Кристина Агилера
Кристина Марија Агилера (родена 18 декември, 1980) е американска музичарка и глумица. Агилера за првпат се појавила на националната телевизија во 1990 како натпреварувачка на програмата Потрага по Ѕвезда, а потоа настапувала на телевизиските серии на каналот на Дизни, Мики Маус Клубот од 1993–1994. Таа потпишала договор со RCA Records откако ја снимила песната „Reflection“,[1] која подоцна станала тема за анимираниот филм Мулан (1998).
Кристина Агилера | |
---|---|
Кристина Агилера во 2018 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Кристина Марија Агилера |
Познат(а) и како | X-tina, Baby Jane |
Роден(а) | 18 декември 1980 Стејтон Ајланд, Њујорк Сити, Њујорк, САД |
Потекло | Питсбург, Пенсилванија, САД |
Жанрови | поп, денс-поп, Латин поп, R&B |
Занимања | Пејачка, Тектописец, продуцент, актерка, танчерка |
Период на активност | 1993–сега |
Издавачи | RCA |
Мреж. место | christinaaguilera.com |
Во 1999, Агилера станала позната по својот прв албум наречен Christina Aguilera, кој имал голем комерцијален успех и од него се одвоиле три број-еден синглови на табелата Билборд Хот 100 — „Genie in a Bottle“, „What a Girl Wants“ и „Come On Over Baby (All I Want Is You)“.[2] Нејзиниот прв латино-поп албум, Mi Reflejo (2000), Божиќниот трет студиски албум, My Kind of Christmas (2000) и други соработки кои следеле веднаш по албумите ѝ донеле светски успех на Агилера, иако таа не била задоволна со својата музика и со својата слика.[3] Откако се одделила од својот менаџмент, Агилера ја презема креативната контрола на нејзиниот четврт студиски албум, Stripped (2002).[4] Вториот сингл на албумот, „Beautiful“, бил комерцијален успех и помогнал во продажбата на албумор и покрај контроверзиите за сликата на Агилера.[5][6][7] По Stripped Агилера го издала соул, џез и блуз албумот, Back to Basics (2006), кој добил позитивни оценки од критичарите.[8] Четири години подоцна Агилера го издала својот шести албум, Bionic (2010), кој содржел R&B, електропоп и синтпоп музика и добил различни критики, а исто така имал и мала продажба.[9][10][11][12]
Покрај тоа што е позната по своите гласовни способности, музичките видеа и сликата, музички таа вклучува теми кои се занимаваат со јавна контрола, нејзиното детство и женско зајакнување во нејзината музика.[13] Покрај работата со музиката таа исто така се посветила и на добродарителството за сиромашните, човековите права и светската работа со амбасадорот на Обединетите Нации за Светската Програма за Храна.[14][15] Агилера за првпат се појавила во филм и тоа на музиклот Бурлеска (2010), кој ѝ донел номинација за Златен глобус во категоријата најдобра оригинална песна. Делата на Агилера постигнале големи успеси вклучувајќи ѕвезда на Холивудскиот тепих на славните четири Греми Награди и една Латинска Греми Награда, а исто така и осумнаесет номинации. Магазинот Роулинг Стоун ја ранкирал на педесет и осмото место на неговиот список за 100 најдобри пејачи на сите времиња, како најмладата артистка со помалку од триесет години.[16] Агилера била ранкирана на 20-то место на артисти на декадата меѓу 2000 и 2009 од Билборд[17] а исто така таа е и втората најпродавана пејачка од 2000-те веднаш по Мадона.[18] Има продадено повеќе од 50 милиони албуми со што станала најдобро продаван музички артист на сите времиња.[19][20][21]
Живот и кариера
уреди1980–1998: Ран живот и почетоци на кариерата
уредиКристина Агилера е родена во Стејтон Ајленд, New York од мајка Shelly Loraine Fidler која била наставничка по Шпански јазик и татко Fausto Wagner Xavier Aguilera кој работел како наредник во Американската армија.[22] Кристина живеела со нејзините родители сè до седум годишна возраст, кога се разведуваат нејзините родители и таа се сели во Wexford, Pennsylvania каде живее со нејзината мајка и помлада сестра бегајки од нејзиниот татко кој ја малтретирал физички и психички.[23] Тоа малтретирање таа го опишува во песните "I'm OK" во Stripped, и "Oh Mother" in Back to Basics. Како дете локално била позната како малото дете со “големиот глас” пеејќи на локални маалски натпревари и талент шоу-а.[24] [25] На 15 март 1990 таа се појавува во Star Search пеејќи Etta James' "A Sunday Kind of Love".[26] Подоцна по елиминацијата од Star Search се брати дома и се појави на KDKA-TV пеејќи ја истата песна и многу луѓе се секаваат на 10 годишното девојче што звучи како 20 годишно. На 14 годишна возраст таа ја сними свијата прва песна "All I Wanna Do" дует со Јапонската пејачка Keizo Nakanishi која беше голем хит во USA. Нејзината кариера се дели на повеќе периоди.
Музичкиот почеток (1997-2001)
уредиВо 1998 таа беше избрана за пеење на песната "Reflection" за Дизниевиот филм Мулан. За времето на снамањето на таа песна таа стапи во контакт со дискографската кука RCA Records и со таа песна беше номинирана за наградата “Златен Глобус” за “Најдобра Оригинална Песна”. Под водство на Steve Kurtz таа го издаде деби албумот “Cristina Aguilera” на 24 август 1999 и се најде на Американската и Канадската топ листа[27] и албумот се продаде во осум милиони копии (17 милиони на светско ниво).[28] [29] Албумот исто беше рангиран мегу првите 100 најдобри албуми на сите времиња. Сингловите "Genie in a Bottle", "What a Girl Wants" и "Come on Over Baby (All I Want Is You)" ги достигнаа врвовите на светските топ списоци во 1999 и 2000. Кристина ја доби наградата за “Најдобар деби изведувач” на “Греми Наградите (2000)”.[30]
Периодот 2002-2003
уредиНа 29 октомври 2002 по долга пауза Кристина го објави својот втор албум Stripped[31] во повеќе од 330.000 копии. Во овој албум Кристина ги немаше вообичаените придружни стилови како, gospel, soul, balladry, pop rock, hip-hop и jazz. Албумот беше одлично примен од публиката.Со стилот Кристина направи многубројни промени од начинот на облекување, пирсови, тетоважи и многубројни други промени[32] [33] што ја направија Кристина секс симбол. Големите хитови од овој албум како "Fighter", "Can't Hold Us Down", ги достигнаа врвовите на светските топ листи. Таа исто почнува да се занимава со пишување на текстови (синглот на Кели Кларксон "Miss Independent").
Периодот 2004-2005
уредиПодоцна Кристина се решава за менување на стилот во позрел од албумот Stripped. Таа го смени изгледот со бојадисување на својата коса како Блондинка и преземајки го игледот на Мерлин Монро, нејзините обожаватели беа шокирани и мислеа дека таа е една од пеачките како (Dita Von Teese, Gwen Stefani, the Puppini Sisters) којшто сакаа да го вратат гламурот на Холивуд од 1920 година. Во летото 2004 Кристина ги објави своите два нови синглови "Car Wash" и "Tilt Ya Head Back".[34] Таа исто соработуваше и со Џез артистот Herbie Hancock во август 2005-та и беше објавена "A Song for You".[35] Потоа таа прави хуманитарни проекти како “Nelson Mandela Children's Fund at the Coca-Cola Dome”
Периодот 2006-2007
уредиВо март 2006 Кристина потпишува договор со мобилниот оператор Orange за промоција на новиот Sony Ericsson-Walkman телефон.[36] Работеше и на реклами за PEPSI.[37] Таа позираше гола во Мерлин Монро стил за списанието GQ Magazine. Таа го објавува својот трет албум во август 2006 наречен “Back to Basics” заедно со хитот "Ain't No Other Man" кој достигна голем успех и беше во врвот на светските топ листи.[38] На 49-те Греми награди таа повторно ја добива наградата за “Најдобар Женски Поп Изведувач” со песната "Ain't No Other Man". Во јануари 2007 таа беше прогласена за 19-та најбогата жена на светот со богатство од околу 60 милиони долари.
Во иднината 2007-2009
уредиГ. Џони Грант објавува дека во 2008 година Кристина Агилера ќе добие ѕвезда на познатиот Hollywood Walk of Fame. Во јуни 2007 таа објави дека собира инспирација за следен албум за кој вели дека ќе биде “Краток ама Сладок” тотално различен од претходниот “Back to Basics” и при тоа не изјавувајки каков ќе биде стилот на албумот.Таа исто така најавува дека ќе сними песна со некогашниот нејзин соперник Еминем.
Глума
уредиПокрај тоа што беше дел од кастингот за филмот “The New Mickey Mouse Club” Кристина се појавува во многу други телевизиски шоу-а и како гостин во најразлични телевизиски серии.Таа исто така се има појавена во познатата серија “Beverly Hills 90210” и како водител на шоуто “Saturday Night Live ” во 2004 година.Таа исто така се појавува во една епизода на мега популарната ТВ Серија “Сексот и Градот” и многу често се има појавувано на ТВ екраните во некоја опасна улога во стилот на Анџелина Џоли.Таа отпеа еден мал дел во цртанот “Shark Tale”, исто така има снимено неколку саунд-траки за филмовите: Mulan, What Women Want, и музиклот Moulin Rouge.
Парфем
уредиНа 1 октомври 2007 година го објавува нејзиниот парфем Procter and Gamble. Декоративниот дизајн на пакувањето и шишенцето на парфемот е инспирирано од Холивудскиот гламур за време на 1930-тите гидини.
Хуманитарна работа
уредиЗа време на нејзината кариера таа има направено многу за хумани цели.Таа има напишано писмо од “PETA” до Јужно Корејската влада барајќи од земјата да престане да убива кучиња за храна. Таа исто така ги поддржува и “Бранителите на Дивиот свет” со своите доброволни приходи. Таа исто така има многу придонесено за нејзиниот роден град Питсбург, и една од многуте донации е за центарот за заштита на жените и за оваа цел има донирано 200.000$. Таа води најразлични кампањи како “Стоп за малтретирањето над жените“ и “Стоп за семејното насилство“. Исто така дава придонес и во кампањата против “СИДА“ со учествувањето во проектот “Артистите на Лос Анџелес против СИДА“ Во ноември 2005 година подароците за нејзината свадба беа дадени во добротворни цели за жртвите од ураганот “Катрина“.
Приватен живот
уредиВо 2000 Кристина беше во врска со Carson Daly.Нивната врска беше предмет на многу дискусија по објавувањето на песната на Еминем "The Real Slim Shady". Потоа таа беше во врска со танчер по име “Jorge Santos“ и нивната врска траеше околу 2 години (заврши септември 2001).[39] На почетокот на 2002 година таа почна врска со Jordan Bratman кој беше музички маркетинг агент. Нивната свршувачка беше објавена во февруари 2005 година,[40] и тие направија свадба на 19 ноември 2005 година во “Napa Valley“.[41] Двојката својата годишнина ја прослави во Даблин-Р.Ирска. Наскоро потоа беше објавено дека Кристина е трудна и очекува бебе.
Вокални Способности
уредиКристина е Spinto Soprano, знаејќи за нејзините големи вокални способности и мокен глас е прогласена за “глас на нејзинате генерација“и нејзиниот глас опфака четири гласовни октави. Еден од многуте коментари за нејзиниот глас е на Аксел Роуз (од Guns And Rouses) ја опиша Кристина како “еден од најголемите вокалисти на нашето време“.
Филмографија
уреди- 1993 – 1995: Mickey Mouse Club — Самата
- 1999: Beverly Hills 90210 — Самата
- 2000: Saturday Night Live — Musical guest
- 2003: Saturday Night Live — Musical guest
- 2004: Shark Tale — Voice
- 2004: Saturday Night Live — Host
- 2006: Saturday Night Live — Musical guest
- 2008: Shine a Light
Дискографија
уреди- Christina Aguilera (1999)
- Mi Reflejo (2000)
- My Kind of Christmas (2000)
- Stripped (2002)
- Back to Basics (2006)
- Bionic (2010)
- Lotus (2012)
- Liberation (2018)
- Aguilera (2022)
Видеографија
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Reflection | 1998 | — |
Genie In A Bottle | 1999 | Дајан Мартел |
What A Girl Wants | 1999 | Дајан Мартел |
I Turn To You | 2000 | Руперт Алмонт |
Come On Over Baby (All I Want Is You) | 2000 | Пол Хунтер |
Pero Me Acuerdo De Tí | 2000 | Кевин Г. Бреј |
Nobody Wants To Be Lonely | 2001 | Вејн Ишам |
Lady Marmalade | 2001 | Пол Хунтер |
Dirrty | 2002 | Давид ЛаЧапел |
Beautiful | 2002 | Џонас Акерлунд |
Fighter | 2003 | Флориа Сигисмонди |
Can't Hold Us Down | 2003 | Давид ЛаЧапел |
The Voice Within | 2003 | Давид ЛаЧапел |
Tilt Ya Head Back | 2004 | Little X |
Ain't No Other Man | 2006 | Брајан Бербер |
Hurt | 2006 | Флориа Сигисмонди, Кристина Агилера |
Tell Me | 2006 | Ерик Вајт |
Candyman | 2007 | Метју Ролстон, Кристина Агилера |
Save Me From Myself | 2008 | Пол Корвер |
Keeps Gettin' Better | 2008 | Питер Берг |
Not Myself Tonight | 2010 | Хјуп Вилијамс |
You Lost Me | 2010 | Антони Мандлер |
Something's Got a Hold On Me | 2010 | — |
Moves Like Jagger | 2011 | Џонас Акерлунд |
Your Body | 2012 | Мелина Матсоукас |
Feel This Moment | 2013 | David Rousseau |
Hoy Tengo Ganas De Ti | 2013 | Симон Бренд |
Say Something | 2013 | Кристофер Симс |
Accelerate | 2018 | Зои Гросман |
Fall in Line | 2018 | Лук Гилфорд |
Fall on Me | 2020 | SE OH |
Loyal Brave True | 2020 | |
Reflection | 2020 | — |
Pa' Mis Muchachas | 2021 | Alexandre Moors |
Somos Nada | 2021 | Alexandre Moors |
Santo | 2022 | Нуно Гомес |
La Reina | 2022 | Нуно Гомес |
Suéltame | 2022 | Ана Лили Амирпур |
Si No Me Extrañas | 2022 | Мајк Хо |
Beautiful | 2022 | Фиона Џејн Бургес |
Did Somebody Say | 2023 |
Поврзано
уредиКнига:Кристина Агилера | |
Книги се колекција на статии кои можат да бидат спуштени или нарачани за принтање. |
- Список на концертни турнеи на Кристина Агилера
- Список на најдобропродавани музички артисти
- Список на награди и номинации на Кристина Агилера
Наводи
уреди- ↑ Biography Christina Aguilera Biography Архивирано на 1 февруари 2009 г. RCA Records artist page. Посетено на August 22, 2008.
- ↑ Stripped for all the world to hear. SMH. Посетено на May 25, 2007.
- ↑ Pak, SuChin MTV Online Christina Aguilera: Not Your Puppet Архивирано на 7 октомври 2013 г. MTV.com February 2002 Посетено на January 29, 2009.
- ↑ Smith, Andy (August 15, 1998). "One talented teen". Providence Journal. Посетено на May 25, 2007.
- ↑ Oguinnaike, Lola July 30, 2006 Christina Aguilera, That Dirrty Girl, Cleans Up Real Nice New York Times Посетено на July 18, 2008.
- ↑ Moss, Corey MTV News Online (November 2, 2008) Christina Aguilera Follows Controversial 'Dirrty' With Inspirational 'Beautiful' MTV News Посетено на July 5, 2008. Архивирано на 14 јануари 2009 г.
- ↑ Scaggs, Austin August 10, 2006 Dirty Girl Cleans Up Архивирано на 7 август 2013 г. RollingStone online Посетено на February 16, 2010.
- ↑ „Christina Aguilera - Back To Basics - Music Charts“. Acharts.us. Посетено на 2010-09-18.
- ↑ „Turn It Up: Album review: Christina Aguilera, 'Bionic'“. Leisureblogs.chicagotribune.com. 2010-06-07. Посетено на 2010-09-18.
- ↑ „Christina Aguilera - Album review: Christina Aguilera - 'Bionic' (RCA) - Album Reviews“. Nme.Com. Посетено на 2010-09-18.
- ↑ „Christina Aguilera: Bionic | Music Review“. Slant Magazine. Посетено на 2010-09-18.
- ↑ „Christina Aguilera's dud album rattles label“. New York Post. July 18, 2010. Архивирано од изворникот на 2012-07-03. Посетено на 2011-05-13.
- ↑ Glamour Online; Sandell, Laurie (November 2007). Christina: intimate talk about a past that still hurts Посетено на December 14, 2007.
- ↑ „Christina Aguilera Goes Solo“. Redbook magazine. Посетено на 2011-02-24. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ "Guatemala: Pop star Christina Aguilera calls for funding to help UN feed thousands", UN News Centre press release, 24 September 2009. Retrieved, January 25, 2009
- ↑ „100 Greatest Singers of All Time“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2010-06-09. Посетено на 2008-11-11.
- ↑ Staff, Billboard (2010). „Artists of the Decade“. Billboard. Nielsen Company. Посетено на 2010-05-03.
- ↑ Billboard.biz 2009 Single Sales Artist Посетено на December 6, 2010.
- ↑ Robert Seidman (October 21, 2010). „Christina Aguilera to Perform at The 38th Annual 'American Music Awards®' November 21 on ABC“. TV By The Numbers. Архивирано од изворникот на 2010-10-23. Посетено на 2010-10-24.
- ↑ „CHRISTINA AGUILERA's songwriter on Lady Gaga comparisons, "That's Crap"“. VIBE magazine. October 21, 2010. Посетено на 2010-10-24.
- ↑ „Hot Property: Christina Aguilera's home pops back on the market“. College Candy. December 11, 2010. Архивирано од изворникот на 2011-07-25. Посетено на December 11, 2010.
- ↑ Sanneh, Kelefa (8 September 2002). „The New Season/Music: Idol Returns, Her Image Remade“. The New York Times. Посетено на 5 July 2021.
- ↑ Vineyard, Jennifer (4 November 2006). „Christina Aguilera's Old Soul“. MTV News. Архивирано од изворникот на 5 August 2014. Посетено на 30 April 2023.
- ↑ Donovan 2010.
- ↑ Ali, Lorraine (July 30, 2006). „Christina Aguilera Comes of Age“. Посетено на April 30, 2023.
- ↑ Hirschberg, Lynn (July 1, 2011). „From the Vault: The Fall & Rise of Christina Aguilera“. Посетено на April 30, 2023.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ McLean, Craig (7 May 2010). „Christina Aguilera's 'Eye on the Prize'“. The Daily Telegraph. Посетено на April 30, 2023.
- ↑ Corner, Lewis (June 22, 2016). „Christina Aguilera's 'Genie In A Bottle' is 17 Years Old, So Here Are 17 Cool Facts About Pop's Biggest Voice“. Digital Spy. Посетено на 30 April 2023.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Legacy Staff (14 October 2023). „Christina Aguilera's 'Stripped' 20th Anniversary Celebrated with Deluxe Digital Edition“. Legacy Recordings. Посетено на 30 April 2023.
- ↑ ABC Staff (6 January 2006). „How Christina Aguilera Got 'Dirty'“. ABC News. Посетено на 30 April 2023.
- ↑ Cills, Hazel (4 June 2013). „Christina Aguilera: The Style Evolution of a Diva“. Vice. Посетено на 30 April 2023.
- ↑ Chaffee, Keith (18 December 2020). „Music Memories: Christina Aguilera“. Los Angeles Public Library. Архивирано од изворникот на 2020-12-19. Посетено на 30 April 2023.
- ↑ „The Complete List of Grammy Nominations“. The New York Times. December 8, 2005. стр. 1. Посетено на February 2, 2011.
- ↑ Inc, Nielsen Business Media (2006-03-18). Billboard (англиски). Nielsen Business Media, Inc.
- ↑ „Christina Aguilera to Perform in June“. koreatimes (англиски). 2007-04-24. Посетено на 2024-01-18.
- ↑ PRNewswire Staff (11 September 2006). „ChrChristina Aguilera's New Album 'Back To Basics' is an Instant Hit Worldwide“. PRNewswire. Посетено на 1 May 2023.
- ↑ Vena, Jocelyn (13 October 2010). „Christina Aguilera's Love Life Reflected In Her Career“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2023-05-01. Посетено на 30 April 2023.
- ↑ „Christina Aguilera Engaged“. The Sydney Morning Herald. February 14, 2005. Посетено на 30 April 2023.
- ↑ InStyle Staff (26 March 2015). „Christina Aguilera & Jordan Bratman“. InStyle. Посетено на 30 April 2023.
Надворешни врски
уреди„Кристина Агилера“ на Ризницата ? |
„Кристина Агилера“ на Ризницата ? |
- ChristinaAguilera.com — Официјална страница на Кристина Агилера
- Twitter - Официјален Твитер профил.
- Кристина Агилера на MySpace
- Кристина Агилера на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник Лаурин Хил |
Греми Награди за Најдобар Нов Артист 2000 |
Наследник Шелби Лин |
Претходник никој |
Латински Греми Награди за Најдобар Поп Вокален Албум, Женски 2001 за Mi Reflejo |
Наследник Розарио Флорес за Muchas Flores |
Претходник Би Би Кинг и Д-р Џон за „Is You Is, or Is You Ain't (My Baby)“ |
Греми Награди за Најдобра Поп Соработка со Вокали 2002 за „Lady Marmalade“ |
Наследник Сантана и Мишел Бранч за „The Game of Love“ |
Претходник Нора Џоунс за „Don't Know Why“ |
Греми Награди за Надобра Женска Поп Вокална Изведба 2004 за „Beautiful“ |
Наследник Нора Џоунс за „Sunrise“ |
Претходник Кели Кларксон за „Since U Been Gone“ |
Греми Награди за Надобра Женска Поп Вокална Изведба 2007 за „Ain't No Other Man“ |
Наследник Ејми Вајнхаус за „Rehab“ |
Претходник Син „Диди“ Комбс |
Водеител на MTV Европски Музички Награди host 2003 |
Наследник Xzibit |