No Doubt

американска рок-група

No Doubt ― американска рок-група од Анахајм основана во 1986 година. Во поголемиот дел од историјата на групата во неа членувале: пејачката и основач на групата Гвен Стефани, гитаристот Том Думонт, басистот Тони Канал и тапанарот Адријан Јанг. Клавијатуристот Ерик Стефани, брат на Гвен, е меѓу поранешните членови на групата.

No Doubt
No Doubt и нивните музичари за турнеја во 2009 година. Од лево кон десно: Том Думонт, Стивен Бредли, Адријан Јанг, Гвен Стефани, Тони Канал и Габриел Мекнер.
Животописни податоци
ПотеклоАнахајм, Калифорнија САД
Жанрови
Период на активност
  • 1986–2004
  • 2008–2015
  • 2024–денес
Издавачи
Мреж. местоnodoubt.com

На музичката сцена групата се пробила со третиот студиски албум, Tragic Kingdom (1995) понесен од оживувањето на третиот бран на ска-музиката во 1990-тите, а песната од тој албум „Don't Speak“, поставила рекорд со тоа што поминала 16 недели на прво место на Билбордовата топ-листа Hot 100 Airplay.

Следниот албум на групата, Return of Saturn (2000), бил пофален од критиката и бил номиниран за најдобар рок албум на 43-тите Греми награди. Следната година, групата го објавила албумот Rock Steady (2001), кој содржи реге и денсхол музика. Сингловите „Hey Baby“ и „Underneath It All“ добиле Греми награда.

По завршувањето на турнејата во 2004 година, членовите на групата продолжиле со соло проекти. Гвен Стефани објавила два успешни соло-албуми Love. Angel. Music. Baby. (2004) и The Sweet Escape (2006), а Том Думонт го издал неговиот соло музички проект, Invincible Overlord. Последниот албум на групата, насловен како Push and Shove бил објавен во 2012 година. Групата продала преку 33 милиони плочи во светски рамки.

Историја на групата

уреди

1986–1989: Основање, почетоци и промени во составот

уреди

Групата била основана во 1986 година во Анахајм, округот Оринџ (Калифорнија) од пејачот Џон Спенс, Ерик Стефани и неговата сестра Гвен Стефани. Подоцна на групата ѝ се приклучиле: Џери Мекмахон на гитара, Крис Лил како басист и Гејбе Гонзалес кој свирел на труба. Во групата биле и браќата Ален и Тони Мид.

Во декември 1987 година, Спенс извршил самоубиство, неколку дена пред настапот на групата во The Roxy Theatre се очекувало да се појават менаџери од неколку продукциски куќи од музичката индустрија.[1] No Doubt се распаднала, но по неколку недели решиле повторно да се состават[1] со Алан Мид како пејач.[2] Откако Мид ја напуштил групата, Гвен станала пејачка на групата.[2] На почетокот на 1988 година, Том Думонт ја напуштил хеви-метал групата Rising и се приклучил на No Doubt како замена за гитаристот Џери Мекмахон. Следната година ,Адријан Јанг го заменил Крис Веб како тапанар.[1]

1990–1992 година: Албум No Doubt

уреди

Импресиониран од концертите на No Doubt и владеењето со сцената на Гвен, Тони Фергусон во 1990 година на групата ѝ понудил договор за снимање на повеќе албуми со новооснованата издавачка куќа Interscope Records.[1] Истоимениот деби-албум на No Doubt бил издаден во 1992 година. Поради директниот фокус на гранџ-музиката, албумот на No Doubt не бил поддржан од издавачката куќа и не бил успешен затоа што се продал во само 30 000 примероци.[2] За поддршка на албумот, групата тргнала на турнеја низ САД, но Interscope не ја поддржал турнејата.[3] Групата не успеала да привлече доволно публика.[1] Ерик Стефани почнал да се повлекува од групата и час бил член, час не бил член на групата.[4]

1993–1997: Реорганизација и пробив на музичката сцена

уреди

Следната година групата започнала да работи на нов албум, но Interscope отфрлила голем дел од нивниот материјал, а продуцентот Метју Вајлдер требало да работи со групата. Ерик не сакал да ја отстапи креативната контрола некому надвор од групата и во 1994 година ја напуштил групата No Doubt; тој кариерата ја продолжил како аниматор на цртаната ТВ-серија Симпсонови.[1] Канал потоа ја раскинал седумгодишната врска со Гвен, велејќи ѝ дека му треба „простор“.[5] Interscope ја пренел лиценцата за снимање со групата на Trauma Records во 1993 година.[6] No Doubt, во 1995 година независно го објавиле албумот The Beacon Street Collection. Албумот бил составен од записи од претходните сесии. Албумот бил продаден во тројно повеќе примероци од нивниот претходен албум.[7] Истата година, Trauma Records го објавила албумот Tragic Kingdom, а многу од песните се однесувале на врската меѓу Тони Канал и Гвен Стефани.[8]

Со објавувањето на Tragic Kingdom во 1995 година и на синглот „Just a Girl“ групата успеала да забележи комерцијален успех. No Doubt започнале со турнеи за поддршка на албумот кон крајот на годината, а таа прераснала во 27-месечна меѓународна турнеја.[9] Вториот сингл, „Spiderwebs“ (1996) бил успешен, а баладатаDon't Speak“, напишана од Гвен и Ерик Стефани за раскинувањето на Гвен и Канал,[10] бил објавен како трет сингл и го соборил претходниот рекорд со тоа што била шеснаесет (непоследователни) недели на врвот на Billboard Hot 100 Airplay. На доделувањето на Греми наградите во 1997 година, No Doubt биле номинирани за две Греми награди: за најдобар нов изведувач и најдобар рок албум. Половина од песните од албумот „Tragic Kingdom“ биле издадени како синглови, а албумот бил осумкратно платинест. Подоцна, групата била номинирана за уште две Греми награди: за песна на годината и најдобра поп изведба на дуо или група со вокал; двете номинации биле за „Don't Speak“.[11] Здружението на музичките сниматели на Америка во февруари 1999 година го сертифицирал албумот со дијамантски тираж,[12] а во светски рамки бил продаден во шеснаесет милиони примероци.[13] Со успехот на Tragic Kingdom, започнал да се продава и првиот албум на групата кој достигнал вкупна продажба од над 250 000 примероци.[7]

По објавувањето на албумот имало спор меѓу Траума и Интерскоп Рекордс околу договорот за снимање со No Doubt. Траума ги тужел Interscope, и побарала отштета од 100 милиони долари за прекршување на договорот, измама и изнуда и побарала да се раскине договорот за за заедничко вложување, тврдејќи дека Interscope се откажал од договорот откако групата станала поуспешен од очекуваното.[6] No Doubt претходно изјавиле дека се префрлиле на Trauma Records и дека транзицијата е „навистина одлична...бидејќи сега го имаме вниманието и фокусот на мала независна издавачка куќа“.[14] Случајот бил вонпарнично решен со исплата од 3 милиони долари.[15]

1998–2003: Нови турнеи и албуми

уреди
 
No Doubt на настап во 2002 година

Групата ја завршила турнејата во декември 1997 година и следните две години додека го подготвувале следниот студиски албум објавила неколку изданија.[1] Live in the Tragic Kingdomбило долгометражно видео во живо од настапот на групата на Arrowhead во Анахајм, а бил реиздаден и The Beacon Street Collection. Групата го снимила и синглот „I Throw My Toys Around“ со Елвис Костело и придонела за трибјут албумот на The Clash Burning London: The Clash Tribute. Стефани почнала да снима без групата. Во 2000 година, групата го издала албумот Return of Saturn. Фокусот на албумот се префрлил од врската на Гвен Стефани со басистот Тони Канал на нејзината нова врска со Гевин Росдејл.[9] Иако албумот добил позитивни критики, тој не се продавал онолку добро како нивниот претходен албум, а водечкиот сингл, "Ex-Girlfriend", не се ни пласирал на Billboard Hot 100 топ-листата во САД. Како синглови од албумот биле објавени нумерите "Simple Kind of Life" и "Bathwater". Поради слабата продажба драстично била скратена турнејата која следела по објавување на албумот.

Во јануари 2001 година групата почнала со снимање на следниот албум. Во меѓувреме, придонеле со преработка на песната „Love to Love You Baby“ од Дона Самер за саундтракот на Зулендер и снимиле песна со Келис за нејзиниот албум Wanderland. Стефани пеела на песната „South Side“ од Моби и на „Let Me Blow Ya Mind“ на Ева. Студискиот албум на групата од 2001 година, Rock Steady, бил под силно влијание од јамајканската денсхол музика и претежно бил снимен во Јамајка. Албумот имал две песни наградени со Греми: „Hey Baby“ и „Underneath It All“. И двете песни успеале да стигнат до топ-5 на Billboard Hot 100.

 
No Doubt на настап во 2002 година

На 22 ноември 2002 година, No Doubt го добила клучот за градот Анахајм, даден од градоначалникот на Анахајм, Том Дејли, во Дизниленд за време на настапот на групата на KROQ-FM каде извеле пет песни.[16]

2003–2008: Најголеми хитови и пауза

уреди

На 25 ноември 2003 година го објавиле албумот The Singles 1992–2003, компилација од објавените синглови на групата. На албумот се нашла и преработката на песната „It's My Life“ прво испеана од синтпоп-групата Talk Talk во 1984 година, а за оваа песна No Doubt биле номинирани за Греми за поп изведба од дуо или група со вокал.[17] Исто така бил објавен специјален сет (2 ЦД-а и 2 ДВД-а) под наслов Boom Box. Во 2003 бил објавен и ДВД под наслов Rock Steady Live, од настапот на групата во Лонг Бич од нивната турнеја Rock Steady. Кон средината на 2004 година групата имала турнеја со Blink-182, а потоа заминале на пауза.

Во 2003 година, пејачката Гвен Стефани започнала да работи на нејзиниот новобранов и денс-поп-проект инспириран од 1980-тите, кој на крајот еволуирал во соло-албумот Love. Angel. Music. Baby., објавен на 23 ноември 2004 година.

No Doubt придонеле за албумот <i id="mwAU8">True Love</i> од Toots and the Maytals, кој во 2004 година освоил Греми за најдобар реге-албум; на албумот биле прикажани и многу значајни музичари, како: Вили Нелсон, Ерик Клептон, Џеф Бек, Треј Анастасио, Бен Харпер, Бони Рејт, Ману Чао, The Roots, Рајан Адамс, Кит Ричардс, Тутс Хиберт, Пол Даглас, Џеки Џексон, Кен Бут и The Skatalites.[18]

На почетокот од 2005 година, Том Думонт го издал неговиот сопствен соло музички проект, Invincible Overlord.[19] Адријан Јанг, тапанарот на групата, тропал на тапани на турнејата од Bow Wow Wow од 2004 година и на повеќето од песните од албумот на Unwritten Law од 2005 година Here's to the Mourning,[20] како и на неколку концерти во 2006 година за TheStart.[21] Јанг придонел и на албумот Inside Out од Дилана.[22][23]

Во 2008 година, Тони Канал соработувал со поп-рок пејачката Пинк за албумот Funhouse.[24]

2008–2013: Прво обединување и кам-бек турнеја

уреди
 
No Doubt настапуваат на летната турнеја 2009 година

По објавувањето и последователната турнеја за промоција на вториот соло-албум на Гвен Стефани, No Doubt започнале да работат на нов албум без неа.[25] Тие планирале да го довршат по завршувањето на турнејата на Стефани.[9] Но, пишувањето песни одело бавно бидејќи Гвен Стефани, во тоа време, била бремена со нејзиното второ дете.[9][26] Албумот бил продуциран од Марк „Спајк“ Стен, кој помогнал во продукцијата и миксот на Rock Steady.

На нивната официјална веб-страница No Doubt објавиле дека летото во 2009 година ќе одат на турнеја со Paramore, The Sounds, Janelle Monáe, Bedouin Soundclash, Katy Perry, Panic! at the Disco и Мет Коста, а сето тоа додека го довршувале нивниот претстоен албум, кој требало да биде објавен во 2010 година.[27]

На 2 ноември групата објавила уште еден компилациски албум насловен како Icon. Албумот ги имал истите песни како и нивниот претходен компилациски албум The Singles 1992–2003, но со нова корица и пониска цена.[28]

На 11 јуни 2012 година, на нивната официјална веб-страница групата објавила дека новиот албум ќе биде објавен на 25 септември. Албумот бил насловен Push and Shove. Спотот за песната „Settle Down“ од тој албум го режирала Софи Мулер (која претходно режирала многу музички спотови за No Doubt).[29][30] „Settle Down“ се искачил на 34 место на Billboard Hot 100, а албумот се искачил на 3 место.

На 26 февруари 2013 година, групата преку нивната веб-страница објавила дека започнале да работат на нови песни, а го објавиле и распоредот за претстојната турнеја.[31][32]

2013–2015: Втора пауза и распуштање

уреди

Во октомври 2013 година, Том Думонт на Твитер напишал дека групата е повторно на пауза, но и дека ќе се состанат во 2014 година.[33] No Doubt, во текот на 2014 и 2015 година, имала повремени настапи во живо, но немале турнеја ниту објавиле нови песни.[34][35][36][37]

2022-сега: Второ обединување, Коачела и иднина

уреди

Во интервју за списанието WSJ во декември 2022 година, откако била прашана за повторно обединување, Стефани рекла: „Која е веројатноста за било што? ... Сè може да се случи“.[38] Но, Адријан Јанг на интервју за AKG (објавено во мај 2023 година) рекол дека: „Мислам (Push And Shove) ќе остане наш последен албум. И за жал, не гледам повеќе наши турнеи. Може да грешам, никогаш не знаеш, работите можат да се променат. Би сакал повторно да го доживеам тоа чувство, да се поврзам со фановите, и навистина е штета што не настапуваме во живо“.[39]

На 16 јануари 2024 година, групата најавила концерт за повторно обединување.[40][41][42] Подоцна истиот ден, било објавено дека No Doubt ќе настапат во Коачела во април 2024 година.[43] На 2 февруари, извор близок до групата за Us Weekly открил дека „целата група планира нов материјал и е спремна за турнеја веднаш потоа“.[44]

Членови на групата

уреди

Сегашни членови

уреди
  • Гвен Стефани – вокал (1988-2004, 2008-сега) придружни вокали (1986-1988)
  • Том Думонт – гитара , клавијатури (1988-2004, 2008-сега)
  • Тони Кејнал – бас гитара (1987-2004, 2008-сега)
  • Адријан Јанг – тапани , перкусии (1989-2004, 2008-сега)

Членови за турнеја:

уреди
  • Стивен Бредли – клавијатурист, труба, придружен вокал (1995-2004, 2008-сега)
  • Габриел Мекнер – клавијатурист, тромбон, придружен вокал (1993-2004, 2008-сега)

Поранешни членови

уреди
  • Ерик Карпентер - саксофон (1988-1994)
  • Пол Кесели - тромбон (1987-1990)
  • Габриел Гонзалес - труба (1986-1989)
  • Дон Хамерсет - труба (1990-1992)
  • Алекс Хендерсон – тромбон (1991-1993)
  • Фил Џордан - труба (1992-1995)
  • Крис Лил - бас гитара (1986-1987)
  • Кевин Велс - тромбон (1986-1987)
  • Џери Мекмахон – гитара (1986-1988)
  • Ален Мид – труба, придружен вокал (1986-1988)
  • Тони Мид - саксофон (1986-1988)
  • Крис Веб - тапани (1986-1989)
  • Џон Спенс - првиот придружен вокал (1986-1987)
  • Ерик Стефани – клавијатури, гитара (1986-1995)

Времеплов

уреди

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • No Doubt (1992)
  • The Beacon Street Collection (1995)
  • Tragic Kingdom (1995)
  • Return of Saturn (2000)
  • Rock Steady (2001)
  • Push and Shove (2012)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 "No Doubt". Behind the Music. VH1. April 9, 2000.
  2. 2,0 2,1 2,2 Vineyard, Jennifer (February 26, 1998). „Tunes and 'Toons“. OC Weekly. Village Voice Media. Архивирано од изворникот на December 17, 2013. Посетено на April 17, 2014.
  3. Bush, John. „No Doubt | Biography & History“. AllMusic. Посетено на December 23, 2006.
  4. Heath, Chris. "Snap! Crackle! Pop!". Rolling Stone, issue 759. May 1, 1997.
  5. Born to Be. MuchMusic programming. Original airdate: March 2006. Retrieved November 13, 2006.
  6. 6,0 6,1 Sandler, Adam (May 28, 1997). „Interscope facing Trauma in $100 million lawsuit“. Variety. Архивирано од изворникот на August 27, 2009. Посетено на December 30, 2006.
  7. 7,0 7,1 „Timeline | Journal“. No Doubt official website. Архивирано од изворникот на February 23, 2009. Посетено на October 31, 2011.
  8. „No Doubt's "Tragic Kingdom". MTV News. April 8, 1996. Архивирано од изворникот на August 3, 2009.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Празен навод (help)
  10. Sullivan, Caroline (February 15, 2002). 'We'll make one more album, then I'll get pregnant'. The Guardian. London. Посетено на August 22, 2011.
  11. „No Doubt“. Rock On The Net. Посетено на July 27, 2017.
  12. „Diamond Awards“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на July 1, 2007. Посетено на August 24, 2007.
  13. Van Meter, Jonathan (April 2004). „The First Lady of Rock“. Vogue. Архивирано од изворникот на June 22, 2008.
  14. „No Doubt In Middle Of Legal Battle“. MTV News. May 28, 1997. Архивирано од изворникот на 2009-08-03. Посетено на July 27, 2017.
  15. Празен навод (help)
  16. „News : No Doubt To Receive Key To The City Of Anaheim“. No Doubt official website. November 21, 2002. Архивирано од изворникот на September 26, 2011. Посетено на July 7, 2011.
  17. „Grammy Awards 2005: Key winners“. BBC News Online. February 14, 2005.
  18. „Linear CD Notes“. Tootsandthemaytals.net. June 20, 2014. Архивирано од изворникот на November 10, 2016. Посетено на July 27, 2017.
  19. Kaufman, Gil; Dotiwala, Jasmine (May 16, 2005). „No Doubt's Tony Kanal Spends Band's Hiatus Producing Reggae LP, Remixing Gwen“. MTV News (англиски). Архивирано од изворникот на May 25, 2009. Посетено на August 6, 2020.
  20. „For The Record: Quick News On Britney Spears, Green Day, Avril Lavigne, Jennifer Lopez, A Perfect Circle & More“. MTV News. June 30, 2004. Архивирано од изворникот на 2009-05-15. Посетено на July 27, 2017.
  21. „Help us welcome back Adrian!“. theSTART official website. September 5, 2006. Архивирано од изворникот на September 18, 2016.
  22. „For The Record: Quick News On Mariah, Kid Rock, 'Fantastic Four,' Ne-Yo, Chris Brown, Will.I.Am & More“. MTV News. December 22, 2006. Архивирано од изворникот на 2009-10-28. Посетено на July 27, 2017.
  23. Respers France, Lisa (November 27, 2009). „Singer Dilana rocks new album and movie – CNN.com“. CNN Entertainment (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-04-09. Посетено на August 6, 2020.
  24. Magnocavallo, Fabio (April 15, 2020). „Here's What The No Doubt Members Have Been Up To Recently, In 16 Pics“. TheThings. Архивирано од изворникот на 2023-04-09. Посетено на August 6, 2020.
  25. Vineyard, Jennifer; Richard, Yasmine (May 12, 2006). „No Doubt – Minus Gwen – In Early Stages Of New Album“. MTV News. Архивирано од изворникот на April 14, 2010. Посетено на December 19, 2006.
  26. Stefani, Gwen (March 28, 2008). „Hey No Doubters“. No Doubt Community. Архивирано од изворникот на April 1, 2008. Посетено на January 1, 2010.
  27. „News : No Doubt Announces 2009 Summer Tour“. No Doubt official website. January 21, 2009. Архивирано од изворникот на March 8, 2009. Посетено на January 1, 2010.
  28. „No Doubt : News : New Releases in 2010 and 2011“. Interscope Records. September 13, 2010. Архивирано од изворникот на September 26, 2012. Посетено на October 31, 2011.
  29. „No Doubt : News : ALBUM AND SINGLE ANNOUNCEMENT!“. No Doubt official website. June 11, 2012. Архивирано од изворникот на June 15, 2012. Посетено на August 6, 2020.
  30. Aghababyan, Gayane (June 13, 2012). „No Doubt announce new album Push And Shove“. Rekwired. Архивирано од изворникот на February 28, 2017. Посетено на June 13, 2012.
  31. „Greetings From the Studio!“. No Doubt official website. February 26, 2013. Архивирано од изворникот на December 18, 2014. Посетено на February 27, 2013.
  32. Toomey, Alyssa (February 27, 2013). „No Doubt Postpones Tour Plans to Create New Music, Currently Recording in Studio“. E! Online. Посетено на August 6, 2020.
  33. „Archived copy“. twitter.com. Архивирано од изворникот на March 8, 2021. Посетено на January 17, 2022.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)
  34. Balancia, Donna (May 10, 2015). „No Doubt, Metallica, Help Save The Day for Rock In Rio USA“. California Rocker. Архивирано од изворникот на March 1, 2017. Посетено на July 27, 2017.
  35. Carley, Brennan (May 28, 2015). „Riot Fest 2015 Lineup: Snoop Dogg, Rancid, No Doubt, and More“. Spin. Посетено на August 6, 2020.
  36. Празен навод (help)
  37. Franko, Vanessa (September 17, 2015). „KAABOO 2015: No Doubt's Tony Kanal talks future, 'Tragic Kingdom'. Press Enterprise (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-04-19. Посетено на August 6, 2020.
  38. „Gwen Stefani teases No Doubt reunion“. NME. December 21, 2022.
  39. „AKG Stories Behind the Sessions E4: No Doubt Drummer Adrian Young & Nic Harcourt – Tragic Kingdom“. YouTube.
  40. Vito, Jo (January 16, 2024). „No Doubt Are Reuniting“. Consequence. Посетено на March 1, 2024.
  41. „No Doubt, the pop-punk band featuring lead singer Gwen Stefani, is reuniting“. NPR. January 17, 2024. Посетено на March 1, 2024.
  42. Kevin E G Perry (January 17, 2024). „No Doubt fans celebrate as Gwen Stefani and band tease reunion“. The Independent. Посетено на March 1, 2024.
  43. Chery, Samantha (January 17, 2024). '90s hitmaker No Doubt to reunite at Coachella“. The Washington Post. Посетено на March 1, 2024.
  44. Празен навод (help)

Надворешни врски

уреди