Нора Џонс (англиски: Norah Jones; родена на 30 март 1979 во Бруклин, САД) е американска пејачка.[1]

Нора Џонс
Џонс на Канскиот филмски фестивал (2007)
Животописни податоци
Роден(а)30 март 1979 год.
Бруклин (Њујорк), САД
ПотеклоДентон (Тексас), САД
ЖанровиЏез, кантри, поп
ЗанимањаМузичар, текстописец, композитор
ИнструментиВокал, пијано
Период на активност2001 - сѐ уште
ИздавачиBlue Note Records
СоработнициThe Little Willies, Foo Fighters, Дејв Грол, Реј Чарлс, Вили Нилсон
Мреж. местоnorahjones.com

Соло кариерата ја започнала во 2002 година со издавањето на нејзиниот деби албум Come Away with Me. Таа плоча била совршен спој на џез, кантри и поп-музика, што на пејачката и донела пет Греми награди следната година.[2] Албумот се продал во 11 милиони примероци во САД и 26 милиони ширум светот.[3] До ден денес, пејачката има објавено пет студиски албуми, сите наградени со платинести уверенија за милионски тираж.[4] Сите нејзини студиски дискови добиле поволни оценки и рецензии од страна на музичките експерти.[5]

Во досегашната кариера, Џонс има освоено девет Греми признанија, а нејзините музички изданија се продале во 50 милиони копии на светско ниво.

Дискографија

уреди
Албум Година
Come Away with Me 2002
Feels Like Home 2004
Not Too Late 2007
The Fall 2009
Little Broken Hearts 2012

Наводи

уреди
  1. Dilworth, Thomas J. (6 јули 2007). „What's Next for Norah Jones?“. ABC News. Посетено на 19 ноември 2009. Shankar officially changed her name to Norah Jones when she was 16, and has been using it ever since.
  2. „CNN.com – Norah Jones sweeps Grammy Awards – Mar. 10, 2003“. Edition.cnn.com. 2003-02-28. Архивирано од изворникот на 2012-10-25. Посетено на 2010-08-19.
  3. Brown, Helen (2012-04-27). „Norah Jones, Little Broken Hearts, CD review“. The Telegraph. Посетено на 2012-07-30. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  4. „Gold & Platinum – 19 август 2010“. RIAA. Посетено на 2010-08-19.
  5. „Come Away With Me Reviews, Ratings, Credits, and More at Metacritic“. Metacritic.com. 2002-02-26. Архивирано од изворникот на 2012-06-26. Посетено на 2010-08-19.

Надворешни врски

уреди