Брук Шилдс
Брук Криста Шилдс (родена на 31 мај 1965 година[1]) — американска глумица и модел. Некои од нејзините попознати филмови се: „Убавото бебе“, „Сината Лагуна“ како и телевизиските шоуа: „Саденли Сузан“, „Тоа шоу од 70-те“ и „Липстик Џангл“.
Брук Шилдс | |
---|---|
Брук Шилдс во 2011 гопдина | |
Роден(а) | 31 мај 1965 Њујорк, САД |
Алма матер | Универзитет Принстон |
Занимање | глумица, модел |
Сопружник | Андре Агаси (в. 1997; раз. 1999) Крис Хенчи (в. 2001) |
Деца | 2 (со Хенчи) |
Родители | Френк Шилдс Тери Шилдс |
Рани години
уредиБрук Шилдс е родена во Менхетен[1], Њујорк од татко Френк и мајка Тери Шилдс, кои се развеле неколку месеци откако таа се родила. Од страна на нејзиниот татко, таа има италијански, француски, ирски и англиски корени, заедно со висока социјална позиција и благородни врски[2]. Нејзината баба од страна на нејзиниот татко била италијанската принцеза Дона Марина Торлонија[3].
Нејзината мајка има германско, англиско, шкотско, ирско и вечшко потекло[4][5] Шилдс пораснала со римокатоличка вера.[6] Има два полубраќа и три полусестри.[7][8].
Кога Шилдс имала само пет дена, нејзината мајка отворено изјавила дека сака таа да биде активна во шоу бизнисот: „Таа е најубавото дете и ќе и помогнам со нејзината кариера”[9]. На 10 години, таа го присвоила нејзиното средно име „Камил“. Додека посетувала средно училиште таа живеела во Хаворт, Њу Џерси. На 12 години глумела дете кое се проституира во филмот „Прити Бејби“. Илејн Форд, основач на агенцијата „Форд Моделинг”, за Брук Шилдс изјавила: „...Таа е професионално дете и е единстнеа. Изгледа како возрасна и размислува како таква.
Образование
уредиТаа го посетувала приватното училиште Њу Линколн до осмо одделение[10][11]. Шилдс матурирала во училиштето Двајт Инглвуд (The Dwight Englwood) во Инглвуд, Њу Џерси во 1983 година[12][13] по кое се запишала на универзитетот Принстон во потрага кон нејзината диплома за француска литература, дипломирајќи во јуни 1987 година[14][15].
Додека била на универзитетот Принстон таа зборувала отворено за нејзината сексуалност и девственост. Шилдс во тоа време била член на театарот Принстон Триангл Клаб и клубот Кап енд Гаун Клаб. Нејзината автобиографија On Your Own била издадена во 1985 година[16]. Нејзината сениорска теза од 1987 година била насловена како „Свеченото претставување: Од наивност до искуство: Пред адолесентско/адолесентско патување во филмовите на Луис Мал, Прити Бејби и Лакомб Лусиен“[12].
Во статијата од весникот The New York Times, нејзиното образование на Принстон било внимателно разгледано откако таа ги соопштила нејзините училишни регистри во изданието на списанието Life Magazine во јули, кратко по нејзиното дипломирање. Критиката изјавила дека Шилдс не земала никакви курсови по историја, математика, филозофија, економија, светска литература или наука со лабораториско искуство[17].
Кариера
уредиПочетна работа
уредиБрук Шилдс ја започнала својата кариера како модел во 1966 година, на возраст од 11 месеци. Нејзината прва работа била за производите на Ivory Soap, снимена од Франческо Скавуло[12]. Таа продолжила како успешно дете во модата со модниот агент Илејн Форд, која во нејзината животна биографија изјавила дека го започнала нејзиниот детски оддел само за Шилдс. Во почетокот на 80-те години, 14 годишната Шилдс била најмладиот модел некогаш која се појавила на насловната на врвното модно издание на магазинот Vogue Magazine. Подоцна истата година, Шилдс се појавила во контроверзно издание и телевизиски реклами за фармерките на Келвин Клејн. Телевизиските реклами вклучувале и изговарање на познатиот слоган, „Дали знаете што се наоѓа помеѓу мене и моите Калвинс? Ништо.”[12][13][18]. Рекламите на Брук Шилдс му помогнале на Клејн за катапулт на неговата кариера за супер дизајнерски статус[19].
Од 1981 до 1983 година, Брук Шилдс, нејзината мајка, фотографот Гери Грос, списанието Плејбој, судскиот систем Њујорк биле вклучени во парница за правата на некои фотографии што нејзината мајка ги откажала на фотографот (кога се справувате со модели кои се исто така малолетни, родител или старател мора да потпише такво издавање додека другите договори се предмет на преговарање) кои оригинално биле определени да се појават во книга насловена „Sugar and Spice“ за да бидат издадени во списанието Плејбој. Судот изгласал во полза на фотографот но со чудно извртување на законот во Њујорк[20].
До својата 16 годишна возраст, Шилдс станала една од најпознатите лица во светот, поради нејзината двократна кариера како провокативен модел и контроверзна глумица како дете[12]. Списанието Time во своето издание од 9 февруари 1981 година, изјавило на насловната страна дека нејзината дневна проценка била 10.000 американски долари. Во 1983 година, Шилдс се појавила на насловната на септемвриското издание на париското издание Vogue, во октомвриското и ноемвриското издание на американското списание „Вог” и во декемвриското издание на италијанското списание „Вог”[14]. За време на тој период Шилдс станала редовна во ноќниот клуб „Студио 54“ во градот Њујорк[21]. Во 2009 година, слика од Брук Шилдс гола, сликана кога таа имала 10 години, вклучена во работата „Spiritual America“ на Ричард Принс создала голема врева. Истата била отстранета од изложбата во уметничката галерија „Tate Modern“ по предупредување од полицијата[22].
Филм
уредиПрвата главна улога на Шилдс во филм е нејзиното појавување во 1978 година во филмот „Прити Бејби“ на Луис Мал, филм во кој таа глумела дете кое живее во јавна куќа (и во кој постојат бројни сцени со голотија)[12]. Бидејќи имала само 12 години кога филмот бил издаден, и најверојатно 11 години кога бил снимен, се поставувале прашања околу детска порнографија.[23][24][25]. Ова било следено со незначително помалку контроверзен филм „Ванда Невада“ во 1979 година.
По две децении на филмови, нејзините најпознати филмови се сè уште дискутабилни, „''Сината лагуна''“ од 1980 година, кој вклучувал бројни сцени со голотија помеѓу тинејџерски љубовници на тропски остров. (Шилдс подоцна сведочила пред Американскиот Конгрес дека повозрасни лица биле заменети во некои од сцените), и филмот „Бескрајна љубов“ од 1981 година[26]. Американското здружение за филм отпрвин го вброил филмот како само за возрасни, над 17 години. Сепак, филмот бил преиздаден за да биде вброен како забранет, но лицата под 17 години да бидат придружувани од родител или старател. Таа ја освоила наградата „Избор на гледачите“ во категоријата за омилен млад изведувач во четири понатамошни години, од 1981 до 1884 година. Во 1998 година, ја глумела лезбејката Лили во филмот „The Misadventures of Margaret“[27].
Во 2001 година, телевизиската мрежа „Lifetime“ го издал филмот „''Што го сочинува семејството''“ во главна улога со Брук Шилдс и Чери Џоунс во вистинска животна приказна на две женети мајки лезбејки и бебе наспроти законите за посвојување во Флорида[28].
Телевизиски појавувања
уредиБрук Шилдс се појавила во бројни телевизиски шоуа. Во 1980 година, таа била најмладата ѕвезда која гостувала во “The Muppet Show“ во кој таа и учесниците од Мапет шоуто измислиле своја верзија на новелата „''Авантурите на Алиса во земјата на чудата''“. Исто така била најмладата која гостувала во серијата „Fridays“ на телевизијата ABC, „Саботна вечер во живо“, како комедиско шоу, во 1981 година. Во една епизода од популарната комедија „Пријатели“, Шилдс го глумела ловецот на Џои. Улогата водела директно до тоа да и се додели улога во комедијата „Suddenly Susan“ на телевизијата NBC, во која глумела од 1996 до 2000 година, и со која добила награда од „Избор на гледачите” во категоријата омилен женски изведувач во нова телевизиска серија за неа, во 1997 година, и две номинации за „''Златен глобус''“[12].
Во почетокот на 80-те години, учествувала во „Јавниот здравствен сервис на САД“ спонзориран од волонтерската организација “Американско здружение за бели дробови” како иницијатива дека познатите личности треба да бидат пример и борци за непушењето[29]. Во средината на 80-те години, Брук ја започнала нејзината поддршка со организацијата „United Service Organizations“ на турнеја со Боб Хоуп[30].
Шилдс имала неколку појавувања во серијата „Тоа шоу од 70-те“. Ја глумела Пем Буркарт, мајката на Џеки (Мила Кјунис) која подоцна била накратко вмешана со таткото на Дона (Лаура Припон), во улога на Дон Старк. Шилдс ја напуштила серијата кога нејзината улога била отпишана. Шилдс го забележала раскажувањето на книгата „The Runaway Bunny“ за продукцијата „Sony/BMG“.
Во подоцнежната половина на првата декада од 21 век, Шилдс гостувала во шоуата како: серијата „Нип/Так“ на каналот Еф Екс (FX) и серијата „Два и пол мажи“. Во 2005 година, Шилдс се појавила во две епизоди од сезоната на серијата „Придружба“ на каналот HBO, насловена како „Blue Balls Lagoon“. Во 2007 година, таа гостувала во серијата „Хана Монтана“ во продукција на Дизни, како Сузан Стјуарт, мајката на Мајли и Џексон, која починала во 2004 година. Во 2008 година, се вратила на драмата „Lipstick Jungle“. Серијата завршила една година подоцна[12].
Во 2010 година, Брук Шилдс гостувала во комедијата „Средината“ како сосетка на Френки, улогата на Патриша Хитон[31][32]. Исто така се појавила како славна личност во генеолошката документарна серија „Кои мислите дека сте вие?“ на телевизијата NBC, каде било откриено дека по потеклото на нејзиниот татко, таа е далечна роднина на Кралот Луј XIV од Франција, а со тоа потомок и на Свети Луј и Хенри IV од Франција[33].
Театар
уредиБрук се појавила во неколку театарски продукции на Бродвеј, вклучувајќи ги мјузиклите „Грис“ во 1994 година, како Бети Ризо, преродбата на мјузиклот „Кабаре“ во 2001 година, преродбата на мјузиклот „Прекрасен град“ од 2004 до 2005 година, и мјузиклот „Чикаго“[12]. Ја преземала улогата на „Мортиша” во мјузиклот „Фамилијата Адамс“ на 28 јуни 2011 година, во продукција на Бродвеј[34].
Личен живот
уредиВо јуни 2009 година, во дел од списанието „Здравје“, Брук Шилдс открила дека ја изгубила својата невиност на 22 години[35]. Рекла дека ќе се случело и порано ако имала подобра слика за себеси[36].
Во средината на 80-те години, Шилдс се забавувала со нејзиниот соученик Дин Кејн. Шилдс исто така била поврзана со Џон Еф Кенеди, глумецот Лијам Нисон и пејачот Џорџ Мајкл. Таа се гледала и со Принц Нарухито од Јапонија. По романтичен период со Џон Траволта, шеснаесет годишната Брук Шилдс се забавувала со 18 годишниот Мухамед, син на билионерот и трговец на оружје Аднан Касоџи, во Кан каде што првпат се запознале. На 18 години, Брук Шилдс го запознала Доди Фејд и станале пријатели. Брук имала 24 години кога ја поминала вечерта со Доди Фејд во Париз за да го прослават неговиот 33-ти роденден.
Во 90–те години, Брук Шилдс ја излагала својата градба како ширење на нејзината женственост, промовирајќи го природниот фитнес како проширување на женственоста[37][38], покажувајки дека женственоста и спортот се постојани повеќе отколку апсурдни. Иако не била единствената, Шилдс го имала потребното за да го промовира женскиот спорт.
Брук била мажена двапати. Од 19 април 1997 година, Шилдс била мажена со професионалниот играч на тенис, Андре Агаси[39], двојката била заедно уште од 1993 година. На 4 април 2001 година, се омажила со телевизискиот уредник Крис Хенчи откако се запознале во 1999 година преку заеднички пријатели[40]. Двојката имала две ќерки[41]: Роуан Френсис (родена на 15 мај 2003 година) и Гриер Хемонд (родена на 18 април 2006 година), и живеат во Менхетен[42].
Постнатална депресија
уредиПролетта на 2005 година, Брук Шилдс зборувала во списанија како Guideposts и се појавила на телевизиското шоу „Шоуто на Опра Винфри“ за да ја инесе во јавност нејзината борба со постнаталната депресија, искуство кое вклучувало депресија, помисла на самоубиство, неспособна да одговори на потребите на своите деца, и отежнато мајчинско поврзување[43][44]. Оваа болест можеби била предизвикана од трауматично детство, смртта на нејзиниот татко три недели пред тоа, стрес од вештачкото оплодување, подметнување и депресија на некој од семејството во минатото, како и хормоните и животните промени кои биле донесени со породувањето[45]. Нејзината книга „Down Came The Rain“ го опишува нејзиното искуство, придонесувајќи за големо внимание од постнатална депресија[46].
Во мај 2005 година, Том Круз, верник чии верувања се над психијатриските, ја осудил Брук, како лично така и професионално, особено за двете, користејќи го и зборувајќи во корист на антидепресивниот лек Paxil. Како што рекол Круз: „Овде стои жена и јас се грижам за Брук Шилдс, бидејќи мислам дека таа е неверојатно талентирана жена, гледаш во неа и мислиш, каде замина нејзината кариера”? Шилдс одговорила дека изјавите на Круз за антидепресивите биле „неодговорни” и „опасни”. Рекла дека тој треба да се „држи до својата борба со вонземјаните” (што се однесува на неговата улога во филмот „Војна на световите“ “и да дозволи мајките да одлучат кој е најдобриот начин да ја излечат постнаталната депресија”. Глумицата одговорила со понатамошен напад на Круз во есејот „Војна на зборови” објавен во весникот The New York Times на 1 јули 2005 година, во кој направила посебен случај за лекот и рекла ”На чуден начин, беше утеха за мене, кога мојот акушер ми кажа дека моите чувства на огромна безнадежност и моите помисли за самоубиство се директно поврзани со биохемиска промена во моето тело. Кога ќе прифатиме дека постнаталноста е сериозна медицинска состојба, тогаш лекувањето станува поприфатливо и прифатено од општеството. Со нега на докторите, ги намалив лековите но, без нив немаше да станам добар родител како што сум денес”[47]. На 31 август 2006 година, според вестите на „USA Today“[48], Круз приватно и се извинил на Шилдс за инцидентот и Шилдс прифатила и рекла дека било „од срце”. Три месеци подоцна таа и нејзиниот сопруг присуствувале на венчавката на Круз и Кејти Холмс, во ноември 2006 година. Брук Шилдс е жена портпарол на кампањата за домашни производи за жени „Tupperwear“, програма која ги учи жените како да ја одгледуваат својата ментална и физичка благосостојба.
Врска со Мајкл Џексон
уредиБрук Шилдс зборувала на меморијалната служба на Мајкл Џексон[49], на 7 јули 2009 година, во Стејплс центарот во Лос Анџелес, Калифорнија, пред телевизиска публика со повеќе од еден милион луѓе. Шилдс изјавила во говорот дека првпат го запознала Мајкл кога имала 13 години, и двајцата веднаш станале пријатели[50]. Шилдс рекла:
Размислувам за времето кога се сретнавме и за времето кое го поминувавме заедно, и некогаш кога излегувавме заедно, ќе има некој вид натпис, а натписот обично гласеше “чуден пар” или “неверојатен пар”, но за нас тоа беше најприродното и најлесното пријателство...Мајкл секогаш знаеше дека може да смета на мене, да го поддржами и да му бидам партнерка и да се забавуваме без разлика каде сме. Имавме врска...Двајцата сакавме да бидеме возрасни многу рано, но кога бевме заедно, бевме две мали деца кои се забавуваат[51].
Во нејзиниот пофален говор, таа исто така споделила и бројни анегдоти, вклучувајќи го и поводот во кој била негова партнерка на една од венчавките на Елизабет Тејлор, и се прикрале во собата на Тејлор да го видат нејзиниот фустан, само да ја откријат Тејлор како спие во нејзиниот кревет. Шилдс одржа тажен говор, потсетувајќи на многуте пати што таа и Мајкл Џексон ги делеле и накусо се задевале со неговата црна ракавица. Исто така ја спомнала омилената песна на Џексон „Smile“ од Чарли Чаплин која подоцна била отпена на меморијалната служба од страна на Џермејн Џексон[52].
Колумнистот на весникот „The New York Times“ Гејл Колинс забележал дека „било малку необично да се слуша тажното сведочење на Брук Шилдс во врска со нејзиното длабоко пријателство со Џексон, со оглед на фактот дека последен пат го видела на осмата венчавка на Елизабет Тејлор во 1991 година“[53]. Ова секако не се совпаѓа со изјавата на Мајкл за време на интервјуто во 1993 година со Опра Винфри, дека излегувал со Шилдс во тоа време, како и фактот дека Шилдс била партнерка на Мајкл Џексон за време на „Греми наградите“ во 1993 година. Шилдс изјавила дека Џексон ја запросувал повеќепати и сакал да посвојат дете заедно.
Џексон во разговор со рабинот Шмулеј Ботич во 2001 година, за Шилдс рекол:
Тоа беше едно од љубовите на мојот живот. Мислам дека ме сакаше исто колку што ја сакав и јас неа, знаеш? Излегувавме многу. Ние, ние одевме надвор често. Нејзините слики беа насекаде на мојот ѕид, огледалото, насекаде. Заминав на наградите за „Оскар“ со Дајана Рос и оваа девојка дојде до мене и ми рече: Здраво, јас сум Брук Шилдс. Потоа продолжи:„Дали ќе одиш на забавата потоа, јас одам, Да. Добро, ќе се видиме на забавата. Ќе одам. Ох Боже, дали знае дека е насекаде низ мојата соба? Така отидовме на забавата потоа. Доаѓа накај мене и ми вели: Ќе танцуваш ли со мене? реков, Да, ќе танцувам со тебе. Човеку, разменивме броеви и бев буден цела ноќ, пеев, се вртев околу собата, едноставно среќен. Беше одлично.
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога | Забелешки |
---|---|---|---|
1976 година | “Алис, Слатка Алис”(Alice, Sweet Alice) | Карен Спеџ | Алтернативни наслови: “Комјунион Холи Терор”(Communion Holy Terror) |
1978 година | “Прити Бејби”(Pretty Baby) | Вајолет | |
“Кинг оф д Џипсис”(King of the Gysis) | Тита | ||
1979 година | “Тилт”(Tilt) | Тилт | |
“Ванда Невaда”(Wanda Nevada) | Ванда Невaда | ||
“Само јас и ти, дете”(Just You and Me Kid) | Кејт | ||
1980 година | “Сината Лагуна”(The Blue Lagoon) | Емелајн Лестренџ | |
1981 година | “Бескрајна љубов”(Endless Love) | Џејд Батерфилд | |
1983 година | “Сахара”(Sahara) | Дејл | |
1984 година | “Д Мапетс Тејк Менхетен”(The Muppets Take Manhattan) | Клиент | |
1989 година | “Брза зона!”(Speed Zone!) | Стјуардеса | Алтернативен наслов: “Канонбол Фивр”(Cannonball Fever) |
“Бренда Стар”(Brenda Starr) | Бренда Стар | ||
1990 година | “Бекстрит Џримс”(Backstreet Dreams) | Стиви | Алтернативен наслов: “Бекстрит Стрејс”(Backstreet Strays) |
1992 година | “Ранинг Вајлд”(Running Wild) | Кристин Схај | Алтернативен наслов: “Борн Валјд”(Born Wild) |
1993 година | “Фрикд”(Freaked) | Скај Дејли | Алтернативни наслови: “Фрик Шоу”(Freak Show)
“Хидиус Мјутант Фрикз”(Hideous Mutant Freekz) |
1994 година | “Постдипломецот”(The Postgraduate) | Жена од фантазијата | |
“Седмиот кат”(The Seventh Floor) | Кејт Флечер | ||
1996 година | “Фривеј”(Freeway) | Мими Волвертон | |
1998 година | “Д Мисадвенчрс оф Маргарет”(The Misadventures of Margeret) | Лили | |
1999 година | “Викендот”(The Weekend) | Нина | |
“Црно и бело”(Black and White) | Сем Донаџер | ||
“Моминска вечер”(The Bachelor) | Бакли Хејл-Винсдор | ||
1999 година | “Разочараната шума”(The Disenchanted Forest) | Таа лично | |
2000 година | “После секс”(After Sex) | Кејт | |
2004 година | “Нашиот италијански сопруг”(Our Italian Husband) | Шарлин Тејлор | Алтернативен наслов: “Марити ин Афито”(Mariti in Affitto |
“Авантура со велигденското јајце”(The Easter Egg Adventure) |
Ужасната Хериет Хер || | ||
2005 година | “Слугата Боб”(Bob the Butler) | Ен Џејмисон | |
2007 година | “Нешонал Лампунс Бег Бој”(National Lampoon’s Bag Boy) | Г-ца Харт | |
2008 година | “Џастис Лиг: Д Њу Фронтиер(Justice League: The New Frontier) | Керол Ферис | Директно на ДВД издание |
“Полноќниот воз со месо”(The Midnight Meat Train) | Сузан Хоф | ||
“Анстејбл Фејблс&Голдилокс 3 Беарс Шоу”(Unstable Fables: Goldilocks& 3 Bears Show) | Руби Беар | ||
2010 година | “Фјури Венџанс”(Furry Vengeance) | Тами Сандерс | |
“Другите момци”(The Other Guys) | Таа лично | ||
“Д Бој ху Kрајд Веарволф”(The Boy Who Cried Werewolf) | Мадам Варколак | ||
2011 година | “Шалеј Грл”(Chalet Girl) | Керолајн | |
Телевизија | |||
Година | Наслов | Улога | Забелешки |
1974 година | “По падот”(After the Fall) | Ќерката на Квентин | Телевизиски филм |
1977 година | “Принцот од Центарл Парк”(The Prince of Central Park) | Кристин | Телевизиски филм |
1982 година | “Докторите”(The Doctors) | Елизабет Харингтон | Непознати епизоди |
1984 година | “Вет Голд”(Wet Gold) | Лора | Телевизиски филм |
1988 година | “Д Дајмонд Чрап”(The Diamond Trap) | Тара Холден | Телевизиски филм |
1992 година | “Квантен скок”(Quantum Leap) | Ванеса Фостер | Епизода: “Липинг оф д Шру”(Leaping of the Shrew) |
1993 година | “Можам да те натерам да ме сакаш”(I Can Make You Love Me) | Лора Блек | Телевизиски филм
Алтернативен наслов: “Демнејќи ја Лора”(Stalking Laura) |
1993 година | “Тејлс фром д Крипт”(Tales From the Crypt) | Норма | 1 епизода |
1994 година | “Американска љубов”(An American Love) | Грета | 1 епизода |
1995 година | “Ништо не трае вечно”(Nothing Lasts Forever) | Д-р Бет Тафт | Телевизиски филм |
1996 година | “Пријатели”(Friends) | Ерика Форд | 1 епизода |
1996 – 2000 година | “Саденли Сузан”Suddenly Susan) | Сузан Кин | 93 епизоди, продуцент |
1998 година | “Речиси совршениот грабеж на банка”(The Almost Perfect Bank Robbery) | Синди Лафранс | Телевизиски филм |
2001 година | “Што го сочинува семејството”(What Makes A Family) | Џанин Ниелсен | Телевизиски филм |
“Убиј ме веднаш!”(Just Shoot Me!) | Арлин Нудлмен | 1 епизода | |
2003 година | “Мис Спајдерс Сани Печ Кидс”(Miss Spider’s Sunny Patch) Kids) | Мис Спајдер | Телевизиски филм |
“Стаорецот Гери”(Gary The Rat) | Касандра Херисон | 1 епизода | |
2004 година | “Замината, но не и заборавена”(Gone, But Not Forgotten) | Бетси Таненбом | Телевизиски филм |
“Јас сум со неа”(I’m With Her) | Ајви Тајлер | 1 епизода | |
“Тоа шоу од 70-те години”(That 70s Show) | Памела Буркхарт | 7 епизоди | |
2005 година | “Њу Кар Смел”(New Car Smell) | Ејприл | Телевизиски филм |
2006 година | “Закон и ред: Криминална цел”(Law & Order: Criminal Intent) | Кели Слоун- Рејнс | 1 епизода |
“Нип/Так”(Nip/Tuck) | Фејт Волпер | 3 епизоди | |
2007 година | “Два и пол Мажи”(Two and a Half Man) | Даниел Стјуарт | 1 епизода |
“Бетмен”(Batman) | Џули | 1 епизода | |
2007- 2009 година | “Хана Монтана”(Hannah Montana) | Сузан Стјуарт | 3 епизоди |
2008 година | “Вдовици”(Widows) | Ширли Хелер | 1 епизода |
2008-2009 година | “Липстик Џангл”(Lipstick Jungle) | Венди Хејли | 20 епизоди |
2010 година | “Средината”(The Middle) | Рита Глоснер | 2 епизоди |
“Кои мислите дека сте вие?”(Who Do You Think You Are?) | Таа лично | 1 епизода |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Brooke Shields Biography“. Biography.com / Fyi (A&E Networks). Архивирано од изворникот на 2018-12-09. Посетено на November 12, 2014.
- ↑ „Television - Boston Herald“.[мртва врска]
- ↑ „Lesbian Genealogy“.
- ↑ https://archive.today/20130217201624/http://www.rte.ie/ten/2010/0705/blog_tv_tvwatch.html. Архивирано од изворникот на 2013-02-17. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „LIFE MAGAZINE - AMERICA FALLS FOR A MILLION DOLLAR BABY - 905W-000-017“.
- ↑ „Brooke Shields“. Yahoo! Movies. Архивирано од изворникот на June 28, 2011.
- ↑ Shields, B (2008). Welcome to Your World, Baby. HarperCollins. стр. 6.
- ↑ Wayne, Gary. „St. Monica Church“. Архивирано од изворникот на 2010-08-17.
- ↑ Allen, Jenny. „Being Brooke“. Good Housekeeping. стр. 2. Архивирано од изворникот на 2014-11-28. Посетено на November 13, 2014. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ People.com: Brooke Shields Архивирано на 29 август 2016 г. Retrieved June 28, 2011
- ↑ „celebrityprepschools.com“.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 12,7 12,8 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеactors
. - ↑ 13,0 13,1 Sischy, Ingrid. „Calvin to the Core“.
- ↑ 14,0 14,1 „Brooke Shields - Fashion Model - Profile on New York Magazine“. New York Magazine. Архивирано од изворникот на 2021-02-25. Посетено на 2017-09-26.
- ↑ „Brooke Shields - PEOPLE.com“.
- ↑ Shields, Brooke (1985) On Your Own New York: Villard Books pp. 220 ISBN 0-394-54460-9 OCLC 11915327
- ↑ Koppett, Leonard (August 15, 1987). At Princeton, They Call it an Education. The New York Times.
- ↑ Style.com Brooke Shields
- ↑ Handel, Gerald (2006). Childhood socialization. Aldine Transaction. стр. 37. ISBN 0-202-30641-0.
- ↑ Siegel, Paul (2007). Communication Law in America. стр. 193–194. ISBN 0-7425-5387-6.
- ↑ Shields, Brooke. Interview with Jimmy Fallon. Brooke Shields - Part 1. 2011-02-07. Retrieved on 2011-07-21.
- ↑ Tate Modern removes naked Brooke Shields picture after police visit - Charlotte Higgins and Vikram Dodd - The Guardian - Sept 30 2009
- ↑ McMurran, Kristen. "Pretty Brooke" Архивирано на 25 септември 2016 г., People (May 29, 1978).
- ↑ Canby, Vincent. "Critic's Pick: Pretty Baby," New York Times (April 5, 1978).
- ↑ Ebert, Roger."Pretty Baby," Архивирано на 10 октомври 2012 г. Chicago Sun-Times (June 1, 1978).
- ↑ Weekly World News. July 14, 1981. стр. 46.
... She's never been turned on by a kiss...
- ↑ The Advocate. December 23, 1997.
- ↑ The Advocate. January 31, 2001. стр. 28–30.
'I really believe that if you are against gays and lesbians adopting and you watch this movie,' you will never feel that way again, promises executive producer Craig Zadan.
- ↑ Campbell, George (1984). Health, Education and Youth: A Review of Research and Development. Taylor & Francis. стр. 189. ISBN 0-905273-54-0.
- ↑ USO History Retrieved February 11, 2011
- ↑ „Brooke Shields to appear on 'The Middle'“.
- ↑ "The Middle: A Double Whammie" Архивирано на 2 јануари 2010 г. 30 December 2009, TV Grapevine
- ↑ Bio Архивирано на 6 април 2010 г. Who Do You Think You Are, NBC web site
- ↑ Allen, Olivia.Brooke Shields plays Morticia in Broadway's musical comedy The Addams Family" Архивирано на 23 јули 2012 г. ontheredcarpet.com, June 29, 2011
- ↑ US Magazine, December 4, 2014 Dean Cain on Brooke Shields Losing Her Virginity
- ↑ Huffington Post.com, May 25, 2009 Brooke Shields: I Lost My Virginity At 22 and Health Magazine, June 2009.
- ↑ Jeynes, William (2007). American educational history: school, society and the common good. SAGE. стр. 270. ISBN 1-4129-1421-3.
Several female athletes demonstrated that femininity and athleticism were consistent.
- ↑ American Educational History: School, Society, and the Common Good. 2007. стр. 270.
- ↑ „Cover Story: Double Fault – Vol. 51 No. 15“. 26 April 1999. Архивирано од изворникот на 2018-09-18. Посетено на 2017-09-26.
- ↑ "Brooke Shields battles postpartum depression" Архивирано на 22 јануари 2011 г.. MSNBC. May 7, 2009. Retrieved June 20, 2010.
- ↑ Shields, Brooke (2005). Down Came the Rain: My Journey Through Postpartum Depression. Hyperion. стр. 63. ISBN 1-4013-0189-4.
Rowan Francis
- ↑ Thurman, Judith (2012). „An Exclusive Look at Brooke Shields's Manhattan Home“. Architectural Digest. Архивирано од изворникот на 2015-09-08. Посетено на November 13, 2014. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Postpartum Depression“. The Oprah Winfrey Show. May 4, 2005. Посетено на 30 December 2012.
- ↑ Mann, Denise. „Out of the Blue: Brooke Shields discusses her painful struggle with postpartum depression“. WebMD. Посетено на 27 July 2013.
- ↑ Shields, Brooke (2005). Down Came the Rain: My Journey Through Postpartum Depression. Hyperion. ISBN 1-4013-0189-4
- ↑ Rosenfield, Adrian I. (2006). New Research on Postpartum Depression. Nova Publishers. стр. 64. ISBN 1-60021-284-0.
Several popular books have been published in recent years... These include personal accounts... by... Brooke Shields.
- ↑ Shields, Brooke (July 1, 2005). „War of Words“. The New York Times. Посетено на April 27, 2010.
- ↑ „Shields: Cruise apology was 'heartfelt'“. USA Today. September 2, 2006. Посетено на April 27, 2010.
- ↑ Billion watch Jackson send-off on TV Архивирано на 11 јули 2009 г. Jack Bremer, The First Post, JULY 8, 2009
- ↑ Brooke Shields talks about `asexual' Jackson Архивирано на 10 јули 2009 г. Associated Press, 07.06.09
- ↑ "Brooke Shields Remembers Her Friend At Michael Jackson Memorial" Архивирано на 15 март 2010 г. Jul 7 2009, MTV.com
- ↑ Michael Jackson memorial: moments to remember Helen Pidd, The Guardian, Tuesday 7 July 2009
- ↑ Collins, Gail (July 9, 2009). „Michael, a Foreign Affair“. The New York Times. Посетено на April 27, 2010.
Надворешни врски
уреди„Брук Шилдс“ на Ризницата ? |
- Брук Шилдс на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Brooke Shields на TCM Movie Database
- Брук Шилдс — Internet Broadway Database (англиски)
- Предлошка:Iobdb name
- WebMD article on Shields and Postpartum Depression
- "Regarding Ardy": an online short film with Brooke Shields
- "The Runaway Bunny" violin concerto, by Glen Roven and narrated by Brooke Shields Архивирано на 22 април 2009 г.
- Brooke Shields 2007 Interview Архивирано на 12 октомври 2008 г. on Sidewalks Entertainment
- Brooke Shields 2007 short film Архивирано на 16 октомври 2008 г. on Funny Or Die