Ричард Пол Естли (англиски:Richard Paul Astley; роден на 6 февруари 1966) ― англиски пејач. Се прославил со неговиот албум од 1987 година, Whenever You Need Somebody, кој се продал во 15 милиони примероци во светски рамки. Неговиот прв сингл „Never Gonna Give You Up“ се нашол на прво место на топ-листите во 25 земји, а во 1988 година на Британските музички награди ја освоил наградата за најдобар британски сингл.[1] Неговата песна „Together Forever“ од 1988 година станала негова втора песна на врвот на Billboard Hot 100 и била една од неговите осум песни кои се пласирале во топ-10 на топ-листата за синглови во Велика Британија.

Рик Естли
Естли на Фестивалот во Гластонбери во 2023 година
Роден(а)Ричард Пол Естли
6 февруари 1966(1966-02-06)(58 г.)
Њутн-ле-Вилоус, Ланкашир, Англија
Занимање
  • Пејач
  • текстописец
  • радио-водител
Активен период
  • 1985–1993
  • 2000–денес
СопружникЛене Баусагер (в. 2003)
Деца1
Страница
rickastley.co.uk

Во 1988 година, Естли го објавил неговиот втор албум Hold Me in Your Arms, продаден во платинест и златен тираж во многу земји. Водечкиот сингл „She Wants to Dance with Me“ станал светски хит. Во 1991 година, Естли го напуштил продуцентското трио Сток-Ајткен-Ватерман и својот музички стил го придвижил кон соул-музиката, забележана на неговите следни албуми. Синглот „Cry for Help“ од 1991 година бил последен негов сингл кој се пласирал во топ-10 во САД и во Велика Британија. Во 1993 година Естли се повлекол од музиката за повеќе време да поминува со неговата партнерка и во воспитување на нивната ќерка. Се вратил во музиката во 2000 година, а во 2016 година го издал албумот 50. Албумот дебитирал на прво место во Велика Британија.[2] Неговиот најнов студиски албум „Are We There Yet? бил објавен во 2023 година. [3]

До 1993 година Естли продал околу 40 милиони плочи ширум светот.[4] [5] Тој станал интернет феномен во 2007 година кога музичкото видео од „Never Gonna Give You Up“ станало составен дел од мемот Rickrolling,[6] а поради популарноста на мемот била оживеана и неговата музичка кариера. Во 2008 година, интернет-корисниците на MTV Europe Music Awards го избрале Естли за „Најдобар изведувач воопшто“.[7] Во јули 2021 година, неговата песна „Never Gonna Give You Up“ достигнала милијарда прегледи на YouTube и со тоа станала четврта песна од 1980-тите со ваков успех. Естли повремено работел како радио-диџеј и подкастер.[8]

Дискографија

уреди
  • Whenever You Need Somebody (1987)
  • Hold Me in Your Arms (1988)
  • Free (1991)
  • Body & Soul (1993)
  • Keep It Turned On (2001)
  • Portrait (2005)
  • 50 (2016)
  • Beautiful Life (2018)
  • Are We There Yet? (2023)

Наводи

уреди
  1. „Biography“. Mike Stock Music. Архивирано од изворникот на 3 October 2011. Посетено на 11 June 2013.
  2. Savage, Mark (17 June 2016). „Resurgent Rick Astley tops UK album chart“. BBC. Архивирано од изворникот на 19 June 2016. Посетено на 20 June 2016.
  3. „Rick Astley's best songs that aren't 'Never Gonna Give You Up'. Tone Deaf (англиски). 2 June 2020. Посетено на 7 September 2021.
  4. Shropshire Star.com – 7 June 2008 Архивирано на 10 јуни 2008 г.. Retrieved 28 January 2010.
  5. Liverpool Echo – 12 November 2007 Архивирано на 5 декември 2008 г.. Retrieved 28 January 2010.
  6. Rick Biografia Архивирано на 21 мај 2009 г.. VH1 Spañol (undated). Retrieved 27 December 2006.
  7. „Astley shortlisted for MTV award“. BBC News. 2 October 2008. Архивирано од изворникот на 18 July 2012. Посетено на 22 November 2008.
  8. „Rick Astley to join Greatest Hits Radio for special New Year's Eve show“. Greatest Hits Radio (англиски). Посетено на 2022-01-05.

Надворешни врски

уреди