Бела Паланка е град и општина која се наоѓа во Пиротскиот Округ во источна Србија. Спрема податоците од 2011г. населението во градот изнесувало 8,112,жители додека во целата општина 12,051 жител. Во античко време градот бил познат како Ремезијана. Името Бела Паланка значи 'белиот град'.

Бела Паланка
Бела Паланка
Град и општина
Поглед на Бела Паланка
Поглед на Бела Паланка
Грб на Бела Паланка
Местоположба на Бела Паланка на мапата на Србија
Местоположба на Бела Паланка на мапата на Србија
Координати: 43°13′N 22°19′E / 43.217° СГШ; 22.317° ИГД / 43.217; 22.317
Земја Србија
РегионЈужна и Источна Србија
ОкругПирот
Settlements46
Управа
 • ГрадоначалникГоран Миљковиќ (ДС)
Површина[1]
 • Општина551 км2 (213 ми2)
Население (2011 попис)[2]
 • Град8.112
 • Оштина12.051
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број18310
Area code+381 18
Car platesPI[да се провери]
Мреж. местоbelapalanka.org.rs

Географија

уреди

Бела Паланка е мал град во југоисточниот дел на земјата и е опкружен со села и планини. Градот е достапен до блискиот град Ниш со автобуси на Ниш Експрес кои работат од Ниш до Пирот, Бабушница, Димитровград, и Софија.

Демографија

уреди

Етнички групи во општината(2002 попис):

Историја

уреди

Градот првично бил заземан од страна на Дакијците и бил познат како Аиадава или Аеадаба. Тракијците ја населувале оваа област, сè до нивната асимилација од страна на Римјаните.

Во античкиот период, во областа на денешна Бела Паланка, постоел важниот град Ремезијана. Основана околу 280 година пр. Хр., Ремезијана најверојатно го добила своето име по келтското племе Реми (чие присуство на овие простори не е потврдено), или по тракиското лично име Ремезис или Ромезис. Во различни антички патни карти, Ремезијана се споменува под неколку имиња како патна станица (mansio). Скоро ништо не е познато за најраната историја на населбата. Во IV век епископ на Ремезијана бил Св. Никита Ремезијански кој го покрстил Тракијското племе Беси и најверојатно ја превел Библијата на нивниот јазик.

Од 1929 до 1941, Бела Паланка била дел од Моравската Бановина на Кралството Југославија.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Општини во Србија, 2006 г.“. Републички завод за статистика на Србија. Посетено на 28 ноември 2010.
  2. „Попис на население, домаќинства и станови 2011: Споредбен преглед на бројот на жители во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2002 and 2011, податоци по населени места“ (PDF). Републички завод за статистика на Република Србија, Белград. 2014. ISBN 978-86-6161-109-4. Посетено на 2014-06-27.

Надворешни врски

уреди

Предлошка:Општини во Србија