Лизо

американска пејачка и раперка

Мелиса Вивиен Џеферсон (англиски: Melissa Viviane Jefferson; родена на 27 април 1988 година),[1] широко позната како Лизо (англ. Lizzo) ― американска раперка и пејачка. Родена е во Детроит, а на десетгодишна возраст со семејството се преселила во Хјустон. Подоцна се преселила во Минеаполис, каде што ја започнала својата кариера во хип хоп музиката. Пред да потпише со Nice Life Recording Company и Atlantic Records, Лизо објавила два студиски албуми, Lizzobangers (2013) и Big Grrrl Small World (2015). Нејзиното прво ЕП со голема издавачка куќа, Coconut Oil, било објавено во 2016 година.

Лизо
Лизо на фестивалот во Гластонбери, 2023
Роден(а)Мелиса Вивиен Џеферсон
27 април 1988(1988-04-27)(36 г.)
Детроит, Мичиген, САД
ОбразованиеХјустонски универзитет (не дипломирала)
Занимање
  • Раперка
  • пејачка
  • текстописец
  • глумица
Активен период2011–денес

Лизо се стекнала со поголема популарност по објавувањето на нејзиниот трет студиски албум, Cuz I Love You (2019), кој се искачил на четвртото место на американскиот Билборд 200. Лизо била номинирана во осум категории на 62-те годишни награди Греми, најмногу номинации за таа година, вклучувајќи ги и номинациите во сите категории од „Големата четворка“, и ги освоила наградите за најдобар урбан современ албум, најдобра поп соло изведба за „Truth Hurts“, и Најдобра традиционална R&B изведба за песната "Jerome".

Во 2021 година, Лизо го издала синглот „Rumors“ (со Карди Б ), кој дебитирал во топ-5 на Billboard Hot 100. На нејзиниот четврти студиски албум, Special (2022), му претходел неговиот водечки сингл „About Damn Time“, кој стигнал до прво место на Billboard Hot 100; со овој албум Лизо станала првата црна пејачка по Витни Хјустон (1994 година) која ја освоила наградата Греми за Запис на годината.

Во 2019 година, Тајм ја прогласил Лизо за „забавувач на годината“ за нејзиниот огромен подем и придонес во музиката.[2] Покрај нејзините четири Греми награди, таа има освоено и музичка награда Билборд, награда BET и две музички награди Soul Train.

Живот и музичка кариера

уреди

Мелиса Вивиен Џеферсон е родена на 27 април 1988 година во Детроит, Мичиген.[3] На десет годишна возраст со семејството се преселила во Хјустон, Тексас.[4] Во следните осум години, до дипломирањето во средното училиште Алиеф Елсик во 2006 година учела да свири класична флејта кај Клаудија Момен, а во меѓувреме почнала да рапува.[5][6] На 14-годишна возраст, со нејзините пријатели основала музичка група наречена Cornrow Clique.[6] Тогаш го добила прекарот „Лизо“, варијанта од „Лиза“, инспирирана од песната „Izzo (H.O.V.A.)“ од Џеј Зи.[7] На Универзитетот во Хјустон,[8] студирала класична музика.[9] На 21-годишна возраст, по смртта на нејзиниот татко, додека се обидувала да се пробие во музичката индустрија една година живеела во својот автомобил.[10] Во 2009 и 2010 година, била главен вокал и свирела флејта во џез/прог-рок квинтетот Ellypseas.[11] Во 2011 година, го напуштила колеџот и се преселила во Минеаполис.[12][13]

Почетоци на кариерата (2011 ― 2013)

уреди
 
Лизо во Triple Rock Social Club во 2013 година

Додека живеела во Минеаполис, Лизо била член на електро соул-поп дуото Lizzo & the Larva Ink.[14] Потоа помогнала во основањето на тричлена, целосно женска рап/Р&Б група, Chalice. Во 2012 година, Chalice го издале нивниот прв албум, We Are the Chalice, кој бил успешен на локално ниво.[15][16] Во 2013 година, Лизо ја формирала хип-хоп групата Grrrl Prty, која објавила две EP пред да се распушти во 2016 година.[17][18][19]

Првиот албум на Лизо, Lizzobangers, бил издаден на 15 октомври 2013 година.[20][21][22] Албумот бил успешен на регионално и национално ниво. Есента 2013 година, Лизо била на турнеја низ САД и Обединетото Кралство, каде со нејзината група била предгрупа на Хар Мар Суперстар.[23][24] Во ноември 2013 година, списанието Тајм ја именувал меѓу 14-те музичари на кои треба да се внимава во 2014 година.[25] Во декември 2013 година, нејзиниот албум бил реиздаден од Virgin Records.[26]

2014 ― 2015: Big Grrrl Small World

уреди

По објавувањето на нејзиниот прв албум, Лизо веднаш започнала да работи на нова музика.[27]

Во септември 2014 година, Лизо, заедно со другите членови од групата Chalice, Софија Арис и Клер де Лун, се појавила на песната „BoyTrouble“ на албумот Plectrumelectrum од Принс и 3rdeyegirl.[28] На 7 октомври 2014 година, Лизо гостувала во Доцното шоу со Дејвид Летерман.[29]

Вториот студиски албум на Лизо, Big Grrrl Small World, бил издаден на 11 декември 2015 година.[30]

2016 ― 2018: Coconut Oil

уреди
 
Лизо како предгрупа на Florence and the Machine во 2018 година

Во 2016 година, откако претходно истата година потпишала со Атлантик Рекордс, Лизо на 7 октомври 2016 година го издала своето прво ЕР со п=голема издавачка куќа, Coconut Oil.[31] Лизо самата ги напишала сите песни од албумот, а Рики Рид, Кристијан Рич, Дабел Дач и Џеси Шаткин биле задолжени за продукцијата на албумот. Coconut Oil добил позитивни критики од музичките критичари. За да го промовира ЕР-то, Лизо во 2017 година ја започнала турнејата Good as Hell.[32] На почетокот од 2018 година, Лизо била на турнеја со Haim и со Florence and the Machine.[6]

Лизо уште од најрана возраст се соочувала со проблеми со телесната тежина, и затоа откако привлекла поголемо мејнстрим внимание станала поборник за телесна позитивност и самољубие,[6] а притоа нејзината музика била насочена кон прифаќање на различноста, во смисла на големината на телото, сексуалноста, расата, и други основи на дискриминација.[6] Нејзината пратечка група танчери, Big Grrrls, се состоела само од танчери голем конфекциски број.[33]

2019 ― 2020: Пробив во кариерата

уреди
 
Лизо на настап во Академијата Брикстон во ноември 2019 година

Во 2019 година, Лизо го позајмила гласот во анимираниот филм UglyDolls, а имала и споредна улога во филмот Hustlers.[34][35]

На 4 јануари 2019 година, Атлантик рекордс го објавил „Juice“, водечки сингл од нејзиниот трет студиски албум.[36] Албумот, Cuz I Love You, бил објавен на 19 април 2019 година.[37] Употребата на нејзините песни во трејлер за Нетфликс,[38] и други реклами,[39][40] појавувањето на фестивалот Коачела[41] и неколку телевизиски настапи ја зголемиле нејзината популарност.[42]

Нејзиниот трет студиски албум добил одлични критики и стигнал до прво место на топ-листата на iTunes.[43] „Truth Hurts“ станала прва песна од Лизо која се искачила на прво место на Billboard Hot 100.[44] Лизо станала трета раперка на врвот на Hot 100 без да пее со истакнат изведувач. Таа, исто така, станала прва црна соло R&B пејачка која стигнала до прво место на Hot-100 по хитот на РијанаDiamonds“ од 2012 година.[45] Една недела подоцна, на 9 септември 2019 година, Cuz I Love You добила златен сертификат од RIAA за продадени над 500.000 еквивалентни единици.[46] „Truth Hurts“ седум недели била на врвот на Hot 100, со што Лизо го изедначила рекордот за најмногу недели поминати на прво место за рап песна од женски изведувач.[47] Музичкото видео за песната, во кое Лизо се „мажи за себе“,[48] имало преку 220 милиони прегледи на YouTube.[49]

На 23 јули 2019 година, на MTV Video музичките награди Лизо била номинирана за изведувач со најголем напредок во годината и занајдобар нов изведувач.[50] Речиси истовремено, нејзиниот сингл од 2016 година „Good as Hell“ се искачил на врвот на топ-листите ширум светот, достигнувајќи топ-3 на Billboard Hot 100 и топ-10 на топ листата за синглови во Обединетото Кралство.[51]

Таа ги отвори 62-те годишни награди Греми со мешање на „ Cuz I Love You “ и „Truth Hurts“ и освои три награди на церемонијата.[52] Во 2020 година, била номинирана во 11 категории на Билбордовите музички награди, а ја освоила наградата за најпродаван изведувач на песни.[53] На BET наградите во 2020 година, таа станла прв изведувач кој во иста година бил номиниран во категориите на најдобар R&B/поп и хип-хоп изведувач.[54] Во август 2020 година, Лизо потпишала продукциски договор со Amazon Studios.[55] Нејзин прв проект бил нескрипираната серија на реални натпревари насловена како Lizzo's Watch Out for the Big Grrrls.[56] Емисијата била премиерно прикажана на 24 март 2022 година.[57]

2021 ― денес: Special

уреди
 
Лизо во 2022 на фестивалот South by Southwest

На 2 август 2021 година, Лизо го објавила почетокот на „новата ера“ со песната „Rumors“, која била објавена на 13 август.[58] Во интервју за Variety, Лизо рекла дека нејзиниот следен албум ќе биде „љубовен албум“ и „еден од музички најлошите, најхрабрите и најсофистицираните дела што сум ги направила до сега“.[57] На 14 април 2022 година, Лизо го објавила дека синглот „About Damn Time“.

На 15 јули 2022 година, Лизо го издала својот четврти студиски албум Special, кој по објавувањето добил пофалби од музичките критичари.[59] По објавувањето на Special, „About Damn Time“ се искачила на прво место на Billboard Hot 100, и две недели се задржала на таа позиција.[60] Во февруари 2023 година, на 65-тото годишно доделување на Греми награди, песната „About Damn Time“ победила во категоријата „Запис на годината“; ова била прва награда за Лизо во главните категории.

Филмот Барби од 2023 година содржи оригинална песна од Лизо под наслов „Pink“. Песната била објавена на Barbie: The Album на 21 јули истата година,[61] а втората верзија користена во филмот насловена како „Pink (Bad Day)“ била објавена на 29 јули.[62]

Дискографија

уреди
  • Lizzobangers (2013)
  • Big Grrrl Small World (2015)
  • Cuz I Love You (2019)
  • Special (2022)

Наводи

уреди
  1. Fischer, Reed (December 27, 2013). „Lizzo: All I knew was mainstream and 'hood“. City Pages. Архивирано од изворникот на March 1, 2014. Посетено на August 1, 2019.
  2. Празен навод (help)
  3. Sloan, Elizabeth (August 26, 2019). „Lizzo's Real Name Is Melissa Viviane Jefferson“. Heavy.com (англиски). Архивирано од изворникот на August 27, 2019. Посетено на 2019-09-07.
  4. Празен навод (help)
  5. Roantree, Megan (December 11, 2019). „10 Things You Probably Didn't Know About Lizzo“. Kiss (англиски). Архивирано од изворникот на August 4, 2021. Посетено на 2021-02-02.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Garcia, Sandra E.; Lombard, Amy (September 18, 2018). „Lizzo Wants to Build You Up“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на January 25, 2020. Посетено на December 11, 2018.
  7. Davis, Allison P. (February 3, 2019). „It's Just a Matter of Time Till Everybody Loves Lizzo“. The Cut. Архивирано од изворникот на March 22, 2023. Посетено на March 23, 2023.
  8. Martinez, Sarah (February 4, 2020). „Lizzo Returning Home to Texas to Play Houston Rodeo Next Month“. San Antonio Current. Архивирано од изворникот на July 17, 2020. Посетено на July 16, 2020.
  9. Goldfine, Jael (November 12, 2018). „Lizzo Has Some Words For Haters Who Doubt Her Flute Skills“. Paper (англиски). Архивирано од изворникот на June 24, 2019. Посетено на 2019-06-24.
  10. Kale, Sirin (October 19, 2018). „Body-positive rapper Lizzo: 'My job is to emote and communicate and bop'. The Guardian. Архивирано од изворникот на August 28, 2019. Посетено на August 21, 2019.
  11. Hall, Nicholas L. (July 29, 2010). „Ellypseas“. Houston Free Press. Архивирано од изворникот на July 26, 2021. Посетено на November 1, 2023.
  12. Uren, Adam (August 1, 2018). „Lizzo: Moving to Minneapolis 'one of best decisions I've made'. Bring Me the News. Архивирано од изворникот на April 27, 2019. Посетено на July 20, 2019.
  13. Stieg, Cory (January 24, 2020). „Lizzo dropped out of college and lived in her car before making it big“. CNBC (англиски). Архивирано од изворникот на July 12, 2022. Посетено на 2022-07-12.
  14. Rietmulder, Michael (October 9, 2013). „Lizzo: Like a boss“. Vita.mn. Star Tribune. Архивирано од изворникот на November 27, 2015. Посетено на January 22, 2023.
  15. Fischer, Reed (September 26, 2012). „The Chalice take hold of hip hop“. City Pages. Архивирано од изворникот на May 29, 2013. Посетено на October 30, 2013.
  16. Riemenschneider, Chris (September 29, 2012). „Raising the Chalice“. Star Tribune. Архивирано од изворникот на March 28, 2022. Посетено на January 22, 2023.
  17. Johnson, Cecilia (June 10, 2016). „Grrrl Prty to say goodbye at Rock the Garden“. 89.3 The Current. Архивирано од изворникот на January 22, 2023. Посетено на January 22, 2023.
  18. Swensson, Andrea; Gabler, Jay (March 9, 2014). „Grrrl Prty Perform in The Current Studios“. 89.3 The Current. Архивирано од изворникот на June 23, 2021. Посетено на January 22, 2023.
  19. Gore, Sydney (November 13, 2015). „Grrrl Prty Is the Most 'Poppin'' Group in Rap“. Nylon. Архивирано од изворникот на August 19, 2022. Посетено на January 22, 2023.
  20. Lester, Paul (October 4, 2013). „Lizzo (New band of the day No 1,611)“. The Guardian. Архивирано од изворникот на February 10, 2020. Посетено на December 15, 2016.
  21. „Our five faves of the moment: 'Lizzobangers,' 'Maple and Vine,' more“. Star Tribune. Архивирано од изворникот на February 10, 2020. Посетено на 2019-03-12.
  22. Keller, Josh (October 15, 2013). „Lizzo: Lizzobangers Review“. Reviler. Архивирано од изворникот на December 28, 2013. Посетено на October 30, 2013.
  23. Thompson, Ryan Kron (September 10, 2013). „Lizzo, "Batches & Cookies feat. Sophia Eris". Impose. Архивирано од изворникот August 7, 2020. Посетено на November 22, 2013.
  24. Noblet, John (November 18, 2013). „Review: Har Mar Superstar @ Hare & Hounds, Thurs 14th Nov“. Birmingham Review. Архивирано од изворникот November 28, 2013. Посетено на November 22, 2013.
  25. Празен навод (help)
  26. Swensson, Andrea (June 20, 2014). „Friday Five: Lizzo, Bomba de Luz, and more new Minnesota music videos“. The Current. Архивирано од изворникот на December 22, 2015. Посетено на December 16, 2015.
  27. Fox, Killian (January 10, 2016). „Lizzo: 'This time I tried to be more benevolent than belligerent'. The Observer. Архивирано од изворникот на March 21, 2019. Посетено на March 21, 2019.
  28. Gabler, Jay. „Lizzo, Sophia Eris, and Claire de Lune featured on Prince and 3RDEYEGIRL album“. Local Current Blog | The Current from Minnesota Public Radio. Архивирано од изворникот February 10, 2020. Посетено на 2019-01-20.
  29. Riemenschneider, Chris (October 6, 2014). „Lizzo to bang one out on Letterman's show Tuesday“. Star Tribune. Архивирано од изворникот на October 13, 2014. Посетено на October 8, 2014.
  30. Weiss, Dan (December 7, 2015). „Review: Lizzo Is Primed for WRRRLD Domination on 'Big GRRRL Small World'. Spin. Архивирано од изворникот на January 6, 2016. Посетено на December 29, 2015.
  31. Празен навод (help)
  32. „Lizzo wants to make Detroit feel 'Good As Hell'. Blacdetroit.com. June 2017. Архивирано од изворникот на July 23, 2018. Посетено на 2019-01-20.
  33. „Meet the Rising Musician Who's Starting a Body-Confidence Revolution“. Vogue. February 9, 2017. Архивирано од изворникот на March 4, 2020. Посетено на 2018-12-11.
  34. Moreau, Jordan (April 24, 2019). „Lizzo Joins Cardi B and Jennifer Lopez in Stripper Film 'Hustlers'. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на July 14, 2019. Посетено на 2019-07-14.
  35. Празен навод (help)
  36. „Lizzo shares bouncy new single "Juice" with retro video: Watch“. Consequence of Sound. January 4, 2019. Архивирано од изворникот на January 17, 2023. Посетено на 2019-01-19.
  37. Monroe, Jazz (January 28, 2019). „Lizzo Announces New Album and Tour“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на July 23, 2019. Посетено на January 28, 2019.
  38. Zuckerman, Esther (April 19, 2019). „How Lizzo Came to Dominate Soundtracks in 2019“. Thrillist. Архивирано од изворникот June 8, 2019. Посетено на May 4, 2019.
  39. Strapagiel, Lauren (April 15, 2019). „People Are Repping Their Identities With This TikTok DNA Test Meme“. BuzzFeed News. Архивирано од изворникот September 5, 2019. Посетено на September 5, 2019.
  40. „I Just Took a DNA Test – Know Your Meme“. Know Your Meme. April 11, 2019. Архивирано од изворникот September 4, 2019. Посетено на September 5, 2019.
  41. „Coachella 2019 | Lineup“. Coachella (англиски). Архивирано од изворникот на March 20, 2017. Посетено на 2019-04-30.
  42. „Five Burning Questions: Billboard Staffers Discuss Lizzo's First Hot 100 Top 10 With 'Truth Hurts'. Billboard. Архивирано од изворникот July 13, 2019. Посетено на 2019-07-12.
  43. https://bringmethenews.com/minnesota-lifestyle/lizzos-new-album-goes-to-no-1-on-itunes-and-critics-love-it. Занемарен непознатиот параметар |hrsg= (help); Занемарен непознатиот параметар |titel= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |abruf= (help); Занемарен непознатиот параметар |sprache= (се препорачува |language=) (help); Занемарен непознатиот параметар |datum= (се препорачува |date=) (help); Занемарен непознатиот параметар |autor= (се препорачува |author=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  44. Празен навод (help)
  45. „Lizzo's 'Truth Hurts' Reaches No. 1 on Hot 100: A Historic Moment“. Rated R&B. September 3, 2019. Архивирано од изворникот на September 4, 2019. Посетено на 2019-09-17.
  46. „Lizzo's 'Cuz I Love You' Album is Certified Gold“. Rated R&B (англиски). September 9, 2019. Архивирано од изворникот на August 3, 2020. Посетено на 2019-09-17.
  47. Празен навод (help)
  48. Stegemoeller, Kristen (September 26, 2017). „Rapper Lizzo Marries Herself In Self-Love Anthem "Truth Hurts". Paper. Архивирано од изворникот на August 3, 2019. Посетено на May 4, 2019.
  49. „Lizzo – Truth Hurts (Official Video)“. YouTube. September 25, 2017. Архивирано од изворникот на July 13, 2019. Посетено на 2019-07-14.
  50. „ARIANA, TAYLOR, BILLIE, AND LIL NAS X LEAD YOUR 2019 VMA NOMINATIONS“. MTV Press. July 23, 2019. Архивирано од изворникот на July 27, 2019. Посетено на July 23, 2019.
  51. McIntyre, Hugh. „Selena Gomez, Kanye West And Lizzo Score New Top 10 Singles In The U.K.“. Forbes (англиски). Архивирано од изворникот на November 5, 2019. Посетено на 2019-11-04.
  52. Messman, Lauren (January 26, 2020). „2020 Grammy Winners: The Complete List“. The New York Times. Архивирано од изворникот на May 5, 2021. Посетено на September 27, 2020.
  53. Празен навод (help)
  54. Празен навод (help)
  55. White, Peter (August 6, 2020). „Amazon Strikes First-Look Deal With Pop-Star Lizzo“. Deadline. Архивирано од изворникот на August 9, 2020. Посетено на 2020-08-09.
  56. „Lizzo Announces a Full Figured Top Model and Dancer Reality Show for Amazon“. The Hollywood Reporter. March 19, 2021. Архивирано од изворникот на March 21, 2022. Посетено на 2021-03-20.
  57. 57,0 57,1 Setoodeh, Ramin (February 23, 2022). „Lizzo's Next Era: The Pop Star on Her 'Daring' New Album and Pivoting to Reality TV“. Variety. Архивирано од изворникот на February 23, 2022. Посетено на February 24, 2022. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Variety-interview-2022“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  58. Празен навод (help)
  59. Special by Lizzo (англиски), Архивирано од изворникот на July 22, 2022, Посетено на 2022-07-16
  60. Празен навод (help)
  61. Празен навод (help)
  62. Garvey, Marianne (2023-07-31). „Lizzo's 'Pink (Bad Day)' is the wake-up song everyone can relate to“. CNN (англиски). Посетено на 2023-08-10.

Надворешни врски

уреди