Frankie Goes to Hollywood
Frankie Goes to Hollywood (скратено FGTH) ― англиска поп група основана во Ливерпул во 1980 година. Членови на групата биле Холи Џонсон (вокал), Пол Радерфорд (придружен вокал), Марк Отул (бас), Брајан Неш (гитара) и Питер Гил (тапани). Нивни најголеми хитови се: Relax, Two Tribes и The Power of Love, продуцирани од Тревор Хорн.
Frankie Goes to Hollywood | |
---|---|
Frankie Goes to Hollywood во 1985. Од напред: Пол Радерфорд, Холи Џонсон, Брајан Неш, Питер Гил и Дејв Лотон | |
Животописни податоци | |
Потекло | Ливерпул, Англија |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи |
Историја
уреди1980–1982: формирање
уредиFrankie Goes to Hollywood била формирана во Ливерпул во 1980 година.[6] Името го зеле од реклама која го најавувала првиот филм на Френк Синатра.[7] Главниот пејач, Холи Џонсон, музичката кариера ја започнал во панк групата Big in Japan, а објавил и неколку неуспешни соло синглови. Тој ја формирал првата постава на Frankie Goes to Hollywood со месни музичари, но групата набрзо се разделила.[8]
Во 1982 година, Џонсон ја возобновил групата со Питер Гил (тапани) и браќата Марк (бас) и Џед О'тул (гитара). Џед заминал во 1983 година, а на негово место дошол неговиот братучед Брајан Неш.[8] Frankie Goes to Hollywood својата прва свирка ја имале во паб во Ливерпул, Pickwicks, каде што го регрутирале танчерот и придружен пејач Пол Радерфорд.[8]
1983–1984: „Relax“, „Two Tribes“ и успех
уредиВо мај 1983 година, Frankie Goes to Hollywood станале прв изведувач кој потпишал со ZTT Records, нова издавачка куќа ко-основана од продуцентот Тревор Хорн.[9] [8] „Relax“ бил избран за нивен прв сингл. Хорн точно знаел како треба да звучи FGTH, но не бил убеден дека групата е доволно музички квалификувана за да ги реализира своите идеи.[10] Заедно со Хорн, FGTH произвеле дотогаш непознат бомбастичен звук со различни долги верзии на нивните песни. Исто така, била ангажирана силна маркетинг машинерија. Меѓу другото, обожавателите можеле да купат маица со логото на FGTH и била направена компјутерска игра.[11][12][13]
„Relax“ бил издаден во октомври 1983 година и бил поддржан од музичко видео со дејство сместено во садомазохистички клуб;[14] синглот брзо се искачувал на британските топ листи и во јануари 1984 стигнал до 6-то место. Набргу потоа, Би-Би-Си го забранил емитувањето на „Relax“ на своите радио и телевизиски преноси, сметајќи дека е непристоен. Забраната создала публицитет, поврзувајќи ги Frankie Goes to Hollywood со бунт на младите. Во рок од две недели, „Relax“ стигнал на прво место на топ-листата за синглови во ОК и таму се задржал четири недели, а Би-Би-Си бил принуден да ја повлече својата забрана. [15] Во 1985 година, „Relax“ ја освоил наградата Брит за најдобар британски сингл.[16]
Frankie Goes to Hollywood се појавил во трилерот Body Double од Брајан де Палма од 1984 година.[17] Во јуни, Frankie Goes to Hollywood го издале нивниот втор сингл, „Two Tribes“, со стихови за Студената војна.[9] Музичкото видео, кое ја прикажува тепачката помеѓу Роналд Реган и Константин Черненко, било интензивно пуштано на MTV.[17] Синглот девет недели бил на прво место на топ-листата за синглови во Велика Британија.[18] Истиот август, „Relax“ се искачил на второ место на листата, и тоа било прв пат по Битлси од јануари 1968 година првите две позиции на листата да ги држи еден ист изведувач.[9]
1984–1985: Welcome to the Pleasuredome
уредиFrankie Goes to Hollywood го издале нивниот прв албум, Welcome to the Pleasuredome (на кој исто така се наоѓале „Relax“ и „Two Tribes“) во октомври 1984 година.[19] Албумот имал авансна продажба од милион примероци.[9] Кон крајот на 1984 година, FGTH го издале нивниот трет сингл The Power of Love, кој беше последен од нивните синглови кои стигнале до прво место на топ листите. Frankie Goes to Hollywood била прва група по Gerry & the Pacemakers во 1963 година која стигнала до прво место на топ листите со првите три синглови. Рекордот бил соборен од Spice Girls кои имале серија од шест синглови на прво место во 1996-1997 година. Пол Лестер од Гардијан во 2014 година напишал дека „ниеден бенд не доминирал во 12-месечен период како што владеел Frankie во 1984 година“.[9] Во 2014 година, „Relax“ и „Two Tribes“ беа шести и 22-ри најпродаван сингл во историјата на ОК.[9]
Во 1985 година, Frankie Goes to Hollywood ја освоил наградата Брит за британски изведувач со најголем пробив. Во САД, каде што ги поврзувале со Втората британска инвазија, биле номинирани за најдобар нов изведувач на 27-те годишни награди Греми и на MTV видео музичките награди во 1985 година.[20] [21] Нивниот четврти сингл, „ Welcome to the Pleasuredome“, бил објавен во март 1985 година и стигнал до второто место.[9]
1985–1986: Ливерпул и пад
уредиВо 1985 година, Frankie Goes to Hollywood поради даночни причини го напуштиле ОК и песните за нивниот втор албум ги напишале во Ирска.[22] Медиумите објавиле дека во групата настанале несогласувања.[22] Тие започнале да го снимаат нивниот втор албум, Liverpool, во студиото Wisseloord, во близина на Амстердам, во ноември 1985 година.
Во август 1986 година, бил објавен првиот сингл од Liverpool, „Rage Hard“. Liverpool бил објавен во октомври 1986 година и стигнал до петто место. Добил лоши критики. Следниот сингл Warriors of the Wastelands стигнал до број 19, а нивниот последен сингл Watching the Wildlife стигнал до само 28-то место.
1987–1988: распаѓање и тужби
уредиЗа време на турнејата за промоција на албумот Liverpool, односите меѓу Џонсон и остатокот од бендот се влошиле.[23] Пред концертот на Вембли Арена, зад сцената имало тепачка помеѓу Џонсон и О'Тул.[24] [25] По турнејата, групата се распаднала.
На 23 јули 1987 година, Џонсон на луѓето од ZTT им рекол дека планира да замине и да потпише со MCA Records. ZTT со судски налог се обиделе да го спречат ова, бидејќи нивниот договор за издавање прецизирал дека секој член кој ќе ја напушти групата ќе остане под договор со ZTT.[26] Во 1988 година, Високиот суд одлучил во корист на Џонсон и членовите на групата биле ослободени од нивниот договор.[22] Во своите мемоари од 2022 година, Хорн напишал дека неговата одлука да покрене тужба била „глупава“.[24]
1989–денес: соло проекти
уредиЏонсон започнал соло кариера со MCA, и го издал албумот Blast, во 1989 година (стигнал до прво место на топ-листите).[27] Неговиот втор соло албум, Dreams That Money Can't Buy, објавен во 1991 година, бил неуспешен. Истата година, на Џонсон му бил дијагностициран ХИВ и се повлекол од јавниот живот за да се фокусира на своето здравје.[27] Во 1994 година, објавил автобиографија, Коска во мојата флејта.[28] Оттогаш издал уште неколку албуми и студирал на Кралскиот колеџ за уметност . [27]
Неш, О'Тул и Гил се обиделе да ја возобноват групата Frankie Goes to Hollywood со пејачот Грант Булт, но Џонсон ги спречил, велејќи дека тоа ќе ги девалвира нивните достигнувања.[23]
О'Тул се преселил во Лос Анџелес, каде што пишувал нова музика, [23] а подоцна се преселил на Флорида.[29]
Радерфорд во 1989 година објавил сингл, преработка на песната од Chic „I Want Your Love“ и албум „Oh World “ во 1989 година, кои биле неуспешни. Тој објави уште еден сингл, „That Moon“, како Пол Радерфорд со Pressure Zone во 1991 година, и работел како стилист за бендови. Тој се појавил во музичките спотови за „Walking On Broken Glass“ (1992) од Ени Ленокс и „Give In To Me“ (1993) од Мајкл Џексон.[23] Подоцна се преселил на Нов Зеланд.[29]
Во 2003 година, членовите на групата се сретнале за прв пат по речиси 17 години за снимање на една епизода од емисијата на VH1, Bands Reunited, но не настапиле заедно.[30] На 11 ноември 2004 година, Frankie Goes to Hollywood повторно се обединиле (без Џонсон и Неш) за да настапат на хуманитарниот концерт Prince's Trust, со кој се одбележувала 25-годишнината на Тревор Хорн како музичар и продуцент.[31] [32] Тие продолжиле да настапуваат до 2007 година користејќи го името Forbidden Hollywood, бидејќи Џонсон не им дозволувал да го користат оригиналното име.[33]
На 7 мај 2023 година, првобитните членови, вклучително и Џонсон и Неш, повторно се собраа за концерт за Изборот за песна на Евровизија.[34] Тие извеле една песна „Welcome to the Pleasuredome“.[34] Ова бил нивен прв заеднички настап од 1987 година.[30] Настапот наишол на пофалби, но ги разочарал оние кои очекувале повеќе песни. [34] [35] [36]
На 10 мај 2023, Working Title Films објавил дека продуцира биографски филм за Frankie Goes to Hollywood, под наслов Relax, заснован на мемоарите на Џонсон. Сценариото за филмот и неговата режија ќе бидат на Бернард Роуз, режисер на првото музичко видео „Relax“, а Калум Скот Хауелс ќе го глуми Џонсон. [37]
Дискографија
уреди- Welcome to the Pleasuredome (1984)
- Liverpool (1986)
Наводи
уреди- ↑ Robbins, Ira. „Frankie Goes to Hollywood“. Trouser Press. Посетено на 18 September 2016.
- ↑ Du Noyer, Paul (2007). Liverpool – Wondrous Place: From the Cavern to the Capital of Culture. Virgin Books. стр. 198. ISBN 978-0-75351-269-2.
- ↑ Harvel, Jess. "Now That's What I Call New Pop!".[мртва врска] Pitchfork Media. 12 September 2005.
- ↑ 4,0 4,1 Erlewine, Stephen Thomas. „Frankie Goes to Hollywood – Artist Biography“. AllMusic. All Media Network. Посетено на 18 September 2016.
- ↑ Gaslin, Glenn; Porter, Rick (1998). The Complete, Cross-referenced Guide to the Baby Buster Generation's Collective Unconscious. Boulevard Books. стр. 72. ISBN 978-1-57297-335-0.
- ↑ „FGTH Biography“. Ztt.com. Архивирано од изворникот на 27 September 2008. Посетено на 18 April 2014.
- ↑ Brown, Joe (1984-11-04). „Say It Again, Frankie“. Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Посетено на 2021-06-01.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 Ward, Mark (December 1990). „Frankie Goes to Hollywood“. Music Collector.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 Lester, Paul (2014-08-28). „Frankie Goes To Hollywood: 'No one could touch us – people were scared'“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-04-22.
- ↑ Gilbert, Ben (2021-08-02). „How we made: Relax by Frankie Goes to Hollywood“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-04-22.
- ↑ Lambie, Ryan (2015-03-09). „Frankie Goes to Hollywood: One of the Most Innovative Games of the 8-bit Era“. Den of Geek (англиски). Посетено на 2023-04-23.
- ↑ Brown, Joe (1984-11-04). „Say It Again, Frankie“. Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Посетено на 2021-06-01.
- ↑ Anderson, Terri (14 July 1984). „Frankie shirts outsell singles“. Music Week.
- ↑ „How '80s LGBTQ band Bronski Beat's haunting 'Smalltown Boy' made a difference: 'It was very bold'“. www.yahoo.com (англиски). Посетено на 2023-04-30.
- ↑ Duffy, Jonathan (14 January 2004). „Banned on the run“. BBC News Magazine. Посетено на 18 April 2014.
- ↑ „History“. BRIT Awards (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-02-10. Посетено на 2023-04-23.
- ↑ 17,0 17,1 Brown, Joe (1984-11-04). „Say It Again, Frankie“. Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Посетено на 2021-06-01.
- ↑ „Frankie Goes To Hollywood | full Official Chart History | Official Charts Company“. Official Charts Company. Посетено на 2023-05-17.
- ↑ Easlea, Daryl (2010). „Review of Frankie Goes to Hollywood - Welcome to the Pleasuredome“. BBC Music (англиски). Посетено на 2023-04-22.
- ↑ „Frankie Goes To Hollywood Awards“. Metro Lyrics. Архивирано од изворникот на 2013-05-23. Посетено на 30 October 2012.
- ↑ "1985 - Best British Newcomer - Frankie Goes To Hollywood" Архивирано на 14 август 2012 г..
- ↑ 22,0 22,1 22,2 Bradley, Lloyd (March 1988). „The final chapter?“. Q.
- ↑ 23,0 23,1 23,2 23,3 Aston, Martin (October 1994). „Where are they now?“. Q.
- ↑ 24,0 24,1 Horn, Trevor (13 October 2022). Adventures in Modern Recording: From ABC to ZTT (first. изд.). Nine Eight Books.
- ↑ Taylor, Phil (3 January 2014). „Frankie goes to Waiheke“. The New Zealand Herald (англиски). Посетено на 2023-04-24.
- ↑ Shaw, William (August 1988). „Frankie says see you in court“. Blitz.
- ↑ 27,0 27,1 27,2 Green, Thomas H (2014-10-04). „theartsdesk Q&A: Musician Holly Johnson“. The Arts Desk (англиски). Посетено на 2023-05-10.
- ↑ McLean, Craig (2014-09-21). „Holly Johnson: 'I was never very good at sucking up – it's just not my style'“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-04-22.
- ↑ 29,0 29,1 „Frankie reunite for one-off show“. BBC News (англиски). 2004-03-18. Посетено на 2023-04-23.
- ↑ 30,0 30,1 „Frankie Goes to Hollywood look forward to 'Scouse love' at Liverpool reunion“. BBC News (англиски). 2023-04-25. Посетено на 2023-04-25.
- ↑ „Frankie's new vocalist unveiled“. BBC News (англиски). 2004-10-31. Посетено на 2023-04-23.
- ↑ „How Trevor Horn became pop royalty“. BBC News (англиски). 2004-11-11. Посетено на 2023-04-18.
- ↑ Richards, Will (2023-05-08). „Watch Frankie Goes To Hollywood play first show in 36 years“. NME (англиски). Посетено на 2023-05-08.
- ↑ 34,0 34,1 34,2 „Frankie Goes To Hollywood go back to the Pleasuredome at Liverpool reunion“. BBC News (англиски). 2023-05-08. Посетено на 2023-05-08.
- ↑ Vinter, Robyn (2023-05-08). „Frankie Goes to Hollywood's Eurovision reunion leaves fans elated – and confused“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-05-08.
- ↑ Hall, James (2023-05-08). „Liverpool's Big Eurovision Welcome: a colourful spectacle let down by Frankie Goes to Hollywood“. The Daily Telegraph (англиски). ISSN 0307-1235. Посетено на 2023-05-08.
- ↑ Wiseman, Andreas (2023-05-10). „Frankie Goes To Hollywood Biopic 'Relax' In The Works With 'It's A Sin' Star Callum Scott Howells, Working Title & Independent Entertainment — Cannes Market“. Deadline Hollywood (англиски). Посетено на 2023-05-20.
Надворешни врски
уреди- Френки оди на официјалната веб-страница на Холивуд
- Frankie Goes to Hollywood
- Frankie Goes to Hollywood на Семрежната филмска база на податоци (англиски)