Katrina and the Waves
Katrina and the Waves ― поранешна британска рок-група основана во Кембриџ во 1981 година. Била позната по нивниот хит од 1985 година „Walking on Sunshine“. Исто така, со песната „Love Shine a Light“ победиле на Изборот за песна на Евровизија во 1997 година.[1]
Katrina and the Waves | |
---|---|
Katrina and the Waves на концерт во Малме во 1988 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Кембриџ, Англија |
Жанрови | |
Период на активност | 1981–1999 |
Издавачи | |
Мреж. место | katrinaandthewaves.com |
Поранешни членови | |
|
Историја
уредиПретходник на групата била група позната под името Waves која од 1975 до 1977 година свирела во и околу Кембриџ. Оваа група не издала снимки и се распаднала откако гитаристот Кимберли Рју заминал за да им се придружи на Soft Boys.[1]
Подиректен претходник на Katrina and the Waves била групата Mama's Cookin', основана во 1978 година. Во групата членувале Американците Катрина Лесканич и Винс де ла Круз.Mama's Cookin' свиреле само во Англија на почетокот од 1980-тите и биле специјализирани за преработки на песни од американски музичари како: Heart, Foreigner, Линда Ронстат и ZZ Top.
По распаѓањето на The Soft Boys во 1981 година, Рју стапил во контакт со неговиот стар колега од Wave за да ја обноват групата. Купер го убедил Рју да се приклучи на Mama's Cookin', а групата била преименувана во Тhe Waves.
Фронтмен на The Waves на почетокот бил Рју, а Лесканич пеела само на преработените песни од репертоарот на групата. Но, уште во првата година по основањето на групата, Рју почнал да пишува песни кои требало да ги пее Лесканич и наскоро таа станала фронтмен на групата.
На почетокот од 1983 година групата на сопствен трошок снимила албум со оригинални песни. Албумот бил понуден на многу издавачки куќи, но само Атик рекордс од Канада им дала понуда.[2] Затоа, иако биле со седиште во Англија, првиот албум на Katrina and the Waves, Walking on Sunshine, бил издаден само во Канада.[1] Албумот привлекол доволно внимание од критиката и често бил пуштан на радио за да заслужи канадска турнеја. Во 1984 година, групата во Канада го издала албумот Katrina and the Waves 2, а Лесканич ги пеела сите песни од албумот. Откако групата со нивните песни и долгите турнеи стекнала база на обожаватели, почнал да се зголемува интересот за групата од другите издавачки куќи. Во 1985 година Katrina and the Waves потпишале меѓународен договор со Capitol Records.
Албумот Katrina and the Waves имал исклучителен критички и комерцијален успех, а групата имала светски хит со песната „Walking on Sunshine“ (целосно преснимена и значително преуредена верзија на песната во споредба со нејзиното почетно издание од 1983 година). Групата била номинирана за Греми награда за најдобар нов изведувач.
Сепак, следените албуми на групата: Waves (1986) и Break of Hearts (1989) не биле ни приближно успешни, а групата во 1989 година уште еднаш била исфрлена од издавачката куќа.
Во текот на 1990-тите, Katrina and the Waves редовно снимале нови песни, но повеќето изданија биле достапни само во континентална Европа и/или Канада.
На 3 мај 1997 година, групата победила на Изборот за песна на Евровизија каде што го претставувала Обединетото Кралство со песната „Love Shine a Light“.[1] Песната победила со тогашна рекордна разлика од 70 поени пред ирскиот вицешампион.[3]
И покрај новостекнатата популарност во Обединетото Кралство, Katrina and the Waves не успеале да исфрлат уште еден хит „Love Shine a Light“, а по неколку несогласувања во групата Лесканич ја напуштила групата во 1998 година.[1] Иако Waves се обиделе да најдат нова „Катрина“ која ќе ја предводи групата, тројцата преостанати членови од групата во 1999 година одлучиле да ја распуштат групата и да продолжат со соло-кариери.
Членови
уреди- Катрина Лесканич – пејачка, ритам-гитара
- Кимберли Рју – главна гитара
- Винс де ла Круз – бас-гитара
- Алекс Купер – тапани
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- Shock Horror (1983) (како The Waves)
- Walking on Sunshine (1983)
- Katrina and the Waves 2 (1984)
- Katrina and the Waves (1985)
- Waves (1986)
- Break of Hearts (1989)
- Pet The Tiger (1991)
- Edge of the Land (1993)
- Turnaround (1994)
- Walk on Water (1997)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Colin Larkin, уред. (2003). The Virgin Encyclopedia of Eighties Music (Third. изд.). Virgin Books. стр. 288. ISBN 1-85227-969-9. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Larkin80“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Robin Schwartz (July 1985). How a postman, dishwasher, mortician, and a bowling-ball-hole-driller became Katrina and the Waves. Spin. стр. 12. Посетено на 2010-08-22.
- ↑ O'Connor, John Kennedy. The Eurovision Song Contest –The Official History. Carlton Books, UK. 2007 ISBN 978-1-84442-994-3