Counting Crows
Counting Crows ― американскa рок-група основана во 1991 година во Беркли, Калифорнија. Групата е составена од гитаристот Дејвид Брајсон, тапанарот Џим Богиос, пејачот Адам Дуриц, клавијатуристот Чарли Гилингем, мултиинструменталистот Дејвид Имерглик, бас-гитаристот Милард Пауерс и гитаристот Ден Викри.[4]
Counting Crows | |
---|---|
Counting Crows во Брисел, 2008 година. Од лево кон десно: Богиос, Дуриц, Имерглик и Гилингам. Викри е отсечен лево, Пауерс е зад Дуриц; Брајсон не е во кадар. | |
Животописни податоци | |
Потекло | Заливска Област Сан Франциско, Калифорнија, САД |
Жанрови |
|
Период на активност | 1991 | –денес
Издавачи | Geffen, Capitol, Cooking Vinyl |
Мреж. место | countingcrows.com |
Историја на групата
уреди1990-ти
уредиАдам Дуриц и продуцентот/гитарист Дејвид Брајсон ја основале Counting Crows во Сан Франциско во 1991 година.[5] Тие започнале како дуо со акустични настапи во локалните клубови во околината на Беркли и Сан Франциско. До 1993 година го прошириле составот на групата со уште неколку членови: Чарли Гилингам (клавијатури), Стив Бауман (тапани), Мати Мали (бас-гитара) и Дејвид Имерглик (гитара).
Првиот албум на групата, August and Everything After, бил издаден во септември 1993 година.[6] Првиот сингл од албумот, „Mr. Jones", станал огромен хит откако MTV започнала да го ротира спотот за песната. Песната им помогнала на Counting Crows да се пробијат на меѓународната музичка сцена,[7] често била емитувана на радио-станиците и групата станала ѕвезда.
Албумот бил продаден во седум милиони примероци во САД,[8] а групата добила две номинации за Греми во 1994 година; за најдобра рок изведба од дуо или група (за „Round Here“) и за најдобар нов изведувач.[9]
По успехот на нивниот прв албум, Counting Crows на 15 октомври 1996 година го издале нивниот втор албум, Recovering the Satellites.[10] Овој албум се карактеризирал со помрачни стихови и потежок звук. Во овој период, Дуриц се борел со слава и депресија, што се одразило во стиховите на песните од албумот. Синглот „A Long December“ станал уште еден хит за групата, се искачил на прво место во Канада[11] и се пласирал во топ-10 во САД.[12]
До крајот на деценијата групата активно настапувала на турнеи, а нивните настапи во живо биле пропратени со енергична и емоционална изведба.
Во 1999 година, Counting Crows го издале третиот студиски албум, This Desert Life. Албумот бил добро прифатен, чија продажба била потпомогната од успехот на „Hanginaround“ и „Colorblind“, кој исто така бил прикажан во филмот „Сурови намери “. Пред објавувањето на албумот и турнејата што следела, групата го поканила сесискиот музичар и нивен долгогодишен пријател Дејвид Имерглик да се придружи на групата како постојан член. Имерглик свирел на секој албум од Counting Crows како помошник, но претходно одбил да стане постојанчлен на групата.[13] Овој пат, Имерглик се согласил.
2000-ти
уредиНа 9 јули 2002 година, групата го издала четвртиот студиски албум, Hard Candy. Албумот содржел преработка на песната од Џони Мичел „Big Yellow Taxi“. Ванеса Карлтон придонела со придружни вокали за песната, која се појавила на саундтракот од Две недели за заљубување.[14] Иако Hard Candy не постигнал ист успех како претходните албуми, групата успеала да ја задржи својата база на обожаватели и да добива позитивни критики. Во 2003 година, Counting Crows го издале Films About Ghosts, компилација од нивните најголеми хитови, која била одлично прифатена.
Во 2004 година, песната „Accidentally in Love“ била вклучена во саундтракот за анимираниот филм Шрек 2 и подоцна била номинирана за Оскар за најдобра оригинална песна.[15]
Во јуни 2006 година, групата го издала албумот New Amsterdam: Live at Heineken Music Hall.[16]
По долга пауза, Counting Crows се вратиле во 2008 година со албумот Saturday Nights & Sunday Mornings, кој го истражувал двојството меѓу темните и светлите страни на животот. Албумот бил поделен на два дела, „Saturday Nights“ со потемни и поагресивни песни и „Sunday Mornings“ со побавни и порефлексивни композиции.[17]
2010-ти
уредиАлбумот August and Everything After: Live at Town Hall бил издаден на 29 август 2011 година.[18] Изданието било нивен трет професионално продуциран албум во живо и првото концертно видео во нивната кариера.
Во 2012 година, Counting Crows се одлучиле за независно издавање на албумите и го издале албумот Underwater Sunshine (Or What We Did on Our Summer Vacation), кој содржел преработки на песни од различни жанрови. Овој потег бил инспириран од желбата на групата да има повеќе контрола врз креативноста и продукцијата. Во 2014 година, групата го издала албумот Somewhere Under Wonderland,[19] кој бил многу добро прифатен од критиката и докажа дека Counting Crows сè уште можат да создаваат релевантна и иновативна музика.
2020-ти
уредиНа 21 мај 2021 година Counting Crows издале ЕР под наслов Butter Miracle, Suite One.
За време на турнејата Butter Miracle 2022, групата за прв пат настапила во живо во Израел, свирејќи во амфитеатар во градот Ранана.[20] Во април 2023 година, групата била на турнеја во Австралија и Нов Зеланд на кои ги поддржал англискиот музичар Френк Тарнер.[21] Следната година, на Oneness Tour групата патувала со Сантана.[22]
Членови на групата
уредиСегашни членови
уреди- Дејвид Брајсон – ритам-гитара (1994–денес), придружни вокали (1991–денес), главна гитара (1991–1994)
- Адам Дуриц – главен пејач, клавијатури, повремено хармоника (1991–денес)
- Чарли Гилингем – клавијатури, придружни вокали (1991–денес), хармоника, кларинет (1996–денес)
- Ден Викри – водечка гитара, придружен вокал (1994–денес), бенџо (2002–денес)
- Дејвид Имерглик – гитари, бас, челична гитара на педали, мандолина, придружни вокали (1999–денес, сесиски музичар 1993–1999), бенџо (2011–сега)
- Џим Богиос – тапани, перкусии, придружни вокали (2002–денес)
- Милард Пауерс – бас, ритам гитара, придружни вокали (2005–денес)
Поранешни членови
уреди- Стив Бауман – тапани, удирачки инструменти, придружни вокали (1991–1994)
- Мет Мали – бас, ритам гитара, придружни вокали (1991–2005)
- Бен Мизе – тапани, перкусии, придружни вокали (1994–2002)
Дискографија
уреди- Студиски албуми
- August and Everything After (1993)
- Recovering the Satellites (1996)
- This Desert Life (1999)
- Hard Candy (2002)
- Saturday Nights & Sunday Mornings (2008)
- Underwater Sunshine (or What We Did on Our Summer Vacation) (2012)
- Somewhere Under Wonderland (2014)
Наводи
уреди- ↑ „Counting Crows' Adam Duritz reveals secrets to show here“. The Greenville News.
- ↑ „Counting Crows: Hard Candy“. PopMatters. September 5, 2002.
- ↑ Maas, Tyler (July 24, 2014). „Counting Crows go long, fall short at Riverside Theater“. Milwaukee Record.
- ↑ Matzen, Morgan (September 14, 2018). „Q&A with Counting Crows frontman Adam Duritz“. Sioux City Journal.
- ↑ Rubenstein, Jullian (December 1, 1996). „When Fame Glows Bright, It's Hard to Be Tortured“. The New York Times.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Interview: Adam Duritz of Counting Crows on whether fans deserve to hear the hits“. AZCentral.com. September 9, 2019.
- ↑ „Counting Crows, Live team for '90s night in SF Bay Area“. Mercury News. July 2, 2018.
- ↑ Strauss, Neil (January 6, 1995). „'94 Grammy Nominations: Not Just the Familiar“. The New York Times.
- ↑ Strauss, Neil (October 15, 1996). „Stars Come Out From Under“. The New York Times. Посетено на March 1, 2007.
- ↑ „Image: RPM Weekly“. July 17, 2013.
- ↑ „Counting Crows Chart History“. Billboard.
- ↑ Farley, Mike (2003). „Interview with David Immerglück of Counting Crows“. Bullz-Eye. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на March 1, 2007.
- ↑ „Search Results“. Mercury News. Архивирано од изворникот на October 6, 2018. Посетено на September 12, 2011.
- ↑ „Counting Crows“. IMDb. Посетено на March 1, 2007.
- ↑ „New Amsterdam: Live at Heineken Music Hall February 6, 2003 – Counting Crows – Songs, Reviews, Credits“. AllMusic.
- ↑ „Saturday Nights And Sunday Mornings“. Amazon.ca. Посетено на May 9, 2009.
- ↑ „August and Everything After: Live at Town Hall – Counting Crows – Songs, Reviews, Credits“. AllMusic. Посетено на March 12, 2017.
- ↑ „Counting Crows: Somewhere Under Wonderland“. PopMatters. October 2, 2014.
- ↑ Steinberg, Jessica (15 September 2022). „Counting Crows Adam Duritz vows to return after 1st ever Israel show“. Times of Israel.
- ↑ Young, David (December 12, 2022). „Counting Crows add new Melbourne and Sydney shows to 2023 Australian tour“. NME Australia. BandLab Technologies. Посетено на 3 August 2023.
- ↑ „SANTANA And COUNTING CROWS Announce 'Oneness' 2024 North American Tour“. Blabbermouth.net (англиски). 2024-02-13. Посетено на 2024-02-13.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Counting Crows — AllMusic (англиски)
- Counting Crows discography at Discogs
- Counting Crows на Curlie (англиски)