Бил Витерс

американски музичар (1938-2020)

Вилијам (Бил) Харисон Витерс Џуниор (анг: William Harrison Withers Jr.; 4 јули 1938 - 30 март 2020) ― американски пејач и текстописец. Во текот на неговата музичка кариера која траела 18 години, имал неколку големи хитови како: „<i>Ain't No Sunshine</i>“ (1971), „Grandma's Hands“ (1971), „Use Me“ (1972), „Lean on Me“ (1972), „Lovely Day“ (1977) и „Just the Two of Us“ (1981). Витерс освоил три Греми награди и бил номиниран за уште шест други.

Бил Витерс
Бил Витерс во 1976
Животописни податоци
Родено имеВилијам Харисон Витерс Џуниор
Роден(а)јули 4, 1938(1938-07-04)
Слаб Форк, Западна Вирџинија, САД
Починал(а)март 30, 2020(2020-03-30) (возр. 81)
Лос Анџелес, САД
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • музичар
  • музички продуцент
Инструменти
  • Вокал
  • гитара
  • клавијатури
Период на активност1967–1985
Издавачи
Мреж. местоbillwithers.com

Неговиот живот бил прикажан во документарниот филм Still Bill од 2009 година.[2] Витерс беше примен во Куќата на славата на текстописците во 2005 година и во Куќата на славата на рокенролот во 2015 година.[3][4] Две неговите песни биле примени во Гремиевата Куќа на славата.[5]

Раниот живот

уреди

Вилијам Харисон Витерс Џуниор, најмало од шесте деца на неговите родители, е роден на 4 јули 1938 година во гратчето Слаб Форк, Западна Вирџинија.[6][7] Тој имал вродено пелтечење, а подоцна изјавил дека му било тешко да се вклопи во околината.[8] Неговите родители се развеле на негови три години, а одгледан бил од семејството на неговата мајка во Бекли, Западна Вирџинија.[9] Кога имал 13 години починал татко му.[8] На 17-годишна возраст, Витерс се пријавил во морнарицата на САД,[10] и таму останал девет години, а во тоа време се заинтересирал за пеење и пишување песни.[11]

Кариера

уреди

Во 1965 година ја напуштил морнарицата, а во 1967 година се преселил во Лос Анџелес, да започне музичка кариера.[8][10] Прв негов музички запис бил „Three Nights and a Morning“ во 1967 година. Песната во тоа време била незабележана, но подоцна Витерс ја преработил во песната „Харлем“.[12]

Витерс работел како монтер за неколку различни компании, како Даглас Еркрафт Корпорејшн, IBM и Форд,[13] а со парите кои ги заработувал снимал демо ленти, купувал плочи и исто така настапувал во ноќни клубови. Кога неговата песната „Ain't No Sunshine“ во 1971 станала хит, тој нејќел да даде отказ од работата зошто сметал дека музичкиот бизнис е променлива индустрија.[8]

Музичка кариера

уреди

Витерс продолжил да ја усовршува својата музика, и научил да свири гитара.[13]

Sussex Records

уреди
 
Витерс на реклама за „Just as I Am“, 1971 г.

На почетокот од 1970 година, неговата демо лента била одобрена од Кларенс Авант, сопственик на Sussex Records. Витерс потпишал договор со Авент, а негов прв продуцент бил Букер Т. Џонс, кој претходно работел со Stax Records.[8] За албумот биле предвидени четири тричасовни сесии за снимање, но од финансиски причини албумот бил снимен во три сесии со шестмесечна пауза помеѓу втората и третата сесија. Албумот Just as I Am бил објавен во 1971 година, а на него се нашле и песните „Ain't No Sunshine“ и „Grandma's Hands“. На албумот гитара свирел Стивен Стилс.[14] На насловната страница на албумот, Витерс е прикажан на неговото работно место во Weber Aircraft во Бурбанк, Калифорнија, како ја држи својата торба за ручек.[7]

Албумот бил успешен, а Витерс започнал турнеја со група составена од членови на Watts 103rd Street Rhythm Band.[15] На 14-тото доделување на Греми наградите, одржано на 14 март 1972 година, за Ain't No Sunshine Бил Витерс ја освоил наградата „Најдобра R&B песна“. Оваа песна се продала во над 1 милион примероци и во септември 1971 година добила златен диск од RIAA.[16]

За време на паузата помеѓу концертните турнеи, Витерс го снимил својот втор албум Still Bill. Песната Lean on Me на 8 јули 1972 година се искачила на прво место на топ листата. Ова била втора „златна“ песна за Бил со продадени преку 3 милиони примероци.[16] Следната песна, Use Me, објавена во август 1972 година, исто така ја надминала границата од милион продадени примероци. Неговиот настап во Карнеги Хол од 6 октомври 1972 година бил снимен и на 30 ноември 1972 година бил издаден како албум во живо под наслов Bill Withers, Live at Carnegie Hall. Во 1974 година, Витерс го снимил албумот +'Justments , но поради судски спор со Sussex одредено време потоа не можел да снима.[17]

Во овој период, напишал и продуцирал две песни за албумот од Gladys Knight &amp; Pips, а во октомври 1974 година настапил на заеднички концерт со Џејмс Браун, Ета Џејмс и ББ Кинг во Заир, четири недели пред историскиот боксерски меч меѓу Џорџ Форман и Мухамед Али.[18] Снимката од изведбата беше вклучена во документарниот филм When We Were Kings (1996), а Витерс може да се слушне на саундтракот. И во документарниот филм Soul Power (2008) има снимки од концертот во Заир од 1974 година.[19]

Columbia Records

уреди

По распаѓањето на Sussex Records, Витерс во 1975 година потпишал договор со Columbia Records.[13] На неговата прва плоча за неговата нова компанија, насловена Making Music, се наоѓала и песната She's Lonely, која била прикажан во филмот Looking for Mr. Goodbar. Во текот на следните три години, секоја година издавал по еден албум: Naked &amp; Warm (1976), Menagerie (1977; кој ја содржи успешната песна „Lovely Day“) и „Bout Love (1978).[20]

Поради проблемите кои ги имал со Columbia и неможејќи да добие одобрение за песни за неговиот албум, тој одлучил од 1977 до 1985 година да се насочи на заеднички проекти, каква што е „Just the Two of Us“, со џез-саксофонистот Гровер Вашингтон Џуниор, објавена во текот на јуни 1980.[21] Песната ја освоила наградата Греми за најдобра R&amp;B песна.[22] Витерс потоа заедно со the Crusaders ја објавил „Soul Shadows“, а со Ралф Мекдоналд песната „In the Name of Love“,[23] која била номинирана за Греми за вокална изведба.[22]

Во 1982 година, Витерс се појавил на албумот Dreams in Stone од францускиот пејач Мишел Берже. На оваа плоча имало и една композиција ко-напишана и испеана од Витерс,[24] диско песна за Њујорк под наслов „Apple Pie“.[25]

Во 1985 година го објавил албумот Watching You, Watching Me, на кој била и R&B песната Oh Yeah! која се пласирала на топ-40. Со овој албум завршил деловниот однос на Витерс со Columbia Records. Витерс во неговите интервјуа изјавил дека многу песни кои биле одобрени за албумот, биле истите песни кои биле отфрлени во 1982 година, со што тие значително придонеле за осумгодишната пауза помеѓу албумите.[21] Витерс, исто така, изјавил дека е фрустрирачки кога неговата издавачка куќа издава албум од Mr. T, кој е глумец, а истовремено спречуваат вистински пејач да објави свој. Во 1985 г. тргнал на турнеја со Џенифер Холидеј за да го промовира (она што ќе се покаже како) неговиот последен студиски албум.[21]

Кариера по Columbia

уреди

На 30-тото доделување на Греми наградите во 1988 година, Витерс како текстописец освоил Греми за најдобра ритам и блуз песна за препевот на „Lean on Me“ од Club Nouveau. Ова била деветта номинација за Греми и трета награда Витерс.[10] По реиздавањето на Still Bill на 28 јануари 2003 година и Just As I Am на 8 март 2005 година, имало шпекулации за издавање на претходно необјавен материјал како нов албум.[26] Во 2006 година, Sony Music му ги вратила претходно необјавените ленти на Витерс.[27] Во 2007 година, „Lean on Me“ била примена во Гремиевата Куќа на славата.[28]

На 56-тото доделување на Греми наградите во 2014 година, Bill Withers: The Complete Sussex & Columbia Albums Collection, колекција од девет дискови со осум студиски албуми од Витерс, заедно со неговиот албум во живо, Live at Carnegie Hall, ја добил наградата Греми за најдобар историски албум. (наградата ја дели со Charlie Is My Darling од Rolling Stones). Наградата им била доделена на Лео Сакс, кој ја продуцирал колекцијата, и аранжерите Марк Вајлдер, Џозеф М. Палмачо и Том Раф.[29]

 
Витерс во Куќата на славата на рокенролот во 2015 година

Во 2005 година, Витерс бил примен во Куќата на славата на текстописците.[10] Во април 2015 година, бил примен во Куќата на славата на рокенролот од Стиви Вондер.[8][30] Подоцна истата година, во негова чест се одржал концерт во Карнеги Хол на кој настапиле Алое Блак, Ед Ширан, д-р Џон, Мајкл Мекдоналд и Ентони Хамилтон.Витерс присуствувал и кратко зборувал на сцената.[31][32]

Витерс починал на 30 март 2020 година од срцеви компликации во Лос Анџелес, на 81-годишна возраст; неговото семејство ја објавило неговата смрт четири дена подоцна.[33][34] Погребан е во Меморијалниот парк Forest Lawn.[35]

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • Just as I Am (1971)
  • Still Bill (1972)
  • +'Justments (1974)
  • Making Music (1975)
  • Naked & Warm (1976)
  • Menagerie (1977)
  • 'Bout Love (1978)
  • Watching You, Watching Me (1985)
Албуми во живо
  • Live at Carnegie Hall (1973)
Компилациски албуми
  • The Best of Bill Withers (1975)
  • The Best of Bill Withers (1980)
  • Bill Withers' Greatest Hits (1981)
  • Lean on Me: The Best of Bill Withers (1994)
  • The Best of Bill Withers: Lean on Me (2000)
  • The Ultimate Bill Withers Collection (2000)
  • Lovely Day: The Very Best of Bill Withers (2005)
  • Ain't No Sunshine: The Best of Bill Withers (2008)
  • Playlist: The Very Best of Bill Withers (2009)
  • The Essential Bill Withers (2013)

Признанија

уреди

Греми награди

уреди

 

Почести

уреди
  • 2005: Примен во Куќата на славата на текстописците [36]
  • 2006: ASCAP Rhythm & Soul Heritage награда [37]
  • 2007: Примен во Музичката куќа на славата во Западна Вирџинија [38]
  • 2015: Примен во Куќата на славата на рокенролот [39]
  • 2017: Почесна диплома од Универзитетот во Западна Вирџинија [40]

Наводи

уреди
  1. Bill Withers soul music BBC. Retrieved 09 December 2021
  2. Hale, Mike (January 26, 2010). „Still Bill (2009) A Singer Who Stopped His Showing Off“. The New York Times.
  3. Празен навод (help)
  4. Genzlinger, Neil; Taylor, Derrick Bryson (April 3, 2020). „Bill Withers, Who Sang 'Lean on Me' and 'Ain't No Sunshine,' Dies at 81“. The New York Times. Посетено на April 3, 2020.
  5. Празен навод (help)
  6. „Bill Withers - Biography & History -“. AllMusic. Посетено на July 13, 2018.
  7. 7,0 7,1 Sisario, Ben (September 18, 2015). „Bill Withers: Still Himself, but He'll Allow the Attention“. The New York Times.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Празен навод (help)
  9. 'Lean On Me,' 'Lovely Day' singer Bill Withers dies at 81“. fox19.com. April 30, 2020. Посетено на May 20, 2020.[мртва врска]
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Kennedy, Mark (April 3, 2020). 'Lean On Me,' 'Lovely Day' singer Bill Withers dies at 81“. apnews.com. Associated Press.
  11. „Bill Withers interview“. The Daily Telegraph. London. August 10, 2010. Архивирано од изворникот на January 11, 2022. Посетено на August 26, 2015.
  12. Gorman, David. „The Lost Bill Withers Go-Go Soul Freakout You Need To Hear“. Trunkworthy.com. Посетено на 26 October 2020.
  13. 13,0 13,1 13,2 . London. Отсутно или празно |title= (help)
  14. Празен навод (help)
  15. The Mojo Collection: 4th Edition. Canongate Books. 2007. стр. 244. ISBN 978-1-84767-643-6.
  16. 16,0 16,1 Murrells, Joseph (1974). The Book of Golden Discs (2. изд.). London: Barrie and Jenkins. стр. 306 & 322. ISBN 0-214-20512-6.
  17. Contemporary Musicians. Gale Research, Incorporated. 2006. стр. 212. ISBN 978-0-7876-8067-1.
  18. „Bill Withers' web site“. Billwithersmusic.com. July 8, 1972. Архивирано од изворникот на August 29, 2011. Посетено на January 12, 2011.
  19. James, David E. (2017). Rock 'n' Film: Cinema's Dance with Popular Music. Oxford: Oxford University Press. стр. 445. ISBN 978-0-19-084201-7 – преку Google Books.
  20. „Bill Withers“. Discogs. Посетено на April 3, 2020.
  21. 21,0 21,1 21,2 „Bill Withers, 'Lean On Me' Attitude Back The 47-year-old Singer, Whose Style And Delivery Fall Somewhere Between Lou Rawls And Marvin Gaye, Has Released A New Album And Embarked On A Concert Tour“. sun-sentinel.com. October 27, 1985. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на August 26, 2015.
  22. 22,0 22,1 „Bill Withers“. grammy.com (англиски). November 19, 2019.
  23. „Bill Withers“. Discogs.com (англиски). Посетено на April 3, 2020.
  24. „Michel Berger - Dreams In Stone (Vinyl, LP, Album)“. Discogs.com. Посетено на August 26, 2015.
  25. Steffen Hung. „Michel Berger - Apple Pie“. lescharts.com. Посетено на August 26, 2015.
  26. Mitchell, Gail (October 14, 2005). "Withers In No Hurry To Make New Album". Billboard.
  27. Празен навод (help)
  28. „GRAMMY Hall Of Fame“. GRAMMY.com. October 18, 2010. Посетено на April 3, 2020.
  29. Празен навод (help)
  30. Smith, Troy L. (April 19, 2015). „Bill Withers, Stevie Wonder charm during their 2015 Rock and Roll Hall of Fame speeches“. The Plain Dealer. Посетено на October 1, 2015.
  31. Sisario, Ben (August 3, 2015). „A Tribute to Bill Withers at Carnegie Hall“. The New York Times.
  32. Pareles, Jon (October 2, 2015). „Review: A Bill Withers Tribute With His Soul Disciples“. The New York Times.
  33. „Lean On Me singer Bill Withers dies at 81“. BBC News. April 4, 2020. Архивирано од изворникот на April 3, 2020.; „Bill Withers, 'Lean On Me,' 'Ain't No Sunshine' singer, dies at 81“. WSOC-TV.
  34. Genzlinger, Neil (2020-04-03). „Bill Withers, Who Sang 'Lean on Me' and 'Ain't No Sunshine,' Dies at 81“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на 2020-12-08. Посетено на 2021-08-12.
  35. „Bill Withers Died of Cardiopulmonary Arrest, Underlying Heart and Lung Issues“. TMZ.com. April 28, 2020.
  36. „Bill Withers“. songhall.org. Songwriters Hall of Fame. Посетено на November 17, 2020.
  37. „LL Cool J, Bill Withers to Be Honored“. sfgate.com. Associated Press. June 2, 2006. Архивирано од изворникот на February 14, 2008. Посетено на July 2, 2020.
  38. Morris, Edward (November 12, 2007). „Little Jimmy Dickens Joins West Virginia Music Hall of Fame“. CMT.com. Country Music Television. Посетено на November 17, 2020.
  39. Sisario, Ben (December 16, 2014). „Lou Reed, Green Day and Bill Withers to Join Rock Hall of Fame“. The New York Times.
  40. „May 2017 CCA Commencement“. WVU.edu. College of Creative Arts, West Virginia University. May 8, 2017. Посетено на April 3, 2020.

Надворешни врски

уреди