Натали Кол

американска пејачка (1950–2015)

Натали Марија Кол (англиски: Natalie Maria Cole; 6 февруари 1950 - 31 декември 2015) ― американска пејачка, текстописец и глумица. Била ќерка на пејачот и џез-пијанист Нет Кинг Кол. По успехот на нејзиниот прв албум Inseparable (1975) и песната „This Will Be (Everlasting Love)“ во 1976 година добила Греми за најдобар нов изведувач, со што станала прв афроамерикански и прв ритам и блуз изведувач кој ја освоил таа награда.[1]

Натали Кол
Натали Кол на настап во 2007
Роден(а)Натали Марија Кол
6 февруари 1950(1950-02-06)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Починал(а)31 декември 2015(2015-12-31) (возр. 65)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
  • глумица
Активен период1956–2015
Сопружник
  • Марвин Јанси (в. 1976; раз. 1980)
  • Андре Фишер (в. 1989; раз. 1995)
  • Кенет Дупри
     (в. 2001; раз. 2004)
Деца1
РодителиНет Кинг Кол
Марија Кол
Музичка кариера
ПотеклоЧикаго, Илиноис, САД
Жанрови
ИнструментиГлас
Издавачи
Мреж. местоnataliecole.com

Во 1991 година го издала албумот Unforgettable... with Love, кој освоил Греми за албум на годината, а Кол станала прва Афроамериканка што ја освоила наградата.[2]

Во текот на нејзиниот живот, Кол добила девет Греми награди, била номинирана за Еми награда за серија во ударен термин[3] и продала над 30 милиони плочи ширум светот.[4] Во 1999 година од Куќата на славата на текстописците ја добила наградата „Хауи Ричмонд“ за пишување хит-песни,[5] а постхумно била примена во Националната куќа на славата на ритам и блуз музиката (2021 година),[6] и добила ѕвезда на Холивудскиот булевар на славните.[7]

Рани години и семејство

уреди

Натали Марија Кол е родена на 6 февруари 1950 година во Лос Анџелес. Таа е ќерка на американскиот пејач и џез-пијанист Нет Кинг Кол и поранешната џез-пејачка во оркестарот од Дјук Елингтон, Марија Хокинс Елингтон.[8] Уште како дете била во контакт со многу големи пејачи од џез, соул и блуз-музиката. Кол пеела на божиќниот албум на нејзиниот татко од 1960 година, <i id="mwSw">The Magic of Christmas</i>, а почнала самостојно да настапува на 11-годишна возраст.

По смртта на нејзиниот татко во 1965 година, имала тешки односи со нејзината мајка. Се запишала на Универзитетот во Масачусетс, каде во 1972 година добила диплома по детска психологија и германски јазик.[9][10]

Музичка кариера

уреди

Почетоци

уреди
 
Натали и Керол Кол во студијата на NBC во 1975 година

Кол пораснала слушајќи разновидна музика која ги вклучувала Арета Френклин и Џенис Џоплин. По дипломирањето во 1972 година, почнала да пее во мали клубови со нејзината група Black Magic.

Со помош на текстописците Чак Џексон и Марвин Јенси снимила неколку песни во студио во Чикаго кое било во сопственост на Кертис Мејфилд. Нејзините демо-снимки довеле да потпише договор со Capitol Records,[11] по што го објавила нејзиниот прв албум, Inseparable. Објавен во 1975 година, албумот веднаш станал хит благодарение на песната „This Will Be“, која се пласирала топ-десет хит и на Натали Кол ѝ донел Греми награда за најдобра женска R&B вокална изведба.

Кол ја освоила наградата за најдобар нов изведувач на Греми наградите со што станала прва афроамериканска музичарка со тој подвиг. Медиумското претставување на Кол како „новата Арета Френклин“ предизвикало ривалство меѓу двете пејачки. Ривалството кулминирало на Греми наградите во 1976 година кога Кол ја победила Френклин во категоријата Најдобра женска ар-ен-би вокална изведба, категорија која Френклин ја освоила осум пати предходно.

Музичка ѕвезда

уреди

Во 1976 година Кол го издала албумот Natalie, кој како и Inseparable, бил продаден во златен тираж.

Нејзиниот трет албум, Unpredictable, станал платинест претежно благодарение на хитот „I've Got Love on My Mind“. Во 1977 година, Кол го издала нејзиното четврто издание и втор платинест албум, Thankful, кој вклучувал уште еден хит, „Our Love“. Кол станала прва пејачка која имала два платинести албуми во една година. За да ја искористи својата популарност, Кол започнала сопствена ТВ-емисија, која привлекла познати изведувачи како Earth, Wind & Fire, а се појавила во ТВ-емисијата „Синатра и пријателите“. Во 1978 година, Кол го издала нејзиниот прв албум во живо, Natalie Live!

На почетокот од 1979 година, пејачката добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Истата година, издала уште два албума, I Love You So и дуетски албум со Peabo Bryson, We're the Best of Friends.

Предизвици и повторна популарност

уреди
 
Кол во 1996 година

По објавувањето на нејзиниот осми албум, Don't Look Back (1980) кариерата на Кол почнала да оди во обратна насока. Во 1981 година, личните проблеми на Кол, вклучително и битката со зависност од дрога, почнале да го привлекуваат вниманието на јавноста што влијаело на нејзиниот професионален и личен живот. Во 1983 година, по објавувањето на нејзиниот албум I'm Ready, Кол успеала да го надмине овој период по успешна шестмесечна рехабилитација.

По нејзиното излегување од установата за рехабилитација, потпишала договор со Atco и го издала албумот Dangerous, по што почнала бавно да се враќа на ѕвездените патеки. Во 1987 година, потпишала со EMI-Manhattan Records и го издала албумот Everlasting, кој ја вратил на врвот на топ-листите благодарение на сингловите: „Jump Start (My Heart)“, „I Live for Your Love“ и нејзината денс-поп преработка на песната од Брус Спрингстин, „Pink Cadillac“. Everlasting станал прв платинест албум на Кол по десет години.

Најголем успех Натали Кол имала во 1991 година со издавањето на албумот Unforgettable... with Love. Овој албум бил посветен на нејзиниот татко и содржел модерни препеви на неговите најпознати песни, како што е „Unforgettable“, која била преработена како дует со неговиот оригинален глас. Албумот станал сензација и бил продаден во над седум милиони примероци само во САД и освоил неколку Греми, вклучувајќи ги: албум на годината, запис на годината и најдобра традиционална поп-вокална изведба.

По огромниот успех со Unforgettable... with Love, Натали Кол продолжила да снима и да настапува. Нејзините подоцнежни албуми, како Take a Look (1993) и Holly & Ivy (1994), иако не биле успешни како Unforgettable, биле добро примени од критиката и обожавателите.

Во 1995 година, Кол добила почесен докторат по музика од музичкиот колеџ „Беркли“.

Во 2000-тите издала два албума: Ask a Woman Who Knows (2002) со елементи на џез и Leavin (2006) со поп, рок и R&B песни. Во 2008 година, седумнаесет години по Unforgettable... with Love, го издала Still Unforgettable, на кој имало песни кои ги прославиле нејзиниот татко и Френк Синатра. Во април 2012 година, таа се појави во Pennington Great Performers со симфонискиот оркестар Батон Руж.

Телевизиска и филмска кариера

уреди
 
Кол на доделувањето на Еми наградите во 1992 година

Кол имала и глумечка кариера. Таа неколку пати се појавила на концерти или други програми поврзани со музика, вклучително и на 70-тиот роденден на Нелсон Мандела во 1988 година.[12]

Во 1990 година, Кол го водела ТВ-шоуто <i id="mw7Q">Big Break</i>, натпревар за таленти каде пејачи и музичари се натпреварувале за награда од 100 000 долари.[13][14]

Откако Џони Матис се појавил во емисијата на Кол во 1980 година, тие двајцата останале во контакт, а во 1992 година тој ја поканил да биде дел од неговата телевизиска емисија Омаж на Нет Кол на Би-би-си во Англија. Објавен бил истоимен албум.

Таа имала главна улога во ТВ-филмот Лили во зима. Се појавила во биографскиот филм за Кол Портер Де-Лавли. Во 2001 година, се глумела себеси во Живеење за љубов: Приказна за Натали Кол, за која ја добила NAACP Image Award за најдобра глумица во телевизиски филм, мини-серија или драмски специјал.

Личен живот

уреди
 
Кол во 2013 година

Кол се мажела три пати. Во јули 1976 година во Чикаго се омажила за Марвин Јанси, поранешен член на ар-ен-би групата од 1970-тите „Индипенденс“.[15] Имале син, Роберт Адам Јанси (14 октомври 1977 – 14 август 2017). Тој бил музичар кој бил на турнеја со неа.[16] Марвин Јанси починал од срцев удар во 1985 година, на 35-годишна возраст.[17]

Во 1989 година, Кол се омажила со продуцентот и поранешен тапанар на групата Rufus, Андре Фишер. Тие се развеле во 1995 година. Во 2001 година, Кол се омажила за Кенет Дупри. Тие се разведоле во 2004 година. Во 2017 година, нејзиниот син Роберт починал од срцев удар, на 39-годишна возраст.[18]

Зависност од дрога

уреди

Во 2000 година, Кол објавила автобиографија, Ангел на моето рамо, во која ја опишала нејзината борба со зависноста од дрога во поголемиот дел од нејзиниот живот. Во една фаза од нејзината зависност, Кол работела како проститутка за да ја финансира нејзината навика за дрога.[19] Кол рекла дека почнала рекреативно да користи дрога додека студирала на Универзитетот во Масачусетс.[20] Таа била уапсена во Торонто, за поседување хероин во 1975 година.[21]

Во 1983 година поминала шест месеци во установа за рехабилитација.

Здравствени проблеми и смрт

уреди

Во 2008 година ѝ бил дијагностициран хепатитис Ц, кој бил последица на нејзината мината интравенска употреба на дрога. Поради ова, Кол морала да направи трансплантација на бубрези во 2009 година.[22]

Кол откажала неколку настани во декември 2015 година поради болест. Нејзин последен музички настап бил краток сет од три песни во Манила.[23] Починала во Лос Анџелес на 31 декември 2015 година (на новогодишната ноќ), на 65-годишна возраст.[24] Публицистот на Кол рекол дека смртта на пејачката е резултат на конгестивна срцева слабост,[25] за која нејзиното семејство рекло дека е компликација од идиопатска пулмонална артериска хипертензија, која ѝ била дијагностицирана по трансплантацијата на бубрег во 2009 година.[26]

Погребот на Кол се одржал на 11 јануари 2016 година во Лос Анџелес. Дејвид Фостер, Стиви Вондер, Смоки Робинсон, Лајонел Ричи, Чака Кан, Еди Леверт, Мери Вилсон, Гледис Најт, Ледиси, Џеси Џексон, Анџела Басет, Денис Николас, Марла Гибс и Џеки Хари биле меѓу присутните.

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • Inseparable (1975)
  • Natalie (1976)
  • Unpredictable (1977)
  • Thankful (1977)
  • I Love You So (1979)
  • Don't Look Back (1980)
  • Happy Love (1981)
  • I'm Ready (1983)
  • Dangerous (1985)
  • Everlasting (1987)
  • Good to Be Back (1989)
  • Unforgettable... with Love (1991)
  • Take a Look (1993)
  • Holly &amp; Ivy (1994)
  • Stardust (1996)
  • Snowfall on the Sahara (1999)
  • The Magic of Christmas со Лондонскиот симфониски оркестар (1999)
  • Ask a Woman Who Knows (2002)
  • Leavin' (2006)
  • Still Unforgettable (2008)
  • Caroling, Caroling: Christmas with Natalie Cole (2008)
  • Natalie Cole en Español (2013)

Наводи

уреди
  1. Folk, Antwane (February 5, 2015). „Grammy History: Natalie Cole First R&B Artist to Win Best New Artist“. Rated R&B (англиски). Посетено на February 11, 2023.
  2. Hobson, Janell (February 7, 2023). „When Black Women's 'Excellence' Isn't Good Enough“. Ms. Magazine (англиски). Посетено на February 11, 2023.
  3. „Natalie Cole“. Television Academy (англиски). Посетено на February 11, 2023.
  4. „The Charlotte Symphony with Natalie Cole“. Ovens Auditorium. April 13, 2012. Архивирано од изворникот на April 16, 2012. Посетено на February 13, 2013.
  5. „Natalie Cole | Songwriters Hall of Fame“. www.songhall.org. Посетено на February 11, 2023.
  6. rush360 (July 24, 2022). „Inductees | R&B HOF“ (англиски). Посетено на February 11, 2023.
  7. Chad (October 25, 2019). „Natalie Cole“. Hollywood Walk of Fame (англиски). Посетено на February 11, 2023.
  8. Natalie Cole Leaves The Past Behind Cole Experiences Renewal on New Album 'Leavin' – HOLLYWOOD, Calif. (September 24, 2006) by Caitlin A. Johnson – CBSnews.com Retrieved on 05-23-07
  9. „Natalie Cole | American singer“. Encyclopædia Britannica (англиски). Посетено на June 25, 2018.
  10. Merzbach, Scott (January 6, 2016). „Recalling Cole's Amherst days“. amherstbulletin.com. Посетено на June 25, 2018.
  11. Wynn, Ron. „Natalie Cole“. AllMusic. Посетено на September 23, 2018.
  12. Hawksley, Rupert (December 6, 2013). „Nelson Mandela birthday tribute concerts: how they helped change the world“. Telegraph.co.uk. Архивирано од изворникот на January 11, 2022.
  13. Text by Karen E. Klages (April 10, 1991). „THE $100,000 MEN“. Chicago Tribune (англиски).
  14. Collier, Aldore (November 26, 1990). „Natalie Cole Says Her 'Big Break' TV Show Spotlights New Black Entertainers“. Jet. 79 (7): 56–58.
  15. Company, Johnson Publishing (March 17, 1977). „Jet“. Johnson Publishing Company. Посетено на January 16, 2024.
  16. „Robert Yancy Dead: Natalie Cole's Son Tragically Dies Of Heart Attack At 39“. Hollywood Life. August 15, 2017.
  17. „Robert Yancy Dead: Natalie Cole's Son Tragically Dies Of Heart Attack At 39“. Hollywood Life. August 15, 2017.
  18. „Robert Yancy Dead: Natalie Cole's Son Tragically Dies Of Heart Attack At 39“. Hollywood Life. August 15, 2017.
  19. „Natalie Cole, singer - obituary“. Telegraph.co.uk. 2016. Архивирано од изворникот на January 11, 2022.
  20. Yagoda, Maria (January 1, 2016). „From Addiction Battles to Chart-Topping Success: Natalie Cole's Bright Life in the Spotlight“. People.com. Time, Inc. Посетено на November 22, 2017. After dating a boy named Jimmy, she began singing and rehearsing with his band – and also experimenting with drugs.
  21. Fink, Mitchell; Rubin, Lauren (October 16, 2000). „Natalie Cole's secret drug peril“. New York Daily News (англиски). New York City, NY. Посетено на November 22, 2017.
  22. Cohen, Sandy; Fekadu, Mesfin (January 2, 2016). „Heir to Jazz Legend with Grammys of Her Own Dies“. The Detroit Free Press. стр. 5A.
  23. „Natalie Cole 2015 Manila [DOLBY]“ (англиски). YouTube. Посетено на November 10, 2017.
  24. Pareles, Jon (January 1, 2016). „Natalie Cole, 'Unforgettable' Voice and Million-Selling Hitmaker, Dies at 65“. The New York Times. Посетено на December 31, 2019.
  25. Rottenberg, Josh (January 1, 2016). „Natalie Cole has died at 65; 'Unforgettable' singer was daughter of legendary Nat King Cole“. Los Angeles Times.
  26. "Autopsy: The Last Hours of Natalie Cole". Autopsy: The Last Hours of.... Nar. Eric Meyers. Exec. Prod. Ed Taylor and Michael Kelpie. Reelz, May 27, 2017. Television.

Надворешни врски

уреди