Foreigner

британско-американска рок-група

Foreigner (транскрипција на македонски: Форинер) ― британско-американска рок-група основана во Њујорк во 1976 година. Основачки членови биле: гитаристот Мик Џонс, пејачот Лу Грам, тапанарот Денис Елиот, клавијатуристот Ал Гринвуд, басистот Ед Гаљарди и мултиинструменталистот Ијан Мекдоналд. Со продадени преку 80 милиони плочи, Foreigner е една од групите со најмногу продадени албуми на сите времиња.[4]

Foreigner
Foreigner на настап во 2016
Животописни податоци
ПотеклоЊујорк, САД
Жанрови
Период на активност1976 (1976)–денес (пауза 2003–2004)
Издавачи
Мреж. местоforeigneronline.com

Историја на групата

уреди

Групата била основана во Њујорк во 1976 година од британските музичари Ијан Мекдоналд (основачки член на King Crimson), Мик Џонс (поранешен гитарист со Џорџ Харисон, Џони Холидеј, Питер Фрамптон и Spooky Tooth), тапанарот Денис Елиот и Американците Ал Гринвуд (клавијатура), Ед Гаљарди (бас) и пејачот Лу Грам.[5] Џонс го смислил името на групата бидејќи тој, Елиот и Мекдоналд биле Британци, а Грам, Гринвуд и Гаљарди биле Американци, што значи дека барем половина од групата би биле странци без разлика во која земја се наоѓаат.[6] [7]

Во 1977 година, Foreigner го издале нивниот прв истоимен албум кој се продал во повеќе од пет милиони примероци во САД и на кој се наоѓале два топ-10 сингла „Feels Like the First Time“ и „Cold as Ice“. Следниот албум, Double Vision, издаден во јуни 1978 година, бил уште поуспешен. Во 1979 година, Ед Гаљарди си заминал од групата и на негово место на бас дошол Рик Вилс. Со Рик Велс Foreigner да го снимиле нивниот трет албум, Head Games ( септември 1979), кој исто така бил многу успешен.

По заминувањето на Мекдоналд и Гринвуд од групата, тие продолжиле да настапуваат како квартет. Нивниот албум 4 (1981) 10 недели бил на прво место на топ-листата во САД и се искачил на второ место во Канада, а исто така со овој албум групата Foreigner се пробила надвор од Северна Америка; албумот се пласирал во топ-5 во ОБединетото Кралство, Германија и Австралија. Три песни од овој албум: „Urgent", „Waiting for a Girl Like You" and „Juke Box Hero" биле успешни на хит-листите ширум светот во 1981 и во 1982 година. Во 1982 година, Foreigner го издале нивниот прв албум со најголеми хитови, Records, кој се продал во 7 милиони примероци во САД. Во 1984 година, Foreigner го имале нивниот најголем хит-сингл, баладата „I Want to Know What Love Is“, која се нашла на врвот на топ-листите во САД, Велика Британија, Канада и Австралија, се искачила на трето место во Германија и се пласирала во топ-10 во многу други земји. Албумот на кој била ставена песната, Agent Provocateur, бил најуспешен албум на групата во Велика Британија, Германија и во некои други земји во Европа каде се искачил на прво место, а бил успешен и во Австралија каде што се искачил на 3-то место. Во САД и Канада се пласирал во топ-5 на листите за албуми.

По тригодишна пауза, Foreigner го издала албумот Inside Information (1987), кој и покрај двата топ-10 хита во САД „Say You Will “ и „I Don't Want to Live Without You“, бил нивен прв албум кој не станал мултиплатинест и кој не се пласирал во топ-10 во САД (стигнал до 15-то место). Групата западнала во криза, па така албумот го означил привремениот крај на соработката меѓу водачите на групата Лу Грам и Мик Џонс.

Во меѓувреме, Лу Грам се посветил на неговата соло-кариера и го издал солистичкиот албум Ready or Not на почетокот од 1987 година. Неговиот втор соло-албум, Long Hard Look, бил објавен есента 1989 година. Две години подоцна, заедно со Вивијан Кембел, тој ја основал хард-рок групата Shadow King. Сепак, групата се распаднала по објавувањето на нивниот прв албум откако Кембел се приклучил на Деф Лепард. И Мик Џонс пробал да започне соло-кариера, но истовремено работел на заживување на Foreigner.

Од 1990 година, групата претрпела уште неколку промени во составот, вклучувајќи го и заминувањето на Елиот и Вилс во 1991 година, Грам ja напуштил групата во 1990 година, се вратил во 1992 година и повторно си заминал во 2003 година. Трите студиски албуми кои групата ги објавила во текот на овие години - Unusual Heat (1991), Mr. Moonlight (1994) и Can't Slow Down (2009) - не се продавале добро, но албумот со најголеми хитови од 1992 година, The Very Best... and Beyond, на кој имало три нови песни, станал двојно платинест во САД и златен во ОК.

Откако Лу Грам преживеал сериозен тумор на мозокот и имал успешна турнеја низ САД со Foreigner, тој во 2003 година повторно ја напуштил групата за да се посвети на неговата соло-кариера.

Во март 2005 година, Кели Хансен (поранешен член на Hurricane) станал нов фронтмен на Foreigner. Нови членови биле и Џејсон Бонам (син на музичарот од Лед Цепелин, Џон Бонам) на тапани и Џеф Пилсон (поранешен член на Dokken) на бас. Џеф Џејкобс (клавијатури) и Том Гимбел (ритам гитара, саксофон, флејта) биле во групата од 1990-тите. Од првобитната постава останал само Мик Џонс. Со оваа постава, групата од 2005 до 2008 година биле на светска турнеја. Во ноември 2007 година, Мајкл Блустајн го заменил Џеф Џејкобс на клавијатури.

Во октомври 2009 година, во САД бил издаден новиот албум на Foreigner, Can't Slow Down, од кој бил објавен синглот „When It Comes to Love“. Албумот бил издаден и во Европа во јануари 2010 година. Следувал нов двоен албум во живо објавен есента истата година. Албумот Acoustique бил издаден на 23 септември 2011 година. Во 2011 година, Брус Вотсон ѝ се придружил на групата како втор гитарист. Ед Гаљарди, првиот басист на групата, починал од рак на 11 мај 2014 година на 62-годишна возраст.

Во 2017 година по повод 40-годишнината од основањето групата тргнала на голема турнеја. Поради ова во групата се вратилет оригиналните членови од 1970-тите. На концертот на 20 јули 2017 година во Jones Beach, на сцената гостувале Лу Грам, Ал Гринвуд и Ијан Мекдоналд. За концертите на 7 и 8 октомври 2017 година, сите оригинални членови од групата биле заедно на сцената. Во 2018 година, продуцентот Ренди Џонсон ја потврдил премиерата на мјузиклот Џубокс Херој за февруари 2019 година во Торонто. Мјузиклот го напишале Дик Клемент и Иан Ла Френејс.

Есента 2019 година, речиси сите оригинални членови на групата повторно биле на сцената за концертната турнеја Double Vision - Then and Now, освен Лу Грам, кој морал да ги откаже концертите од здравствени причини.

Од 2022 година, основачот на групата Џонс од здравствени причини на сцената се појавува само за неколку песни. Групата повеќето од своите концерти ги изведува без Мик Џонс и настапува состав: Кели Хансен, Брус Вотсон, Џеф Пилсон, Мајкл Блустајн, Крис Фрејзиер и Луис Карлос Малдонадо.

 
Foreigner во публицитет снимен во 1979 година за нивниот албум Head Games

Членови на групата

уреди

Тековни

уреди
  • Мик Џонс – водечки и ритам гитари, клавијатури, придружни и водечки вокали [8] [9] [10] [11] [12] [13]
  • Џеф Пилсон – придружни вокали, бас, клавијатури (2004-денес)
  • Кели Хансен – главен вокал, перкусии (2005–денес)
  • Мајкл Блустајн – придружни вокали, клавијатури (2008–денес)
  • Брус Вотсон – придружни вокали, водечки и ритам гитари (2011–денес)
  • Крис Фрејзиер – тапани, перкусии (2012–денес)
  • Луис Малдонадо – придружни вокали, ритам и водечки гитари, бас (2021–денес)

Поранешниот

уреди
  • Лу Грам – главен вокал, перкусии (1976–1990, 1992–2003; повремен специјален гостин, 2017 и 2018)
  • Денис Елиот – тапани, перкусии, повремени придружни вокали (1976–1991; повремен специјален гостин, 2013, 2015, 2017 и 2018)
  • Иан Мекдоналд – придружен вокал, ритам и водечки гитари, клавијатури, саксофон, флејта (1976–1980; повремен специјален гостин, 2017, 2018, и 2019, починал 2022)
  • Ал Гринвуд – клавијатури, синтисајзери (1976–1980; повремен специјален гостин 2017, 2018, 2019, и 2023)
  • Ед Гаљарди – придружен вокал, бас (1976–1979; починал 2014)
  • Рик Вилс – придружни вокали, бас (1979–1991; повремен специјален гостин 2015, 2017, 2018, 2019, 2021, и 2023)
  • Џони Едвардс – водечки вокал, ритам и водечки гитари (1990–1992)
  • Џеф Џејкобс – придружни вокали, клавијатури (1991–2007)
  • Том Гимбел – придружен вокал, ритам гитара, клавијатури, саксофон, флејта (1992–1993, 1995–2021) [14]
  • Скот Гилман – придружен вокал, ритам гитара, клавијатури, саксофон (1993–1994)
  • Марк Шулман – придружни вокали, тапани (1992–1995, 2000–2002, 2011–2012)
  • Брус Тургон – придружни вокали, бас (1992–2003)
  • Рон Виксо – тапани (1995–1998)
  • Брајан Тичи – тапани (1998–2000, 2008–2010; touring 2007, 2011, 2012, 2017)
  • Дени Кармаси – тапани (2002–2003)
  • Џејсон Бонам – тапани (2004–2008)
  • Час Вест – водечки вокал (2004–2005) ; ритам гитара (гостин 2005)
  • Пол Миркович – клавијатури (2007–2008)
  • Џејсон Сатер – придружни вокали, тапани (2010–2011)

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • Foreigner (1977)
  • Double Vision (1978)
  • Head Games (1979)
  • Foreigner 4 (1981)
  • Agent Provocateur (1984)
  • Inside Information (1987)
  • Unusual Heat (1991)
  • Mr. Moonlight (1994)
  • Can't Slow Down (2009)

Наводи

уреди
  1. „The 6 best Foreigner songs ever“. Smooth.
  2. Kerns, William. „Foreigner to mix soft rock, hard rock at Lubbock concert“. Lubbock Avalanche-Journal.
  3. Weinstein, Deena (2015). Rock'n America: A Social and Cultural History. University of Toronto Press. стр. 164. ISBN 9781442600157. Архивирано од изворникот May 4, 2020. Посетено на February 20, 2019.
  4. „RIAA – Top Selling Artists“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на September 24, 2015. Посетено на February 3, 2010.
  5. „A Foreigner's Tale“. Foreigneronline.com. August 7, 2015. Архивирано од изворникот на October 20, 2014.
  6. „The Foreigner Website: The Band: Interviews: Chat with Lou Gramm“. 4eigner.net. Архивирано од изворникот на February 10, 2013. Посетено на April 18, 2014.
  7. Billboard.
  8. „Foreigner says farewell: Final tour hits Fort Myers and other Florida cities in 2024“. The News-Press (англиски). Посетено на 2023-09-30.
  9. Празен навод (help)
  10. Palm, Mike (2023-07-25). „Foreigner bassist Jeff Pilson on the band's farewell tour, its future and its legacy“. TribLIVE.com (англиски). Посетено на 2023-09-30.
  11. Kaczmarczyk, Jeffrey (June 13, 2012). „Is Foreigner still Foreigner without founder Mick Jones on stage?“. Michigan Live. Посетено на May 9, 2019.
  12. „Is it really classic rock if the whole band isn't there? Foreigner's Lou Gramm wants to know | Miami Herald“. Miami Herald. June 9, 2017. Архивирано од изворникот на June 9, 2017. Посетено на August 28, 2021.
  13. Naphin, Joel (July 24, 2023). „INTERVIEW: Foreigner keyboardist Michael Bluestein talks about band's farewell tour, Mick Jones, and more“. MusicLifeMagazine.net. Посетено на December 6, 2023.
  14. „FOREIGNER's THOM GIMBEL Officially Leaves Band After Nearly Three Decades: 'It's Time For Me To Finally Stop Touring'. Blabbermouth. May 18, 2021. Архивирано од изворникот на May 19, 2021. Посетено на May 19, 2021.