Автомобилски регистарски таблички во Србија
Новата регистерска ознака за моторните возила во Србија, чие издавање започна на 1 јануари 2011 година, е со бела боја, обрабена со црна линија и на неа од левата страна, на сина подлога, со бели букви е испишана меѓународната ознака на Република Србија - СРБ, со црни букви е испишана ознаката на регистерското подрачје, а со црни цифри и букви, меѓу кои е втиснат знакот „-“, е испишан регистерскиот број на возилото.
Меѓу ознаката на регистерското подрачје и регистерскиот број на возилото е втиснат црвен штит на кој има бел крст меѓу четири помали штитови свртени кон вертикалната греда на крстот. Ознаката на регистерското подрачје на регистерската табличка се испишува и на кирилица под втиснатиот црвен штит.
Регистерскиот број на возилото се состои од комбинација на цифрите од „0 до 9“ на три или четири позиции и комбинации на букви на две позиции.
Димензиите на стандардните регистерски таблички за моторните возила се 520,5x112,9 милиметри.
Ознаки на стандардните таблички
уредиОва е список на ознаките на регистерските подрачја (односно региони), што се користат во Република Србија, по азбучен ред.[1]
На Косово и Метохија
уреди- На територијата на Косово и Метохија, УНМИК издава посебни таблички, но српското население и понатаму ги користи табличките што ги издаваат органите на Република Србија.
Ознаки што порано биле во употреба
уредиОзнака | Регион | Забелешка |
---|---|---|
^ SV | Светозарево | Заменето 1990. со JA (Јагодина), кога и градот го вратил старото име. |
^ KK | Кикинда | Заменето со KI, што е сегашна ознака за Кикинда. |
^ TU | Титово Ужице | Заменето 1990. со UE (Ужице), кога и градот го вратил старото име. |
^ -{TM}- | Титова Митровица | Замененто 1990. со KM (Косовска Митровица), кога и градот го вратил старото име. |
^ -{DJ}- | Ѓаковица | Заменето 2011. со ĐA, кога се воведени новите регистерски таблички. |
Надворешни врски
уреди- Стари грб на новим таблицама („Прес“, 20. јануар 2011) Архивирано на 22 јануари 2011 г.
Наводи
уреди- ↑ Правилник о утврђивању регистарских подручја за моторна и прикључна возила, „Службени гласник Републике Србије”, br. 34, 30. септембар 1998.