Мишел Бранч

американска пејачка

Мишел Џекет Бранч (англ. Michelle Jacquet Branch; родена на 2 јули 1983 година) ― американска пејачка, текстописец и гитаристка. На почетокот од 2000-тите ги издала нејзините два најпродавани албума: The Spirit Room и Hotel Paper. За нејзиниот сингл од 2002 година „The Game of Love“ во соработка со групата Santana, освоила Греми награда за најдобра поп-соработка.

Мишел Бранч
Мишел Бранч на настап во 2010 година
Роден(а)Мишел Џекет Бранч
2 јули 1983(1983-07-02)(41 г.)
Седона, Аризона, САД[1]
Занимање
  • Пејачка
  • музичар
  • текстописец
  • глумица
Активен период1999–денес
Сопружник
  • Теди Ландо (в. 2004; раз. 2015)
  • Патрик Карни (в. 2019)
Деца3

Музичка кариера
Жанрови
Инструменти
  • Глас
  • гитара
  • пијано
  • хармоника
Издавачи
Мреж. местоmichellebranch.com

Живот и кариера

уреди

Мишел Бранч била родена на 2 јули 1983 година во Седона, Аризона.[2][3] Почнала да пее на тригодишна возраст,[4][5][6] а кога имала 8 години се запишала на часови по пеење на Универзитетот во Северна Аризона.[7][8][9] Бранч учела во средното училиште Седона Ред Рок,[10] но последните две години од средното образование ги завршила преку домашно школување за да може да се посвети на нејзината музичка кариера.[11]

2000–2005: Почетоци на музичката кариера и први албуми

уреди

Во јуни 2000 година, Бранч сама ја продуцирала Broken Bracelet,[12] компилација од песни кои ги напишала од 1997 до 2000 година;[13] албумот бил издаден од независната издавачка куќа Twin Dragon Records.[12][13]

 
Бранч на настап во октомври 2003 г.

Во 2001 година Бранч потпишала договор со издавачката куќа од Мадона, Maverick Records,[12][13][6] и во август истата година го издала албумот The Spirit Room.[13][14] Од албумот произлегол хит-синглот „Everywhere“ за кој Бранч ја освоила наградата по избор на гледачите на MTV Video Music Awards во 2002 година.[15] Од албумот потоа ги издала сингловите: „All You Wanted“ и „Goodby to You“. Албумот The Spirit Room бил сертифициран како двојно платинест од RIAA за продадени над два милиони копии во САД.

Во 2002 година, Бранч соработувала со Сантана за песната „The Game of Love“[3][13][16] која потоа освоила Греми награда за најдобра поп-соработка со вокали.[2][15] Таа, исто така, во 2003 година била номинирана за Греми за најдобар нов изведувач,[15] која ја освоила Нора Џонс.

Вториот албум на Бранч со голема издавачка куќа, Hotel Paper, бил издаден во 2003 година и дебитирал на 2-ро место на американската топ-листа Billboard 200.[17][18] Албумот добил мешани критики. Водечкиот сингл од албумот, „Are You Happy Now?“, добро котирал на топ-листите, а Бранч за таа песна била номинирана за Греми за најдобра рок вокална изведба од пејачка,[15] но загубила од „Trouble“ од Пинк. Следните синглови: „Breathe“ и „Til I Get Over You“ не го постигнале успехот на првиот сингл. Бранч почнала да глуми во телевизиски серии; се појавила во неколку епизоди во Бафи убиец на вампири, Американски сни и Волшебнички (каде се глумела себе си). Во јуни 2004 година се појавила во Faking the Video на MTV. Исто така се појавила во филмот од Роб Шнајдер од 2002 година „Жешка девојка“ (англ. The Hot Chick) каде глумела клубски диџеј.

2005–2007: Групата The Wreckers

уреди
 
Мишел Бранч (во средина) за време на концертот во јуни 2007 година со Џесика Харп (десно) како групата The Wreckers.

Во јули 2005 година, Бранч започнала соработка со нејзината пратечка пејачка и долгогодишна пријателка Џесика Харп[3][19][20] [21] и заедно ја основале кантри-групата Wreckers. [19] Првиот сингл од дуото „Leave the Pieces“ бил објавен во февруари 2006 година, а нивниот албум Stand Still, Look Pretty бил објавен во мај истата година.[19]

Групата била номинирана за наградата „Дуо на годината“ на наградите од Здружението за кантри-музика во 2006 година и за Греми награда за најдобра кантри-изведба од дуо или група[2][15] за песната „Leave the Pieces“. Wreckers се разделиле во 2007 година.[2]

2008–денес: Подоцнежна кариера и албуми

уреди
 
Бранч на настап во август 2009 г.

На 16 јули 2010 година, преку нејзината веб-страницата, Бранч го издала мини-албумот Everything Comes and Goes.[22] Во 2010 година, Branch и R&B/hip-hop продуцентот Тимбаленд соработувале на поп/ R&B песна насловена „Getaway“ и објавиле видео. [23]

На почетокот од 2011 година, Бранч објавила три претходно необјавени песни од Everything Comes and Goes: „Texas In the Mirror“, „Take a Chance on Me“ и „Long Goodbye“. На 26 август 2011 година го издала и мини-албумот The Loud Music Hits EP.

 
Бранч на настап во Сан Франциско, 21 јули 2017 година.

На 17 јули 2015 година, Бранч објавила дека потпишала со Verve Records.[24]

Во декември 2016 година, Entertainment Weekly го најавила новиот албум на Бранч, Hopeless Romantic, кој бил објавен на 7 април 2017 година.[25][26] Бранч во септември 2017 година објавила дека се разделила со Verve Records.[27][28]

На 12 јули 2022 година, Бранч на социјалните мрежи објавила дека нејзиниот нов сингл под наслов „I'm a Man“ ќе биде објавен на 15 јули 2022 година.[29] Синглот бил вклучен на нејзиниот четврти студиски албум, The Trouble with Fever, кој бил објавен на 16 септември 2022 година.[30]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Broken Bracelet (2000)
  • The Spirit Room (2001)
  • Hotel Paper (2003)
  • Hopeless Romantic (2017)
  • The Trouble with Fever (2022)[30]

Наводи

уреди
  1. Fried, Paul. „Michelle Branch, Local singer/songwriter is "Everywhere". Red Rock Review. Архивирано од изворникот на November 27, 2013. Посетено на September 14, 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Official bio, Архивирано од изворникот на March 15, 2010, Посетено на December 2, 2009 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „bio“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. 3,0 3,1 3,2 Remz, Jeffrey (November 2006), The Wreckers clean up, Country Standard Time, Посетено на December 2, 2009 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „cst“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Fried, Paul. „Michelle Branch“. Red Rock Review.com. Архивирано од изворникот на November 27, 2013. Посетено на December 2, 2009.
  5. Music Review: The Spirit Room, Michelle Branch
  6. 6,0 6,1 Melissa Worden (September 14, 2001). „Breakout: Michelle Branch“. USA Today. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „usatoday“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  7. Fried, Paul. „Michelle Branch“. Red Rock Review.com. Архивирано од изворникот на November 27, 2013. Посетено на December 2, 2009.
  8. Music Review: The Spirit Room, Michelle Branch
  9. Melissa Worden (September 14, 2001). „Breakout: Michelle Branch“. USA Today.
  10. Music Review: The Spirit Room, Michelle Branch
  11. Melissa Worden (September 14, 2001). „Breakout: Michelle Branch“. USA Today.
  12. 12,0 12,1 12,2 Fried, Paul. „Michelle Branch“. Red Rock Review.com. Архивирано од изворникот на November 27, 2013. Посетено на December 2, 2009. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „sedona“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 Mike Kai (November 25, 2003). „A Conversation with Michelle Branch“. Asianconnections.com. Архивирано од изворникот на February 6, 2016. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „asianconnect“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  14. Празен навод (help)
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 Michelle Branch. „Awards and nominations of Michelle Branch“. Michellebranch.com. Архивирано од изворникот на September 30, 2011. Посетено на October 20, 2011. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „awards“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  16. Празен навод (help)
  17. [[[:Предлошка:BillboardURLbyName]] „Billboard Chart History: Hotel Paper“] Проверете ја вредноста |url= (help). Billboard. Посетено на March 16, 2010.
  18. RIAA Certification.
  19. 19,0 19,1 19,2 Tecson, Brandee (March 14, 2005), Michelle Branch No Longer Wrecking Homes, MTV Network, Архивирано од изворникот на March 17, 2005
  20. Finan, Eileen (June 12, 2006), „The Wreckers Michelle Branch & Jessica Harp“, People, Посетено на December 2, 2009
  21. CMT.com: Marty Robbins: The Wreckers Won't Stand Still, Архивирано од изворникот на May 16, 2008
  22. Millegan, Lisa (July 2, 2010). „Singer-songwriter Michelle Branch has spread her musical wings to country – Life“. Modbee.com. Архивирано од изворникот на June 16, 2011. Посетено на August 31, 2010.
  23. Timbaland & Michelle Branch (June 8, 2010). „Getaway“. Архивирано од изворникот на November 17, 2021. Посетено на January 22, 2011.
  24. „Michelle Branch on Twitter“. Twitter.com.
  25. . United States. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  26. „Michelle Branch Is About To Release Her First Album In 14 Years“. Nylon.com. January 7, 2017.
  27. Brodsky, Rachel (March 24, 2017). „After Years of Record-Label Limbo, Michelle Branch Can Tell You That She's Happy Now“. Paste Magazine (англиски).
  28. Kile, Meredith B. (September 8, 2017). „EXCLUSIVE: How Michelle Branch & Patrick Carney Take Life 'Song by Song'. Entertainment Tonight. Посетено на September 8, 2017.
  29. „I'm beyond thrilled to announce my new single "I'm A Man" comes out this Friday 7/15!!“. Twitter.com. Посетено на July 16, 2022.
  30. 30,0 30,1 „Michelle Branch Announces 'The Trouble with Fever. Broadway World (англиски). July 15, 2022. Посетено на July 15, 2022. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „BroadwayWorld - Trouble“ е зададен повеќепати со различна содржина.

Надворешни врски

уреди