Florence and the Machine
Florence and the Machine (стилизирано и како Florence + the Machine)[1] e името на англиската инди рок група каде пејачка е Флоренс Велч во соработка со други музичари. Музиката на бендот е опишана како комбинација од повеќе жанрови вклучувајќи рок и соул[2][3] . Музиката на Florence and the Machine добила многу награди посебно од BBC кои имаат голема улога во напредокот на нивната кариера така што ја промовирале групата како дел од BBC Introducing.[4]
Florence and the Machine | |
---|---|
Florence and the Machine во Лондон 5 август 2007 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лондон,Англија |
Жанрови | Инди поп, инди рок, барок поп, арт рок, соул |
Инструменти | Вокали, гитара, клавијатура, програмирање |
Период на активност | 2007 до сега |
Издавачи | Moshi Moshi, IAMSOUND, Island |
Мреж. место | florenceandthemachine.net |
Членови | |
Флоренс Велч Роберт Акројд Кристофер Лојд Хајден Изабела Самерс Том Монгер Марк Саундерс | |
Поранешни членови | |
Девонт Хајнес |
Нивниот прв албум Lungs е издаден на 6 јули 2009 година и се задржа на второто место првите пет недели по неговото издавање на UK Albums Chart.[5] На 17 јануари 2010 година албумот ја постигнал топ позицијата задржувајќи се дваесет и осум недели на листата.[6] Албумот се задржал шеесет и пет недели на топ листата во Обединетото Кралство што го направило еден од најдобро продаваните албуми на 2009 и 2010. Florence and the Machine имале изведба на 2010 MTV Video Music Awards и на 2010 Nobel Peace Prize Concert (Нобелова награда за мир). Изјавено е дека бендот е номиниран за Најдобар Нов Артист (Best New Artist) на 53 Греми Награди, но наградата отиде кај Есперанца Спалдинг
Членови на бендот
уредиФлоренс Велч
уредиФлоренс Леонтин Мери Велч (анг. Florence Leontine Mary Welch; родена на 28 август 1986 (24 години) Лондон) е ќерка на Евелин Велч, професор по ренесансна[7] и Ник Велч. Таа е внука на сатиристот Крег Браун.[8]
Велч се образувала во чулиштето Thomas's London Day School, потоа одела во училиштето Alleyn's School, во источно-јужен Лондон каде што академирала.[9] Велч често имала проблеми во училиштето поради омпровизацијата со пеење.[9] На Велч и се дијагнозирани дислексија, дисметрија,[10] а таа верува и дека пати од инсомнија.[9] Откако завршила со училиштето, Флоренс студирала на Camberwell College of Arts пред да почне да се фокусира на музиката.[9] Велч била фасцинирана од теророт и смртта кога умреле нејзините баба и дедо. На 10 години Велч била сведок на влошувањето на нејзиниот дедо, и на самоубиството на нејзината баба по мајка, кога Велч имала 14 години.[9] Кога Велч имала 13 години заедно со мајка ѝ се преселила кај нивните соседи коишто имале три деца. Според Велч: „Сега се согласуваме многу добро, но тогаш беше кошмар. Јас само седев во мојата соба и танцував наоколу“.[11]
Останати членови
уредиThe Machine е името кое им е дадено на другите музичари кои соработуваат заедно со Флоренс Велч. Ова име дошло од соработката на Велч со Изабела "Machine" Самес додека била тинејџерка. Велч и Самерс изведувале заедно одредено време под името Florence Robot/Isa Machine.. Подоцна ова име било сменето во Florence and the Machine бидејќи било многу досадно.
Моментално бендот заедно со Велч го сочинуваат и: Роберт Акројд (гитара и следечки вокал), Крис Хајден (тапани и перкусије), Изабела Самерс (клавијатура и следечки вокал), Том Монгер (харфа и гитара), Марк Саундерс (бас гитара).[12] Велч соработувала токму со тие луѓе бидејќи тие го разбирале нејзиниот креативен процес на создавање на музика тврдејќи: "Јас работев со повеќето од нив долго време и тие го знаат мојот стил, го знаат начинот на кој јас пишувам, тие знаат што сакам јас.”
Животопис
уредиРани години
уредиСпоред Велч, "Името Florence and the Machines почна како приватна шега. Јас правев музика со мојата пријателка, која ја викавме Изабела Машин (Machine), а таа мене ме викаше Флоренс Робот. Кога за еден час трбаше да ја изведувам мојата прва свирка, јас сè уште немав име, па решив да помислив 'OK, ќе бидам Florence Robot/Isa Machine', пред да сватам дека тоа име е толку долго што ме прави нервозна".[9][13] Во 2006 година, изведбите на Велч со Изабела Самерс, под тогашното име Florence Robot/Isa Machine почнала да привлекува внимание во малите лондонски населби.
Во 2007 година Велч соработувала со бендот Ashok кој издал албум наречен "Plans" со помош на издавачката куќа Filthy Lucre/About Records. Тој албум ја вклучувал пораната верзија на хитот "Kiss With a Fist", кој тогаш бил наречен "Happy Slap".[14] Таа потпишала договор со Ashok со менаџер, но чувствувајќи дека е во "погрешен бенд" го напуштила бендот.[9] Менаџер на Florence and the Machine е Маирид Наш, кој одлучил да биде нивен менаџер кога Велч го следела Наш во тоалетите на некој клуб и ја пеела песната од Ета Џејмс, "Something's Got A Hold On Me".[15]
Lungs (2008–сега)
уредиFlorence and the Machine го издале нивниот прв албум Lungs во Обединетото Кралство на 6 јули 2009 година..[16] Албумот се искачил на првото место во Обединетото Кралство и на 13 позиција во Европа. Од 6 август 2009 година албумот има продадено повеќе од 100 000 копии во Обединетото Кралство и од 10 август албумот бил на втората позиција пет недели.[17][18]
Трет неименуван албум (2011)
уредиВо NME Магазин, на 30 март 2010 година, Велч кажала повеќе детали за издавањето на вториот студиски албум.
Дискографија
уреди- Студиски албуми
- 2009: Lungs
- 2011: Ceremonials
- 2015: How Big, How Blue, How beautiful
- 2018: High as Hope
- 2022: Dance Fever
- EPs
Надворешни врски
уреди
Наводи
уреди- ↑ „Florence + the Machine“. florenceandthemachine.net. Посетено на 21 март 2010.
- ↑ Florence and the Machine. Allmusic.
- ↑ Rey, Benedicte (16 ноември 2009). „Florence + The Machine: the voice that bewitched pop“. AFP. Архивирано од изворникот 2010-02-09. Посетено на 21 март 2010.
- ↑ BBC Introducing Profile: Florence and the Machine
- ↑ Sexton, Paul (3 август 2009). „Michael Jackson, Black Eyed Peas Control U.K. Charts“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc.
- ↑ Florence And The Machine's 'Lungs' finally tops UK albums chart. NME. Retrieved 7 март 2010.
- ↑ „Professor Evelyn Welch, Queen Mary, University of London“. Архивирано од изворникот на 2009-12-28. Посетено на 2011-02-04.
- ↑ Florence and the Machine interview: sound and vision The Telegraph 4 јуни 2009
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 Patterson, Sylvia (20 септември 2009). „Behind the success of Florence and the Machine“. London: TimesOnline.co.uk. Архивирано од изворникот на 2011-06-15. Посетено на 7 март 2010.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеrunriot
. - ↑ Brinton, Jessica (31 мај 2009). „Florence and the Machine: Wild at Heart“. London: The Times.[мртва врска]
- ↑ „Tom the Harpist in London“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2011-02-07.
- ↑ A piece of my mind: Florence Welch of Florence and the Machine HeraldScotland.com'.' Retrieved 6 март 2010.
- ↑ Parkin, April (4 април 2007). „Ashok - 'Plans' (Filthy Lucre)“. Gigwise. Посетено на 30 јануари 2011.
- ↑ Ryan, Francesca (4 јуни 2009). „Telegraph's Florence and the Machine interview: Sound and Vision“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 2 мај 2010.
- ↑ „Radio 1 Chart Show“. BBC. Архивирано од изворникот 2012-05-25. Посетено на 12 јули 2009.
- ↑ „INTERVIEW: Florence and the Machine“. Yorkshire Evening Post. 6 август 2009. Архивирано од изворникот на 2009-12-05. Посетено на 2011-02-07.
- ↑ „Michael Jackson Extends UK Album Chart Run, Tinchy Stryder Notches Second Top Single“. Billboard. 10 август 2009.