Ајс Спајс
Ајзис Најџа Гастон (англ. Isis Naija Gaston; родена на 1 јануари 2000) професионално позната како Ајс Спајс (англ. Ice Spice) - американска раперка. Музичката кариера ја започнала во 2021 година, откако претходно се запознала со продуцентот RiotUSA.
Ајс Спајс | |
---|---|
Ајс Спајс во 2022 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Ајзис Најџа Гастон[1] |
Роден(а) | 1 јануари 2000 Њујорк, САД |
Жанрови | |
Занимања | Рапер |
Период на активност | 2021–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | icespicemusic.com |
Ајс Спајс се пробила на музичката сцена кон крајот на 2022 година со нејзината песна „Munch (Feelin' U)“, која имала вирална популарност на TikTok. Откако потпишала договор со 10K Projects таа го објавила нејзиното прво ЕР, Like..? (2023). Нејзината популарност се зголемила со нејзините соработки со други пејачки; „Boy's a Liar Pt. 2“ (со PinkPantheress), „Karma“ (со Тејлор Свифт) и „Barbie World“ (со Ники Минаж и Аква). Во 2024 го објавила нејзиниот прв студиски албум, Y2K!.[3][4]
Музичките критичари го забележале опуштениот стил на рапување на Ајс Спајс. Во 2023 година, Тајм ја опишал како „Ѕвезда во пробив“.[5] Билборд ја прогласил за „Новата принцеза на рапот“.[6] Таа добила MTV Video музичка награда за „Најдобар нов изведувач“, People's Choice Award за „Нов изведувач на годината“ и Impact Award од R&B/Hip-Hop наградите во организација на BMI,[7] а исто така била номинирана за четири Греми награди меѓу кои и за „Најдобар нов изведувач“.
Живот и кариера
уредиАјзис Најџа Гастон е родена на 1 јануари 2000 година во Бронкс,Њујорк.[8][9] Таа била најстара од петте браќа и сестри.[10] Нејзиниот татко, поранешен рапер, е Афроамериканец, а нејзината мајка, која ја родила Ајзис на 17-годишна возраст,[11] е Доминиканка. Нејзините родители се развеле кога Ајзис имала 2 години.[12][13][14][15] На 7-годишна возраст, таа го засакала хип-хопот откако ги слушала раперите како: Лил Ким, Ники Минаж и други. Во основно училиште почнала да пишува поезија и рап во слободен стил. Во интервју за Билборд, Ајзис рекла дека пораснала слушајќи ги: Џеј Зи, 50 Сент и Ву-Танг Клан.[6]
Ајс Спајс започнала да рапува во 2021 година откако се запознала со продуцентот RiotUSA.[16] Тој ја продуцирал нејзината прва песна „Bully Freestyle“, објавена во март 2021 година, откако видеото на Ајс Спајс додека го исполнува предизвикот „Buss It“ станало вирално на Твитер.[17] Нејзината песна „Name of Love“ добила емитувања на SoundCloud, а како резултат на тоа таа станала популарна на Инстаграм.[18]
На 10 август 2022 година, Ајс Спајс ја објавила песната „Munch (Feelin' U)“ како водечки сингл од нејзиното тогаш ненасловено прво EP, Like..?. Песната станала популарна откако добила поддршка од Дрејк, кој ја пуштил песната на неговата радио станица.[19] Потоа станала вирална на Твитер и на ТикТок и се пласирала на Билбордовите топ-листи Hot R&B/Hip-Hop Songs и Bubbling Under Hot 100.[20][21][22] Во септември 2022 година, таа потпишала договор со 10K Projects и Capitol Records.[23] Првото ЕР на Ајс Спајс, Like..?, било објавено на 20 јануари 2023 година и ги содржел сингловите „Munch (Feelin' U)“, „Bikini Bottom“ и „In Ha Mood“.[24]
Во февруари 2023 година, Ајс Спајс соработувала со Лил Тџеј на трибјут-синглот „Gangsta Boo“ од истоимениот рапер; ова станала нејзина прва песна која се пласирала на Billboard Hot 100 (82 место).[25] На 3 февруари 2023 година, пејачката PinkPantheress објавила ремикс на песната „Boy's a Liar Pt. 2“ во кој учествувала и Ајс Спајс. Песната се искачила на трето место на Billboard Hot 100, највисоката позиција на топ-листите и за двете пејачки во тоа време.[26] Во април 2023 година, таа го објавила ремиксот на „Princess Diana“ во соработка со Ники Минаж.[27] Песната се искачила на четвртото место на Hot 100.[27] На 24 мај 2023 година, бил најавен ремикс на песната од Тејлор Свифт „Karma“ во која учествувала и Ајс Спајс. Ремиксот бил бонус песна на специјалните изданија од десеттиот студиски албум од Свифт, Midnights (2022).[28] Музичкото видео за ремиксот, со Свифт и Ајс Спајс, било објавено на 27 мај. „Karma“ се искачила на второ место на Hot 100, а Ајс Спајс со тоа станала изведувач со најмногу топ-5 хитови на Hot 100 во 2023 година.[29] На 26 јуни, Ајс Спајс во соработка со Ники Минаж го издала „Barbie World“ кој дебитирал на 7-мо место на Hot 100.[30] Делукс верзијата на Like..? , со пет нови песни, била објавена на 21 јули 2023 година.[31] Во јануари 2024 година таа го издала синглот „Think U the Shit (Fart)“ како водечки сингл од нејзиниот претстоен албум Y2K!.[4]
Дискографија
уредиАлбуми
уреди- Y2K (2024)[32]
Наводи
уреди- ↑ „Be A Lady“. ASCAP. American Society of Composers, Authors and Publishers. Архивирано од изворникот March 30, 2019. Посетено на March 13, 2023.
- ↑ „Polydor Records Artists“. Архивирано од изворникот April 17, 2023. Посетено на September 16, 2023.
- ↑ Ishmael, Aiyana (2023-11-15). „Did Ice Spice Just Tease Her Next Project With a Tramp Stamp?“. Teen Vogue. Посетено на 2024-01-27.
- ↑ 4,0 4,1 Rettig, James (2024-01-26). „Ice Spice Shares New Single "Think U The Shit (Fart)": Listen“. Stereogum (англиски). Посетено на 2024-01-27.
It’s the first taste of a project called Y2K, which Ice Spice started teasing last year
- ↑ „Why Rapper Ice Spice Is Suddenly Everywhere“. Time (англиски). February 23, 2023. Архивирано од изворникот March 3, 2023. Посетено на February 24, 2023.
- ↑ 6,0 6,1 Mamo, Heran (2023-05-11). „The New 'Princess' of Rap: How Ice Spice Exploded Into Stardom“. Billboard (англиски). Архивирано од изворникот June 1, 2023. Посетено на 2023-05-12.
- ↑ Grein, Paul (September 7, 2023). „Ice Spice Receives BMI Impact Award at 2023 R&B/Hip-Hop Awards“. Billboard. Архивирано од изворникот September 9, 2023. Посетено на September 11, 2023.
- ↑ Trammell, Matthew (March 13, 2023). „Ice Spice: the people's princess“. Daze Media. Архивирано од изворникот на May 28, 2023. Посетено на May 28, 2023.
- ↑ Caramanica, Jon (January 20, 2023). „Ice Spice Broke Out With 'Munch.' Rap's New Princess Is Just Warming Up“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на March 3, 2023. Посетено на January 21, 2023.
- ↑ Lent, Caitlin (December 1, 2022). „Ice Spice Is Rethinking Rap Stardom“. Interview. Архивирано од изворникот на March 3, 2023. Посетено на December 5, 2022.
- ↑ Ramos, Danteé (November 16, 2022). „Ice Spice Reveals She's Nigerian And Dominican After Fan Says She 'Looks So Igbo'“. Yahoo! News. Архивирано од изворникот на March 3, 2023. Посетено на January 25, 2023.
- ↑ Gardner, Alex; Fife, Carter; Aguilar, Andrea (August 30, 2022). „Best New Artists of the Month“. Pigeons & Planes. Архивирано од изворникот October 1, 2022. Посетено на September 18, 2022.
- ↑ Rouhani, Neena (October 26, 2022). „Ice Spice: October R&B/Hip-Hop Rookie of the Month“. Billboard. Архивирано од изворникот March 3, 2023. Посетено на December 5, 2022.
- ↑ Black Dave (host). (May 15, 2022). Ice Spice on Becoming The Female Face of Bronx Drill. No Jumper. https://www.youtube.com/watch?v=H91MADIRsQM&ab_channel=NoJumper.
- ↑ Lent, Caitlin (December 1, 2022). „Ice Spice Is Rethinking Rap Stardom“. Interview. Архивирано од изворникот March 3, 2023. Посетено на December 5, 2022.
- ↑ Pierre, Alphonse (September 2, 2022). „Ice Spice's "Munch (Feelin' U)" Is the New York Rap Song of the Summer We've Been Waiting For“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на March 3, 2023. Посетено на September 23, 2022.
- ↑ Verma, Millan (July 7, 2022). „'I Must Be Doing Something Right': An Interview With Ice Spice“. Audiomack. Архивирано од изворникот на March 3, 2023. Посетено на December 5, 2022.
- ↑ Ice Spice On Toosii Cosign, Teases Music w/ Dusty Locane, Shani Boni, "Name Of Love" Blowing Up. May 17, 2022. https://www.youtube.com/watch?v=NPcB6BTMrV8&ab_channel=OnTheRadarRadio.
- ↑ Gardner, Alex; Fife, Carter; Aguilar, Andrea (August 30, 2022). „Best New Artists of the Month“. Pigeons & Planes. Архивирано од изворникот на October 1, 2022. Посетено на September 18, 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Richards, Chris (September 27, 2022). „Ice Spice raps like she's in her own head. Is she in yours yet?“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на September 27, 2022. Посетено на November 11, 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Espinoza, Joshua (January 20, 2023). „Ice Spice Drops 'Like..?' EP f/ Hit Single "Munch (Feelin' U)" and Lil Tjay Collab“. Complex Networks. Архивирано од изворникот на January 30, 2023. Посетено на January 20, 2023.
- ↑ McIntyre, Hugh (February 16, 2023). „Ice Spice Has Gone From Rising Hip-Hop Talent To Reliable, Charting Hitmaker In Just One Month“. Forbes. Архивирано од изворникот на February 20, 2023. Посетено на February 20, 2023.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 27,0 27,1 Празен навод (help)
- ↑ Willman, Chris (2023-05-24). „Taylor Swift Announces 'Midnights' Deluxe Album With Ice Spice and More Lana Del Rey“. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на May 25, 2023. Посетено на 2023-05-24.
- ↑ Badewa, Collins (2023-06-08). „Rave News Digest: Ice Spice Hits Milestone On Billboard Hot 100, Rema, Davido Make Spotify's 2023 'Songs of Summer' Predictions, Messi + More“. Style Rave (англиски). Архивирано од изворникот на June 9, 2023. Посетено на 2023-06-09.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)