Дејан Кулушевски
Дејан Кулушевски (р. 25 април 2000 во Стокхолм) — шведски фудбалер од македонска народност, играч од средниот ред на Тотенхем на заем од Јувентус и на шведската репрезентација.[1]
Дејан Кулушевски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 25 април 2000 | ||
Роден во | Стокхолм, Шведска | ||
Држава |
Шведска (од 2015) Македонија (2015-2016) | ||
Висина | м | 1,86||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Тотенхем | ||
Број | 21 | ||
Младинска кариера | |||
Бромапојкарна | |||
Аталанта | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2018-2020 | Аталанта | 3 | (0) |
2019-2020 | → Парма | 36 | (10) |
2020- | Јувентус | 55 | (5) |
2022- | → Тотенхем | 3 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2015 | Шведска 15 | 2 | (0) |
2015 | Македонија 16 | 2 | (3) |
2016 | Шведска 16 | 9 | (3) |
2016-2017 | Шведска 17 | 11 | (3) |
2018 | Шведска 19 | 7 | (1) |
2019- | Шведска 21 | 5 | (3) |
2019- | Шведска | 20 | (1) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2012 ** Ажурирано на: 6 јануари 2012 |
Технички одлики
уредиВисок, физички силен и разновиден играч, способен да игра во неколку улоги во средниот ред и нападот како офанзивен играч од средниот ред, box-to-box, крило на двете стани од теренот, па дури и како централен играч од средниот ред, во улогата на „мецала“; сепак, неговата омилена позиција е како офанзивен играч од средниот ред зад напаѓачот.[2] Неговите главни квалитети се брзината, издржливост и способноста да го смени текот на акцијата или да обезбеди асистенции за соиграчите, благодарение на неговата визија и способноста за додавање. Тој исто така поседува добра техника, дриблинг, вештини и добар удар, што му овозможува да постигнува голови, покрај тоа што создава шанси за соиграчите.[3][4][5]
Клупска кариера
уредиБромапојкарна
уредиРоден во Стокхолм, Кулушевски ја започнал својата фудбалска кариера на 6-годишна возраст во екипата на Бромапојкарна, во која успешно настапувал во најдобрата младинска лига на Шведска.[6]
Аталанта
уреди2015-2018: младински години
уредиВо август 2015, Кулушевски потпишал договор со италијанската Аталанта.[6] Во првата сезона играл за тимот на Аталанта под 17 години,[6] а веќе во втората на возраст од само 16 години дебитирал за Примавера тимот во поразот со 2-1 на гостувањето кај Фрозиноне на 21 јануари 2017.[7] Во сезоната 2017-2018 тој бил стандарден во Примавера тимот на Аталанта забележувајќи 26 настапи на кој постигнал 5 гола и имал уште 10 асистенции. Како резултат на добрите игри за Примавера тимот, во април 2018 тренерот на првиот тим на Ла Деа Џан Пјеро Гасперини го повикал Кулушевски во првиот тим за натпреварот против Беневенто во Серија А, но сепак не добил можност да дебитира и останал неискористена замена. До крајот на сезоната тој уште трипати бил повикан во првиот тим и сите три натпревари ги започнал и ги завршил на клупата за резерви без да забележи ниту еден настап.
2018-2019: деби за првиот тим и титулата во Примавера
уредиВо ноември 2018 година, Кулушевски го продолжил договорот со Аталанта до 2023 година.[8] Своето деби во Серија А, Кулушевски го направил на 20 јануари 2019, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Мартен Де Рон во 71-вата минута при победата со 5-0 на гостувањето кај Фрозиноне.[9][10] Натпреварот го завршил со 100% точни додавања 14 од 14.[9]
Следниот месец тој забележал уште два настапи, повторно влегувајќи од клупата за резерви, во поразите на неговиот тим од Милан (1-3) и Торино 2-0, завршувајќи ја сезоната со 3 настапи без гол.
Во меѓувреме покрај за првиот тим тој настапувал и за Примавера, давајќи огромен придонес за освојувањето на првенството. Во полуфиналето против Торино, тој асистирал за првиот гол, а потоа бил стрелец на вториот за Ла Деа во победата со 4-3 по продолженија. Конечно, тој му асистирал на Ебрима Коли во 84-тата минута за победеносниот гол во финалето против Интер (добиено со 1-0) со кој Аталанта триумфирала во Кампионато Примавера за прв пат после 21 година.[11]
2019-2020: заемот кај Парма
уредиНа 18 јули 2019 година, Кулушевски се преселил во Парма, друг клуб од Серија А, на позајмица до крајот на сезоната со цел да добие повеќе простор за игра.[12] Дебитирал за млекарите на 17 август во победата со 3-1 над Венеција во Купот на Италија, а седум дена подоцна дебитирал и во првенството во поразот (0-1) на домашен терен од Јувентус. И покрај тоа што Кулушевски се соочувал со својата прва, вистинска сезона како професионалец, тој веднаш се етаблирал во почетниот состав на тренерот Роберто Д’Аверса и наскоро ги покажува своите квалитети.[13] Својот прв гол во Серија А го постигнал на 30 септември во натпреварот Парма-Торино (3-2).[14] На 14 декември 2019 година, Кулушевски го постигнал својот четврти гол во лигата, против Наполи; тој станал најмладиот играч во петте најсилни лиги во Европа што постигнал повеќе од три гола до тој момент.[15] Тој исто така бил еден од само двајцата играчи родени по 1 јануари 1999 година, заедно со Џејдон Санчо, кој направил најмалку седум асистенции во најдобрите пет европски лиги.[15]
Откако бил прогласен за откритие на првиот дел од првенството,[16] во јануари 2020 година, актуелниот шампион на Италија и водач на табелата во сезоната Јувентус, го купил Кулушевски од Аталанта за 35 милиони евра (плус бонуси); во исто време оставајќи го играчот на позајмица во Парма до крајот на сезоната.[17] На 25 јули 2020, постигнал прекрасен гол - негов деветти за сезоната - со прецизен дијагонален удар во далечниот агол со кој и донел победа на Парма на гостувањето кај Бреша. Својот десетти и последен гол за сезоната го постигнал против својот сега веќе поранешен клуб, Аталанта, во поразот на Тардини со 1-2 три дена подоцна.
Сезоната во Парма ја завршил со 10 гола и 9 асистенции[13] и бил избран за најдобар млад играч во првенството.[18]
Јувентус
уредиВо август 2020, Кулушевски му се приклучил на Јувентус во подготовките за сезоната 2020-2021. Своето деби за Јувентус го направил на 20 септември 2020, во победата со 3-0 на домашен терен против Сампдорија; во истиот тој натпревар го постигнал и првиот гол за бјанконерите по само 13 минути игра.[19] Точно еден месец подоцна, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите, во победата со 2-0 против Динамо Киев.[20] На 20 јануари 2021 година, тој го освоил својот прв трофеј како професионален фудбалер, играјќи како стартер во натпреварот од Суперкупот на Италија во кој бјанконерите преовладуваат со 2-0 над Наполи.[21] По добриот почеток на сезоната,[22] во продолжение доаѓа до пад во формата и послаби перформанси во неговите настапи што води до тоа почесто да биде на клупата.[23][24] Сепак на 19 мај, тој бил голем протагонист при победата во финалето на Купот на Италија против неговиот поранешен клуб Аталанта; откако го отворил резултатот во првото полувреме носејќи му предност на својот тим, тој потоа му асистирал на Федерико Кјеза за победничкиот гол за 2-1 благодарение на кој Јувентус го подигнал трофејот.[25]
На почетокот на следната сезона, на 20 октомври 2021 година, тој го постигнал својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите, и тој се покажал решавачки за победата на Јувентус со 1-0 над Зенит Санкт Петербург.[26]
Тотенхем
уредиНа 31 јануари 2022, Кулушевски станал играч на Тотенхем, приклучувајќи му се на лондонскиот клуб на 18-месечна позајмица. Договорот бил вреден 10 милиони евра, кои Тотенхем ги платил за позајмицата, а во него исто така била вклучена и опција за откуп за дополнителни 35 милиони евра.[27] Своето деби за Спарс го направил на 5 февруари 2022, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Лукас Моура во победата со 3-1 на домашен терен над Брајтон во четвртата рунда на ФА купот.[28] Четири дена подоцна, дебитирал во Премиер лигата, повторно заменувајќи го Моура во второто полувреме од поразот на домашен терен од Саутхемптон со 2-3. Својот прв погодок во дресот на Тотенхем го постигнал на 19 февруари, за време на гостинската победа со 2-3 кај лидерот во првенството во тој момент, Манчестер Сити. Седум дена подоцна, тој одново погодил за Тотенхем во победата со 4-0 на гостувањето кај Лидс Јунајтед.
Репрезентативна кариера
уредиПоради потеклото на неговите родители Кулушевски има право да настапува за две репрезентации, Шведска и Македонија, и тој играл за двете во младинските категории.
Откако во 2016 година дебитирал за репрезентацијата на Македонија под 16 години, во летото 2017 година, Македонија направила обид да го придобие играчот да ја избере репрезентацијата на потекло на неговите родители нудејќи му на Кулушевски место во сениорската репрезентација. Сепак, тој одлучил да каже "не", поради тоа што сакал да ја претставува Шведска во иднина.
Во ноември 2019 година, бил повикан за прв пат во сениорската репрезентација на Шведска за квалификациските натпревари за Европското првенство 2020 против Романија и Фарски Острови.[29] Своето деби го направил на 18 ноември, влегувајќи како замена на местото на Кен Сема, во победата со 3-0 над Фарските Острови.[30]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
18-11-2019 | Солна | Шведска | 3 – 0 | Фарски Острови | Квал. за Евро 2020 | - | 65' | |
5-9-2020 | Солна | Шведска | 0 – 1 | Франција | УЕФА Лига на нации 2020-2021 | - | 70' | |
8-9-2020 | Солна | Шведска | 0 – 2 | Португалија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 | - | 90' | |
Вкупно | Настапи | 3 | Голови | 0 |
Клупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 22 јануари 2019.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2018-2019 | Аталанта | А | 3 | 0 | КИ | 0 | 0 | ЛЕ | - | - | - | - | - | 3 | 0 |
2019-2020 | Парма | А | 36 | 10 | КИ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 39 | 10 |
2020-2021 | Јувентус | А | 35 | 4 | КИ | 5 | 3 | ЛШ | 6 | 0 | СИ | 1 | 0 | 47 | 7 |
2021-јан. 2022 | А | 20 | 1 | КИ | 1 | 0 | ЛШ | 5 | 1 | СИ | 1 | 0 | 27 | 2 | |
Вкупно Јувентус | 55 | 5 | 6 | 3 | 11 | 1 | 2 | 0 | 74 | 9 | |||||
јан.-јун. 2022 | Тотенхем | ПЛ | 3 | 1 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | ЛК | 0 | 0 | - | - | - | 4 | 1 |
Вкупно во кариерата | 97 | 16 | 10 | 3 | 11 | 1 | 2 | 0 | 120 | 20 |
Титули
уредиКлупски
уредиАталанта
уреди- 2018-2019
Јувентус
уреди- Куп на Италија : 1
Поединечни
уреди- Најдобар млад играч: 2019-2020
Наводи
уреди- ↑ Профил на Дејан Кулушевски на трансфермаркт
- ↑ „FRÅGESTUNDER - @sweu21“. www.instagram.com (англиски). Посетено на 2020-01-24.
- ↑ „Dejan Kulusevski: talento svedese classe 2000“. www.worldfootballscouting.com. 31 October 2018. Посетено на 2 January 2020.
- ↑ Yakimov, Vilizar (2 January 2020). „Kulusevski perfect for Juve future“. Football Italia. Посетено на 2 January 2020.[мртва врска]
- ↑ „Parma, D'Aversa: "Kulusevski centravanti? Quel ruolo l'ha fatto..."“. Tutto Sport. 25 October 2019. Посетено на 3 January 2020.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „Дејан Кулушевски: „Семејството беше најсреќно по мојот настап за Македонија"“. ffm. 19 ноември 2015. Посетено на 22 јануари 2019.
- ↑ „Frosinone Primavera - Atalanta Primavera 2-1“. 21 јануари 2017. Посетено на 22 јануари 2019.
- ↑ Kulusevski ha rinnovato fino al 2023 atalantini.online
- ↑ 9,0 9,1 „Деби на Кулушевски во Серија А“. sportmedia.mk. 20 јануари 2019. Посетено на 22 јануари 2019.
- ↑ „Уште еден Македонец дебитираше во Серија А, но со шведски пасош (Видео)“. sportmanija. 20 јануари 2019. Посетено на 22 јануари 2019.
- ↑ „PRIMAVERA 1 TIM 2018/2019 - L'ATALANTA E' CAMPIONE D'ITALIA“. legaseriea.it. 14 јуни 2019.
- ↑ „UFFICIALE: Parma, presi Cornelius e Kulusevski dall'Atalanta“. Посетено на 18 July 2019.
- ↑ 13,0 13,1 Marco D'Ottavi (3 август 2020). „Il miglior Under-21: Dejan Kulusevski“.
- ↑ Simone Cola (1º ottobre 2019). „Kulusevski, ascesa inarrestabile: primo gol in A per il fan di Ibra“. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ 15,0 15,1 „Dejan Kulusevski è un giocatore della Juventus!“. Juventus.com (италијански). 2 January 2020. Посетено на 2 January 2020.
- ↑ „Il calciatore di dicembre 2019: Dejan Kulusevski“. 27 декември 2019. Занемарен непознатиот параметар
|authore=
(help) - ↑ „Dejan Kulusevski è un giocatore della Juventus!“. 2 gennaio 2020. Архивирано од изворникот на 2 јануари 2020. Посетено на 2 јануари 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Gli MVP della stagione 2019/2020“ (италијански). 4 август 2020. Архивирано од изворникот на 2020-08-07. Посетено на 2020-08-28.
- ↑ Federico Sala (20 септември 2020). „Juventus-Sampdoria 3-0: Kulusevski, Bonucci e Ronaldo. Pirlo parte bene“.
- ↑ Sandro Bocchio (21 октомври 2020). „Dynamo Kiev-Juve, le pagelle: Kulusevski e Chiesa, esordi da big“.
- ↑ „SUPERJUVE!“. 20 јануари 2021.
- ↑ „Kulusevski: "Pirlo top per i giovani, ti dà molta fiducia"“. 2020-10-22.
- ↑ „Kulusevski: "Sono deluso. Juve, dobbiamo migliorare. Ronaldo resta? Vedremo..."“. 2021-03-29.
- ↑ Domenico Marchese (2021-05-07). „Kulusevski: "Nessun rimpianto, sapevo che alla Juventus non sarebbe stato facile"“.
- ↑ Enrico Turcato (2021-05-19). „Atalanta-Juventus 1-2, decide un gol di Chiesa: la Coppa Italia è bianconera“.
- ↑ „Zenit San Pietroburgo-Juventus: 0-1: Kulusevski di testa nel finale, bianconeri a punteggio pieno“. 2021-10-20.
- ↑ „Grazie Dejan e buona fortuna! - Juventus“. Juventus.com (италијански). 31 January 2022. Посетено на 31 January 2022.
- ↑ Krishnan Sreekumar (6 февруари 2022). „Conte gives verdict on Tottenham's new January signings making debut in FA Cup win“. tothelaneandback.com. Посетено на 6 февруари 2022.
- ↑ „Dejan Kulusevski uttagen i landslaget efter jättesuccén“. www.expressen.se (шведски). Посетено на 6 November 2019.
- ↑ Petersson, Martin (19 November 2019). „Nerver gav tunga ben i debuten för Kulusevski - som sågar planen: "Den var inte okej"“. www.fotbollskanalen.se.