Андреја Бочели

италијански пејач

Андреја Бочели (италијански: Andrea Bocelli; роден на 22 септември 1958 во Лајатико, Тоскана, Италија) — италијански пејач, писател и музички продуцент[1][2].

Андреја Бочели
ОЗИР ОЗСДМ
Бочели на концерт во 2006 година
Животописни податоци
Роден(а)22 септември 1958(1958-09-22)(66 г.)
Лајатико, Италија
Жанрови
Занимања
  • Singer-songwriter
  • record producer
Инструментивокалист, пијано, флејта
Период на активност1992–денес
Издавачи
Соработници
Мреж. местоandreabocelli.com

Како оперски тенор, има издадено четри комплетни опери (La Boheme, Il Trovatore, Werther и Tosca) и петнаесет други албуми, во класичен или популарен стил. Има два сина Амос (роден 1995) и Матео (роден 1997). Се има разведено од својата единствена жена, Енрика.

Рани години

уреди

Бочели е роден со глаукома, и бил ослепен на возраст од 12 години, поради мозочно крварење, кое го добил како последица од удар на главата играјќи фудбал. Никогаш не зборува за својот инвалидитет.

Како дете Бочели свирел на црковни оргули, и на возраст од 12 ја добил наградата „Margherita d'Oro in Viareggio“ со песната „O sole mio[3]. Тоа било негова прва награда освоена на некое натпреварување. По едногодишно работење како адвокат (дипломирал како Доктор на Право на Универзитетот во Пиза)[4][5], земал часови по пеење од Лучано Ветарини, и со тоа окупирајќи се со музиката во целост. Никогаш не го прекинал надградувањето и тренирањето на својот глас, посетувајќи разни настави.

Национално докажување

уреди

Италијанската рок ѕвезда Ѕукеро Форначари, барајќи тенори, го примил на аудиција Бочели во 1992. Откако ја слушнал касетата, познатиот тенор Лучано Павароти, започнал да го убедува Ѕукеро да го искористи како тенор Бочели наместо него. Во 1994 ја извел победувачката „Il mare calmo della sera“ на фестивалот во Санремо, и како последица на тоа го постигнал својот прв Златен Диск. Истата година дебитирал како Мекдаф во вердиевата „Макбет“, пеејќи во чест на Павароти на корцерт во Модена, и пред папата за Божиќ.

Во 1995 на фестивалот во Санремо, Бочели го освоил четвртото место пеејќи ја „Con Te Partirò“.

Меѓународно докажување

уреди

Во 1996 година во Германија заедно со сопранот Сара Брајтман ја испеел англиската верзија на „Con Te Partirò“, насловена како „Time to Say Goodbye“, кршејќи ги рекордите за продажба и останувајќи на германската топ 10 листа скоро шест месеци. Во наредните години Бочели настапувал во Париз, Болоња, Торе де Лаго и Ватикан, и издавал албуми. Во 1998 влегол на американскиот пазар со концерт во Вашинтон во центарот за изведување уметности „Кенеди“ и во Белата Куќа. Истата година, заедно со наредната, Бочели започнал турнеи низ Северна и Јужна Америка и дуети со Селин Дион. Албумите на Бочели биле на врвот на американските класични албуми. Во 2002 година, Бочели ја повторил американската турнеја, освојувајќи притоа две Светски музички награди.

Добротворни и други дела

уреди

Бочели исто така има настапувано и за многу добротворни настани и околности, како што се: концертот во октомври 2001 година, посветен на жртвите од Терористичките напади во Њујорк, неколкупати на настаните „Павароти и пријателите за деца„; учество на цд-то на Шерон Осборн како проект за цунамито; и настапи во големи телевизиски концерти во Италија (март 2005) насловени како „Музика за Азија“. Бочели се има посветено и на други дела, а не само на музиката, па така учествувал во неколку пишани дела, меѓу кои и кратко дело за пријателство во соработка со Дорис Плат, како и предговор за една италијанска книга за спотедлена грижа. Исто така има издадено автобиографија именувана „Музика на тишината“ во 2001.

Дискографија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Andrea Bocelli“. Decca Records. Universal Music. Архивирано од изворникот на 30 April 2011. Посетено на 10 December 2013.
  2. http://www.classicalbrits.co.uk/artist/andrea-bocelli[мртва врска]
  3. „Chronicle 1958–1991“. bocelli.de. Посетено на 20 January 2008.
  4. „Andrea Bocelli to Receive Master's Degree“. Billboard. AP. 18 October 2013. Посетено на 10 December 2013.
  5. Day, Carol (10 November 1997). „Blind Ambition“. People. Посетено на 22 July 2017. Bocelli's parents, Alessandro, 68, and Edi, 59, sold farm equipment and produced wine in tiny Lajatico, in Tuscany about 20 miles from Pisa.