Кендрик Ламар
Кендрик Ламар Дакворт (англ. Kendrick Lamar Duckworth; роден на 17 јуни 1987) ― американски рапер и текстописец. Роден е во Комптон, Калифорнија, а неговите родители биле од Чикаго.[1][2] Ламар својата кариера ја започнал како тинејџер и настапувал под уметничкото име К.Дот. Во 2005 година потпишал договор со продукциската куќа Top Dawg Entertainment (TDE).[3][4]
Кендрик Ламар | |
---|---|
Ламар на церемонијата на доделување на Пулицеровата награда за 2018 година | |
Роден(а) | Кендрик Ламар Дакворт 17 јуни 1987 Комптон, Калифорнија, САД |
Занимање |
|
Активен период | 2003–денес |
Организација | PGLang |
Партнер | Витни Олфорд |
Деца | 2 |
Во 2009 година, Ламар одлучил повеќе да не го користи уметничкото име К.Дот и се определил за своето своето родено име. Истата година, Ламар заедно со своите колеги од продукциската куќа TDE: Џеј Рок, Аб-Сул и СкХулбој Кју ја формирале хип-хоп супергрупата Black Hippy. Во 2011 година, Кендрик Ламар го издал својот деби студиски албум Section.80. Албумот наишол на позитивни критики и на него се наоѓа неговиот деби-сингл „HiiiiPower“. Во 2012 година, Ламар потпишал договор за снимање со продукциската куќа од Др. Дре Aftermath Entertainment, спонзорирана од Interscope Records, и го објавил својот втор студиски албум Good Kid, M.A.A.D City. Албумот бил многу добро прифатен од критиката, а имал и комерцијален успех. На овој албум, покрај другите, се наоѓаат и песните: „Swimming Pools (Drank)“, „Backseat Freestyle“ и „Bitch, Don't Kill My Vibe“.
Посетата на Јужна Африка била инспирирација на неговиот трет студиски албум To Pimp a Butterfly (2015) во кој има џез елементи.[5] Ова бил негов прв албум кој се искачил на прво место на Билборд 200.[6] Истата година, со ремиксот на „Bad Blood“ од Тејлор Свифт, Кендрик Ламар за прв пат се искачил на врвот на Billboard Hot 100.[7] Ламар, во неговиот четврти студиски албум Damn (2017) експериментирал со R&B, поп и психоделичен соул. Песната „Humble“ од овој албум била негова прва соло песна која се искачила на прво место, и станала прво некласично и неџез дело на кое му била доделена Пулицерова награда за музика.[8] По четиригодишна пауза, Ламар го издал својот минималистички петти студиски албум Mr. Morale & the Big Steppers (2022).[9] Кендрик Ламар, заедно со неговиот креативен партнер Дејв Фри е кооосновач на креативниот колектив PGLang, и режирале и продуцирале неколку музички спотови и филмови.
Кендрик Ламар има продадено преку 70 милиони плочи само во САД. Сите негови студиски албуми Здружението на музички сниматели на Америка (RIAA) ги сертифицирало со најмалку платинест тираж.[10] За време на својата кариера, Кендрик Ламар има добиено бројни признанија, меѓу кои се и 17 Греми награди, Награда ЕМИ за ударен термин, две Американски музички награди, шест музички награди од Billboard, 11 МТВ Видео Музички Награди, Британска музичка награда и номинација за Оскар. Во 2015 година, Државниот сенат од Калифорнија на Ламар му ја доделил Наградата за икина на генерацијата. Тој се наоѓа на Time 100 и Forbes 30 Under 30 списоците.[11][12] Три негови студиски албуми биле вклучени меѓу 500 најдобри албуми на сите времиња во рангирањето од Ролинг стоун за 2020 година.
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Section.80 (2011)
- Good Kid, M.A.A.D City (2012)
- To Pimp a Butterfly (2015)
- Damn (2017)
- Mr. Morale & the Big Steppers (2022)
Наводи
уреди- ↑ Kendrick Lamar. „Kendrick Lamar - Rapper, songwriter“. Архивирано од изворникот May 19, 2017. Посетено на June 23, 2017.
- ↑ Biography by Andy Kellman (June 17, 1987). „Kendrick Lamar | Biography & History“. AllMusic. Архивирано од изворникот July 7, 2017. Посетено на June 23, 2017.
- ↑ „Kendrick Lamar's Complete Discography – Tea & Weed“. teaandweed.com. February 12, 2021. Посетено на March 23, 2022.
- ↑ „Kendrick Lamar: The West Coast Got Somethin' To Say“. HipHopDX. 2011-01-06. Посетено на 2022-10-17.
- ↑ „'To Pimp a Butterfly' remains an important display of the life and struggles of modern-day Black America“. REVOLT (англиски). Посетено на May 9, 2022.
- ↑ „Best Albums of the Decade“. Metacritic (англиски). Архивирано од изворникот на April 6, 2019. Посетено на April 1, 2020.
- ↑ Lipshutz, Jason (2015-05-27). „Kendrick Lamar Scores First Hot 100 No. 1 Thanks to Taylor Swift“. Billboard (англиски). Посетено на 2022-11-09.
- ↑ Johnston, Chris (April 17, 2018). „Kendrick Lamar wins Pulitzer music prize“ (англиски). BBC News. Архивирано од изворникот на May 30, 2018. Посетено на May 31, 2018.
- ↑ Sisario, Ben (May 13, 2022). „Kendrick Lamar Returns With 'Mr. Morale & the Big Steppers'“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на May 13, 2022.
- ↑ „Gold & Platinum“. RIAA (англиски). Посетено на May 9, 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Greenburg, Zack O'Malley. „Kendrick Lamar, Conscious Capitalist: The 30 Under 30 Cover Interview“. Forbes (англиски). Посетено на 2022-10-05.