Крис Браун
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Кристофер Морис „Крис“ Браун (роден на 5 мај 1989 г.) е американски пејач, текстописец, рапер, танчер и глумец. Тој е роден во Тапаханок, Вирџинија. Браун сам се научил да пее и да танцува кога бил мал. Тој исто така пеел во црковниот хор и учествувал во повеќе локални шоуа за талент. Во 2004 г. потпиша договор со продуцентската куќа Jive Records, и по една година го издаде својот прв албум нарачен по неговото име. Албумот се искачи на второ место на американската табела Билборд 200. На него е и хит синглот "Run It!" којшто се најде на прво место на топ-списокот на Билборд Хот 100, правејќи го Браун првиот машки артист што успеал да го има својот прв сингл на прво место на топ-листата после Диди во 1997 г. Албумот Крис Браун беше двапати сертифициран како платина од страна на здружението на музичките сниматели на Америка.
Крис Браун | |
---|---|
Браун настапува на Супафест Австралија во април 2012 г. | |
Животописни податоци | |
Родено име | Кристофер Морис Браун |
Роден(а) | 5 мај 1989 |
Потекло | Тапаханок, Вирџинија, САД |
Жанрови | РнБ, Поп, хип-хоп, денс |
Занимања | Пејач, текстописец, рапер, танчер, глумец |
Период на активност | 2004–денес |
Издавачи | Jive, Zomba, RCA |
Соработници | Џуелз Сантана, Лил Вејн, Бау Уау, Т-Пејн, Ријана, Кери Хилсон, Тига, Кевин МекКол, Лудакрис, Ејс Худ, Џастин Бибер, Гејм, Баста Рајмс, Биг Шон |
Мреж. место | chrisbrownworld.com |
Вториот студиски албум на Браун, наречен Exclusive, беше издаден во 2007 г. Во него се ноѓаа трите успешни синглови: неговиот втор сингл "Kiss Kiss" на којшто пее со Т-Пејн, што се најде на прво место на топ-листата Хот 100, "With You" и "Forever". Албумот Exclusive исто така беше двојно сертифициран како платина од страна на здружението на музичките сниматели на Америка.Третиот студиски албум на Браун, Graffiti (2009 г.), го вклучуваше синглот "I Can Transform Ya", со Лил Вејн и Суиц Биц којшто се најде на листата топ-дваесет. Во 2011 г. Браун го издаде својот четврт студиски албум F.A.M.E., којшто стана неговиот прв албум што се најде на прво место на табелата на Билборд 200. Албумот ги содржи сингловите "Yeah 3x", "Look at Me Now" со Лил Вејн и Баста Рајмс, и "Beautiful People" со Бени Бенаси. Албумот F.A.M.E. му ја донесе првата Греми награда на Браун за најдобар РнБ албум на 54те Греми награди. Неговиот петти студиски албум Fortune, беше издаден во јули 2012 г. Сепак, освен албумот Exclusive, албумите на Браун не беа добро примени од страна на музичките критичари.
Освен што снима музика, Браун исто така започна и глумечка кариера. Во 2007 г. тој ја започна својата филмска кариера во филмот Stomp the Yard, а се појави и како гостин во телевизиската серија The O.C. Други филмови во кои Браун се има појавено, ги вклучува: This Christmas (2007), Takers (2010) и Think Like a Man (2012). Во својата кариера Браун има освоено многу награди меѓу кои и: две NAACP Image Awards награди, три Американски Музички награди и девет БЕТ награди.
Во 2009 г. Браун се изјави виновен за физички напад врс пејачката и тогашната негова девојка Ријана. Тој беше осуден на пет години условна казна и на шест месеци служба на заедницата. Случајот доби огромно внимание од страна на медиумите и негативно влијаеше врз неговата кариера.
Кариера
уреди1989–2004: Ран живот и почеток на кариерата
уредиКристофер Морис Браун е роден на 5 мај 1989 г. во малиот град Тапаханок, Вирџинија. Мајка му се вика Џојс Хокинс и е поранешен директор на дневен центар за згрижување, а татко му се вика Клинтон Браун и е поправен службеник во локален затвор. Крис има постара сестра, Литрел Банди, којашто работи во банка. Музиката отсекогаш била во животот на Браун, уште од неговото детство. Тој слушал соул албуми коишто припаѓале на неговите родители, и со текот на времето почнал да покажува желба за хип-хоп музиката.
Браун се научил самиот себеси да пее и да танцува кога бил мал и честопати го цитира Мајкл Џексон како како негова инспирација. Почнал да настапува во црковниот хор а исто така учествувал и во повеќе локални шоуа за талент. Кога го имитирал Ашер како ја пее "My Way", неговата мајка сфатила дека тој има талент за пеење и почнале да бараат можност за музички договор. Во исто време, Браун имал лични проблеми. Родителите му се разведувале, а дечкото на мајка му го плашел со тоа што таа била подложна на семејно насилство.
Кога имал 13 г., Браун бил откриен од Hitmission Records, локален продуцентски тим којшто ја посетил бензинската станица на татко му додека барал нов талент. Hitmission's Lamont Fleming обезбедил вокален тренер за Браун, тимот помогнал да се среди демо пакет и да контактира луѓе во Њујорк за да најдат музички договор. Тина Дејвис, висок A&R извршител на продуцентската куќа Def Jam Recordings, била импресионирана кога Браун аудицирл во нејзината канцеларија во Њујорк и веднаш го претставила на поранешниот претседател на Island Def Jam Music Group, Антонио Ел Еј Рид којшто му понудил да го потпише уште тој ден. "Знаев дека Крис има вистински талент," рече Дејвис. "Едноставно знаев и сакав да бидам дел од тоа."
Преговорите со Def Jam продолжија два месеци, и тогаш Дејвис ја загуби својата работа поради корпоративно соединување. Браун ја прашал таа да му биде менаџер, и веднаш откако Дејвис прифатила, таа го унапредила пејачот во продуцентски куќи како што се Jive Records, J-Records и Warner Bros. Records. Records. Според Марк Питс во интервју за HitQuarters, Дејвис го претставила Браун со видео запис и реакцијата на Пит била: "Го видов потенцијалот... Не ги сакав сите песни, но го сакав неговиот глас. Тоа не беше проблем бидејќи знаев дека тој може да пее, а јас пак знаев како да снимам песни." Накрај, Браун ја одбра продуцентската куќа Jive поради успешната работа што таа куќа ја имала со млади пејачи, како што се Бритни Спирс и Цастин Тимберлејк. Браун изјави, "Ја избрав Jive бидејќи тие имаа најмногу успех со млади уметници на поп пазарот, [...] Знаев дека ќе ја придобијам мојата африканско-американска публика, но Jive има многу сила во поп областа а исто и во долговечноста во кариерата.“ Браун одел во средното училиште Есекс во Вирџинија до почетокот на 2005 г., кога се преселил во Њујорк за да ја проследи својата музичка кариера.
2005–06: Крис Браун и почетокот на глумечката кариера
уредиОткако потпиша со Jive Records во 2004 г., Браун го започна снимањето на неговиот албум во февруари 2005 г. До мај, веќе снимиле 50 песни, од кои 14 биле избрани за конечниот список на песни. Пејачот работел со повеќе продуценти и текстописци, меѓу кои и Скот Сторч, Кул & Дре и Џази Фа, и сите коментирале дека “навистина верувале во него“. И Браун придонел за албумот, тој помогнал во пишувањето на пет песни. "Пишувам за работите што им се случуваат секојдневно на 16 годишни деца" рече Браун. "Како кога ќе влезеш во неволја што си прикрал некоја девојка во куќата, или не можеш да возиш па затоа крадеш автомобил или сл. Целиот албум одземал помалку од осум недели да се подготви.
Албумот наречен како неговото име Крис Браун беше издаден на 29 ноември 2005 г. и се искачи на второто место на Билборд 200 со 154 000 албуми продадени во текот на првата недела. Крис Браун, со текот на времето, имаше релативен комерцијален – продадени повеќе од два милиона албуми во САД каде што албумот беше двапати сертифициран како платина од страна на здружението на музичките сниматели на Америка, и три милиона продадени албуни насекаде низ светот. Главниот сингл на албумот, “Run it!”, го направи Браун првиот машки артист (од Монтел Џордан во 1995 г.) да го има првиот сингл од својата кариера да се искачи на прво место на топ-списокот на Билборд Хот 100 и останувајќи на тоа место и во следните четири недели. Три од останатите синглови: "Yo (Excuse Me Miss)," "Gimme That" и "Say Goodbye" се искачија во првите топ-дваесет на истата листа.
На 13 јуни 2006 г., Браун издаде ДВД наречено “Chris Brown's Journey“, коешто покажува видеа од неговите патувања во Англија и Јапонија, од подготвувањето за неговата прва посета на Греми Наградите, од зад сцената на неговите музички видеа и грешки. За уште поголема промоција на својот албум, на 17 август 2006 г. Браун ја започна својата огромно профитабилна турнеја “The Up Close and Personal Tour“. Поради неговата турнеја, снимањето на неговиот следен албум беше одложена за два месеца. Болницата St. Jude Children's Research Hospital доби 10,000 американски долари од приходите од билетите од "Up Close & Personal" турнејата на Браун од 2006 г. Браун се појави на телевизиското шоу One on One на програмата UPN и на првата епизода на шоуто The N's Brandon T. Jackson Show.
2007–08: Exclusive
уредиВо јануари 2007 г., Браун доби мала улога како пејач во бенд во четвртата сезона од телевизиската серија “Округот Оринџ“. Потоа Браун го направи своето филмско деби во филмот Stomp the Yard, заедно со Ни-Јо, Меган Гуд и Колумбус Шорт на 12 јануари 2007 г. Во април 2007 г., Браун беше актот што го отвори концертот на Бијонсе Ноулс во Австралија, дел од нејзината The Beyoncé Experience турнеја. На 9 јули 2007 г. Браун се појави во една епизода на шоуто My Super Sweet 16 на МТВ (за настанот шоуто беше преименувано во: Chris Brown: My Super 18) каде што го прославува својот осумнаести роденден во Њујорк.
Во ноември 2007 г., Браун се појави како гостин во прогамата Math-A-Thon на болницата St. Jude Children's Research Hospital, за да ја покаже својата поддршка со тоа што ги бодрел студентите да ги користат своите математички вештини за да им помогнат на децата болни од рак и други катастрофични болести. Набрзо по завршувањето на неговата летна турнеја со Ни-Јо, Браун брзо го започна снимањето на неговиот втор студиски албум, Exclusive, којшто беше издаден на 6 ноември 2007 г. во САД. Албумот дебитираше на место број четири на американската Билборд 200 листа, со 294 000 албуми продадени во првата недела од неговото издавање и прими доста позитивни коментари од музичките критичари. Од 23 март 2011 г. се продадоа 1,9 милиони албуми во САД. Главниот сингл на албумот, "Wall to Wall", се искачи на 79 место на американската топ-листа Билборд 100, и број 22 на американската Hot R&B/Hip-Hop Songs топ-листа. Песната "Kiss Kiss", продуцирана од Т-Пејн којшто исто така пее со него на овој сингл беше издадена како втор сингл од албумот. Го достигна првото место на американската Билборд 100 топ-листа и стана број два сингл на Браун веднаш по "Run It!" во 2005 г. "With You", е песна продуцирана од Старгејт, и беше издадена како трет сингл од албумот Exclusive, и го достигна второто место на американската Билборд Хот 100 топ-листа. На 21 ноември 2007 г. Браун со појави во филмот This Christmas, семејна драма во којашто глуми Реџина Кинг. За уште поголема промоција на албумот Exclusive, Браун ја започна неговата “The Exclusive Holiday Tour“ турнеја, посетувајќи над триесет локации во САД. Турнејата започна во Синсинати, Охајо на 6 декември 2007 г. и заврши на 9 февруару 2008 г. во Хонолулу, Хаваи. Во март 2008 г. Браун ја издаде песната "No Air" на којашто пее со Џордин Спаркс и којашто се искачи на трето место на американската Билборд 100 топ-листа.Тој исто така, како гостин се појави во синглот "What Them Girls Like" на Лудакрис и на Шон Гарнет. Песната се искачи на 17 место на американската Хот РнБ/Хип-Хоп топ-листата и место број осум на американската Хот Рап Сонгз топ-листа. Браун одново го издаде албумот Exclusive на 3 јуни 2008 г. како делукс верзија, наречена Exclusive: The Forever Edition, или седум месеци по издавањето на оригиналната верзија. Одново издадената верзија содржи четири нови песни, вклучувајќи го и синглот "Forever", којшто го достигна второто место на Билборд Хот 100 топ-листата. Во август 2008 г., Браун се појави како гостин глумејќи се самиот себеси во филмот The Suite Life of Zack & Cody на Дизни. Во октомври 2008 г. тој гостуваше на песната на Т-Пејн "Freeze", од неговиот трет студиски албул Thr33 Ringz. На крајот на 2008 г. Браун беше назначен Уметник на Годината од страна на списанието Билборд.
2009–10: Graffiti и микстејпи
уредиВо 2008 г. Браун започна да работи на тогашниот негов трет стуфиски албум. Тој вели дека ќе пробал да екпериментира со нов музички правец за неговиот нов албум, Graffiti, надевајќи се дека ќе го имитира стилот на Принц и на Мајкл Џексон. Тој изјави, "Сакав да го сменам и навистина да биде различен. Како и актуелниот мој стил, не се обидувам да биде типичен урбанистички. Сакам да бидам како што беа Принц, Мајкл и Стиви Вондер. Тие можат да преминат на кој жанр и да сакаат." Главниот сингл "I Can Transform Ya" на албумот беше издаден на 29 септември 2009 г. Песната се искачи на 20 место на американската Билбор Хот 100 топ-листа, и 11 место на американската Хот РнБ/Хип-Хоп топ-листа. "Crawl" беше издаден како втор сингл од албумот на 23 ноември 2009 г. Песната се издигна на 53 место на Билборд Хот 100 топ-листата. Албумот Graffiti беше издааден на 8 декември 2009 г. Албумот дебитираше на седмо место на американската Билборд 200 топ-листа, со продадени 102 000 албуми во првата недела, но прими доста негативни коментари од критичарите. Почнувајќи од 23 март 2011 г., се продадоа 341 000 албуми во САД.
Додека настапуваше на BET Awards во 2010 г. во чест на Мајкл Џексон, Браун започна да плаче и падна на коленици додека ја пееше песната "Man in the Mirror" од Мајкл Џексон. Изведбата и неговата емоционална состојба можеше да се види и кај други ѕвезди присутни на церемонијата, вклучувајќи го Треј Сонгз, Диди и Тараџи П. Хенсон. Сонггз рече, "Тој си го остави срцето на сцената. Имаче вистинка емоција. Бев горд на него и среќен за него што го имаше тој момент." Братот на Мајкл, Џермејн Џексон, изјави слични чувства, изјавувајќи, "тоа беше многу чувствително за мене, бидејќи тоа значеше дека обожавателите го прифатија она што му се случи нему и дека му оддаваат почит на брат ми". Подоцна за време на церемонијата за награди, Браун изјави, "Ве изневерив претходно но никогаш повеќе нема да го направам тоа... ви ветувам", додека ја примаше наградата за AOL Fandemonium prize.
Во мај 2010 г., Браун го објави микстејпот Fan of a Fan на којшто соработува со Тига. Песната "Deuces" со Тига и Кевин МекКол беше објавена од микстејпот во САД на 29 јуни 2010 г. Песната беше на прво место на американската Хот РнБ/Хип-Хоп топ-листа седум не-последователни недели, овозможувајќи му на Браун да има повторно сингл на првото место на топ-листата после неговиот хит сингл "Say Goodbye" од 2006 г. "Deuces" исто така се искачи на 14 место на американската Билборд Хот 100 топ-листа. Во август 2010 г. Браун глумеше заедно со Мат Дилон, Пол Вокер, Идрис Елба, Хејден Кристенсен и Ти Ај коишто имале ансамбалска поделба на улогите, во криминалниот трилер Takers, а исто така бил и извршен продуцент на филмот.
2011–2012: F.A.M.E. и Fortune
уредиЧетвриот студиски албум на Браун, F.A.M.E. беше објавен на 18 март 2011 г. И покрај тоа што албумот прими доста различни коментари од критичарите, тој дебитираше на прво место на американската Билборд 200 топ-листа, со 270 000 продадени албуми во првата недела, со тоа што го прави албумот на Браун да е најде на прво место во САД. Неговиот главен сингл, "Yeah 3x", достигна да се искачи во топ-десет листата во единаесет држави, вклучувајќи ја Австралија, Австрија, Данска, Ирска, Холандија, Нов зеланд, Швајцарија и Обединетото Кралстлво. Вториот сингл од албумот, "Look at Me Now", со Лил Вејн и Баста Рајмс, се издигна на првото место на американската Хот РнБ/Хип-Хоп топ листа, каде што и остана осум последователни недели. Исто така се искачи и на прво место на американската Хот Рап Сонгз топ-листа. Третиот сингл од албумот, "Beautiful People", со Бени Бенаси, се искачи на место број еден на американската Хот Денс Клуб Сонгз топ-листа и стана првиот сингл што и Браун и Бенаси го имале како сингл број еден. "She Ain't You" беше издадена како четврт американски сингл од албумот, додека пак синглот "Next 2 You", со канадскиот пејач Џастин Бибер, служеше за четвртиот меѓународен сингл на албумот. За уште поголема промоција на албумот, Браун ја започна својата F.A.M.E. турнеја во Австралија и Северна Америка.
Браун беше шест пати номиниран на 2011 BET Awards во 2011 г. и накрај зема пет награди, вклучувајќи ги наградите за Најдобар машки РнБ артист, Наградата од изборот на гледачите, The Fandemonium Award, Најдобра соработка и најдобро видео на годината за песната "Look at Me Now". Тој исто така зема и три награди на BET Hip Hop Awards во 2011 г., вклучувајќи ги следните награди: the People's Champ Award, Reese's Perfect Combo Award and Најдобро Хип-Хоп видео за "Look at Me Now". Во 2011 г. на Soul Train Music Awards, F.A.M.E. ја доби наградата за Албум на годината. Албумот му донесе на Браун и три номинации за Греми наградите на 54те Греми Награди, номинации за Најдобар РнБ албум, Најдобра рап изведба и Најдобра рап песна за "Look at Me Now". На 12 февруари 2012 г., Браун зема Греми Награда за Најдобар РнБ албум. За време на церемонијата, Браун настапи со повеќе песни првпат откако беше осуден за физички напад.
На 7 октомври 2011 г., RCA Music Group изјави дека Jive Records ќе се растури, заедно со Arista Records и J Records. Со нивното растурање, Браун (и сите други артисти што претходно потпишале со овие три продуцентски куќи) ќе го објавуваат секој иден материјал со RCA Records brand. Петтиот студиски албум на Браун, Fortuneбеше објавен на 3 јули 2012 г. Албумот се искачи највисоко на Билборд 200 топ-листата, но прими негативни коментари од страна на критичарите. Синглот "Strip", со Кевин МекКол, беше синглот што испадна уште пред објавувањето на албумот, што го најавуваше албумот, со "Turn Up the Music" синглот издаден како главен сингл на албумот и "Sweet Love", "Till I Die", "Don't Wake Me Up" и "Don't Judge Me" објавени како последователни синглови на албумот. Сите објавени песни добро се пласираа на американските како и на меѓународните топ-листи. За уште поголема промоција на албумот, Браун ја започна својата Carpe Diem турнеја во Европа, Африка, Азија и Тринидад.
2013–денес: Carpe Diem
уредиШестиот студиски албум на Браун, сега за сега наречен Carpe Diem, треба да се објави во 2013 г.
Бизнис компании
уредиВо 2007 г. Браун ја основаше издавачката куќа “СВЕ“ (Chris Brown Entertainment), на Interscope Records. Оттогаш Браун го потпиша Кевин МекКол, рок дивата Сабрина Антоанет, Поранешниот член на RichGirl Севин, рок групата U.G.L.Y. (Бери Брефорд (Моџо), Бракстон Олита и Сторми Хенли), и пејачката Џоел Џејмс. Браун исто така ги издаде своите останати албуми во оваа куќа.
Слика за себе и личен живот
уредиУспех и споредба со други уметници
уредиПокрај неговиот соло комерцијален успех, Браун се појави и во соработки со други артисти како што се "No Air", дует со пејачката Џордин Спаркс, "Shortie like Mine" со раперот Бау Уау и "Shawty Get Loose" со Лил Мама и Т-Пејн. Песните се искачија на трето место, деветто место и десетто место на Билборд Хот 100 топ-листата, соодветно. Поради неговите танцувачки кореографии, Браун беше споредуван со РнБ артистите Ашер и Мајкл Џексон, а тој пак ги наведува нив како артисти што имале огромно влијание врз неговата музика.
Случај за семејно насилство
уредиВо околу 12:30 часот наутро на 8 февруари 2009 г., Браун и тогашната негова девојка, пејачката Ријана, имале караница којашто завршила со физичко наилство, оставајќи ја Ријана со видливи повреди на лицето за коишто била потребна хоспитализација. Браун се предаде во полициската станица Вилшир во Лос Анџелес во 18 часот и 30 минути и беше проведен под сомнението дека правел кривични закани. Полицискиот извештај не ја именуваше женската личност во инцидентот бидејќи таква им е политиката, но медиумите многу брзо откриле дека жртвата била Ријана. По апсењето на Браун, неколку комерцијани реклами со него беа прекинати, неговите песни беа повлечени од повеќе радио станици, а тој се оддалечи од јавни настапи, вклучувајќи го и оној на 2009 Греми Наградите, каде што беше заменет со Џастин Тимберлејк и Ал Грин. Браун ангажирал тим за управување со кризата и објави соопштение во кое вели, "Зборовите не можат ни да почнат да го опишат колку жалам и колку сум тажен за она што се случи."
На 5 март 2009 г., Браун беше обвинет за физички напад и за правење кривични закани. Тој беше изнесен пред суд на 6 април 2009 г. и се изјасни дека не е виновен за физичкиот напад и за кривичните закани. На 22 јуни 2009 г., Браун се изјасни виновен за физички напад и прифати договор за труд за заедницата, пет години условна казна и советување за семејно насилство. Неколку организации против семејното насилство го критикуваа договорот, изјавувајќи дека казната не била доволно строга за прекршокот; нивото на влијанието што Браун го има врз младите исто така дојде в обзир. На 20 јули 2009 г. Браун објави две минутно видео на неговата официјална Ју Тјуб страница извинувајќи им се на обожавателите и на Ријана за нападот, искажувајќи дека инцидентот е нештот за кое најмногу жали во својот живот и кажувајќи на повеќе наврати дека и се извинил на Ријана и дека прифаќа целосна одговорност.Во видеото, Браун кажа дека сакал порано да зборува за случајот но од својот адвокат бил советуван да не го прави тоа сè додека правните последици не се решени. Видеото беше отстрането, но сè уште достапно на интернет. На 25 август, Браун беше осуден на пет години условна казна, една година советување за семејно насилство и шест месеци служба на зедницата; судијата му даде петгодишна забрана на Браун да се приближува на Ријана на 50 јарди и на 10 јарди на јавни настани. Според Енди Келман од Allmusic, "Прилично значителната реакција резултираше со повлекување на песните на Браун од повеќе радио станици. Накрај сепак, тоа имаше само мало влијание врз напредокот на неговата музичка и глумечка кариера.
На 2 септември 2009 г., Браун прозборе за случајот за семејно насилство во претходно сниманото интервју со Лери Кинг Лајв, што е и првото негово јавно интервју за тој случај. Тој беше придружуван на интервјуто од неговата мајка, Џојс Хокинс и неговиот адвокат Марк Герагос, каде што раскажувал како растел во куќа каде што неговата мајка била постојано напаѓана од страна на неговиот очув. Браун кажа дека слушнал детали за неговиот напад врс Ријана, "Во шок сум, бидејќи, како прво, јас не сум таква личност и ветувам дека не сакам да бидам таква личност." Мајката на Браун кажа "тој никогаш, ама баш никогаш не бил насилен човек" и дека таа не верува во циклусот на насилството. Браун рече дека “тешко“ му било да ја гледа познатата фотографија објавена од Ријана со повредите на лицето, којашто може да биде и единствената слика која ќе го прогонува и ќе го дефинира засекогаш, и дека тој сè уште ја сакал. "Прилично сум сигурен дека можеме да бидеме засекогаж пријатели“ рече Браун, "и не знам за нашата врска но со сигурност знам дека завршивме како пријатели." Тој изјави дека не се чувствувал како кариерата да му е завршена, и ја опишал својата врска со Ријана како онаа на Ромео и Џулиет, окривувајќи го вниманието на медиумите по нападот за нивното разделување. Кога го прашаа дали се сеќава на нападот врз Ријана, кажа дека не се сеќава но дека сфатил дека се случило и дека му е жал за своето однесување. Сепак, по некои критики на она што го кажа, дека не се сеќава, подоцна изјавил, "Секако дека се сеќавам на она што се случи. Неколкупати за време на интервјуто, мајка ми рече дека сум отишол кај неа веднаш после случката и дека сум и раскажал сè." Браун рече и покрај ова, “таа вечер сè уште му била матна“.
Во јуни 2010 г., апликацијата на Браун за виза во Обединетото Кралство беше одбиена заради нападот на Крис врз Ријана, што е и сериозен криминален прекршок. Браун планираше да прави турнеја во британски градови како дел од европската турнеја но Сони изјави дека заради "проблеми околу нековата работна виза" турнејата ќе биде одложена за подоцна. Во февруари 2011 г. по барање на адвокатот на Браун, судијата Патриша Шнег, со согласност од Ријана, ја промени забраната за доближување во “забрана од прво ниво“, дозволувајќи им на двајцата пејачи во иднина да се појавуваат заедно на шоуа за доделувања на награди.
На 22 март 2011 г. по неговиот настап со "Yeah 3x" и по спорното интервју со Робин Робертс на шоуто Good Morning America на Times Square Studios каде што беше прашан за ситуацијата со Ријана и за забраната за доближување, велат дека Браун станал насилен во својата соблекувална за време на рекламите пред неговиот втор настап да го заврши шоуто, и фрлил некој предмет на прозорец што гледа на Times Square, предизвикувајќи оштетуваше на прозорецот. Потоа, Браун ја соблекол кошулата и по неколку пресметки со сегмент продуцентот, други вработени на шоуто и обезбедувачите на зградата, ја напуштил зградата без кошула, гол. По овој инцидент, Браун оствани порака на Твитер велејќи, "Преку глава ми е што луѓето нон стоп се навраќаат на проклетото минато!! Сепак, ги фалиме Чарли Шин и другите ѕвезди за тамошното срање [sic]." Коментарот беше избришан многу брзо.
На 11 јули 2012 г. службата на заедницата на Браун беше оценета и му беше наредено да се види со судија. Евалуацијата беше наредена од страна на судијката Патриа Шнег од Врховниот суд на 10 јули 2012 г. Требаше да се појави на суд поради евалуацијата од 21 август 2012 г. За време на неговата служна на заедницата во Вирџинија, сепак по едни тестирања Браун бил позитивен на канабис и се појавил на суд на 25 септември 2012 г., кога судењето го смениле за ноември, за да утврдат дали тој ги прекршил условите на судот. Тој повторно се појави на суд на 1 ноември 2012 г. за да се утврди дали ја прекршил неговата условна казна откако за помалку од 24 часа присуствувал на забава заедно со Ријана и бил облечен како исламски терорист. Тој се обидел да се обрати на судот и неговиот адвокат Марк Герагос тогаш му рекол, "Јас нема да танцувам, ти не зборувај." Тој треба да се врати на суд на 17 јануари 2013 г.
Во септември 2012 г., Браун прими критики за новата тетоважа што си ја им направено на вратот дека личело на повредено женско лице, тврдејќи дека тетоважата била слика од Ријана. Новинарот на Браун изјави дека тетоважата не е од жена со повредено лице тука дека е дизајн изведен од Денот на мртвите-шеќерен череп. Браун има различни тетоважи а негова омилена е Jūbei Kibagami којашто се наоѓа на неговото лево рамо.
Врски
уредиИ покрај тоа што се спријателија во 2005 г., романтичната врска на Браун со Ријана започна во 2008 г., и заврши со погореспомнатиот случај за семејно насилство во 2009 г. Во 2011 г. то почна да се гледа со моделот Karrueche Tran. Сепак, во текот на 2012 г. доста се шпекулираше од страна на медиумите дека Браун одново ја востпоставува својата врска со Ријана, иако сè уште бил со Тран и сè уште под условна казна за нападот врз Ријана. Во октомври 2012 г., Браун изјавил дека ја прекинал врската со Тран бидејќи не сакал да ја повреди со тоа што тој се спријателил одново со Ријана. Еден ден по оваа изјава Браун објави видео наречено “Вистинскиот Крис Браун“ на коешто имаше слики од него, Тран и Ријана, и како Браун се прашува, "Дали постои такво нешто како сакање две лица? Не знам дали е можно но така се чувствувам."
Расправија со Дрејк
уредиНа 14 јуни 2012 г., се вели дека Дрејк и оние што го придружувале фрлале стаклени шишиња накај Браун во ноќен клуб наречен WIP во околината на СоХо во Њујорк. Околу осум души биле повредени за време на тепачката, вклучувајќи ја и ѕвездата на Сан Антонио Спурсм Тони Паркер кој имал операција за време на која ми било извадено стакно од окото, и една австралиска туристка којашто претрпела повреди на лицето и главата и добила шеснаесет конци на нејзината глава како резултат на тоа. Дрејк не беше уапсен. Неколку недели подоцна Браун направи песна против Дрејк. Тој исто така закачи и слика од него со расцепена брада на Инстаграм. Адвокатот на Браун тврди дека Дрејк ја започнал тепачката.
Дискографија
уреди- Chris Brown (2005)
- Exclusive (2007)
- Graffiti (2009)
- F.A.M.E. (2011)
- Fortune (2012)
- Carpe Diem (2013)
Филмографија
уредиГодина | Наслов | Улога | Забелешки |
---|---|---|---|
2007 | Stomp the Yard | Дјурон | Споредна улога |
2007 | This Christmas | Мајкл “Бејби” Витфилд | Главна улога |
2008 | Into the Woods | Вил | |
2009 | Blood Rogues | Кристофер | |
2010 | Takers | Џеси Атика | Споредна улога, извршен продуцент |
2012 | Think like a Man | Алекс | Споредна улога |
2013 | Battle of the Year: The Dream Team | Непознато | |
2014 | Phenom | Дре Лејкс |
Година | Наслов | Улога | Забелешки |
---|---|---|---|
2006 | Christmas in Washington | Самиот | Christmas television special |
2007 | Chris Brown: Journey to South Africa | Самиот | Документарец за првото патување на Браун во Африка. |
2007 | The O.C. | Вил Тат | "The My Two Dads" (сезона 4, епизода 9) "The French Connection" (сезона 4, епизода 10) "The Dream Lover" (сезона 4, епизода 11) |
2008 | The Suite Life of Zack & Cody | Самиот | "Doin' Time in Suite 2330" (сезона 3, епизода 20) |
2011 | Tosh.0 | Самиот | Ги учи писателите како да танцуваат |
Турнеи
уредиГлавни
- Up Close and Personal Tour (2006)
- The UCP Exclusive Tour (2007)
- Fan Appreciation Tour (2009)[1]
- F.A.M.E. Tour (2011)
- Carpe Diem Tour (2012)
Поддржувачки
- The Beyoncé Experience (Australia dates) (2007)
- Good Girl Gone Bad Tour (the Philippines, Oceania) (2008)
- Supafest (2012)
Наводи
уреди- ↑ „Chris Brown Announces Fan Appreciation Tour“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2012-04-24.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Крис Браун на Семрежната филмска база на податоци (англиски)