Карли Сајмон
Карли Елизабет Сајмон (анг: Carly Elisabeth Simon, родена на 25 јуни 1943 година во Бронкс, Њујорк) ― американска пејачка, текстописец, музичарка и писателка на мемоари и книги за деца. Во текот на 1970-тите се стекнала со популарност со низа хит песни; 13 нејзини песни се пласирале во топ-40 на Билбордовата листа меѓу кои „Ancipation“ (бр. 13), „The Right Thing to Do“ (бр. 17), „Haven't Got Time for the Pain“ (бр. 14), „You belong to me“ (бр. 6), „ Coming Around Again“ (бр. 18), и нејзините четири песни со златен тираж „You're So Vain“ (бр. 1), „Mockingbird“ (бр. 5, дует со Џејмс Тејлор), „Nobody Does It Better“ (бр. 2) од филмот за Џејмс Бонд од 1977 година „Шпионот што ме сакаше“ и „Jesse“ (бр. 11). Напишала 2 мемоари и пет книги за деца.
Карли Сајмон | |
---|---|
Карли Сајмон во 1972 | |
Роден(а) | Карли Елизабет Сајмон 25 јуни 1943[1] Њујорк, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1963–денес |
Сопружник |
|
Деца | 2 |
Потпис | |
Страница carlysimon.com |
Со нејзинaта песна од 1988 година „Let The River Flow“, од филмот Вработена девојка, Карли станала прв изведувач кој освоил награда Греми, Оскар и Златен глобус за песна компонирана, напишана и изведена од ист уметник.[2]
Карли Сајмон била една од најпопуларните кантавтори кои се појавиле во 1970-тите;[3][4] 24 нејзини песни се пласирале на Billboard Hot 100 и 28 песни на Billboard Adult Contemporary листата.[5] Покрај другите признанија, Карли има освоено две Греми награди (од 14 номинации) и нејзината песна „You're So Vain“ во 2004 година била примена во Гремиевата куќа на славата.[6] AllMusic ја нарекле „една од најзначајните кантавторки од 70-тите“.[3] Таа има контраалт глас.[7] Сајмон била примена во Куќата на славата на текстописците во 1994 година.[8] Од Бостонските музички награди ја добила наградата за животно дело во 1995 година,[9] а добила почесен докторат по музика од колеџот Беркли во 1998 година.[10] Во 2005 година, Карли Сајмон била номинирана за ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, но таа сè уште ја нема добиено својата ѕвезда.[11][12] Во 2012 година, ја добила Наградата за основачи од Американското друштво на композитори, автори и издавачи.[13] Во 2022 година, Сајмон била примена во Куќата на славата на рокенролот.[14]
Детство и младост
уредиКарли Сајмон е родена на 25 јуни 1943 година,[1] во Њујорк[15] во добро ситуирано семејство. Нејзиниот татко, Ричард Л. Сајмон ( англиски: Richard Leo Simon) бил основач на успешната издавачка куќа Simon & Schuster и пијанист. Тој свирел класична музика, па класиците како Фредерик Шопен и Лудвиг ван Бетовен често се слушале во нивната куќа. Мајката на Карли Сајмон, Андреа Сајмон била борец за граѓански права и пејачка. Татко ѝ имал германско-еврејско потекло.
Карли детството го поминала во населбата Ривердејл во Бронкс.[16] Имала две постари сестри, Џоана и Луси, и помлад брат, Питер.[17][18] Според книгата со фотографии од Питер објавена кон крајот на 1990-тите, тие биле воспитувани како римокатолици.[19] Карли изјавила дека кога имала седум години, семеен пријател-тинејџер сексуално ја нападнал.[20] На осумгодишна возраст, Карли почнала многу да пелтечи. Психијатрискиот третман не помогнал. Затоа, Карли почнала да пее и да пишува песни.
Сајмон завршила основно училиште во Ривердејл[21] и посетувала најмалку четири семестри на колеџот Сара Лоренс.[17] Таа, исто така, го посетувала на музичкото училиште Џулијард.[22]
Музичка кариера
уреди1963–1969: The Simon Sisters и Elephant's Memory
уредиКарли Сајмон својата музичка кариера ја започнала во групата со нејзината сестра Луси Сајмон, the Simon Sisters. Луси била сопран, а Карли контраалт.[7] На 27 април 1963 година потпишале со Kapp Records.[23] Со нив објавиле два албума: Meet the Simon Sisters (1964), Cuddlebug (1966). Дуото објавило уште еден албум во 1969 година, The Simon Sisters Sing the Lobster Quadrille and Other Songs for Children.[24]
Дуетот се распаднал откако Луси решила да основа семејство. По распаѓањето на групата, Карли половина година била дел од групата Elephant's Memory.[25]
1970–1971: Соло кариера и успех
уредиВо 1970 година, Карли Сајмон потпишала договор со Џек Холцман од Elektra Records.[26] На 9 февруари 1971 година го издала нејзиниот прв албум, Carly Simon кој се искачил на 30-то место на Билборд 200.[5] Карли Сајмон била номинирана за најдобра женска поп вокална изведба на 14-тите годишни награди Греми, каде што ја освоила наградата за најдобар нов изведувач.[6]
Нејзиниот втор албум, Anticipation, бил објавен во ноември 1971 година.[27] Албумот се искачил на 30-то место на Билборд 200, а на 15-тите годишни Греми награди Сајмон повторно била номинирана за најдобра женска поп вокална изведба. Стивен Дејвис за Ролинг Стоун напишал многу позитивни критики за албумот. Тој ја издвоил „Our First Day Together“ како „тивка песна, прекрасна и прилично загадочна, во која се чувствува влијанието на акордите од Џони Мичел, како и „I've Got To Have You“, која ја опишал како „апсолутен клинчер“.[28] За нејзиното искуство со снимањето на албумот, Карли подоцна рекла: „Тоа се меѓу најдобрите спомени што ги имам од снимање. Имав група. Цел албум го сними таа група (Енди Њумарк, Џими Рајан, Пол Гланц) и јас. Кет Стивенс пееше и свиреше на неколку песни, но во целина ми се допадна“.[29]
Водечкиот сингл од албумот, исто така насловен како „Anticipation“, станал голем хит; стигнал до 3 место на радиото Easy Listening и 13-то место на поп-листата од Билборд. Оваа песна е позната и по тоа што е употребена во реклама за кечапот Хајнц.[30]
Исто така во 1971 година, Карли Сајмон глумела пејачка на аудиција во филмот на Милош Форман „Полетување“, а за истиот филм придонела со песната „Long Term Physical Effects“,[31] која исто така се нашла на саундтракот од филмот.[32]
1972–1974: No Secrets, „You're So Vain“ и Hotcakes
уредиКарли најголем успех во кариерата постигнала со песната „You're So Vain“. Песната избила на прво место на американските топ листи, а само во САД била продадена во над милион копии и станала еден од најголемите хитови на деценијата. Успехот на песната придонел и за успехот на албумот, No Secrets, кој пет последователни недели бил на прво место на Билборд 200 листата. Албумот, истата година стекнал златен статус, а во 1997 година бил сертифициран неговиот платинест тираж.[33] „You're So Vain“, на 16-тото годишно доделување на Греми наградите била номинирана за снимка на годината, песна на годината и најдобра женска поп вокална изведба,[6] а No Secrets бил номиниран за најдобро аранжиран запис.[34] Во 2004 година, песната била вклучена во Гремиевата куќа на славата, а во 2008 година била ставена на 72 место на листата од Billboard Hot 100 од 100 најдобри песни во 50 годишното постоење на листата[35] (од август 1958 до јули 2008 година).[35] Во 2021 година, Ролинг Стоун ја ставил на 495-то место на нивната листа од 500 најдобри песни на сите времиња.[36]
Прашањето за кого се однесува песната „You're So Vain“ станало едно од најголемите мистерии во популарната музика, а особено стиховите „Многу си суетен/би се обложила дека сметаш дека песнава е за тебе“. Преку 40 години, Карли Сајмон јавно не открила на кого се однесува песната.[37] Таа дала насоки дека може да се однесува на неколку луѓе, а многу луѓе од печатот шпекулирале дека се работи Мик Џегер, кој пеел во позадина на песната,[38] или Ворен Бејти. Конечно, во ноември 2015 година, Сајмон, промовирајќи ги нејзините мемоари кои требало да ги објави наскоро, рекла: „Потврдив дека вториот стих е за Ворен“ и додала дека ако „Ворен мисли дека целата песна е за него“, на него се однесува само тој стих, а останатиот дел од песната се однесува на двајца други, сè уште неименувани мажи.[39]
Во 1974 година, Сајмон по многу успешниот албум No Secrets го објавила новиот албум Hotcakes, кој веднаш станал хит. Стигнал до бр. 3 на Билборд 200, останал на топ-листата речиси осум месеци и имал златен тираж.
1975–1979: Продолжување на успехот
уредиСледните албуми на Карли Playing Possum (1975) и Another Passenger (1976) исто така биле добро прифатени од публиката. Во 1991 година, Ролинг Стоун албумот Playing Possum го ставил на 20-то место на нивната листа од 100 најдобри корици на албуми.[40] По објавувањето на Playing Possom, Карли го издала нејзиниот прв албум со најголеми хитови, The Best of Carly Simon. Албумот станал Златен во рок од три недели од објавувањето, и станал најпродаван диск на Симон на сите времиња.[33] Албумот, исто така, станал златен во Канада и петкратно-платинест во Австралија.[41]
Во 1977 година, Сајмон ја објавила песната „Nobody Does It Better“, тематска песна за филмот со Џејмс Бонд „Шпионот што ме сакаше“. Песната била меѓународен хит, се продала во милиони примероци седум последователни недели била на прво место на топ листата во САД. Песната била номинирана за песна на годината и најдобра женска поп вокална изведба на 20-тите годишни награди Греми. Во 2012 година, Ролинг Стоун оваа песна ја рангирал на трето место во конкуренција на сите тематски песни за Џејмс Бонд,[42] додека Билборд ја рангирал на второ место.[43] Во 2021 година, USA Today ја рангирала како најдобра песна за Џејмс Бонд.[44]
Кариерата на Сајмон во 1978 година продолжила со својот нагорен тек со објавувањето на албумот Boys in the Trees. Албумот постигнал голем успех и имал платинест тираж во САД . За песната „You Belong to Me“ Карли била уште еднаш номинирана за најдобра женска поп вокална изведба на Греми наградите, а албумот победил во категоријата Најдобар пакет-албум.[45] Карли, истата година, се појавила на насловните страници на списанијата People и Rolling Stone.[46]
Во 1979 година, Карли Сајмон го издала нејзиниот осми студиски албум: Spy. Продажбата на албумот била катастрофална, се искачил до 45-то место на Билборд 200, а тоа бил нејзин последен албум за Elektra. Песната „Vengeance“ на Сајмон ѝ донела номинација за најдобра женска рок вокална изведба на 21-те годишни Греми награди — ова било прва година да се доделува награда во таа категорија.[47]
1980-1989: Потпишување со Warner Bros и Arista и нови успеси
уредиВо 1980 година, Сајмон потпишала договор со сестринската издавачка куќа на Elektra, Warner Bros. Records и го издала нејзиниот деветти студиски албум: Come Upstairs. За време на концерт во Питсбург за промоција на албумот, Сајмон колабирала на сцената од исцрпеност.[48] Затоа во текот на 1980-тите го намалила бројот на концерти. Најуспешна песна од тој албум била „Jesse“ која се продала во преку еден милион примероци во САД, се искачила на 11-то место на табелата за поп-синглови на Билборд и таму останала шест месеци.[5]
Десетиот албум на Сајмон, Torch (1981), бил албум со меланхолични џез песни. Го достигнал 50-тото место на Билборд 200, но останал на топ листите речиси шест месеци, а подоцна станал еден од нејзините најпродавани каталошки албуми.[49] Албумот бил добро прифатен од критиката.[50] Исто така, во 1981 година, Сајмон била втора солистка која била прикажана на првиот ден од емитувањето на MTV со видео-спотот за „Vengeance“ (Пет Бенатар била првата солистка која се појавила на MTV).[51]
Во 1983 година, Сајмон го издала својот 12-ти албум, Hello Big Man. Иако слабо се продавал, албумот добил позитивни критики.[52][53] Во 1984 година, ѝ завршил договорот со Ворнер Брос. Во 1985 година, Карли потпишала со Epic Records и го издала нејзиниот 13-ти албум, Spoiled Girl.[5] Албумот наишол на мешана критика и бил комерцијално неуспешен. По ова, нејзиниот договор со Epic бил откажан.
Во 1986 година, Сајмон потпишала со Arista Records и набрзо го надминала падот на нејзината кариера. Со нејзиниот прв албум за Arista, Coming Around Again (1987), Сајмон имала уште еден меѓународен хит. Тоа била песната Coming Around Again (која била напишана за филмот од Мајк Николс од 1986 година Heartburn). Критичката исто така била претежно позитивна.[54]
Албумот останал на Билборд 200 повеќе од една година, станал прво златно издание на Сајмон по девет години и станал платинест во 1988 година. Истата година била номинирана за Греми награда за најдобра женска поп вокална изведба. Повеќето песни од овој албум биле ставени на нејзиниот албум од 1988 година, Greatest Hits Live. Првиот албум во живо на Сајмон брзо станал златен, а во 1996 година бил сертифициран за платинест од RIAA.
Во текот на 1980-тите, Карли придонела со пишување музика за филм и телевизиски емисии,[55] како ги песните:
- „Why” за филмот Soup For One (1982)
- „Something more” за филмот Love Child (1982)
- „Someone Waits for You” за филмот Swing Shift (1984)
- „All the Love in the World” за филмот Torchlight (1985)
- „It's Hard To Be Tender” за телевизиската минисерија Sins (1986)
- „Two Looking at One” за филмот Карате кид, 2 дел (1986)
- „Coming Around Again/Itsy Bitsy Spider” за филмот Heartburn (1986)
По успехот на „Coming Around Again“, Николс ја замолил Сајмон да напише музика за неговиот следен филм, Вработена девојка. Поголемиот дел од 1988 година го поминала во компонирањето на музика на филмот, а според Сајмон, студиото ѝ се заканило дека ќе ја замени песната „Let the River Run“ со песна од Eagles „Witchy Woman“.[56] Сепак преовладала одлуката на Николс, а Карли со таа песна станала прв изведувач кој ги освоил сите три големи награди (Оскар, Златен глобус и Греми) за песна компонирана, напишана и изведена од ист изведувач (единствен друг таков изведувач е Брус Спрингстин за „Streets of Philadelphia“, од филмот Филаделфија од 1993 година). За музиката од филмот, Карли Сајмон ја добила првата номинација за наградата БАФТА за најдобра оригинална музика за филм во 1990 година.[57] „Let the River Run“ станала голем хит, достигнувајќи го 49-то место на Billboard Hot 100 и бр. 11 на топ-листата Adult Contemporary. Во 2004 година, AFI ја рангирала песната на 91 место на нивната листа од 100 најдобри песни во американската кинематографија.[58] Истата година, Карли ја издала нејзината прва книга за деца, Amy the Dancing Bear.[59]
1990–1994: My Romance, Have You Seen Me Lately и продолжување на успесите
уредиВо 1990 година, Сајмон го издала својот втор албум со музички стандарди, My Romance, а објавила и албум со оригинален материјал, Have You Seen Me Lately. Албумот Have You Seen Me Lately содржел нумери за филмот Разгледници од пеколот (Postcards from the Edge) во режија на Мајк Николс; целата насловна секвенца - како и песната - била избришана од продуцентите, но голем дел од композициите на Сајмон и тематските интерлудиуми останале во филмот. Поради овие композиции Сајмон по втор пат била номинирана за награда од БАФТА во категоријата најдобра оригинална музика за филм во 1991 година.[60] Во 1990 година, Сајмон ја објавила нејзината втора книга за деца, The Boy of the Bells.[59]
Во 1991 година, таа ја напишала нејзината трета книга за деца, „Рибаровата песна“, заснована врз истоимената песна (The Fisherman's Song) од нејзиниот албум „Have You Seen Me Lately“ од 1990 година.[59] Истата година, Сајмон во дует со Пласидо Доминго ја испеала песната „The Last Night of the World“ (од сценскиот мјузикл Мис Сајгон).[61] Во 1992 година, Сајмон ја напишала музиката за филмот од Нора Ефрон This Is My Life, а набргу потоа бил објавен албумот со саундтракот. На албумот се наоѓа песната „Love of My Life“. Во 1993 година, ја испеала песната „In the Wee Small Hours of the Morning“, од нејзиниот албум „My Romance“ во филмот од Нора Ефрон Бессони во Сиетл.[62] Сајмон истата песна во комбинација со „Gess I'll Hang My Tears Out to Dry“ ја снимила со Френк Синатра за неговиот албум „Дуети“ (1993).[63]
Во 1993 година, Здружението Метрополитен опера и Центарот Кенеди од Карли побарале да напише современа опера која ќе им се допадне на помладите. Била создадена операта Ромул Хант (наречена по нејзиниот 12-годишен протагонист), а објавена била во ноември истата година.[64] Исто така во 1993 година, Сајмон ја објавила својата четврта книга за деца, Ноќниот возач.[59]
Во 1994 година, Карли ја преработила песната "Take Me Out to the Ball Game" за потребите на филмот од Кен Барнс, Бејзбол.[65] Истата година, Сајмон го објавила нејзиниот 16-ти албум, Letters Never Sent. Идејата за албумот Сајмон ја добила откако пронашла стара кутија со писма кои ги напишала, но никогаш не ги испратила по пошта, а за неколку од нив напишала песна.[66] Песната од албумот„Like A River“, Сајмон напишала дека е во чест на нејзината мајка, а „Touched by the Sun“ е посветена на нејзината драга пријателка, Џеки Оназис. Тие двете починале од рак во 1994 година.[66] Песната „The Night Before Christmas“, првично напишана за филмот од Нора Ефрон од 1992 година This Is My Life, исто така била прикажана во филмот од Ефрон Mixed Nuts од 1994 година.[67] Истата година, Сајмон ја објавила Bells, Bears and Fishermen, говорен запис со зборови од нејзините три први книги за деца: Amy the Dancing Bear, The Boy of the Bells и The Fisherman's Song, надополнет со звучни ефекти и оригинална музика.[59]
1995–1999: Концерт во Гранд Сентрал, Film Noir и рак на дојка
уредиВо април 1995 година, Сајмон изненадила многу патници со ненајавениот настап во њујоршкиот Гранд сентрал терминал (железничка станица), при што телевизиската мрежа Lifetime снимала специјална телевизиска програма под наслов Live at Grand Central.[68] Во 1995 година, Карли учествувала на американска концертна турнеја на дуото Hall & Oates.[69] На 7 ноември 1995 година, Сајмон го издала комплетот од три диска Clouds in My Coffee. Тоа било целосна ретроспектива на нејзината кариера; комплетот дискови содржи 58 песни кои ја опфаќаат кариерата на Карли Сајмон од 1965 до 1995 година.
Во ноември 1995 година, американскиот печат објавил инцидент помеѓу Сајмон и пејачката од the Pretenders, Криси Хајнд, на концертот на Џони Мичел во Њујорк.[70][71] Сајмон на нејзината официјална веб-страница во 2002 година, за да стави крај на разните гласини, напишала „Криси беше поднапиена и врескаше за време на настапот на Џони, која што сите сакаа да ја слушнат. Криси седеше веднаш до мене и ја замолив да биде малку потивка. Таа почна милно да ме гушка, и ми рече: „И ти си супер Карли, оди таму горе, и ти треба да го направиш ова'. Тоа е работата. Морам да кажам дека нејзиното гушкање во 'забавно пијанство' на многумина од публиката им изгледаше како тепачка. Не беше. Само не можев да верувам дека никој не се вмеша и не ѝ рече ништо. Ја сакам нејзината музика и ја почитувам како уметник.[72]
Карли Сајмон продолжила да пишува и да компонира музика за филмови. Таа напишала тематски песни за уште неколку филмови; како „Two Little Sisters“ за филмот „Собата на Марвин“ (1996),[73] и „In Two Straight Lines“ за семејната комедија Медлин (1998).[74] На 1 август 1997 година, ја издала нејзината петта книга за деца, Полноќна фарма.[59] Третиот албум со стандарди на Карли Сајмон, Film Noir, бил објавен на 16 септември 1997 година. Бил снимен во соработка со Џими Веб, а следната година албумот бил номиниран за најдобра традиционална поп вокална изведба. Џон Траволта во дует со Сајмон ја отпеале песната „Two Sleepy People“, а Мартин Скорсезе ги напишал белешките за албумот.[75]
Во октомври 1997 година на Карли ѝ бил дијагностициран рак на дојка и била подложена на операција и на хемотерапија.[76]
2000–2007: The Bedroom Tapes, заминување од Ариста и Божиќен албум
уредиНа 16 мај 2000 година, Сајмон го издаla својот 18-ти студиски албум, The Bedroom Tapes. Ремиксот од воведната песна, „Our Affair“ бил ставен на саундтрак албумот од филмот Bounce од 2000 година, со Гвинет Палтроу и Бен Афлек во главните улоги.[77]
Во 2001 година, Карли Сајмон во дует со Џенет Џексон ја отпеала песната „Son of a Gun“ за албумот на Џенет „All for You“.[78] Според Џексон, таа ѝ се јавила на Сајмон за да побара дозвола да користи семплови од „You're So Vain“, но Сајмон сакала да пее во песната. Сајмон, исто така, придонела со вокали за песните, „Don't Turn Away“ и „East of Eden“, за албумот од Минди Џостин од 2001 година Blue Stories.[79] Во ноември 2001 година, нејзината оскаровска песна „Let the River Run“ била искористена за реклама на американската поштенска служба. Рекламата под наслов „Гордост“, била направена за да се зголеми довербата на јавноста и моралот на поштенските работници по нападите од 11 септември и нападите со антракс во 2001 година.[80]
Во јануари 2002 година, Сајмон снимила божиќен албум „Christmas Is Almost Here“. Албумот бил издаден од Rhino Records во октомври.[81] Истата година, Сајмон лично ги одбрала песните за новиот антологиски албум на два диска, насловен Anthology; на албумот имало барем една песна од секој нејзин студиски албум (до тој момент), и исто така бил објавен од Rhino Records.[82] Следната година бил реиздаден нејзиниот божиќен албум со две дополнителни песни: „White Christmas“ (со Барт Бачарах) и „Forgive“ (со Андреас Воленвајдер). Овие две песни биле објавени и како ЦД сингл.[83] Таа настапила во живо на неколку концерти со семејството на нејзината сестра и нејзините деца Сали и Бен.
Карли Сајмон напишала и снимила песни за Дизниевите филмови со Вини Пу: Piglet's Big Movie (2003) и Pooh's Heffalump Movie (2005). Неколку нејзини песни биле вметнати во филмот „Мала црна книга“ од 2004 година, со Британи Марфи и Холи Хантер, а на крајот од филмот се појавила и самата Карли.[84] Пролетта 2004 година, Сајмон го издала својот четврти албум со најголеми хитови: Reflections: Carly Simon's Greatest Hits. Исто така во 2004 година, Сајмон ја отпеала дует верзијата на „The Right Thing to Do“ со Меган Мулали за ТВ саундтракот на Вил и Грејс: Let the Music Out!.[85]
Летото 2005 година, Сајмон го издала својот четврти албум со стандарди, Moonlight Serenade, под Columbia Records. Албумот стигнал до 7-мо место на Билборд 200 (нејзин прв топ-10 албум на оваа листа по Boys in the Trees од 1978 година), и следната година Карли била номинирана за наградата Греми за најдобар традиционален поп вокален албум.
Во 2007 година, Сајмон го издала нејзиниот петти албум со преработки, под наслов Into White.[86] Албумот содржи преработки на песни од Кет Стивенс, Битлси, Џуди Гарланд и the Everly Brothers, како и две нови авторски песни, „Quiet Evening“ и „I'll Just Remember You“ и препев на нејзината песна „Love of My Life“.
2008–денес: Тhis Kind of Love и Never Been Gone
уредиВо март 2008 година, било објавено дека Карли потпишала со издавачката куќа на Старбакс, Hear Music.[87] Пролетта 2008 година, го издала новиот албум насловен како This Kind of Love.[88] На 19 јуни 2008 година, Сајмон и нејзиниот син Бен ја изведоа заедно „You're So Vain“ на шоуто Хауард Стерн на сателитското радио Сириус.[89] На 13 октомври 2009 година, било објавено дека Сајмон го тужела Старбакс, затоа што не го промовирале адекватно This Kind of Love. Во тужбата на Сајмон било наведено дека само неколку дена пред да излезе албумот, Старбакс јавно објавил дека се откажува од уделот во Hear Music што влијаело на продажбата на албумот.[90]
На 27 октомври 2009 година, Сајмон го издала својот 23-ти албум, Never Been Gone, со Iris Records.
На 18 април 2012 година, Сајмон ја добила Основачката награда од Американското здружение на композитори, автори и издавачи; наградата ѝ ја доделил Бил Витерс со прикладен говор.[13] Истата година, Сајмон ја испеала песната „Just Like a Woman“ за албумот на Боб Дилан Chimes of Freedom.[91] Приходите од албумот биле донирани на организацијата за човекови права, Амнести интернешенел.[92]
На 27 јули 2013 година, во Фоксборо, Масачусетс, Сајмон заедно со Тејлор Свифт ја испеала „You're So Vain“ на турнејата од Свифт, Red Tour. Свифт претходно рекла дека Сајмон влијаела на нејзината музика и дека „You're So Vain“ е една од нејзините омилени песни.[93]
На 24 ноември 2015 година, Сајмон ја објавила нејзината автобиографска книга Boys in the Trees: A Memoir.[94][95] Книгата наишла на многу позитивни критики,[96][97] а подоцна Билборд ја рангирал на 50-то место на нивната листа од 100 најдобри музички книги на сите времиња.[98] Заедно со книгата бил објавен и компилацискиот албум на два диска Songs from the Trees (A Musical Memoir Collection).[99]
На 22 октомври 2019 година, Сајмон објавила уште едни мемоари под наслов Допрено од сонцето: Моето пријателство со Џеки (анг: Touched by the Sun: My Friendship with Jackie), во кое раскажува нејзиното пријателство со поранешната прва дама на САД, Жаклин Кенеди Оназис.[100][101] Магазинот People книгата ја избрал како една од најдобрите 10 книги за 2019 година.[102]
На 2 февруари 2022 година, Сајмон била номинирана за внесување во Куќата на славата на рокенролот,[103] а на 4 мај 2022 година, било објавено дека Карли Сајмон е меѓу седумте уметници кои се примени.[104][105] Сајмон рекла дека би сакала да биде воведена од Кет Стивенс или од Роби Робертсон: „Тоа се двајцата најзначајни луѓе на почетокот од мојата соло кариера“.[106]
На 5 ноември 2022 година, Сајмон била внесена во Куќата на славните на рокенролот.[14] Таа не можела да присуствува на церемонијата поради лична трагедија. Сара Барелис, која ја внела Карли, прочитала нејзина белешка во која се вели: „Понизна сум, шокирана, горда, се натфрлив себе си, неквалификувана и единствено благодарна на сите без кои навистина не би можела да бидам овде“. Потоа, Барелис ја извела „Nobody Does It Better“, а Оливија Родриго „You're So Vain“.[14]
На 12 јули 2023 година било објавено дека компилацискиот албум „These Are the Good Old Days: The Carly Simon and Jac Holzman Story“ ќе биде објавен на ЦД и Винил на 15 септември 2023 година. Колекцијата содржи микс на хитови од првите три албуми на Сајмон, избрани и секвенцирани од Холцман.[107]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Carly Simon“. BFI. Архивирано од изворникот February 28, 2022. Посетено на July 5, 2022.
- ↑ „Carly Simon – ASCAP Founders Award“. American Society of Composers, Authors and Publishers. Архивирано од изворникот на September 1, 2018. Посетено на September 1, 2018.
- ↑ 3,0 3,1 „Carly Simon – AllMusic bio“. AllMusic. Архивирано од изворникот на December 28, 2014. Посетено на January 27, 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Празен навод (help)
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „Carly Simon“. The Recording Academy. Архивирано од изворникот на March 20, 2022. Посетено на October 19, 2018.
- ↑ 7,0 7,1 Weller, Sheila (April 2008). Girls Like Us: Carole King, Joni Mitchell, Carly Simon—and the Journey of a Generation. Washington Square Press. стр. 159. ISBN 978-0-7434-9148-8.
- ↑ „Songwriters Hall Of Fame - Carly Simon“. Songwriters Hall of Fame. Архивирано од изворникот на July 9, 2022. Посетено на August 30, 2022.
- ↑ „Boston Music Awards 1995“. Boston Music Awards. Архивирано од изворникот на November 4, 2021. Посетено на October 30, 2021.
- ↑ „Doctors of Songwriting Commencement 1998“. Berklee College of Music. Архивирано од изворникот на February 11, 2021. Посетено на April 25, 2015.
- ↑ „News“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на August 4, 2004. Посетено на March 27, 2021.
- ↑ „32 New Stars On Hollywood Walk“. CBS News. June 17, 2004. Архивирано од изворникот на October 20, 2020. Посетено на March 27, 2021.
- ↑ 13,0 13,1 Baltin, Steve (April 19, 2012). „Trent Reznor, Carly Simon, Peter Frampton Honored by ASCAP“. Архивирано од изворникот на January 30, 2019. Посетено на June 16, 2014.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Maslin, Janet (April 17, 2008). „Heroines in the Footlights, From All Sides Now“. The New York Times. Архивирано од изворникот на July 25, 2021. Посетено на May 3, 2008.
- ↑ 17,0 17,1 „Rutgers Plays Host to TV's 'Hootenanny' Show Tonight“. The News & Observer. May 4, 1963. стр. 15. Архивирано од изворникот на August 28, 2022. Посетено на August 28, 2022.
Lucy, currently in the graduating class at Cornell University's New York Hospital School of Nursing, composed the music and did the arrangement for the rendition. Carly, a sophomore at Sarah Lawrence College, and her sister became professional folk singers only last winter. But they are veterans of a hootenanny-at-home with a musical family which includes their sister, Joanna, 26, a professional singer, and a younger brother Peter, 16.
- ↑ Alterman, Loraine (April 21, 1974). „Carly's Happy About Being Happy“. The New York Times. Архивирано од изворникот на August 20, 2020. Посетено на June 15, 2020.
- ↑ Weller, Sheila (April 2009). Girls Like Us: Carole King, Joni Mitchell, Carly Simon—and the Journey of a Generation. Washington Square Press. стр. 80–81. ISBN 978-0-7434-9148-8.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Zack, Ian (2020). Odetta: A Life in Music and Protest (англиски). Beacon Press. стр. 159. ISBN 978-0-8070-3532-0. Архивирано од изворникот на May 6, 2022.
- ↑ „Carly Simon“. TeachRock. Архивирано од изворникот на August 28, 2022. Посетено на August 28, 2022.
- ↑ Jack Harkrider (April 27, 1963). „Smothers Brothers Visit 'Hootenanny'“. Fort Worth Star-Telegram.
The Simon Sisters, Lucy and Carly, making their television debut, will sing "Winken, Blinken, and Nod."
- ↑ „Carly & Lucy Simon: Sing Songs For Children“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на June 17, 2016. Посетено на February 17, 2016.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Timeline 60's“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на September 1, 2007. Посетено на March 18, 2015.
- ↑ „Anticipation“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на June 30, 2016. Посетено на February 17, 2014.
- ↑ Davis, Stephen (December 23, 1971). „Anticipation review“. Архивирано од изворникот на August 7, 2016. Посетено на November 7, 2011.
- ↑ „Timeline 70's“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на August 31, 2007. Посетено на March 18, 2015.
- ↑ „Carly Simon Had a Hard Time Living This Down“. 94.5 Kool FM. Архивирано од изворникот на December 14, 2013. Посетено на August 14, 2014.
- ↑ Erickson, Hal. „Taking Off“. AllMovie. Архивирано од изворникот на March 31, 2022. Посетено на May 4, 2022.
- ↑ „Taking Off [Original Soundtrack]“. AllMusic. Архивирано од изворникот на July 24, 2022. Посетено на July 24, 2022.
- ↑ 33,0 33,1 „Gold & Platinum Searchable Database – July 15, 2015“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на September 6, 2014. Посетено на July 15, 2015.
- ↑ „Bill Schnee“. The Recording Academy. Архивирано од изворникот на March 20, 2022. Посетено на October 30, 2021.
- ↑ 35,0 35,1 „Billboard Hot 100 All-Time Songs“. Rock on the Net. Архивирано од изворникот на February 10, 2014. Посетено на June 16, 2014.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „You're So Vain“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на February 9, 2009. Посетено на August 21, 2014.
- ↑ Wilkening, Matthew (April 21, 2013). „Secret Guests in Rock Songs“. Ultimate Classic Rock. Архивирано од изворникот на April 20, 2014. Посетено на August 29, 2014.
- ↑ Dowd, Kathy Erich; Hubbard, Kim (November 18, 2015). „Carly Simon Says 'You're So Vain' Is About Warren Beatty – Well, Only the Second Verse: 'He Thinks the Whole Thing Is About Him!'“. People. Архивирано од изворникот на April 26, 2022. Посетено на November 18, 2015.
- ↑ „Rolling Stone's 100 Greatest Album Covers“. Rate Your Music. November 14, 1991. Архивирано од изворникот на July 15, 2012. Посетено на July 15, 2015.
- ↑ „CAN Certifications > Carly Simon“. Music Canada. Архивирано од изворникот на 2014-04-17. Посетено на 2012-02-20.
- ↑ Greene, Andy (October 5, 2012). „Carly Simon, 'Nobody Does It Better' (1977) – The Top 10 James Bond Theme Songs“. Архивирано од изворникот на November 25, 2018. Посетено на July 15, 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Ruggieri, Melissa (October 8, 2021). „James Bond theme songs: We rank the exceptional and unremarkable, from Adele to Madonna“. Архивирано од изворникот на October 8, 2021. Посетено на October 8, 2021.
- ↑ „Awards“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на October 19, 2007. Посетено на March 18, 2015.
- ↑ Jerome, Jim (July 17, 1978). „Carly's Road to Success“. Архивирано од изворникот на March 17, 2018. Посетено на May 29, 2022.
- ↑ „Rock On The Net: Grammy Awards: Best Rock Vocal Performance – Female“. Rock on the Net. Архивирано од изворникот на February 26, 2014. Посетено на June 16, 2014.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Morse, Steve (April 15, 1990). „Singing Against the Grain“. Boston Globe.
- ↑ Holden, Stephen (December 10, 1981). „Torch review“. Архивирано од изворникот на November 25, 2018. Посетено на August 30, 2014.
- ↑ „MTV: The First Four Hours (12am Saturday, August 1, 1981)“. Wayback Machine. August 1981. Посетено на December 31, 2022.
- ↑ Ruhlmann, William. „Hello Big Man“. AllMusic. Архивирано од изворникот на April 22, 2015. Посетено на August 30, 2014.
- ↑ Shewey, Don (November 24, 1983). „Hello Big Man review“. Архивирано од изворникот на October 6, 2018. Посетено на August 30, 2014.
- ↑ Holden, Stephen (May 3, 1987). „Carly Simon's Emotion-Laden Self-Portrait“. The New York Times. Архивирано од изворникот на March 5, 2016. Посетено на April 29, 2014.
- ↑ „Soundtracks“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на January 11, 2012. Посетено на August 21, 2014.
- ↑ „Timeline 80's“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на September 1, 2007. Посетено на March 18, 2015.
- ↑ „Original Film Score in 1990“. British Academy of Film and Television Arts. Архивирано од изворникот на October 20, 2021. Посетено на August 21, 2020.
- ↑ „AFI's 100 Years...100 Songs“. AFI.com. Архивирано од изворникот на February 11, 2020. Посетено на June 16, 2014.
- ↑ 59,0 59,1 59,2 59,3 59,4 59,5 „Books“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на December 17, 2011. Посетено на June 11, 2019.
- ↑ „Original Film Score in 1991“. British Academy of Film and Television Arts. Архивирано од изворникот на July 17, 2021. Посетено на August 21, 2020.
- ↑ „Plácido Domingo – The Broadway I Love“. AllMusic. Архивирано од изворникот на March 26, 2020. Посетено на April 20, 2020.
- ↑ „Sleepless in Seattle (Soundtrack)“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на July 6, 2014. Посетено на April 23, 2022.
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. „Frank Sinatra – Duets“. AllMusic. Архивирано од изворникот на April 16, 2019. Посетено на April 20, 2020.
- ↑ Paulson, Dave (October 18, 2014). „Carly Simon teams up with Nashville Opera“. The Tennessean. Посетено на April 19, 2015.
- ↑ „Baseball (Soundtrack)“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на July 6, 2014. Посетено на May 21, 2022.
- ↑ 66,0 66,1 „Letters Never Sent“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на November 13, 2012. Посетено на August 30, 2014.
- ↑ „Mixed Nuts (Soundtrack)“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на July 6, 2014. Посетено на April 23, 2022.
- ↑ „Live At Grand Central“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на November 19, 2012. Посетено на April 23, 2022.
- ↑ Catlin, Rodger (January 25, 1996). „Carly Simon Comfortable On Tour With Hall And Oates“. Архивирано од изворникот на July 17, 2021. Посетено на June 15, 2014.
- ↑ „Cat Fight: Chrissie Hynde Hits Carly Simon at Joni Mitchell Show“. MTV. November 9, 1995. Архивирано од изворникот на January 18, 2021. Посетено на May 21, 2022.
- ↑ „Ask Blender“. Jonimitchell.com. March 2007. Архивирано од изворникот на October 27, 2020. Посетено на May 21, 2022.
- ↑ Simon, Carly (April 9, 2002). „Ask Carly“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на June 12, 2004. Посетено на December 21, 2006.
- ↑ „Marvin's Room (Soundtrack)“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на July 6, 2014. Посетено на April 23, 2022.
- ↑ „Madeline (Soundtrack)“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на July 6, 2014. Посетено на April 23, 2022.
- ↑ „Film Noir“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на October 12, 2012. Посетено на April 23, 2022.
- ↑ „Carly Simon fighting breast cancer“. CNN. May 5, 1998. Архивирано од изворникот на August 24, 2021. Посетено на August 9, 2014.
- ↑ „Bounce (Soundtrack)“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на July 6, 2014. Посетено на April 23, 2022.
- ↑ Thomas Erlewine, Stephen. „Janet Jackson – All for You“. AllMusic. Архивирано од изворникот на April 19, 2015. Посетено на May 18, 2015.
- ↑ „Blue Stories“. Mindyjostyn.com. Архивирано од изворникот на April 16, 2021. Посетено на July 17, 2014.
- ↑ „United States Postal Service: 'PRIDE' TV Commercial by Grey New York, Elma Garcia Films“. Coloribus.com. Архивирано од изворникот на February 10, 2017. Посетено на July 15, 2015.
- ↑ „Christmas Is Almost Here“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на October 12, 2012. Посетено на August 21, 2014.
- ↑ „Anthology“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на February 3, 2007. Посетено на July 26, 2014.
- ↑ „Carly Simon – White Christmas/Forgive“. AllMusic. Архивирано од изворникот на September 24, 2017. Посетено на August 31, 2014.
- ↑ „Soundtracks“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на January 11, 2012. Посетено на April 23, 2022.
- ↑ Theakston, Rob. „Will & Grace: Let the Music Out!“. AllMusic. Архивирано од изворникот на June 20, 2014. Посетено на May 12, 2014.
- ↑ „Into White“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на January 7, 2007. Посетено на August 9, 2014.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Clifford, Stephanie (October 11, 2009). „Suing Her Label, Not Retiring: Carly Simon Won't Go Gently“. The New York Times. Архивирано од изворникот на October 7, 2020. Посетено на October 29, 2012.
- ↑ „Show Rundown: June 19, 2008“. Howardstern.com. June 19, 2008. Архивирано од изворникот на August 3, 2020. Посетено на May 6, 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Thomas Erlewine, Stephen. „Chimes of Freedom: The Songs of Bob Dylan“. AllMusic. Архивирано од изворникот на January 17, 2015. Посетено на May 12, 2014.
- ↑ „Miley Cyrus, Ke$ha, Adele cover Bob Dylan for charity tribute album | News“. nme.com. October 27, 2011. Архивирано од изворникот на January 17, 2012. Посетено на August 25, 2013.
- ↑ Adams, Cameron (May 16, 2013). „Taylor Swift is happy to be your break-up musician“. News.com.au. Архивирано од изворникот на May 19, 2013. Посетено на May 20, 2015.
- ↑ Maslin, Janet (November 25, 2015). „Review: In Carly Simon's Memoir, Few Secrets Left Untold“. The New York Times. Архивирано од изворникот на September 30, 2020. Посетено на July 30, 2017.
- ↑ Simon, Carly (November 24, 2015). Boys in the Trees: A Memoir. Flatiron Books. ISBN 978-1-250-09589-3.
- ↑ Rogers, Jude (December 27, 2015). „Boys in the Trees: A Memoir by Carly Simon review – Bond, Warren Beatty and the 'Beast'“. The Guardian. Архивирано од изворникот на December 27, 2015. Посетено на July 28, 2017.
- ↑ Sturges, Fiona (December 11, 2015). „Carly Simon, Boys in the Trees: 'More pain than vain' – book review“. The Independent. Архивирано од изворникот на December 14, 2015. Посетено на July 28, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Songs from the Trees: A Musical Memoir Collection“. Carlysimon.com. Архивирано од изворникот на January 6, 2016. Посетено на May 15, 2022.
- ↑ Carlson, Adam (April 15, 2019). „Carly Simon writing Jackie Kennedy friendship memoir“. People. Архивирано од изворникот на April 11, 2022. Посетено на May 26, 2019.
- ↑ Simon, Carly (October 22, 2019). Touched by the Sun: My Friendship with Jackie. Farrar, Straus and Giroux. ISBN 978-0374277727.
- ↑ Hubbard, Kim (December 12, 2019). „The 10 Best Books of 2019“. People. Архивирано од изворникот на December 16, 2019. Посетено на April 22, 2022.
- ↑ Niemietz, Brian (February 2, 2022). „Rock & Roll Hall of Fame nominees include New Yorkers Carly Simon and A Tribe Called Quest“. Архивирано од изворникот на March 15, 2022. Посетено на February 2, 2022.
- ↑ Greene, Andy (May 4, 2022). „Eminem, Dolly Parton, Duran Duran, Lionel Richie Lead Rock & Roll Hall of Fame 2022 Class“. Архивирано од изворникот на May 4, 2022. Посетено на May 4, 2022.
- ↑ DeRosa, Andrew (May 4, 2022). „Carly Simon, who grew up in Stamford, to be inducted into Rock & Roll Hall of Fame“. Middletown Press. Архивирано од изворникот на May 4, 2022. Посетено на May 4, 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Carly Simon Details 'These Are the Good Old Days: The Carly Simon and Jac Holzman Story' Compilation“. Rhino.com. Архивирано од изворникот на July 18, 2023. Посетено на July 18, 2023.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Carly Simon Архивирано на 3 јануари 2019 г. at the British Film Institute
- Карли Сајмон на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Carly Simon on Rhino Records
- Carly Simon at the Rock and Roll Hall of Fame
- Carly Simon at the Songwriters Hall of Fame