Dire Straits
Dire Straits (анг.: Dire Straits, МФА: daɪər streɪts, транскрипција: Дајер Стрејтс) бил англиски рок бенд кој во 1977 бил формиран од Марк Нопфлер (гитара и вокал), неговиот брат Дејвид Нопфлер (гитара), Џон Илсли (бас гитара) и Пик Витерс (тапани),[2] а нивни менаџер бил Ед Бикнел.
Dire Straits | |
---|---|
„Dire Straits“ во 1985 Од л-д, Флечер (позади), Илсли, Нопфлер и Сони | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лондон, Англија |
Жанрови | Рок, каунтри рок, прогресив рок, паб-рок.[1] |
Период на активност | 1977–1995 |
Издавачи | „Phonogram Records“, „Vertigo Records“, „Warner Bros. Records“ |
Соработници | „The Notting Hillbillies“ |
Мреж. место | www.direstraits.co.uk |
Поранешни членови | |
Марк Нопфлер Џон Илсли Пик Витерс Дејвид Нопфлер Алан Кларк Хал Линдс Тери Вилијамс Гај Флечер Џек Сони |
Најпродаваниот албум на „Dire Straits“, „Brothers in Arms“, бил продаден во над 30 милиони копии.[3] Тие станале еден од комерцијално најуспешните бендови во светот, со вкупна продажба од над 120 милиони албуми.[4] Бендот освоил бројни награди за време на нивната кариера меѓу кои и черити греми награди, три бритрански музички награди (две од нив за најдобра британска група) и две МТВ награди.[4] Помеѓу најпопуларните песни на овој бенд се и песните „Sultans of Swing“, „Romeo and Juliet“, „Tunnel of Love“, „Private Investigations“, „Money for Nothing“, „Walk of Life“, „So Far Away“, „Your Latest Trick“ и „Brothers in Arms“.
Бендот опстојал 18 години. За тоа време претрпел неколку промени во членството со што само Марк Нопфлер и Џон Илсли останале како единствени членови кои свиреле од почеток до крај. „Dire Straits“ се расформирал во 1995 кога Марк Нопфлер ја започнал својата соло кариера.
Кариера
уредиНа почетокот на кариерата, Марк и Дејвид барале од сопствениците на пабовите да ги стишат засилувачите за гостите да можат да разговараат, што асоцира на нивната несигурност и ненаметливост. Името „Dire Straits“ (жаргон „во криза“) им го дал цимерот на тапанарот Пик Витерс, поради тоа што во тој период членовите на групата биле невработени и во тешка финансиска состојба.
Први два албума
уредиИ покрај нивниот старомоден пристап кон рокенрол музиката, првиот, а воедно и истоимен албум, постигнал светски успех. По снимањето на албумот во „Basing Street studios“, Западен Лондон, во февруари 1978, за £12.500,[5] и се приклучиле на турнеја како предгрупа на бендот „Talking Heads“,[6] а по издавањето на синглот „Sultans of Swing“, кој постигнал успех во огромни размери, самите направиле американска турнеја во која отсвириле 51 концерт за 38 дена.[7] На оваа турнеја биле забележани од Боб Дилан кој накратко потоа ги повикал Нопфлер и Витерс да свират на неговиот албум „Slow Train Coming“.[8]
На почетокот, бендот, најмногу успех постигнал во Германија каде нивниот втор албум, „Communiqué“, дебитирал на првото место на листата за најпродавани албуми, додека првиот албум им се наоѓал на третата позиција. Вториот албум продолжил со исто темпо како и првиот, но Марк Нопфлер започнал да искажува интереси за покомплицирани аранжмани и сложени композиции.[9]
Промена на стил
уредиЗа време на снимањето на следниот албум, „Making Movies“, браќата Нопфлер не се согласувале околу музичкиот правец во кој бендот требало да продолжи. Марк, кој бил главниот автор на музиката и текстовите, сакал што повеќе да експериментира со покомплицирани ритми, додека Дејвид ја застапувал идејата за продолжување со истите едноставни песни, како и во првите два албуми. Конфликтот завршил со напуштањето на Дејвид по завршувањето на третиот албум,[10] а неговото место во бендот го преземал Сид Мекгинис. Комплкесноста на аранжманот на која Марк инсистирал вклучувала и клавијатура. На таа позиција свирел Рој Битен, музичар на Брус Спрингстин. По снимањето, на турнејата на бендот, како полноправни членови, се приклучиле гитаристот Хал Линдес и клавијатуристот Алан Кларк.[5] Албумот бил објавен во 1980, а од него се издвоиле хитовите „Romeo and Juliet“ и „Tunnel of Love“.
Следниот албум, „Love Over Gold“, во 1982, бил првиот кој Нопфлер сам го продуцирал и ја означил кулминацијата на оваа експериментална фаза. Од пет песни, колку што имало на албумот, само една била пократка од 6 минути, а воведната нумера „Telegraph Road“ траела 14 минути. Од овој албум, како сингл, била издвоена песната „Private Investigations“, која од тој момент била вклучена во стандардниот репертоар на концертите. Накратко по издавањето на албумот, групата ја напуштил и тапанарот Пик Витерс, а бил заменет од Тери Вилијамс.[11]
Интернационален успех
уредиПо објавувањето на албумот „Love Over Gold“, Нопфлер се посветил на пишувањето музика за филмовите „Локален херој“ и „Кал“, што воедно биле и неговите први два соло албуми објавени во 1983 и 1984.[12] Во тоа време го продуцирал и албумот, „Infidels“, на Дилан од 1983, а ја напишал и првата песна од кам-бек албумот на Тина Тарнер, песната „Private Dancer“, издаден во 1984. Истата година, објавен е и првиот соло албум на Џон Илсли на кој гостувале Нопфлер и Тери Вилијамс.
Кон крајот на годината групата се вратила во студио за да го сними следниот албум именуван „Brothers in Arms“ кој бил издаден во 1985. Истиот тој претставувал најголем успех на бендот. За време на снимањето се случиле нови промени во составот на бендот, односно на групата и се приклучил уште еден клавијатурист, Гај Флечер, кој претходно свирел во бендот „Roxy Music“, а местото на Хал Линдс го заземал Џек Сони. Исто така, на снимањето Нопфлер сфатил дека начинот на свирење на Тери Вилијамс не одговарал на звукот кој бендот сакал да го постигне, па затоа најголемиот дел од свирењето на тапани бил отсвирен од Омар Хаким.[13]
Албумот постигнал многу голем успех дебитирајќи на првото место за најпродавани албуми и во ОК (на листата останал цели 228 недели)[14] и во САД (продадени девет милиони копии)[15]. „Brothers in Arms“ бил меѓу првите албуми издадени на компакт диск[16] (претходно ги издавале само на грамофонски плочи), а на него биле снимени подолги верзии на песните за разлика од тие на грамофонската плоча. Со тоа, албумот „Brothers in Arms“ станал првиот компакт диск продаден во повеќе од милион копии.
Членови на бендот
уредиПоследна постава на бендот (1995)
- Марк Нопфлер - главен вокал, гитара (1977–1995)
- Џон Илсли - бас гитара, следечки вокал (1977–1995)
- Алан Кларк - клавијатура (1980–1995)
- Гај Флечер - клавијатура, следечки вокали (1984–1995)
Поранешни членови
- Дејвид Нопфлер - гитара, клавијатура, следечки вокали (1977–1980)
- Пик Витерс - тапани, удиралки (1977–1982)
- Хал Линдес - гитара, следечки вокали (1980–1985)
- Тери Вилијамс - тапани (1982–1989)
- Омар Хаким - тапани (1985)
- Џек Сони - гитара (1985–1988)
Помошни членови за време на турнеја
- Мел Колинс - саксофон (1983)
- Томи Мандел - клавијатура (1982–1983)
- Јоп де Корте - удиралки (1982–1986)
- Крис Витен - тапани и удиралки (1991–1995)
- Фил Палмер - гитара (1991–1995)
- Пол Френклин - педалска гитара (1991–1995)
- Крис Вајт - саксофон (1985–1995)
- Дени Камингс - удиралки (1991–1995)
Дискографија
уредиАлбуми
уредиПесни
уреди- „Sultans Of Swing“
- „Money For Nothing“
- „Lady Writer“
- „Romeo and Juliet“
- „Tunnel Of Love“
- „Once Upon A Time In The West“
- „Private Investigation“
- „Brothers In Arms“
- „Down To The Waterline“
- „Heavy Fuel“
Надворешни врски
уреди„Dire Straits“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Правење Филмови - „Dire Straits“ Allmusic. Проверено на 2 февруари 2012
- ↑ Питер Бакли (2003) Тешкиот водич до рок, стр. 297. Проверено на 29 декември 2010.
- ↑ Марк Нопфлер повреден во сообраќајна несреќа BBC. Проверено на 19 август 2011.
- ↑ 4,0 4,1 Dire Straits BBC News проверено во декември 2010.
- ↑ 5,0 5,1 Биографија на „Dire Straits“ Архивирано на 20 мај 2011 г.. sing365.com.
- ↑ „Биографија“. Musician Guide. Net Industries. 2009. Посетено на 6 јануари 2009.
- ↑ Дафид Рис, Лук Кремптон (1999). „Енциклопедија на рок ѕвезди" стр. 229. Проверено на 26 декември 2011
- ↑ Патрик Хамприс, Апсолутно Дилан стр. 213. „Viking Studio Books“, 1991.
- ↑ Консидин, Џ.Д. (2004). „Dire Straits“. „The New Rolling Stone Album Guide“. Роулинг Стоун, магазин. Архивирано од изворникот на 2008-07-26. Посетено на 13 февруари 2009.
- ↑ Гензел, Кристијан. „Дејвид Нопфлер“. „AllMusic“. Посетено на 17 април 2011.
- ↑ Итернационално: кој е кој во популарната музика, стр. 282. „Routledge“, 2002.
- ↑ Локален Херој (Оригинална музика на филмот) - Марк Нопфлер „AllMusic“. Проверено на 30 декември 2010.
- ↑ Класични песни: „Dire Straits“ Money For Nothing. soundonsound.com
- ↑ „„Dire Straits" - „Brothers In Arms"“. „Chart Stats“. Посетено на 31 октомври 2011.
- ↑ Billboard, 31 август 1996 (Проверено на 29 декември 2010).
- ↑ Ричард Баскин. „Класични песни: „Dire Straits“ Money For Nothing. Звук на Звук, мај 2006.