Високо
Високо — град и општина во централниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Зеничко-добојскиот кантон. Според податоците од пописот во 2013 година, Високо има 11.552 жители.
Високо Високо | ||
---|---|---|
Местоположба на градот. | ||
Местоположба на градот | ||
Координати: 43°59′N 18°10′E / 43.983° СГШ; 18.167° ИГД | ||
Земја | Федерација Босна и Херцеговина | |
Кантон | Зеничко-добојски кантон | |
Управа | ||
• Градоначалник | Амра Бабиќ | |
Површина | ||
• Вкупна | 230,8 км2 (891 ми2) | |
Население (2013) | ||
• Вкупно | 41.352 | |
• Густина | 179/км2 (460/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Повик. бр. | +387 32 | |
Мреж. место | http://www.visoko.gov.ba/ |
Историја
уредиАнтички период
уредиРегионот каде денеска се наоѓа градот Високо бил населен уште во 4000 година п.н.е. главно поради плодната котлина низ која течат реките Босна и Фојница. Во овој регион биле откриени неолитски населби на бреговите од реките и биле пронајдени различни алатки, монети и други предмети кои се поврзани со овој период.
Во 2002 година започнале ископувања во населбата Околиште, каде биле пронајдени пет куќи со поврзани улици помеѓу нив. Во септември 2007 година Националниот музеј на Босна и Херцеговина продолжил со археолошките истражувања на Околиште, каде што се проценува дека живееле околу 3.000 луѓе во неолитско време. Оваа населба се смета дека била изградена од околу 4700 п.н.е. до 4500 година п.н.е. и е една од најголемите населби во Босна.
Римски период
уредиОбласта околу Високо била населена од страна на Илирите. Во 9 година Римското Царство успеало да ја освои оваа територија. Во текот на следниот период започнала изградба на патишта и тврдини, а реонот бил вклучен во територијата на римската провинција Илирик.
Средновековен босански период
уредиГрадот своето име го добил според истоимената тврдина која се наоѓа на врвот Височица, на надморска висина од 766.5 метри на т.н. Босански пирамиди. Тврдината претставувала седиште на некогашното Босанско Кралство и за првпат се споменува во 1355 година, место каде бил крунисан кралот Твртко I Котромановиќ во 1377 година и место каде бил погребан заедно со неговиот чичко Стефан II Котромановиќ. Овде биле напишани многу важни документи во законодавството на средновековна Босна и овде се наоѓала црката посветена на Свети Козма и Дамјан, која за првпат се споменува во 1244 година. Градот Високи имал дефанзивна улога во заштитата на трговски центар Подвисоки кој се наоѓал веднаш под градот и бил еден од најраните урбани средини во Босна. Подвисоки долго време бил главен трговски центар во средновековна Босна.
Плочата на босанскиот бан Кулин била откриена во Бискупичи и истата датира од 1193 година, заедно со остатоците на уште една средновековна црква, гробници и темелите на неколку други современи структури. Универзитетот бил основан во 1175 година и бил еден од првите во Европа. На унивдрзитетот се изучувало медицина, теологија итн. Денеска нема зачувано ништо од нејзините архиви туку неговото постоење било само документирано од страна на Католичката црква на неколкупати.
Османлиски период
уредиВисоко станал дел од Отоманското Царство во 1463 година, кога бил изграден денешниот град. Основач на градот бил Ajaс-паша, кој бил по потекло од Високо но го прифатил исламот од богомилството. Од 1483 година на чело на општината се наоѓал војвода, кој заедно со воениот командант биле претставници на војската и администрација. Главниот имам ги исполнувал религиозните објврски во регионот, додека судската администрација била претставувана од страна на наиб.
Во времето на Ајас-паша, во градот биле изградени амам, мектеб (основно верско училиште), водовод, мостот на реката Босна, една медреса (исламско средно училиште), како и теќе кое е зачувано до денес. За многу краток временски период, градот се развил и станал административен центар на општината, а како главно занимање на населението биле трговијата и занаетчиството.
Австроунгарски период
уредиВилаетот Босна бил окупиран од Австроунгарија во 1878 година (официјално анексиран во 1908 година). Во првите години на австроунгарското владеење, Високо значително не се променил и го одржал својот изглед со ориентален стил. Во 1882 година, Високо бил организиран како населба со развиена трговија. Зголемувањете на врските со западната култура придонело во градот да бидат изградени објекти по западноевропски стил. Џамијата Табхана била изградена во тој период, а самиот град се проширил до бреговите на реката Фојница.
Железничката станица била изградена во 1882 година, зградата на Основниот суд во 1895 година, црква со гимназијата (1899-1900), канцеларија на општината, основно училиште во 1910 година. Сите тие биле изградени претежно во псевдо-мавритански стил. Понатамошниот развој на градот бил блокиран од големиот пожар во 1911 година, кога горниот дел на градот целосно изгорел. Во пролетта на 1912 година започнала обнова на градот. Владата одлучила дека сите куќи ќе бидат изградени со тули и ќерамиди во традиционален босански стил.
Југословенски период
уредиПо Првата светска војна и поразот на Австроунгарија во 1918 година, Високо бил бил вклучен во територијата на новото Кралство Југославија. Во новата држава, структурата на куќите не се промениле, ниту пак развој на градот. На почетокот на Втората светска војна, Високо бил вклучен во Независна Држава Хрватска. За време на војната, градот не бил на фронтот и не настрадал од самата војна. Сепак, од 1205 војници од областа на Високо, 142 од нив биле убиени за време на војната. Високо бил ослободен на 7 април 1945 година од страна на 7-мата, 9-тата и 17-тата бригада на југословенските партизани.
По крајот на Втората светска војна, Високо, како и многу други градови во Босна и Херцеговина, започнале со индустријализација и урбана експанзија. Од 1950 година, градот се проширил по должината на реките Босна и Фојница. Со генерации, Високо е познат по својот квалитет во кожарската индустрија. Најголемата кожарска компанија во Југославија, KTK, потекнувала од Високо. Покрај кожарската индустрија, во градот имало компании за текстил, трговија, метална и прехранбена индустрија, а самиот град бил еден од најголемите извозници во социјалистичка Југославија. До 1991 Високо имал 92,5 милиони долари извоз, со 80 милиони од KTK. Поради економскиот успех, претседателот на Југославија Јосип Броз Тито бил во посета на Високо.
Во текот на овој период биле изградени болници, пошта, полиција и противпожарни станици, хотели, трговски центри, спортски стадиони и сали. На полето на културата биле изградени театар, музеј, кино и библиотека. На полето на образованието биле изградени три нови училишта. Во 1983 година.
Босански период
уредиНа 6 април 1992 година била прогласена вонредна состојба. Месните жители започнале да се вооружуваат или биле вооружени од Бошњачката партија СДА. Брзата реакција на месното население спречило градот да биде освоен од страна на силите на ЈНА.
На крајот на јануари започнал конфликтот меѓу Босанските Хрвати и Армијата на Босна и Херцеговина. Последните денови од 1994 година донеселе прекин на огнот, и пренасочување на конфликтот кон силите на Република Српска. Како резултат од граѓанската војна, Високо доживеал голема штета. Економските штети се процениле на 200 милиони долари. За четири години Високо имал 297 мртви војници, 600 повредени.
Географија
уредиВисоко се наоѓа помеѓу Зеница и Сараево. Градот лежи на реката Босна, каде што реката Фојница се влева во неа. Општината Високо зафаќа површина од 230,8 км2 и се наоѓа во централниот дел на Босна и Херцеговина. Општината е организирана во 25 локални заедници. Се граничи со општините Киселак, Бусовача, Какањ, Вареш, Бреза, Илијаш и Илиџа. Општината се наоѓа во правец на коридорот V-c. Во општината постои спортски аеродром. Природните ресурси на располагање на општините се земјоделско земјиште, шуми, вода и минерални суровини како што се глина, гипс, јаглен и различни видови на камен.
Регионот Високо има околу 46.000 жители, со околу 17.000 жители во рамките на границите на градот. Со 173 жители на квадратен километар, таа е една од најгусто населените области во Федерација Босна и Херцеговина.
Население
уредиНаселение на Општина Високо | ||||||
Година | 1991 | 1981 | 1971 | |||
Муслимани | 34,373 (74,46%) | 28,838 (70,50%) | 25,683 (72,34%) | |||
Срби | 7,471 (16,18%) | 6,831 (16,70%) | 7,166 (20,18%) | |||
Хрвати | 1,872 (4,05%) | 1,879 (4,59%) | 1,914 (5,39%) | |||
Југословени | 1,464 (3,17%) | 2,783 (6,80%) | 392 (1,10%) | |||
Останати | 980 (2,12%) | 570 (1,39%) | 348 (0,98%) | |||
Вкупно | 46,160 | 40,901 | 35,503 |
Образование
уредиДенеска не постојат податоци за средновековниот универзитет кој се наоѓал во областа на Високо, туку истиот бил наведен во една од архивите на Ватикан. За првпат универзитетот се споменува во 1175 година. Денеска, во Високо постојат поголем број на училишта.
Основни училишта во областа Високо се:
- Општинско училиште, изградено во 1886 година, а потоа префрлен
- Училиште Кралевац, изградено во 1910 година
- Училиште Сафет-бег Башагиќ, изградено во 1958 година
- Училиште Авдо Смаиловиќ, музичко училиште изградено во 1973 година
- Училиште Мула Мустафа Башескија, изградено во 1918 година
- Училиште Муса Казим Катиќ, изградено во 1938 година
- Училиште Алија Наметак, изградено во 1951 година
Средните училишта во областа Високо се:
Туризам и култура
уреди- Високи (Стар Град) - тврдината каде некогаш се наоѓало седиштето на босанските владетели
- Босанските пирамиди - се наоѓаат на Височица во близина на Високо. Местото станало интереснно за светската јавност во 2005 година кога локалните власти објавиле дека се работи за пирамиди изработени од човечка рака[1]. И покрај упорните напори на главниот двигател на проектот, д-р Семир Османагиќ, огромен дел од стручната јавност во светот тврди дека тоа се сосема природни геолошки образби и дека нема никакви докази за човеково вмешателство во планината[2][3][4].
- Музеј - Во Високо постои музеј на татковина кој го покажува културното и историското наследство на подрачјето Високо. Поголемниот дел од експонатите се поврзани со средновековната босанска држава, бидејќи Високо некогаш бил центар на Босанското Кралство. Во музејот има многу предмети и документи од средниот век.
- Шерефудинова Бела џамија - џамија која била изградена во 1477 година, а сегашниот изглед го добила во 1980 година.
- Црква Свети Прокопиј - Високо - црква која била изградена во 1857 година.
Спорт
уредиВо градот се наоѓа и седиштето на фудбалскиот клуб ФК Босна Високо кој настапува во Првата фудбалска лига на Босна и Херцеговина. ФК Босна Високо своите домашни натпревари ги игра на стадионот Луке кој има капацитет од 6.000 гледачи. ФК Босна Високо бил основан во 1953 година а како најголем успех на клубот е шампион на лигата во сезоната 1997–98 година.
Останати спортски клубови:
- РК Босна
- РК „Високо“
- Аеро клуб „Изет Курталиќ“
- КК „Високо“
- Стрелачки клуб „Високо“
- Куглашки клуб „Босна“
- Карате клуб „Високо“
- Карате клуб „Будучност“
- Теквандо академија „Високо“
- Спортско риболовно друштво „Високо“
- Планинарско друштво „Височица“
- Кошаркашка школа „-{XXL}- Баскет“
- Ловачко друштво „Срндаќ“
- Школски ракометен клуб „Нови вал“
- Тениски клуб „-{Bosnia}-“
- Шаховски клуб „Високо“
- Спортски аутоклуб „ВАК“ Високо.
Наводи
уреди- ↑ „European press review“. BBC News. 2005-10-26. Посетено на 2012-04-05.
- ↑ Pyramid No More, Sub Rosa, Issue 6, Oct 2006.
- ↑ The great Bosnian pyramid scheme Архивирано на 12 јули 2007 г. by Anthony Harding, British Archaeology November/December 2006
- ↑ John Bohannon, Mad About Pyramids, Science Magazine, 22 September 2006.