Петула Кларк
Петула Кларк (англиски: Petula Clark; родена на 15 ноември 1932 година) ― англиска пејачка, глумица и текстописец. Нејзината кариера се протега преку седум децении.
Петула Кларк | |
---|---|
Петула Кларк во 2010 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Сели Кларк |
Роден(а) | 15 ноември 1932 Ивел, Сари, Англија |
Жанрови | Забавна музика, Шлагер, Драмска музика, Филмска музика |
Занимања |
|
Период на активност | од 1940-ти до денес |
Издавачи |
Петула Кларк, професионалната кариера ја започнала за време на Втората светска војна кога работела како водител на детски емисии на радио Би-Би-Си. Во 1954 година, нејзината песна „The Little Shoemaker“ се нашла на британските топ листи; оваа песна била прв нејзин голем хит во Велика Британија. Две години подоцна почнала да пее песни на француски јазик. Нејзини поуспешни песни од овој период биле: „Prends mon coeur“, „Sailor“ (прво место во Велика Британија), „Romeo“ и „Chariot“. Следеле хитови на германски, италијански и шпански јазик. Во 1964 година, Петула успеала да се пробие и во САД, каде што со низа оптимистички песни била на врвот на топ-листите во следните четири години. Нејзина најпозната песна од овој период е „Downtown“, а други популарни песни ѝ биле „I Know a Place“, „My Love“, „Colour My World“, „A Sign of the Times“, „I Couldn't Live Without Your Love“, „Who Am I“, „This Is My Song“ (од Чарлс Чаплин), Don't Sleep in the Subway“, „The Other Man's Grass Is Always Greener“ и „Kiss Me Goodbye“. Во САД, Кларк понекогаш се нарекувала „Прва дама на британската инвазија“.
Петула има продадено преку 68 милиони плочи.[1] Таа, исто така, (меѓу другите) глумела во филмскиот мјузикл Фајнијановото виножито и во сценските мјузикли Звукот на музиката, Браќата Блад, Сансет булевар и Мери Попинс.
Наводи
уреди- ↑ „Mini-Biography“. Petula Clark.net. 28 October 2000. Архивирано од изворникот на 24 September 2015. Посетено на 18 August 2015.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Петула Кларк на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Петула Кларк — AllMovie (англиски)
- Petula Clark at the TCM Movie Database
- Petula Clark at the British Film Institute
- Petula Clark at the Internet Broadway Database
- Petula Clark discography at Discogs
- petulaclark.co.uk, her British official website
- Petula Clark LIVE on YouTube --- 20 songs performed live mostly on television.
- Glenn Gould dissects the music and image of Petula Clark in a 1967 CBC broadcast (sound only)
- BBC interview, April 2002
- Union Jack News interview, November 2006
- BBC Radio Wales interview, January 2007
- Las Vegas Sun interview, February 2007