Culture Club
Culture Club ― англиска поп-група основана во Лондон во 1981 година. Групата ја сочинувале Бој Џорџ (пејач), Рој Хеј (гитара и клавијатури) и Мајки Крег (бас гитара), а порано член бил и Џон Мос (тапани и удирачки инструменти). Групата се појавила на сцената на новиот романтизам и се сметаат за една од најрепрезентативните и највлијателните групи од 1980-тите.[1]
Culture Club | |
---|---|
Culture Club на настап во јули 2016 година, од лево кон десно: Рој Хеј, Бој Џорџ и Мајки Крег | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лондон, Англија |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Мреж. место | boygeorgeandcultureclub.net |
Членови | |
| |
Поранешни членови | |
Џон Мос |
Culture Club биле предводени од пејачот и фронтмен Бој Џорџ, чиј андроген стил на облекување го привлекло вниманието на јавноста и на медиумите во раните 1980-ти. Групата продала преку од 50 милиони плочи.[2][3] Нивни најпопуларни песни биле: „Do You Really Want to Hurt Me", „Time (Clock of the Heart)", „I'll Tumble 4 Ya", „Church of the Poison Mind", „Karma Chameleon", „Victims", „Miss Me Blind", „It's a Miracle", „The War Song", „Move Away" и „I Just Wanna Be Loved". Песната „Karma Chameleon“ била најпродаван сингл во 1983 година во Обединетото Кралство и во 1984 година се искачила на прво место на американската Hot 100 топ-листа. Песната „Time (Clock of the Heart)“ се наоѓа на списокот од „500 песни кои го обликуваа рокенролот“ објавен од Куќата на славните на рокенролот.
Нивниот втор албум, Color by Numbers, бил продаден во над 10 милиони примероци. Списанието Ролинг Стоун го ставило на нивниот список од „100 најдобри албуми од 1980-тите“ и во книгата од Роберт Димери, „1001 албуми кои мора да го слушнете пред да умрете“. Групата се сметала за член на Втората британска инвазија,[4][5] односно групи кои станале популарни во САД поради кабелскиот музички канал MTV. Музиката на Culture Club е комбинација на новобранова музика и американска соул и поп-музика. Исто така, содржи и елементи на јамајканско реге и други стилови како: калипсо, салса и (со песната „Karma Chameleon“) елементи на кантри-музика.[6][7]
Culture Club продале преку 50 милиони плочи.[8][9] Во 1984 година, Culture Club на Британските музички награди ги освоиле наградите за: најдобра британска група, најдобар британски сингл („Karma Chameleon“) и Греми награда за „Најдобар нов изведувач“.[10] Истата година групата била номинирана за Греми за „Најдобра поп-вокална група или дуо“. Групата исто така била номинирана за канадската награда Џуно за „Меѓународен албум на годината“. Во јануари 1985 година, на Американските музички награди Culture Club биле номинирани за награда во категоријата „Омилена поп/рок група/дуо/групен изведувач во видео“, а во септември 1985 година биле номинирани за две музички награди од MTV: „Најдобри специјални ефекти“ и „Најдобра уметничка режија“ за спотот за песната „It's a Miracle“. Во 1987 година, на Американските музички награди биле повторно номинирани за „Омилена поп/рок група/дуо/групен изведувач во видео“.[11]
Групата неофицијално се разделила во 1986 година. Бој Џорџ бил зависник од хероин, но и другите членови на групата имале проблеми со дрога. Љубовната врска меѓу Џон Мос и Бој Џорџ пропаднала. Останатите членови на групата се жалеле дека се во сенка на Бој Џорџ. Членовите на групата се чувствувале исцрпени од многуте концерти и телевизиски настапи. Последниот албум кој бил објавен пролетта 1987 година бил хит-компилацијата This Time – The First Four Years.
Групата повторно се обединила во 1998 година. Бој Џорџ на почетокот не го сакал Мос во групата, но на крајот се смирил со него. Culture Club го објавиле синглот I Just Wanna Be Loved кој се пласирал во топ-10 на британската табела за синглови. Есента 1999 година биле објавени новиот албум Don't Mind If I Do и два сингла од овој албум. Culture Club повторно се распаднале во 2002 година бидејќи Бој Џорџ сакал да се насочи на неговата кариера како диџеј.
Во 2014 година, групата се обединила и најавила турнеја и нов албум. На официјалната веб-страница на групата била објавена и нова слика од четворицата членови, заедно со списокот со 11 датуми за концерти во Велика Британија. Во 2018 година го објавиле нивниот досега последен албум под наслов Life. Culture Club се сѐ уште активни и редовно одржуваат концерти.
Членови
уредиГлавни членови
уреди- Бој Џорџ (Џорџ О'Дауд) – пејач, тамбура (1981–1986, 1998–2002, 2011–денес)
- Мајки Крег – пејач, бас, клавијатури (1981–1986, 1998–2002, 2011–сега)
- Рој Хеј – гитари, пеење, клавијатури (1981–1986, 1998–2002, 2011–денес)
Поранешни членови
уреди- Фил Пикет – клавијатури, пеење (1982–1986) (сесиски музичар/турнеја)
- Хелен Тери - пејачка (1982-1986) (сесија/турнеја)
- Дариус Зикус – клавијатури (1998–2002) (турнеја)
- Џон Мос – тапани, удирачки инструменти, пеење (1981–1986, 1998–2002, 2011–2021) (главна)
- Сем Бучер – пеење (2006) (турнеја)
Дискографија
уреди- Kissing to Be Clever (1982)
- Colour by Numbers (1983)
- Waking Up with the House on Fire (1984)
- From Luxury to Heartache (1986)
- Don't Mind If I Do (1999)
- Life (2018)
Наводи
уреди- ↑ Chrisafis, Angelique (17 April 2002). „Roll over, Beatles – Smiths top the pops“. The Guardian. London.
- ↑ „Culture Club to perform in Singapore in December“. CNA. Архивирано од изворникот на 22 October 2017. Посетено на 9 February 2020.
- ↑ „Culture Club announces Brighton show“. Eastbourne Herald. 13 April 2018. Посетено на 9 February 2020.
- ↑ Denisoff, R. Serge (1 January 1986). Tarnished Gold: The Record Industry Revisted [i.e. Revisited]. Transaction Publishers. ISBN 9781412835565.
- ↑ Sullivan, Jim (2 March 1984). „Triumph of the 'New'“. The Michigan Daily.
- ↑ Blackwell, Earl (1986). Earl Blackwell's celebrity register. Times Pub. Group. стр. 56. ISBN 978-0-9615476-0-8. Посетено на 18 May 2010.
- ↑ Blackwell, Earl (1990). Earl Blackwell's celebrity register. Times Publishing Group. стр. 48. Посетено на 18 May 2010.
George O'Dowd 14 June 1962, he emerged from London working class roots to become the lead singer of the video and rock and roll phenomenon Culture Club whose sound combines Jamaican reggae with American soul and British New Wave
- ↑ RIAA, Gold & Platinum Culture Club, retrieved on 7 January 2017
- ↑ „Culture Club to perform in Singapore in December“. CNA. Архивирано од изворникот на 22 October 2017. Посетено на 9 February 2020.
- ↑ "Culture Club: BRITs Profile" Архивирано на 21 октомври 2012 г.. Brit Awards. Retrieved 30 October 2012.
- ↑ "Grammy Awards: Best New Artist". Rock on the Net. Retrieved 30 October 2012
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Culture Club — AllMusic (англиски)
- Culture Club MTV artist page Архивирано на 5 јуни 2012 г.