Бостон (музичка група)

Бостон е музичка рок група од истоимениот град во сојузната држава Масачусетс, САД. Својата најголема популарност ја доживеале во текот на 70-тите и 80-тие години од минатиот век. Тие ги искомпонирале едни од најпознатите рок нумери како „More Than a Feeling“, „Peace of Mind“ и „Rock and Roll Band“. Нивниот прв студиски албум Boston со продадени 17 милиони примероци е вториот најпродаван деби албум во музичката историја, веднаш позади Appetite for Destruction од Guns N' Roses.[1]

Бостон
Оригиналната постава на Бостон (1977)
Животописни податоци
ПотеклоБостон, Масачусетс, САД
ЖанровиРок, хард рок
Период на активност1976–сѐ уште
ИздавачиЕпик, MCA, Артемис
СоработнициКосмо, Ernie and the Automatics, Orion the Hunter, Return to Zero, Стрипер
Мреж. местоbandboston.com
Членови
Том Шолц
Гери Пил
Карли Смит
Кимберли Дам
Џеф Нил
Томи Декарло
Дејвид Виктор
Трејси Фери
Поранешни членови
Бред Делп
Џим Масдеа
Френ Шинан
Сиб Хасијан
Бери Годру
Дејвид Сајкс
Дог Хуфман
Фран Космо
Ентони КОсмо
Ентони Ситринит
Том Хембриџ
Мајкл Свит

Гитаристот Том Шолц ги имал напишано песните од првиот албум пред да биде основан бендот, а откако демо снимките ги преслушале првите луѓе од Епик Рекордс, групата веднаш била потпишана. По издавањето на плочата била направена турнеја низ САД, на која Бостон била предгрупа на тогаш докажаните бендови како Блек Сабат, Блу Ојстер Калт и Foghat помеѓу другите. Во 1977 година биле номинирани за Греми во категоријата „Најдобар нов музички артист“, но не ја освоиле наградата.

Вториот студиски диск Don't Look Back бил издаден во 1978 година, но не забележал комерцијален успех како неговиот претходник. Составот бил незадоволен од крајниот производ бидејќи чувствувале дека целата работа била избрзана. И покрај ова, сингловите од албумот доживеале солиден пласман на табелите ширум светот.

Поради недоразбирањата со продуцентската куќа околу авторските права за претстојните музички изданија на бендот, членовите на Бостон продолжиле со соло кариери кои немале некој позначаен успех. Во текот на 80-тите и 90-тите групата издала уште две плочи со нови песни, како и една компилација со најголемите нивни хитови.

Во 2007 година силно одекнала веста за самоубиството на фронтменот Делп во неговиот дом во Њу Хемпшир. Бред бил сметан за тивок човек со пријатен карактер и неговото самоубиство не било навестено со ниедна негова постапка. И покрај ова непријатно искуство, новиот албум на овој рок состав се очекува да излезе во 2013 година, и според зборовите на угледни музички новинари најголемиот дел од песните ќе бидат испеани од покојниот Делп.

Жанровски погледнато, Бостон свират хард рок со елементи на прогресивен рок. Пејачот Бред Делп е познат по неговиот широк вокален дијапазон, кој најдобро се забележува во песната „More Than a Feeling“. Според изјавите на самите членови, Битлс најмногу влијаеле во оформувањето на нивниот музички стил и правец. Интересни се и омотите од нивните студиски изданија, кои прикажуваат вселенски летала во кои е сместен градот Бостон.

Дискографија

уреди
Година
Албум
САД[2] Велика Британија[3] Уверение за тираж (САД)[4] Уверение за тираж (Велика Британија)[5]
1976 Boston 3 11 17× Платинест Златен
1978 Don't Look Back 1 9 7× Платинест Сребрен
1986 Third Stage 1 37 4× Платинест
1994 Walk On 7 56 Платинест
2002 Corporate America 42 -
2013 TBA 2013 - -

Наводи

уреди
  1. „Biography“. NME. UK. Посетено на 16 август 2009.
  2. „Boston“. AllMusic. Посетено на 19 февруари 2012.
  3. everyHit.com search results
  4. „Recording Industry Association of America“. RIAA. Посетено на 19 февруари 2012.
  5. „Home“. BPI. Посетено на 19 февруари 2012.

Надворешни врски

уреди