Garbage
Garbage ― американска рок група основана во 1993 година во градот Медисон.[1] Членови на групата се Шкотланѓанката Ширли Менсон (вокал) и американските музичари Дјук Ериксон (гитара, бас, клавијатури), Стив Маркер (гитара, клавијатури) и Буч Виг (тапани, продукција). Сите четворица членови учествуваат во процесот на пишување песни и продукција. Garbage има продадено преку 17 милиони албуми ширум светот.[2]
Garbage | |
---|---|
Garbage настапува на Звукот на 007 во Ројал Алберт Хол, октомври 2022 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Медисон (Висконсин), САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | garbage.com |
Членови | |
|
Првиот албум на групата (Garbage) бил објавен во 1995 година, а по неговото објавување добил позитивни оценки од критиката. Албумот се продал во преку четири милиони копии. По објавувањето на албумот групата во 1995 и 1996 година издала уште поуспешни синглови, меѓу кои и „Stupid Girl“ и „Only Happy When It Rains“.[3][4] Вториот албум Version 2.0, го објавиле во 1998 година по едногодишна продукција. Албумот бил подеднакво успешен, се нашол на врвот на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство и добил две номинации за награда Греми. По овој албум, групата Garbage учествувала во копродукцијата и ја извеле тематската песна од деветнаесеттиот филм за Џејмс Бонд „Светот не е доволен“ (1999).[5]
Третиот албум на Garbage, Beautiful Garbage, исто така бил позитивно оценет од критиката,[6] но не се продавал толку добро како нивните два претходни албума. Garbage тивко се распаднала сред проблематичната продукција на нивниот четврти албум Bleed Like Me, но подоцна членовите се обединиле за да го завршат албумот, кој бил издаден во 2005 година и се искачил на четвртото место во САД (највисоко место за оваа група).[7] Групата ја прекинала својата концертна турнеја Bleed Like Me и објавиле пауза на неодредено време,[8] нагласувајќи дека не се распаднале, туку дека сакаат да остварат пооделни интереси.[9] Нивната пауза била накратко прекината во 2007 година, кога групата снимила нови песни за нивниот албум со најголеми хитови - Absolute Garbage.[10] Групата повторно се обединила во 2011 година,[11] и во 2012 година го објавила албумот Not Your Kind of People. Следниот албум, Strange Little Birds, го објавиле во 2016 година, а седмиот студиски албум, No Gods No Masters, бил објавен во 2021 година.[12]
Музички стил
уредиМузичкиот стил на Garbage се опишува како алтернативен рок,[13][14][15] електронски рок,[16][17] електропоп,[18][19] трип хоп,[13] пост-гранџ,[20] индустриски рок,[21] денс-рок,[22] и хард рок.[23] Членовите на Garbage се труделе да направат лесни поп песни со примеси од различни жанрови, а Стив Маркер рекол дека групата се трудела да „да ја направи поп музиката да звучи што е можно поужасно“.[24] Линдзи Золад од Pitchfork забележала дека групата Garbage доминирала во славните денови на алтернативниот рок „најверојатно затоа што нивниот звук беше макотрпен спој на речиси сè што се пуштало во етерот: електроника, панк, индустриски рок, гранџ и повремено трип-хоп“.[25] Исто така, Vice напишал дека од нивниот уникатен микс на стилови како трип-хоп, гранџ, рок, техно и шугејз, Garbage во потрагата по „еден вид перверзна убавина... направил еден вид нелагодна оригиналност“.[26]
Инспирација за Garbage биле: The Velvet Underground, Iggy & The Stooges, T. Rex, Roxy Music, The Pretenders,[27] Siouxsie and the Banshees,[27][28] Blondie, Cocteau Twins,[29][30][31] Пети Смит,[27] The Smashing Pumpkins и Дејвид Боуви.[27]
Членови
уреди- Ширли Менсон – вокал, гитара, клавијатури
- Дјук Ериксон – гитара, бас, клавијатури, придружни вокали
- Стив Маркер – гитара, бас, клавијатури, придружни вокали
- Буч Виг – тапани, перкусии, клавијатури, придружни вокали
Награди и номинации
уредиGarbage имала педесет и седум номинации, и освоила петнаесет награди. Garbage, покрај другите, била номинирана и за наградите Греми и BRIT наградите.
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Garbage (1995)
- Version 2.0 (1998)
- Beautiful Garbage (2001)
- Bleed Like Me (2005)
- Not Your Kind of People (2012)
- Strange Little Birds (2016)
- No Gods No Masters (2021)
Наводи
уреди- ↑ Garbage.
- ↑ Baltin, Steve. „Garbage Might Be The Coolest Band In Rock“. Forbes. Посетено на 2019-05-07.
- ↑ Mushroom Records (30 март 1998). "Version 2.0 press release". Соопштение за печат.
- ↑ Freydkin, Donna. „Getting dirty with Garbage“. CNN. Посетено на 24 June 2014.
- ↑ Mushroom Records (27 јули 2001). "Beautiful Garbage press release". Соопштение за печат.
- ↑ Breaking Up the Girl, Hits trade ad
- ↑ Murphy, Peter S. (2008). Absolute Garbage biography.
- ↑ „Shirley Manson On Garbage Hiatus: 'I'm Burnt, I'm Done, I'm Toast' says singer“. MTV.com. Архивирано од изворникот на 2012-08-29. Посетено на 24 February 2008.
- ↑ „Dear worried and confused“. Garbage.com. Архивирано од изворникот на February 10, 2008. Посетено на 24 February 2008.
- ↑ „Garbage End Sabbatical for Benefit Show“. Music.AOL.com. Архивирано од изворникот на October 22, 2007. Посетено на 24 February 2008.
- ↑ „Garbage announce London comeback show and festival appearances“. NME. 30 January 2012.
- ↑ Brown, Paul 'Browny' (2021-04-01). „A Whole Lotta Good Garbage Got Announced This Week“. Wall of Sound. Посетено на 2021-05-25.
- ↑ 13,0 13,1 Henry, Dusty (September 20, 2015). „Garbage – Garbage (20th Anniversary Edition)“. Consequence. Посетено на October 29, 2017.
- ↑ Tady, Scott (June 30, 2022). „Review: Alt-rockers Garbage grace McKees Rocks stage“. The Beaver County Times. Посетено на March 5, 2023.
- ↑ „Hear Garbage's Shirley Manson Go Grindcore on New HIRS Song)“. Revolver. November 2, 2022. Посетено на March 5, 2023.
- ↑ Cinquemani, Sal (March 17, 2005). „Review: Garbage, Bleed Like Me“. Slant Magazine. Посетено на March 5, 2023.
- ↑ McLean, Craig (April 29, 2012). „Shirley Manson interview: Breaking up the garbage girl“. The Guardian. Посетено на March 5, 2023.
- ↑ Yeung, Neil Z. „Garbage AllMusic Bio“. AllMusic. Посетено на March 5, 2023.
- ↑ Kaufman, Gil (April 24, 1998). „Garbage Upgrades Electro-Pop On 'Version 2.0'“. MTV. Архивирано од изворникот на 2023-03-06. Посетено на March 5, 2023.
- ↑ Quick, Quentin (July 3, 2017). „Shirley Manson Does Not Think Garbage is a Grunge Band“. SF Weekly. Посетено на November 6, 2017.
- ↑ Harrington, Richard (October 24, 1998). „Fresh Garbage“. The Washington Post. Посетено на July 9, 2017.
- ↑ Harrington, Richard (May 29, 1998). „Garbage At 9:30, Curbing Nothing“. The Washington Post. Посетено на March 5, 2023.
- ↑ Pareles, Jon (May 23, 2012). „Exposing Multiple Personae, All Defiant“. The New York Times. Посетено на March 5, 2023.
- ↑ „Garbage Interview“. Volume (12). 1 November 1994. Архивирано од изворникот на October 14, 1999. Посетено на 24 February 2008.
- ↑ Zoladz, Lindsay. „Garbage: Not Your Kind of People“. Pitchfork.
Garbage reigned in the late-period glory days of alternative-rock radio, probably because their sound was a hectic amalgamation of almost everything that mingled on the format's airwaves: electronica, punk, industrial rock, grunge, and the occasional trip-hop
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 27,0 27,1 27,2 27,3 Dave Simpson. „Rebellious Jukebox“. Melody Maker (28 March 1998).
- ↑ Shirley Manson (foreword) and Mark Paytress (2003). Siouxsie & the Banshees: The Authorised Biography. Sanctuary. стр. 27. ISBN 1-86074-375-7.
- ↑ „Shirley Manson“. Ladygunn. October 12, 2012. Посетено на 2014-04-18.
- ↑ „Shirley Manson: 'The new Garbage record is inspired by David Bowie, Siouxsie Sioux, Cocteau Twins' | News“. NME. 2012-04-03. Посетено на 2014-04-18.
- ↑ „Guest Selector: Shirley Manson“. The Skinny. 2012-06-29. Посетено на 2014-04-18.
Извори
уреди- Buckley, Peter (2003). The Rough guide to rock : the definitive guide to more than 1200 artists and bands. Rough Guides. ISBN 1843531054.
- Simpson, Paul (2003). The Rough Guide to Cult Pop: The Songs - The Artists - The Genres - The Dubious Fashions. Rough Guides. ISBN 1843532298.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Garbage на Семрежната филмска база на податоци (англиски)