Посетено на June 2, 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 7,0 7,1 Празен навод (help)
- ↑ 8,0 8,1 Stanton, Marianne R. (September 2012). „Five Emerging Artists“. Nantucket Today. Архивирано од изворникот на June 10, 2015. Посетено на June 3, 2015.
- ↑ „Meghan Trainor by Meghan Trainor“. iTunes Store. Архивирано од изворникот на May 5, 2012. Посетено на June 8, 2015.
- ↑ 10,0 10,1 Празен навод (help)
- ↑ „Who I Wanna Be – Single by Meghan Trainor“. iTunes Store. Архивирано од изворникот на May 4, 2012. Посетено на June 8, 2015.
- ↑ Raji, Lillian M. (December 16, 2014). „Meghan Trainor's jewelry connection“. National Jeweler. Архивирано од изворникот на June 10, 2015. Посетено на June 2, 2015.
- ↑ Duboff, Josh (October 7, 2014). „Beyoncé Passed on Meghan Trainor's 'All About That Bass'“. Vanity Fair. Архивирано од изворникот на July 2, 2015. Посетено на June 4, 2015.
- ↑ Ratliff, Ben (January 9, 2015). „Popcast: All About Meghan Trainor“. The New York Times. Архивирано од изворникот на March 5, 2016. Посетено на June 3, 2015.
- ↑ 15,0 15,1 Празен навод (help)
- ↑ „All About That Bass“. 7digital (in German). Архивирано од изворникот на December 8, 2014. Посетено на November 27, 2014.
- ↑ Brown, Helen (January 22, 2015). „Meghan Trainor, Title, review: 'relentlessly cute'“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на January 24, 2015. Посетено на April 26, 2019.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Paulson, Dave (February 6, 2015). „'All About That Bass' began down backroad in Nolensville“. The Tennessean. Архивирано од изворникот на May 27, 2022. Посетено на November 6, 2018.
- ↑ „IFPI publishes Digital Music Report 2015“. IFPI. April 14, 2015. стр. 12. Архивирано од изворникот на April 15, 2015. Посетено на April 15, 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Title – EP by Meghan Trainor“. iTunes Store. Архивирано од изворникот на October 3, 2014. Посетено на October 3, 2014.
- ↑ Meghan Trainor (2014). Title (EP) (CD). Epic Records.
- ↑ „Lips Are Movin (2014)“. 7digital (in German). Архивирано од изворникот на December 18, 2014. Посетено на December 18, 2014.
- ↑ 25,0 25,1 25,2 „Meghan Trainor – Chart history: The Hot 100“. Архивирано од изворникот на January 23, 2015. Посетено на December 18, 2014.
- ↑ 26,0 26,1 „Australian Discography Meghan Trainor“. Australian Charts. Hung Medien. Архивирано од изворникот на October 10, 2014. Посетено на December 18, 2014.
- ↑ „Meghan Trainor – Chart history: Billboard Canadian Hot 100“. Архивирано од изворникот на December 28, 2014. Посетено на December 18, 2014.
- ↑ 28,0 28,1 „New Zealand Discography Meghan Trainor“. New Zealand Charts. Архивирано од изворникот на May 2, 2017. Посетено на December 18, 2014.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Sources referring to Title as Trainor's debut studio album:
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 32,0 32,1 Ryan, Patrick (November 3, 2014). „Meghan Trainor lines up North American tour“. USA Today. Архивирано од изворникот на January 16, 2015. Посетено на December 27, 2014.
- ↑ „Title by Meghan Trainor“. iTunes Store. Архивирано од изворникот на January 18, 2015. Посетено на December 22, 2014.
- ↑ „Title by Meghan Trainor Reviews and Tracks“. Metacritic. Архивирано од изворникот на June 10, 2018. Посетено на May 20, 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „IFPI Global Music Report“ (PDF). IFPI. April 12, 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на April 12, 2016. Посетено на April 12, 2016.
- ↑ „Meghan Trainor's new video for 'Dear Future Husband' criticised for being 'sexist'“. NME. March 20, 2015. Архивирано од изворникот на April 24, 2022. Посетено на May 2, 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Marvin Gaye (feat. Meghan Trainor) – Single by Charlie Puth“. iTunes Store. Архивирано од изворникот на April 16, 2015. Посетено на July 14, 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Dresdale, Andrea (September 2, 2015). „Meghan Trainor 'Survived' Throat Surgery“. ABC News. Архивирано од изворникот на September 5, 2015. Посетено на July 15, 2015.
- ↑ Lindner, Emilee (September 2, 2015). „Meghan Trainor 'Survived' Surgery“. MTV News. Архивирано од изворникот на September 3, 2015. Посетено на July 15, 2015.
- ↑ Thompson, Heather (November 23, 2015). „Ariana Grande Teams With Who is Fancy For 'Boys Like You' Song“. M Magazine. Архивирано од изворникот на November 16, 2015. Посетено на November 23, 2015.
- ↑ Greenburg, Zack O'Malley (February 15, 2016). „Meghan Trainor Wins Best New Artist Grammy, As Expected“. Forbes. Архивирано од изворникот на February 21, 2016. Посетено на February 21, 2016.
- ↑ Geffen, Sasha (May 6, 2016). „Meghan Trainor Couldn't Wait So She's Streaming Her Album A Week Early“. MTV News. Архивирано од изворникот на May 6, 2016. Посетено на May 20, 2020.
- ↑ Mallenbaum, Carly (May 8, 2016). „Meghan Trainor has a Mother's Day present for you“. USA Today. Архивирано од изворникот на May 8, 2016. Посетено на May 20, 2020.
- ↑ „Thank You by Meghan Trainor“. Apple Music. Архивирано од изворникот на September 10, 2019. Посетено на July 13, 2020.
- ↑ Gracie, Bianca (April 20, 2016). „Meghan Trainor Performs 'No' on 'Ellen', Announces Untouchable Tour Dates“. Fuse. Архивирано од изворникот на April 25, 2016. Посетено на April 20, 2016.
- ↑ „Ain't Your Mama / Jennifer Lopez“. Tidal. Архивирано од изворникот на October 11, 2018. Посетено на October 11, 2018.
- ↑ Geffen, Sasha (October 28, 2016). „Little Mix Shut Down the Man-babies of the World on 'You Gotta Not'“. MTV News. Архивирано од изворникот на October 12, 2018. Посетено на October 12, 2018.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Andreeva, Nellie; Pedersen, Erik (November 17, 2017). „'The Four' Fox Reality Competition Sets Sean Combs, DJ Khaled, Meghan Trainor & Charlie Walk As Stars, Gets Premiere Date“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на November 18, 2017. Посетено на November 17, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Furdyk, Brent (August 4, 2018). „Meghan Trainor Delays Release Of Upcoming Album Because 'I Can't Stop Writing Songs'“. Entertainment Tonight Canada. Архивирано од изворникот на September 7, 2018. Посетено на June 21, 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Close, Paris (September 18, 2018). „Love Blooms In Jason Mraz & Meghan Trainor's 'More Than Friends': Watch“. iHeartRadio. Архивирано од изворникот на September 20, 2018. Посетено на September 20, 2018.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 62,0 62,1 Празен навод (help)
- ↑ Music videos for The Love Train:
- ↑ „Badass Woman (From the Motion Picture 'The Hustle') – Single by Meghan Trainor“. iTunes Store. Архивирано од изворникот на June 21, 2020. Посетено на June 21, 2020.
- ↑ Martin, Annie (July 26, 2019). „Meghan Trainor shares her song from 'Playmobil: The Movie'“. United Press International. Архивирано од изворникот на July 27, 2019. Посетено на July 27, 2019.
- ↑ Dresdale, Andrea (October 10, 2018). „Meghan Trainor, Adam Lambert lend their voices to 'Playmobil: The Movie'“. ABC News Radio. Архивирано од изворникот на October 11, 2018. Посетено на October 31, 2018.
- ↑ White, Peter (September 27, 2019). „'The Four's Meghan Trainor To Replace Jennifer Hudson As Coach On 'The Voice UK'“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на April 2, 2020. Посетено на July 13, 2020.
- ↑ Atad, Corey (September 27, 2019). „Meghan Trainor Debuts Anthemic New Single 'Wave' Featuring Mike Sabath“. Entertainment Tonight Canada. Архивирано од изворникот на September 27, 2019. Посетено на September 27, 2019.
- ↑ „Treat Myself by Meghan Trainor Reviews and Tracks“. Metacritic. Архивирано од изворникот на October 15, 2021. Посетено на May 21, 2020.
- ↑ Tuccillo, Andrea (July 17, 2020). „A quarantine treat: Meghan Trainor drops 'Treat Myself Deluxe' and 'Make You Dance' video“. ABC News Radio. Архивирано од изворникот на July 17, 2020. Посетено на July 18, 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 73,0 73,1 Празен навод (help)
- ↑ Christmass, Pip (28 September 2022). „Superstar judges for Australian Idol 2023 unveiled“. 7news. Архивирано од изворникот на September 28, 2022. Посетено на 28 September 2022.
- ↑ Knox, David (28 September 2022). „Kyle, Harry, Meghan & Amy to judge Australian Idol“. TV Tonight. TV Tonight. Архивирано од изворникот на September 29, 2022. Посетено на 28 September 2022.
- ↑ Smith, Carl (November 11, 2022). „Taylor Swift secures the longest-running Number 1 single of her career with Anti-Hero as Drake & 21 Savage impact chart“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на November 11, 2022. Посетено на November 11, 2022.
- ↑ „Official Irish Singles Chart Top 50“. Official Charts Company. Посетено на November 25, 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Meghan Trainor Had to 'Rewire My Brain' to Develop Healthy Body Image: 'Weight Sits Differently on Everyone' (Exclusive)“. Peoplemag (англиски). Посетено на 2024-01-31.
- ↑ 80,0 80,1 Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Smith, Carl (August 3, 2023). „Mae Stephens and Meghan Trainor Team Up on Infectious New Single 'Mr. Right'“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на August 3, 2023. Посетено на August 3, 2023.
- ↑ Празен навод (help)
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Меган Трејнор на Семрежната филмска база на податоци (англиски)