Chicago (група)
Chicago ― американска рок-група основана во Chicago во 1967 година. Името на групата во 1968 година било Chicago Transit Authority (по градската агенција за масовен транзит),[1] а во 1969 година го скратила името. Иако се сметаат за „рокенрол група со рогови“ нивните песни честопати содржат и елементи на класична музика, џез, R&B и поп-музика.
Chicago | |
---|---|
Chicago во 2004 (од лево кон десно): Хауланд, Панков, Чамлин, Паразајдер, Имбоден, Лофнејн, Шеф и Лам (зад Шеф) | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Чикаго, Илиноис, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1967–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | Матична страница |
Во состав на групата биле: Питер Сетера на бас, Тери Кет на гитара, Роберт Лам на клавијатури, Ли Лофнејн на труба, Џејмс Панкоу на тромбон, Волтер Паразајдер на дрвени дувачки инструменти и Дени Серафин на тапани.
Во септември 2008 година, за успехот на топ-листите за синглови Hot 100, Billboard ја ставил групата Chicago на тринаесеттото место на нивниот список од 100 најдобри изведувачи на сите времиња, а во октомври 2015 година била рангирана на петнаесетото место на истиот список.[2] [3] [4] Во октомври 2015 година, Билборд, исто така ја рангирал групата Chicago на деветтото место на списокот од 100 најдобри изведувачи на сите времиња според нивниот севкупен пласман на топ-листата за албуми, Билборд 200 [5] Chicago е една од најдолговечните и најуспешните рок-групи и со продадени преку 100 милиони плочи, таа е една од групите со најмногу продадени музички записи на сите времиња.[6] [7] Во 1971 година, Chicago станал прв рок-изведувач кој една недела ја распродал Карнеги Хол. Chicago се смета и за пионер во маркетингот на рок-музиката, со препознатливо лого на кориците на албумите и именување на нивните албуми со користење на римски бројки.[8]
Според успехот на топ-листите, Chicago е една од најуспешните американски групи во историјата на RIAA и Billboard (само зад Beach Boys), и е една од најуспешните изведувачи на поп-музика на сите времиња.[6] До денес, Chicago продале над 40 милиони примероци во САД, и имаат 23 златни, 18 платинести и осум мултиплатинумски албуми.[9] [10] [11] Имале пет последователни албуми на прво место на Билборд 200,[12] 20 топ-десет синглови на Билборд Хот 100,[13] а во 1974 година групата имала седум албуми истовремено (сета нејзина дискографија во тоа време) на Билборд 200.[14] Групата десетпати била номинирана за Греми награда, а добила една за песната „If You Leave Me Now“.[15] Првиот албум на групата, Chicago Transit Authority, објавен во 1969 година, во 2014 година бил примен во Гремиевата куќа на славата.[16] Оригиналната постава на Chicago во 2016 година била примена во Куќата на славата на рокенролот.[17] Во 2017 година, Сетера, Лам и Панков биле примени во Куќата на славата на текстописците.[18] [19] Групата Chicago добила Греми награда за животно дело на 16 октомври 2020 година.[20] [21]
Наводи
уреди- ↑ „A Chicago Story“. Chicago (англиски). Chicago Live Events. Архивирано од изворникот на October 30, 2018. Посетено на June 17, 2023.
- ↑ Kevan, Paul (September 15, 2008). „Top 100 artists of all time“. Metro. Associated Newspapers Limited. Архивирано од изворникот на February 19, 2017. Посетено на February 18, 2017.
- ↑ „Legendary 'Chicago' to Play Opening Day Ford Motor Company presenting July 26 performance on AeroShell Square“. warbirds-eaa.org. February 26, 2010. Архивирано од изворникот на December 19, 2018. Посетено на February 18, 2017.
- ↑ „Greatest of All Time Hot 100 Artists: Page 1“. Billboard. October 10, 2015. Архивирано од изворникот на November 22, 2015. Посетено на February 10, 2017.
- ↑ „Greatest of All Time Billboard 200 Artists: Page 1“. Billboard. October 10, 2015. Архивирано од изворникот на September 26, 2016. Посетено на February 10, 2017.
- ↑ 6,0 6,1 Ruhlmann, William. „Chicago: Biography & History“ (англиски). AllMusic. Архивирано од изворникот на October 29, 2018. Посетено на October 29, 2018. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „allmusic“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Chicago to perform April 7 in Amphitheatre“. The St. Augustine Record. December 10, 2012. Архивирано од изворникот на June 6, 2013. Посетено на March 21, 2013.
- ↑ Luhrssen, David; Larson, Michael (2017-02-24). Encyclopedia of Classic Rock (англиски). ABC-CLIO. ISBN 978-1-4408-3514-8. Архивирано од изворникот на November 9, 2023. Посетено на November 19, 2023.
- ↑ „Gold & Platinum – RIAA, Artist Tallies“. RIAA. Архивирано од изворникот на July 4, 2016. Посетено на February 10, 2017.
- ↑ „Gold and Platinum – Top Selling Artists“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на July 1, 2007. Посетено на July 23, 2010.
- ↑ „Gold and Platinum – Artist Tallies“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на July 11, 2013. Посетено на July 23, 2010.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Whitburn, Joel (October 19, 1974). „Joel Whitburn's Record Research Report“. Billboard. стр. 10. Архивирано од изворникот на February 26, 2023. Посетено на January 18, 2019 – преку Google Books.
- ↑ „Grammy Awards: Chicago“. The Recording Academy. Архивирано од изворникот на March 20, 2019. Посетено на September 25, 2017.
- ↑ „2014 Grammy Hall Of Fame® Inductees“. grammy.org. Архивирано од изворникот на January 31, 2017. Посетено на January 3, 2017.
- ↑ „Chicago“. Rock & Roll Hall of Fame (англиски). Архивирано од изворникот на January 16, 2017. Посетено на July 30, 2017.
- ↑ „Songwriters Hall Of Fame Announces 2017 Inductees“ (англиски). Архивирано од изворникот на February 22, 2017. Посетено на February 22, 2017.
- ↑ „2017 Songwriters Hall of Fame inductees announced“ (англиски). CBS Interactive Inc. February 22, 2017. Архивирано од изворникот на February 22, 2017. Посетено на February 22, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Monroy Yglesias, Ana (October 16, 2020). „From Chicago To Sister Rosetta Tharpe, Here's Who Was Honored At The 2020 GRAMMY Salute To Music Legends“ (англиски). National Academy of Recording Arts and Sciences. Архивирано од изворникот на November 16, 2020. Посетено на November 15, 2020.
Оваа статија музичка група или друг вид ансамбл е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |