Дајана Рос
Дајана Рос (анг: Diana Ross, родена на 26 март 1944 во Детроит) е американска пејачка и глумица.
Дајана Рос | |
---|---|
Дајана Рос во 2022 | |
Роден(а) | Дајана Рос 26 март 1944 Детроит, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1956–денес[1] |
Страница dianaross.com |
Кариера
уредиТаа била пејачка и прв вокал на групата Supremes, која станала најуспешен музички изведувач на Мотаун во текот на 1960-тите и една од најпродаваните женски групи на сите времиња. Supremes и понатаму се најдобрата женска група на сите времиња,[2] со вкупно дванаесет песни кои се искачиле на прво место на американскиот Билборд Хот 100, меѓу кои се: „Where Did Our Love Go“, „Baby Love“, „Come See About Me“ и „Love Child“.[3]
Откако Дајана Рос си заминала од Supremes во 1970 г, таа започнала успешна музичка и филмска соло кариера. Нејзиниот дебитантски соло албум "Diana Ross“ ги содржи хитовите „Ain't No Mountain High Enough “ и „Reach Out and Touch (Somebody's Hand) “. Нејзиниот втор соло албум, Everything Is Everything (1970) ја има песната „I'm Still Waiting“ со која за прв пат се искачила на прво место на британската топ листа. Ја продолжила својата успешна соло кариера со организирање светски концертни турнеи кои соборувале рекорди, а глумела во многу популарни телевизиски емисии. Ги објавила популарните албуми како Touch Me in the Morning (1973), Mahogany (1975), и Дајана Рос (1976), и нивните број еден песни, "Touch Me in the Morning", "Theme from Mahogany (Do You Know Where You're Going To)", и "Love Hangover", соодветно. Рос и понатаму објавувала многу топ-десет хитови на листите од <i id="mwLQ">Билборд</i> во текот на 1970-тите, 80-тите и 90-тите. Нејзини најпознати песни се: "Upside Down" (1980), "Endless Love" (1981), "Why Do Fools Fall in Love" (1982), "Chain Reaction" (1986), "If We Hold on Together" (1988) and "When You Tell Me That You Love Me" (1991).
Рос, исто така, постигнала успех и признание како актер. Нејзина прва улога било глумењето на Били Холидеј во филмот „Дамата пее блуз“ (1972) за што добила Златен глобус и била номинирана за Оскар; таа го снимила и саундтракот за филмот. Таа глумеше и во два други играни филма, Махагонија (1975) и Волшебникот (1978), а подоцна се појавила во телевизиските филмови Out of Darkness (1994), за кој била номинирана за Златен глобус и Double Platinum (1999).
Награди и признанија
уредиДајана Рос во 1976 година била прогласена за „Женски изведувач на векот“ од Билборд. Откако ја започнала својата соло кариера во 1970 година, Рос објавила 25 студиски албуми, многу синглови и компилации со вкупна продажба од преку 100 милиони плочи ширум светот. [4] Таа е единствената пејачка со песни на прво место на Billboard Hot 100 како соло пејач, како пејач во дует, како член на трио и како член на група. Во 2021 година, Билборд ја рангирал на 30-то место на Hot 100 листата на најдобри музички изведувачи на сите времиња.[5] [6] Нејзините хитови со Supreme и како соло изведувач ја ставиле Дајана Рос меѓу Топ 5 изведувачите на топ-листата на Billboard Hot 100 синглови од 1955 до 2018 година [7] Таа имала топ 10 хит во Велика Британија во секоја од последните пет децении и пеела песни кои на Топ 75 листата во ОК се искачувале на прво место секоја година од 1964 до 1996 г.; период од 33 последователни години што е рекорд кај изведувачите. Во 1988 година, Рос била примена во Куќата на славните на Рокенролот како член на Supremes. Таа добила Специјална награда Тони во 1976 година, Признание на Кенеди центарот во 2007 година, награда Греми за животно дело во 2012 година и Претседателски медал на слободата во 2016 година.
Дискографија
уреди- Diana Ross (1970)
- Everything Is Everything (1970)
- Surrender (1971)
- Touch Me in the Morning (1973)
- Diana & Marvin (with Marvin Gaye) (1973)
- Last Time I Saw Him (1973)
- Diana Ross (1976)
- Baby It's Me (1977)
- Ross (1978)
- The Boss (1979)
- Diana (1980)
- Why Do Fools Fall in Love (1981)
- Silk Electric (1982)
- Ross (1983)
- Swept Away (1984)
- Eaten Alive (1985)
- Red Hot Rhythm & Blues (1987)
- Workin' Overtime (1989)
- The Force Behind the Power (1991)
- A Very Special Season (1994)
- Take Me Higher (1995)
- Every Day Is a New Day (1999)
- Blue (2006)
- I Love You (2006)
- Diana Ross Sings Songs from The Wiz (2015)
- Thank You (2021)
Филмографија
уреди- Дамата пее блуз (1972)
- Махагонија (1975)
- Волшебникот (1978)
- Бегство од темнината (1994)
- Двојна платина (1999)
Библиографија
уреди- Ross, Diana (October 1993). Secrets of a Sparrow. Random House. ISBN 0-679-42874-7.
- Ross, Diana (March 1995). When You Dream.
- Ross, Diana (December 2002). Shelnutt, Rosanne (уред.). Diana Ross: Going Back. New York: Universe. ISBN 0-7893-0797-9. (A scrapbook-style collection of photographs)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Матична страница
- Дајана Рос — AllMusic (англиски)
- Дајана Рос — AllMovie (англиски)
- Diana Ross in the Hollywood Walk of Fame Directory
- Дајана Рос на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Diana Ross at the Internet Broadway Database
- Diana Ross discography at Discogs
- ↑ Allard, François; Lecocq, Richard (2018). „Diana Ross: Godmother and Muse“. Michael Jackson: All the Songs: The Story Behind Every Track. Octopus Books. ISBN 9781788401234. Архивирано од изворникот August 1, 2020. Посетено на November 11, 2019.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Diana Ross to play The Joint in April“. Tulsaworld.com. Архивирано од изворникот на August 10, 2021. Посетено на August 10, 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Whitburn, Joel (2019). Joel Whitburn's Top Pop Singles 1955-2018. Record Research. ISBN 978-0-89820-233-5.