Дејвид Греј (музичар)

британски кантавтор

Дејвид Питер Греј (англ. David Peter Gray; роден на 13 јуни 1968) [2] ― британски пејач и текстописец.

Дејвид Греј
Дејвид Греј на настап во 2010
Животописни податоци
Родено имеДејвид Питер Греј
Роден(а)13 јуни 1968(1968-06-13)(56 г.)
Сејл, Чешир, Англија
Жанрови
Период на активност1992–денес
Издавачи
Мреж. местоdavidgray.com

Роден бил на 13 јуни 1968 година во Сејл, до деветтата година живеел во Алтринчам во Чешир, а потоа со семејството се преселил во Велс.[3][4] Студирал на Уметничкото училиште во Ливерпул.[5]

Првиот студиски албум го издал во 1993 година. Стекнал светска слава по објавувањето на неговиот четврти студиски албум, White Ladder (1998 и реиздаден во 2000 година), а особено со хит-синглот „Babylon“.[6][7][8] White Ladder бил прв од трите албуми од Греј кои се искачиле на врвот на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство, каде што станал петти најпродаван албум во 2000-тите.[9] Во 2019 година, бил рангиран како десетти најпродаван албум во Обединетото Кралство во 21 век.[10] Дејвид Греј четирипати бил номиниран за Британски музички награди, вклучувајќи и две номинации за најдобар британски пејач.

Дискографија

уреди
  • A Century Ends (1993)
  • Flesh (1994)
  • Sell, Sell, Sell (1996)
  • White Ladder (1998)
  • Lost Songs 95–98 (2000)
  • A New Day at Midnight (2002)
  • Life in Slow Motion (2005)
  • Draw the Line (2009)
  • Foundling (2010)
  • Mutineers (2014)
  • Gold in a Brass Age (2019)[11]
  • Skellig (2021)[12]
  • Dear Life (2025)

Наводи

уреди
  1. Pakinkis, Tom. „David Gray signs new album to Kobalt Label Services“. Musicweek.
  2. Leahey, Andrew. „David Gray Biography“. allmusic. Посетено на 12 January 2021.
  3. Charlotte Philby (5 September 2009). „My Secret Life: David Gray, musician, 41“. The Independent.
  4. „A lighter shade of Gray“. Walesonline. 28 November 2009. Посетено на 27 February 2020.
  5. „A lighter shade of Gray“. Walesonline. 28 November 2009. Посетено на 27 February 2020.
  6. Ezell, Brice (25 April 2018). „The Flipside #12: David Gray's 'A New Day at Midnight', PopMatters“.
  7. „The Sounds of Silence: David Gray's 'Skellig' Invokes the Need for Serenity and Solace“. American Songwriter. 24 February 2021.
  8. „David Gray, Beyond 'Babylon'. NPR.org.
  9. „James Blunt records the biggest selling album of decade“. Press Office. BBC. 29 December 2009. Посетено на 27 July 2015.
  10. „Radio 2 reveals the best-selling albums of the 21st Century“. BBC. Посетено на 12 October 2019.
  11. „David Gray announces new album and tour dates | Complete Music Update“. Completemusicupdate.com. Архивирано од изворникот на 2022-10-11. Посетено на 11 April 2023.
  12. „Skellig“. Davidgray.com.

Надворешни врски

уреди