Росалија
Росалија Вила Тобеља (шпански: Rosalia Vila Tobella; родена на 25 септември 1992 година), естрадно позната како Росалија ― шпанска пејачка.[1][2] Се смета за „нетипична поп-ѕвезда“ поради различните музички стилови кои ги пее.[3] Во нејзините песни комбинира традиционално фламенко со модерни жанрови како поп, регетон, хип-хоп и електронска музика. Заслужна е за популаризација на музичкиот жанр „ново фламенко“ во Шпанија и во светски рамки, притоа „претворајќи ја мачната музика од Андалузија во светски феномен“.[4]
Росалија | |
---|---|
Росалија во 2023 година | |
Роден(а) | Росалија Вила Тобеља 25 септември 1992 Барбера дел Ваљес, Каталонија, Шпанија |
Алма матер | Виша музичка школа на Каталонија |
Занимање |
|
Активен период | 2013–денес Музичка кариера |
Потекло | Sant Esteve Sesrovires, Baix Llobregat, Catalonia, Spain |
Жанрови |
|
Издавачи | |
Потпис | |
Страница rosalia.com |
Росалија се смета за една од најуспешните и највлијателните шпански пејачки на сите времиња.[5][6] Во текот на нејзината кариера единаесет пати се искачила на врвот на шпанската топ-листа за синглови што е рекорд за шпански музичар. Освоила многу музички награди и била прв изведувач на песни на шпански јазик номиниран за Греми за најдобар нов изведувач.[7]
Живот и кариера
уреди1992–2016: Рани години и почетоци на кариерата
уредиРосалија Вила Тобела е родена на 25 септември 1992 година во Барбера дел Ваљес, Каталонија.[8] Во семејството се зборувало каталонски јазик. Нејзините родители се развеле во 2019 година.[9] Со музика се занимавала од седумгодишна возраст, а професионалното музичко образование го започнала во Taller de Músics во Барселона.[10] Откако завршила шестгодишен курс на академијата, почнала да следи настава во училиштето Равал, но поради високите оценки и многубројните препораки, се преселила во Вишата музичка школа на Каталонија за да ги доврши студиите.[11]
Го засакала фламенкото на тринаесет годишна возраст кога нејзините другари свиреле песни од Камарон де ла Исла додека се состанувале во парк после училиште.[12] Росалија започна да настапува во таблао (места каде се изведува фламенко) во 2007 година и постепено станувала добро позната фламенко-пејачка во Барселона. Во 2012 година, станала пејачка во фламенко-групата Kejaleo.[13] Тие издале албум, Alaire, во 2013 година. Додека настапувала на каталонската фламенко-сцена, се запознала со месниот музичар Хозе Мигел Вискаја познат под името „Ел Чики де ла Линеа“, кој ѝ предложил да студира музика [14] [15] „Ел Чики“ бил нејзин учител во следните осум години, додека Росалија студирала фламенко пеење на Вишата музичка школа на Каталонија (каталонски: Escola Superior de Música de Catalunya, ESMUC).[16] ESMUC прифаќа само еден студент од оваа дисциплина годишно, а Росалија била избрана во 2014 година.[17] Росалија го опишала „Ел Чики“ како централна фигура во нејзината кариера, кој ја охрабрил да го истражува жанрот.[18]
Во меѓувреме, работела како гостин-музичар и воведен изведувач за различни музичари, вклучувајќи ги Чикуело, Енрик Паломар, La Fura dels Baus, Мигел Поведа и Росио Маркез, настапувајќи низ Германија, Сингапур и Панама и учествувала на настани организирани од Primavera Sound и Здружението на професионалци во изведувачки уметности во 2015 година.[19][20]
2016–2017: Издавање на првиот студиски албум
уредиВо 2016 година Росалија потпишала договор со Universal Music и се преселила во Калифорнија.[21] На 10 февруари 2017 година го издала албумот Los Ángeles.[22] Албумот бил заснован на фламенко и содржел преработки на класични фламенко-песни. Los Ángeles бил концептуален албум во кој централна тема била смртта.[23][24] Росалија била номинирана за најдобар нов изведувач на 18-тите Латино Греми награди. Албумот ја освоил наградата „Албум на годината“ на Time Out наградите и Premio Ruido, меѓу другите.[25] Во 2017 година, RTVE стапиле во контакт со Росалија за да учествува во предизборот за претставување на Шпанија на Изборот за песна на Евровизија во 2017 година, но таа ги одбила поради конфликти во распоредот.[26][27]
2018–2020: Издавање на албумот El mal querer и меѓународен успех
уредиВо мај 2018 година, Росалија го издала водечкиот сингл од нејзиниот втор албум, „Malamente“. Синглот го привлекол вниманието на меѓународно познати личности како Кортни Кардашијан и Дуа Липа и многу музички критичари.[28][29] Песната била номинирана за пет Латино Греми награди, а освоила две: за најдобра алтернативна песна и за најдобра урбана фузија/изведба. Следниот сингл, „Pienso en tu mirá“, бил објавен во јули. Песната била номинирана за најдобра поп-песна на Латино Греми наградите во 2019 година. Со третиот сингл, „Di mi nombre“, објавен три дена пред издавањето на албумот, Росалија за прв пат се искачила на прво место на топ-листата во Шпанија.[30]
Албумот El mal querer бил објавен на 2 ноември 2018 година и дебитирал на второ место на шпанската топ-листа PROMUSICAE. Претставен како експериментален и концептуален, албумот бил заснован врз токсичната врска опишана во анонимниот окситански роман од 13 век, Flamenca.[31] Албумот добил претежно високи оценки од музичките критичари.[32] El mal querer бил ставен во над дваесет списоци на албуми за крајот на годината и крајот на деценијата од публикации како: Pitchfork, Billboard и The Guardian.[33][34] Ролинг Стоун го ставил на 315 место на нивниот список од 500 најдобри албуми на сите времиња, со што бил највисоко пласиран албум на шпански јазик на списокот.[35][36] El mal querer подоцна бил номиниран за неколку награди, вклучувајќи: четири Латино Греми, Латино <i id="mwAUQ">Билборд</i> награда, Латиноамериканска музичка награда и Музичка награда LOS40. Добитник бил на Латино Греми награди за албум на годината, најдобар современ поп вокален албум, најдобро аранжиран албум и најдобра пакет-снимка. Добитник бил и на Греми награда за најдобар латино-рок, урбан или алтернативен албум.[37]
Во 2019 година Росалија глумела во филмот од Педро Алмодовар „Болка и слава“.[38][39] Во март 2019 година, Росалија ја започнала нејзината прва светска концертна турнеја, под името El Mal Querer, при што одржала концерти во Јужна Америка, Северна Америка, Европа и Африка.[40][41][42]
За време на турнејата, на 28 март 2019 година, Росалија објавила втора соработка со Балвин, „Con altura“. Песната се нашла на врвот на топ-листите во Аргентина, Колумбија, Доминиканска Република, Мексико, Венецуела и Шпанија. Спотот за песната станало најгледано музичко видео од пејачка на YouTube за 2019 година.[43][44] За песната „Con altura“ Росалија освоила две Видеомузички награди од MTV: за најдобро латино-видео и најдобра кореографија.[45] На Европските музички награди од MTV во 2019 година, Росалија ја освоила наградата за најдобра соработка, а истата година на Латино Греми наградите и наградата за најдобра урбана песна.[46] Песната досега е продадена во над седум милиони примероци.[47]
За песната „Aute Cuture“, објавена во мај 2019 година,[48] Росалија била номинирана за Латино-Греми за запоис на годината.[49] Росалија ја добила наградата „Ѕвезда во подем“ на наградите „Жени во музиката“ во организација на <i id="mwAaI">Билборд</i>.[50] Со изведбата на песната „Juro Que“ на 62-те Греми награди Росалија станала прва шпанска музичарка која настапила на церемонијата на доделување на наградите. Таа, исто така, станала прв шпански пејач во историјата номиниран за наградата „Најдобар нов изведувач“.[7] Музичкото видео за „TKN“ освоило Латино Греми награда за најдобро кратко музичко видео,[51] а било номинирано за најдобра режија на Берлинските музички видео награди.[52]
2020–2023: Соработки и албумот Motomami
уредиПоради пандемијата на КОВИД-19, Росалија се преселила во Мајами, каде што продолжила да работи на нејзиниот трет албум, а истовремено пеела повеќе песни во соработка со други музичари.[53][54][55] Била гостин-пејачка на песната од Сех, „Relación“, заедно со Деди Јенки, Фаруко и Џеј Балвин[56] и на песната „La Noche de Anoche“ од Bad Bunny.[57][58] Соработувала со Weeknd на ремиксот на песната „Blinding Lights“, а во јануари 2021 година со Били Ајлиш на песната „Lo Vas a Olvidar“.[59][60]
Албумот Motomami го издала на 18 март 2022 година преку Columbia Records. На албумот му претходеле три синглови и промотивните синглови „Hentai“ и „Candy“. Водечкиот сингл „La Fama“, во соработка со Weeknd, е експериментална бачата и забележал голем комерцијален успех. Во февруари 2022 година, Росалија го издала „Saoko“ како втор сингл од албумот.[61] Придружното музичко видео за песната, во режија на Валентин Пети, било снимено во Киев, претежно на мостот Подилски.[62] Видеото освоило видеомузичка награда од MTV за „Најдобра монтажа“. На 24 февруари, Росалија го издала „Chicken Teriyaki“ како трет сингл од албумот.[63]
По објавувањето, албумот Motomami добил совршена оценка од различни публикации, вклучувајќи ги: Телеграф, Индипендент и Варајати и добил четири или повеќе ѕвезди од Clash, Ролинг Стоун, Rockdelux, Гардијан итн. Албумот станал најдобро оценет и најдискутиран албум за 2022 година на Метакритик.[64] На Spotify, поставил рекорд за највисока деби-позиција за албум на шпански јазик од пејачка во историјата на платформата, со 16,3 милиони стримови во првиот ден.
Во јули 2022 година, Росалија ја започнала нејзината втора светска концертна турнеја, Motomami World Tour, со концерти во Европа, Јужна Америка и Северна Америка. Росалија подоцна учествувала во проекти од Ромео Сантос, Нињо де Елче и Wisin & Yandel.[65][66][67]
На 23-тото доделување на Латино Греми наградите во ноември 2022 година, Motomami победи во сите четири категории за кои бил номиниран: Албум на годината, Најдобар алтернативен музички албум, Најдобро аранжиран албум и Најдобра пакет-снимка. Росалија станала прва пејачка и шести изведувач севкупно кој двапати ја освоил наградата за албум на годината како главен изведувач.[68] Таа, исто така, била номинирана на 65. годишни награди Греми за најдобар латино-рок или алтернативен албум и најдобар музички филм.
Во 2023 година како дел од фестивалската турнеја, Росалија настапила на многу фестивали, вклучувајќи ги: Коачела, Лолапалооза и Примавера Саунд. На 24 март, издала мини-албум под наслов RR, во соработка со нејзиното тогашно момче, пејачот Рав Алехандро.
2024 – денес
уредиНа 16 август 2024 година, Росалија соработувала со тајландската раперка Лиса на синглот „New Woman“.[69] Песната дебитирала на 15-то место на Billboard Global 200[70] и на 97-то место на американскиот Billboard Hot100. [71]
Дискографија
уреди- Los Ángeles (2017)
- El mal querer (2018)
- Motomami (2022)
Филмографија
уредиФилм
уредигодина | Филм | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
2019 година | Болка и Слава | Розита | Камео |
Наводи
уреди- ↑ Villanueva, Marc (30 October 2018). „Rosalía, la estrella catalana del flamenco, preguntada tres veces por el procés“. En Blau (шпански). Архивирано од изворникот на 10 July 2019. Посетено на 10 April 2019.
- ↑ Cervantes, Xavier (13 February 2017). „Rosalía, una veu per al passat i el futur del flamenc“ [Rosalía, a Voice for the Past and the Future of Flamenco]. Ara (каталонски). Barcelona. Архивирано од изворникот на 16 February 2017. Посетено на 13 June 2018.
- ↑ Sayre, Anamaria (24 April 2022). „Rosalía is unafraid to pull from every corner of the world“. NPR (англиски). Архивирано од изворникот на 15 November 2022. Посетено на 2022-11-15.
- ↑ Parker, James (21 December 2019). „How Flamenco Went Pop“. The Atlantic (англиски). Архивирано од изворникот 1 September 2021. Посетено на 1 September 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Alonso, Guillermo (18 November 2019). „Why does Rosalía cause so much controversy?“. El Pais. Архивирано од изворникот на 6 February 2022. Посетено на 23 February 2022.
- ↑ 7,0 7,1 Brown, Tracy (20 November 2019). „Rosalía is the first Grammy best new artist nominee recognized for music in Spanish“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на 5 December 2019. Посетено на 5 January 2020.
- ↑ Álvarezdate=27 March 2022, Isra (17 March 2022). „De rechazada en 'Tú sí que vales' a artista internacional con 9 premios Grammy: así es Rosalía y su biografía“. 20minutos.es. Архивирано од изворникот на 6 April 2022. Посетено на 25 December 2022.
- ↑ Villanueva, Marc (8 July 2019). „Telecinco, miserable, asedia a Rosalía: "Enseñamos a su madre recién separada"“. En Blau (шпански). Архивирано од изворникот на 2 December 2019. Посетено на 7 November 2021.
- ↑ „El paso de Rosalía por 'Taller de músics'“. Crónica Global (шпански). 13 July 2019. Архивирано од изворникот 31 May 2022. Посетено на 30 November 2019 – преку YouTube.
- ↑ „Lluís Cabrera: 'Rosalía ha ocupat un buit'“. TV3 (каталонски). 15 November 2019. Архивирано од изворникот 25 March 2020. Посетено на 30 November 2019 – преку YouTube.
- ↑ Tamarit, Olga (7 August 2017). „Rosalía: "La primera vez que escuché a Camarón, me traspasó"“. Woman Madame Figaro (Spanish). Grupo Zeta. Архивирано од изворникот на 5 November 2018. Посетено на 4 November 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Rosalía y su ayer en el grupo Kejaleo“. Más vale ser punky que currar en una multi... (шпански). 13 May 2019. Архивирано од изворникот на 16 May 2019. Посетено на 26 September 2020.
- ↑ Sherburne, Philip (18 September 2018). „Get to Know Rosalía, the Spanish Singer Giving Flamenco's Age-Old Sound a Bracingly Modern Twist“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на 5 November 2018. Посетено на 4 November 2018.
- ↑ Yalcinkaya, Gunseli (2 November 2018). „Rosalía is the Catalan star reshaping the sound of global pop“. Dazed Digital. Архивирано од изворникот на 3 November 2018. Посетено на 4 November 2018.
- ↑ Herrero, Gabriel (26 March 2018). „Rosalía: "En mi casa lo más parecido que se escuchaba al flamenco era Estopa"“. La Vanguardia (Spanish). Архивирано од изворникот на 5 November 2018. Посетено на 4 November 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Serrano, Álex (30 October 2018). „Estos son los 10 nombre clave de la carrera de Rosalía“. Vanity Fair Spain (Spanish). Архивирано од изворникот на 5 November 2018. Посетено на 4 November 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Serrano, Nacho (28 February 2017). „Rosalía: "Mi primer contacto con el flamenco fue viendo Cine de Barrio con mi abuela"“. ABC (Spanish). Архивирано од изворникот на 4 November 2018. Посетено на 4 November 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Yuste, Javier (15 February 2017). „Rosalía y Refree, al flamenco por el punk“. El Cultural (Spanish). El Mundo. Архивирано од изворникот на 4 November 2018. Посетено на 4 November 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Ortega, Henar (19 October 2016). „Rosalía, la cantaora millenial que revoluciona el flamenco (y agota entradas)“. El País (Spanish). Архивирано од изворникот на 5 January 2019. Посетено на 4 November 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Jurek, Thom. „Rosalía Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 20 March 2023. Посетено на 28 January 2020.
- ↑ Torras, Ester (11 February 2017). „Rosalía, flamenc sense 'tablaos'“ [Rosalía, Flamenco Without 'Tablaos']. El Periódico de Catalunya (каталонски). Barcelona. Архивирано од изворникот на 14 June 2018. Посетено на 13 June 2018.
- ↑ Villanueva, Carlos (10 February 2017). „Rosalía convierte el cante en canción en 'Los Ángeles', su disco debut“ (Spanish). RTVE. Архивирано од изворникот на 30 July 2018. Посетено на 30 July 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Torresi, Guillermina (8 February 2017). „Rosalía, la joven cantaora catalana que ha revolucionado el flamenco“ [Rosalía, the Young Catalan Singer Who Has Revolutionized Flamenco]. La Vanguardia (шпански). Barcelona. Архивирано од изворникот на 17 November 2017. Посетено на 13 June 2018.
- ↑ Puni, Michael (7 May 2019). „Rosalia, one of modern flamenco's forefront leaders“. The Cane Tassel. Архивирано од изворникот на 17 July 2019. Посетено на 17 July 2019.
[...] Los Angeles was the singer's own rework of flamenco classics from traditional artists in this genre, including Manuel Vallejo's "The Catalina" and Juan Talega's "Malaguena."
- ↑ „RTVE intentó que Rosalía participara en la preselección a Eurovisión de 2017“. El Periódico (шпански). 20 November 2018. Архивирано од изворникот на 18 May 2022. Посетено на 23 May 2021.
- ↑ „RTVE intentó seducir a Rosalía para la preselección de Eurovisión 2017“. El Televisero (шпански). 20 November 2018. Архивирано од изворникот на 8 February 2022. Посетено на 23 May 2021.
- ↑ Domenech, Emilio (9 August 2018). „La señal de que 'Malamente' de Rosalía ha cruzado fronteras de forma definitiva“. GQ España (шпански). Архивирано од изворникот на 23 May 2022. Посетено на 2 November 2021.
- ↑ „The Best Music Videos of 2018“. Pitchfork (англиски). 5 December 2018. Архивирано од изворникот на 14 January 2019. Посетено на 5 February 2020.
- ↑ Alonso, Sebas E. (13 November 2018). „Rosalía, número 1 de singles en España… pero no con 'Malamente'“. jenesaispop.com (шпански). Архивирано од изворникот на 18 October 2019. Посетено на 18 October 2019.
- ↑ Linés, Esteban (30 October 2018). „Rosalía: "Ni yo ni mi música hemos cambiado"“. La Vanguardia (шпански). Архивирано од изворникот на 2 April 2019. Посетено на 31 October 2018.
- ↑ Petridis, Alexis (1 November 2018). „Rosalía: El Mal Querer review – flamenco-pop star is a formidable new talent“. The Guardian (англиски). Архивирано од изворникот на 2 January 2019. Посетено на 15 February 2021.
- ↑ „PAPER's Top 20 Albums of 2018“. PAPER (англиски). 17 December 2018. Архивирано од изворникот на 23 January 2019. Посетено на 1 November 2021.
- ↑ „The 50 Best Albums Of 2018“. Stereogum (англиски). 4 December 2018. Архивирано од изворникот на 26 April 2021. Посетено на 1 November 2021.
- ↑ „The 200 Best Albums of the 2010s“. Pitchfork. 8 October 2019. Архивирано од изворникот на 11 October 2019. Посетено на 18 October 2019.
- ↑ „Rosalía entra en la lista de los 500 mejores discos de la historia“. La Vanguardia (шпански). 24 September 2020. Архивирано од изворникот на 5 April 2022. Посетено на 17 April 2021.
- ↑ „ROSALÍA“. GRAMMY.com (англиски). 26 November 2019. Архивирано од изворникот на 2 December 2020. Посетено на 27 January 2020.
- ↑ „Así es la sorprendente participación de Rosalía en 'Dolor y Gloria', lo nuevo de Pedro Almodóvar“. El Español (шпански). 19 March 2019. Архивирано од изворникот на 16 April 2019. Посетено на 10 April 2019.
- ↑ Jones, Benjamin (5 September 2019). „Oscars: Spain Picks Pedro Almodovar's 'Pain and Glory' for International Feature Category“. The Hollywood Reporter (англиски). Архивирано од изворникот на 9 February 2021. Посетено на 25 March 2021.
- ↑ Sebastián, Víctor (28 November 2018). „La conquista mundial de Rosalía sigue su curso y actuará en México y en las ediciones latinoamericanas del Lollapalooza“. WATmag (шпански). Архивирано од изворникот на 22 March 2019. Посетено на 22 March 2019.
- ↑ Rocabert Maltas, Mar (20 September 2019). „Rosalía anuncia un segundo concierto en Barcelona tras agotar las entradas“. El País (шпански). ISSN 1134-6582. Архивирано од изворникот на 26 December 2021. Посетено на 18 October 2019.
- ↑ „Rosalía congrega a 63.000 personas durante su actuación en el Primavera Sound“, RTVE a la carta (шпански), 2 June 2019, Архивирано од изворникот на 18 October 2019, Посетено на 18 October 2019
- ↑ Brandle, Lars (16 October 2019). „Rosalía and J Balvin's 'Con Altura' Hits One Billion Views on YouTube“. Billboard. Архивирано од изворникот 31 January 2021. Посетено на 18 October 2019.
- ↑ Di Iorio, Michael (8 July 2019). „Rosalía's 'Con Altura' the highest viewed video by a female artist this year“. Tone Deaf (англиски). Архивирано од изворникот на 18 October 2019. Посетено на 18 October 2019.
- ↑ „Rosalía, primera artista española que gana un MTV Video Music Award“. ABC (шпански). 27 August 2019. Архивирано од изворникот на 28 August 2019. Посетено на 18 October 2019.
- ↑ Klancnik, Urban (5 December 2019). „The First Time in History: No English Lyrics in YouTube's Top 5“. Viberate.com. Архивирано од изворникот на 1 July 2024. Посетено на 10 February 2020.
- ↑ Cantor, Brian (10 October 2019). „ROSALÍA, J Balvin & El Guincho's 'Con Altura' Earns Gold Certification In United States“. Headline Planet (англиски). Архивирано од изворникот на 23 January 2022. Посетено на 18 October 2019.
- ↑ „Rosalía presenta 'Aute Cuture', su nuevo 'single'“. El País (шпански). 30 May 2019. ISSN 1134-6582. Архивирано од изворникот на 17 July 2019. Посетено на 18 October 2019.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Drysdale, Jennifer (19 November 2020). „Travis Scott Wins Latin GRAMMY for 'TKN' With Rosalia“. Entertainment Tonight (англиски). Архивирано од изворникот на 5 November 2021. Посетено на 2 November 2021.
- ↑ „Nominees 2021“. www.berlinmva.com. 20 May 2021. Архивирано од изворникот на 5 April 2021. Посетено на 20 May 2021.
- ↑ Mérida, Janet (2 July 2020). „Rosalía pide visibilizar a las mujeres“. El Universal (шпански). Архивирано од изворникот на 21 May 2022. Посетено на 3 July 2020.
- ↑ Taulés, Silvia (19 December 2020). „Rosalía, sin empresas ni propiedades en España, se instala en Miami de alquiler“. Vanitatis (шпански). Архивирано од изворникот на 23 May 2021. Посетено на 23 May 2021.
- ↑ „Rosalía denkt niet in singles maar in projecten“. 3voor12 (холандски). Архивирано од изворникот на 3 July 2020. Посетено на 3 July 2020.
- ↑ Aragón, Heraldo de (3 September 2020). „Rosalía, Daddy Yankee, Balvin y Farruko juntos en el remix de 'Relación' de Sech“. heraldo.es (шпански). Архивирано од изворникот на 3 September 2020. Посетено на 3 September 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Rosalía y Bad Bunny estrenan hoy el videoclip de La noche de anoche“. sport (шпански). 14 February 2021. Архивирано од изворникот на 15 December 2021. Посетено на 14 February 2021.
- ↑ „Rosalía y The Weeknd lanzan juntos el remix de 'Blinding Lights'“. La Vanguardia (шпански). 4 December 2020. Архивирано од изворникот на 4 December 2020. Посетено на 4 December 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Rosalía, éxtasis y gloria en el Palau Sant Jordi“. abc (шпански). 23 July 2022. Архивирано од изворникот на 25 July 2022. Посетено на 26 July 2022.
- ↑ „Romeo Santos revela los temas de su nuevo disco y no creerás las colaboraciones“. TELEMUNDO.com (шпански). 25 August 2022. Архивирано од изворникот на 7 October 2022. Посетено на 2022-10-07.
- ↑ „Rosalía cantará la "seguiriya madre" en el disco de Niño de Elche“. jenesaispop.com (шпански). 2022-10-06. Архивирано од изворникот на 7 October 2022. Посетено на 2022-10-07.
- ↑ „Rosalía revisa junto a Wisin y Yandel su gran éxito 'Besos Moja2'“. La Vanguardia (шпански). 2022-09-30. Архивирано од изворникот на 8 October 2022. Посетено на 2022-10-07.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Rosalía on Viberate
- Rosalía at IMDb