The Chainsmokers
The Chainsmokers ― американско продуцентско дуо и диџеј-група составена од Александар Пол ― Алекс (англ. Alexander "Alex" Pall) и Ендрју Тагарт ― Дру (англ Andrew "Drew" Taggart). Популарност стекнале во 2014 година по објавувањето на синглот „#Selfie“.
The Chainsmokers | |
---|---|
The Chainsmokers на концерт во 2018 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Њујорк, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 2012–2019, 2022–денес |
Издавачи | |
Соработници | |
Мреж. место | thechainsmokers.com |
Членови | |
| |
Поранешни членови | |
|
Освоиле една Греми-награда,[3] две Американски музички награди, [4] седум Билбордови награди и девет iHeartRadio-награди.[5] Chainsmokers биле диџеи со највисока заработка во светот во 2019 година според Форбсовиот „Список на славни личности со највисока заработка“, со што по шест години го симнале Калвин Харис од престолот.[6]
Кариера
уреди2012: Основање
уредиThe Chainsmokers на почетокот биле составени од Пол и Рет Бикслер.[7][8] Во 2012 година, Бикслер ја напуштил групата и менаџерот на групата Адам Алперт бил принуден да бара замена. Неговиот асистент го известил Ендрју Тагарт, диџеј од Мејн и практикант во Интерскоп рекордс, за слободното место по заминувањето на Бикслер. По ова, Тагарт се преселил од Мејн во градот Њујорк.[9]
Групата почнала да прави ремикси од инди-групи.[10] Во 2012 година, тие соработувале со индиската глумица и пејачка Пријанка Чопра и со неа го објавиле синглот „Erase“.[11]
2013–2014: Пробив на музичката сцена
уредиПрв настап во живо на групата бил како предгрупа за Timeflies во септември 2014 година.[12] Нивниот сингл „#Selfie“, објавен бесплатно во декември 2013 година, бил преземен од издавачката куќа Dim Mak Records, која го реиздала во јануари 2014 година и на крајот го стримирала на Republic Records. Групата постигнала огромен успех откако синглот се пласирал на меѓународните топ-листи и се искачила на врвот на американската топ-листа за денс и електронски песни.[13] Пол рекол дека песната „го сменила животот“ за нив двајцата.[14]
Во април 2015 година групата потпишала договор со Disruptor Records, издавачка куќа која била заедничко вложување со Sony Music Entertainment.
2015–2017: Успешни музички изданија
уредиНа 23 октомври 2015 година, го издале нивното прво EP, Bouquet, кое ги содржело песните: „New York City“, „Until You Were Gone“, „Waterbed“, „Good Intentions“ и „Roses“.[15][16]
Нивниот следен сингл, „Don't Let Me Down“ (во соработка со пејачката Даја), бил објавен на 5 февруари 2016 година.[17] За овој сингл групата добила Греми-награда. На 19 март 2016 година, дуото настапи на фестивалот Ultra Music и за време на настапот диџеите јавно се изјаснале дека не го поддржуваат американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.[18] На 1 април, групата го објавила синглот „Inside Out “, со учество на шведскиот пејач Чарли (Charlee). На 29 јули 2016 година, тие го издале синглот „Closer“ со пејачката Холзи, кој се искачил на прво место на топ-листите во САД, Велика Британија и во 11 други земји.[19][20] Нов сингл на групата, „All We Know“, со пејачката Фиби Рајан, бил објавен во септември 2016 година.[21]
Во октомври 2016 година, The Chainsmokers биле рангирани на 18-то место на годишната листа од Топ-100 диџеи според списанието DJ Magazine,[22] што било напредување за речиси 80 места (од 97-мо во 2014 година).[23] На 4 ноември 2016 година го објавиле нивното второ ЕР, Collage.[24]
На 3 јануари 2017 година, The Chainsmokers објавиле ексклузивен тригодишен договор со Wynn Nightlife.[25][26] Според потпишаниот договор, групата до 2019 година требало да настапува само во ноќните клубови во сопственост на Wynn, XS Las Vegas и Encore Beach Club.[27][28][29] Пол договорот го опишал како „најдоброто што може да го понуди Лас Вегас“ и навел дека тие биле „воодушевени“ со договорот.[30][31]
На 13 јануари 2017 година, групата го објавила синглот „Paris“ и истиот ден навеле дека работат на нивниот прв студиски албум, кој требало да биде издаден во април.[32] Заеднички сингл со Колдплеј, „Something Just Like This“, бил објавен во февруари 2017 година.[33][34][35] „Something Just Like This“ го соборил рекордот за најмногу прегледи во еден ден за видео со текст, имало вкупно 9 милиони прегледи.[36] На 27 март 2017 година го издале „The One“ како промотивен сингл од нивниот прв студиски албум.[37][38] [39][40]
Албумот Memories...Do Not Open бил издаден на 7 април 2017 година[41][42][1] и дебитирал на прво место на Билборд 200.[43] Албумот бил сертифициран со платина во август 2017 година. Истиот месец, тие се нашле на трето место на списокот од Форбс за „Диџеи со највисока заработка во светот за 2017 година“, со вкупна заработка од 38 милиони долари во претходните 12 месеци.[44][45]
2018–2021: Издавање на албумите Sick Boy и World War Joy и пауза
уредиНа 17 јануари 2018 година, групата го издала синглот под наслов „Sick Boy“, кој станал водечки сингл од нивниот истоимен втор студиски албум.[46][47] Во март 2017 година, Билборд ги ставил на прво место на нивната ранг-листа на денс-музичари за 2018 година, насловена како Billboard Dance 100.[48][49]
Дуото ја основало филмската продуцентска компанија Kick the Habit Productions; нивниот менаџер Адам Алперт го поставиле за извршен директор, а Ден Маркус, поранешен агент за дигитални медиуми, станал главен оперативен директор и претседател.[50] Првиот проект продуциран од Kick the Habit Productions бил филм под наслов Париз, инспириран од мултиплатинестата песна од Chainsmokers.[51]
На 14 декември 2018 година, групата го издала вториот студиски албум под наслов Sick Boy. Албумот содржел десет песни кои во текот на 2018 година секој месец биле издавани како синглови. Истиот ден бил објавен и последниот сингл од албумот, „Hope“, во соработка со Винона Оук.[52]
На 7 февруари 2019 година, The Chainsmokers го објавиле синглот „Who Do You Love“ во соработка со австралиската група 5 Seconds of Summer. На 29 март 2019 година, го објавиле синглот „Kills You Slowly“.[53] World War Joy, третиот студиски албум од Chainsmokers бил објавен на 6 декември 2019 година. На албумот му претходеле 6 сингла постепено издавани во текот на годината (на сличен начин како и нивниот претходен албум, Sick Boy). Албумот дебитирал на прво место на Билбордовата топ-листа за денс и електронски албуми.
На 24 февруари 2020 година, групата објавила дека ќе направи пауза од активноста на друштвените мрежи за да се насочи на нивното „следно поглавје во музиката“.[54]
За време на нивната пауза, групата ја компонирала музиката за филмот Зборови на ѕидовите од бањата (англ. Words on Bathroom Walls). Филмот бил објавен на 21 август 2020 година.[55]
2022 - денес: Најнови музички изданија
уредиНа 5 јануари 2022 година, на нивната страница на SoundCloud групата ја објавила нивната прва песна по две години. Тоа било ремикс на преработката од Bon Iver на пената „I Can't Make You Love Me“ во оригинална изведба од Бони Рејт.
Албумот So Far So Good бил објавен на 13 мај 2022 година. [56] Третиот пред-издаден сингл од албумот, „ Riptide “, беше објавен на 22 април 2022 година. За разлика од претходните албуми од групата, на овој албум немало ниту еден гостин-музичар. На албумот му претходеле сингловите: „High“, „iPad“ и „Riptide“. На 21 октомври 2022 година, била објавена ремиксирана верзија на албумот, насловена како So Far So Good (Lofi Remixes) со лоу-фај препеви на сите нумери од стандардното издание.[57]
На 20 октомври 2023 година, Chainsmokers објавиле ЕР под наслов Summertime Friends.[58] Во 2023 година, Chainsmokers соработувале со јапонската рок-ѕвезда Јошики и за потребите на документарниот филм Јошики: Под небото (англ. Yoshiki: Under the Sky) ја снимиле класичната верзија од песната „Closer“.[59]
На 29 март 2024 година, Chainsmokers во соработка со бразилскиот продуцент Zerb и со Ink ја објавиле песната „Addicted“.[60] Следувале: „Friday“ (во соработка со Fridayy) на 26 април 2024 година,[61] „Bad Advice“ (во соработка со велшко-канадската пејачка ELIO,[62] „Tennis Court“, „Green Light“ на 10 мај 2024 година[63] [64] и „No Shade At Pitti“ на 15 мај 2024 година.[65] На 10 мај 2024 година објавиле ЕР под наслов No Hard Feelings.[66]
Членови
уредиАлександар Пол (англ. Alexander "Alex" Pall; роден на 16 мај 1985).[67] Според списанието Билборд, Пол е роден во округот Вестчестер во сојузната држава Њујорк како „син на трговец со уметнички дела и мајка домаќинка“.[68]
Ендрју „Дру“ Тагарт (англ. Andrew Taggart; роден на 31 декември 1989)[69] кој потекнува од Фрипорт, Мејн. Тој е главен текстописец во групата и на некои песни пее и свири на гитара.[70] Се заинтересирал за електронска денс музика на 15-годишна возраст додека живеел во Аргентина, каде што се запознал со музиката на Дејвид Гета, Дафт Панк и Trentemøller.[68]
Мет Мекгваер е тапанар и музички директор во групата за настапи во живо, а моментално настапува со нив кога се на турнеја. Мекгваер, исто така, често се појавува покрај членовите на групата во многу музички спотови.[71] [72]
Дискографија
уреди- Memories...Do Not Open (2017)
- Sick Boy (2018)
- World War Joy (2019)
- So Far So Good (2022)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Father John Misty, Joey Bada$ and 15 More New Albums to Hear Right Now“. Rolling Stone. April 7, 2017. Архивирано од изворникот на June 25, 2018. Посетено на April 8, 2017. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „EDM-pop“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Fitzmaurice, Larry (April 11, 2017). „The Chainsmokers Are Bad, but It's Not for the Reason You Think“. Vice. Посетено на May 7, 2017.
- ↑ „The Chainsmokers“. Grammy. November 23, 2020.
- ↑ „American Music Award Winners 2016“. TheAMAs.
- ↑ „Complete List of #iHeartAwards Winners“. iHeart. Архивирано од изворникот на April 9, 2017. Посетено на March 24, 2017.
- ↑ Potrc, Barbara (July 13, 2019). „Calvin Harris dethroned from his highest paid DJ spot on Forbes after 6 years“. We Rave You. Посетено на July 15, 2019.
- ↑ Steve Mack / Stringer (November 4, 2011). „The Chainsmokers DJs Rhett Bixler and Alex Pall perform at the Grand... | WireImage | 131499892“. www.wireimage.com. New York, NY: Getty Images. Посетено на April 28, 2017.
- ↑ „The Chainsmokers: Party People“. Thought Catalog. August 25, 2010. Архивирано од изворникот на September 21, 2020. Посетено на October 16, 2016.
- ↑ Rosenzweig, Mathias (July 28, 2016). „The Chainsmokers“. Interview Magazine. Посетено на October 12, 2016.
- ↑ McCabe, Kathy (August 24, 2016). „Rise of The Chainsmokers: How Andrew Taggart and Alex Pall went from remixes to chart toppers“. News.com.au. Посетено на August 27, 2016.
- ↑ „Priyanka Chopra: The girl who leapt through time“. Hindustan Times. October 10, 2015.
- ↑ Alvodomar, Tyler (May 16, 2013). „The Chainsmokers Talk Early Beginnings, Favorite Gigs To Play, Love Of Music Blogs And Yoga Pants (Exclusive Interview)“. Raver Rafting. Посетено на October 16, 2016.
- ↑ „The Chainsmokers – Chart history | Billboard“. www.billboard.com. Посетено на August 27, 2016.
- ↑ Morris, David. „What's It Like To Be An EDM Star & Trash Hotel Rooms? The Chainsmokers Know“. AskMen. Посетено на October 14, 2016.
- ↑ „The Chainsmokers On Rising Hit "Roses," Debut EP 'Bouquet' & Leaving "#Selfie" Behind: Idolator Interview – Idolator“. Idolator. November 23, 2015. Архивирано од изворникот на December 18, 2017. Посетено на February 13, 2016.
- ↑ „Bouquet – EP by The Chainsmokers“. iTunes. October 23, 2015. Посетено на April 22, 2018.
- ↑ „Listen to The Chainsmokers' New Single, 'Don't Let Me Down' Feat. Daya“. Billboard.
- ↑ Brown, Lisa. „The Chainsmokers Denounce Donald Trump at Ultra Music Festival“. Billboard. Посетено на October 16, 2016.
- ↑ „The Chainsmokers & Halsey's 'Closer' Climbs to No. 1 on Hot 100“. Billboard. Посетено на August 27, 2016.
- ↑ McIntyre, Hugh. „The Chainsmokers Changed History In Many, Many Ways with 'Closer'“. Forbes. Посетено на March 22, 2017.
- ↑ „All We Know (feat. Phoebe Ryan) – Single by The Chainsmokers on Apple Music“. iTunes Store (US). September 30, 2016. Посетено на September 30, 2016.
- ↑ „Top 100 DJs 2016“. DJ Magazine. Посетено на October 20, 2016.
- ↑ „Top 100 DJs 2014 | DJMag.com“. djmag.com. Посетено на October 20, 2016.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Lakshmin, Deepa (January 3, 2017). „There's Good News And Bad News For Anyone Who Wants To See The Chainsmokers“. MTV News. Архивирано од изворникот на January 5, 2017. Посетено на February 8, 2017.
- ↑ Meadow, Matthew (January 3, 2017). „The Chainsmokers Drop Huge News Of Three-Year Exclusive Partnership [DETAILS]“. Your EDM. Посетено на February 8, 2017.
- ↑ Elizabeth, De. „This Is the Only Place You Can See the Chainsmokers Perform for the Next THREE Years“. Teen Vogue. Посетено на February 8, 2017.
- ↑ Jones, Connor (January 3, 2017). „The Chainsmokers Sign Exclusive New Residency Deal“. We Got This Covered. Посетено на February 8, 2017.
- ↑ Bein, Kat (January 3, 2017). „The Chainsmokers Sign Three-Year Exclusive Club Residency Deal with Wynn Nightlife in Las Vegas“. Billboard. Посетено на February 8, 2017.
- ↑ Bein, Kat (January 3, 2017). „The Chainsmokers Sign Three-Year Exclusive Club Residency Deal with Wynn Nightlife in Las Vegas“. Billboard. Посетено на February 8, 2017.
- ↑ Culham, Devin (January 4, 2017). „The Chainsmokers Sign On for an Exclusive 3 Year Residency in Las Vegas“. EDM.com. Архивирано од изворникот на February 11, 2017. Посетено на February 8, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Chainsmokers, Coldplay Meld Styles on New Song“. Rolling Stone. Посетено на February 23, 2017.
- ↑ Bein, Kat (February 22, 2017). „The Chainsmokers & Coldplay Collab Is Here, And It Sounds 'Something Just Like This': Watch Lyric Video“. Billboard. Посетено на February 23, 2017.
- ↑ Wass, Mike (February 22, 2017). „The Chainsmokers & Coldplay's "Something Just Like This" | Idolator“. Music News, Reviews, and Gossip on Idolator.com. Посетено на February 23, 2017.[мртва врска]
- ↑ „The ChainSmokers' Coldplay Collab 'Something Just Like This' Breaks One Day YouTube Viewing Record“. Посетено на March 31, 2017.
- ↑ Wass, Mike (March 27, 2017). „The Chainsmokers Get Introspective On "The One" | Idolator“. Music News, Reviews, and Gossip on Idolator.com. Посетено на March 28, 2017.[мртва врска]
- ↑ teechoi (March 27, 2017). „Drew Taggart delivers an emotionally driven vocal performance with 'The One'“. EDM Chicago. Архивирано од изворникот на March 29, 2017. Посетено на March 28, 2017.
- ↑ Erik (March 27, 2017). „BREAKING: The Chainsmokers Release 'The One' Off Of New Album [LISTEN]“. EDM Sauce. Посетено на March 28, 2017.
- ↑ Makwana, Harsh (March 27, 2017). „The Chainsmokers – The One“. The Bangin Beats. Архивирано од изворникот на March 28, 2017. Посетено на March 28, 2017.
- ↑ Atkinson, Katie (April 7, 2017). „The Chainsmokers' Debut Album 'Memories...Do Not Open' Has Arrived: Listen Now“. Billboard. Посетено на April 7, 2017.
- ↑ Bein, Kate (April 11, 2017). „The Chainsmokers Share Track by Track Breakdown of 'Memories...Do Not Open'“. Billboard. Посетено на April 11, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Forbes reveals World's Highest-Paid DJs list for 2017“. DJMag.com. August 9, 2017. Посетено на August 10, 2017.
- ↑ „Highest-earning DJs of 2017 revealed – NME“. NME. August 8, 2017. Посетено на August 10, 2017.
- ↑ „The Chainsmokers Drop New Brooding Hymn 'Sick Boy': Listen“. Billboard. Посетено на January 17, 2018.
- ↑ „Sick Boy – Single by The Chainsmokers“. iTunes. January 17, 2018. Посетено на April 22, 2018.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „The Chainsmokers named top DJs in the world by Billboard“. WJBD Radio. Архивирано од изворникот на March 22, 2018. Посетено на March 23, 2018.
- ↑ Kroll, Justin (November 6, 2018). „The Chainsmokers Form Production Company, Set First Feature at TriStar“. Variety. Посетено на November 17, 2018.
- ↑ Staff, EDM com (November 14, 2018). „The Chainsmokers Talk About New Film and Other Non-Music Endeavors“. EDM.com – The Latest Electronic Dance Music News, Reviews & Artists. Посетено на January 21, 2019.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „The Chainsmokers Drop Scathing New Track 'Kills You Slowly': Listen“. Посетено на July 16, 2019.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Stream the 'Words on Bathroom Walls' original motion picture soundtrack, scored by The Chainsmokers“. Dancing Astronaut (англиски). August 25, 2020. Посетено на January 11, 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ So Far So Good (lofi remixes) by The Chainsmokers (англиски), 2022-10-21, Посетено на 2022-10-24
- ↑ „Summertime Friends on Apple Music“. Apple Music.
- ↑ „Exclusive Clip: Take a Look At This Chainsmoker's Performance from Doc 'Yoshiki: Under the Sky'“. Awardsdaily (англиски). 2023-12-13. Посетено на 2023-12-14.
- ↑ Addicted (feat. Ink) - Single by ZERB & The Chainsmokers on Apple Music (англиски), 2024-03-29, Посетено на 2024-05-26
- ↑ Friday - Single by The Chainsmokers & Fridayy on Apple Music (англиски), 2024-04-26, Посетено на 2024-05-26
- ↑ Bad Advice by The Chainsmokers & ELIO on Apple Music (англиски), 2024-05-10, Посетено на 2024-05-26
- ↑ Tennis Court by The Chainsmokers on Apple Music (англиски), 2024-05-10, Посетено на 2024-05-26
- ↑ Green Lights (demo) by The Chainsmokers on Apple Music (англиски), 2024-05-10, Посетено на 2024-05-26
- ↑ No Shade at Pitti by The Chainsmokers on Apple Music (англиски), 2024-05-10, Посетено на 2024-05-26
- ↑ No Hard Feelings - EP by The Chainsmokers on Apple Music (англиски), 2024-05-10, Посетено на 2024-05-26
- ↑ Norwin, Alyssa (August 23, 2016). „Alex Pall“. Hollywood Life. Посетено на November 20, 2016.
- ↑ 68,0 68,1 Празен навод (help)
- ↑ Norwin, Alyssa (August 23, 2016). „Andrew Taggart“. Hollywood Life. Посетено на November 11, 2016.
- ↑ „Closer – The Chainsmokers | Credits | AllMusic“. AllMusic. Посетено на June 7, 2018.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ karsoowuttt (January 25, 2018). „"It's like hitting you in the f*cking face with reality": The Chainsmokers' Drummer Reveals All“. Your EDM. Посетено на May 22, 2019.